Млада си, имаш многу да поминиш, не ти треба сега таков чекор. Јас да сум не би менвала, би раскинала. Па ако е толку судено да бидиш со него можи ќе се случи понатаму. Не вреди на 20 години да си правиш притисоци и толку стрес. Излегвај, шетај, дружи се.
Се читате што пишувате? Да изгубиш семејство и да бидеш во целост негова, за да немаш излез ако не ја бива работата? Не е проблем вера како таква, овде проблем се други работи. Што си премлада, што ќе се мажиш за цела фамилија негова и којзнае што уште не.
Девојче види вака муслиман може да земе девојка која не е муслиманка за жена верата тоа го дозволува и никој не смее да и наметнува нешто што не сака.Дури и должен е да ти обезбеди и просторија во куќата каде ќе си се молиш на твојата вера по твои обичаи. А доколку сакаш да ја прифатиш неговата вера тоа искључиво треба да го направиш по сопствено убедување без никаква присила, откако ќе ја проучиш светата книга кај муслиманите Куранот. А на пример доколку женско муслиманка сака да се омажи за не муслиман тогаш тоа е строго забрането се додека дечкото не ја прифати верата на девојката т.е. да стане муслиман. Значи има ограничувања кај жените муслиманки не смеат да земаат маж кој не е муслиман. А мажите муслимани имаат право да земаат не муслиманка и таа не мора да прифати вера за да биде со него. Кој прочитал знае бидејќи тоа е кажано во Куранот. Твое е сама да избереш ако сакаш да се омажиш за него не мора да бидеш муслиманка.Но доколку сакаш сам да прифатиш ислам тоа е веќе друго прашање.
Јас сум во ваква врска и тоа 4 ипол години. Со дечкоми се познававме и претходно мегутоа бевме многу помали и неможеше нешто поише од симпатија да се деси. Јас сум македонка, тој албанец. Мене лично од дома не мие дозволена оваа врска мегутоа нашата љубов ќе може да победи све како и до сега. Ние од овие 4 ипол години сме 3 ипол години само на далечина. Сега планираме во најскоро време тој да дојде тука некој период. Тешко е поготово кога човекот кој што го сакаш највише од све на светот да не е прифатен од твоите најблиски. Доверба мегу себе си имаме. Кажував во една друга тема дека врската еден период ни беше во доста лоша ситуација и ни беше претешко и на двајцата, мегутоа разговаравме и решивме дека стварно тие караници и стресови за без врска ништо добро не ни носат. Да не се подречам некој подолг период тераме во доста здравa и зрела врска. Двајцата сме исполнети и среќни. И знам дека еден ден ќе успееме во све што имаме заедно планирано.
@Serap Јас доколку сум на твое место би останала со него но да не мењавам вера.Јас ќе ги почитувам неговите обичаи но сакам да ги почитува и тој моите.Ако навистина толку те сака би прифатил.Старите би се противел нормално но верувам дека со текот на времето ќе прифатат. Доколку бара од тебе да промениш се,поарно раскини на време
А дали неговите ја прифаќаат вашата врска, само твоите прават проблем? Јас не би лично во ваква врска, веќе се имам изјаснато.