Ќе си најдеш друг дечко. Истото и за сестра ти. Размислувајте со време и оставете ги. Сестра ти ќе биде покрај тебе цел живот, а за овој не се знае, можеби ќе му текне да те остави.
Мислам дека денешното опшество е многу понапредно за овие работи и ради презимето мајка ти или вие како семејство не би требало да имате проблеми, можеби тоа било порано. Тоа не е реален проблем за мајка ти да се кае дека склучила брак со човек од друга вера или националност. Проблем е доколку човекот не е човек односно татко ти, не дај боже алкохоличар, проблематичен тип, коцкар и сл. Тогаш би можела да речи не требаше. И немојте да си стварате проблеми каде што ги нема, освен пак ќе речам ако нема некој реален проблем. Ако дечкото не ја прифаќа твојата фамилија онаква каква е тогаш дај му ги клоците. Значи ти доколку ја одбереше другата вера тој тебе подифол ќе те мразеше без причина, немаше да те погледни а можеби и ќе ти наштетеше. Таков човек не ти треба.
Ama sestra mi ne razmisluva taka misli ke pravi se i sesto koga ke odi kaj decko mu ako se mazi za nego. A posledici se nikoj ne sakase da me primi na rabota samo sto ke videa kako se prezivam. I ovaj slucaj koga dvete odbravme deckovci od razlicna vera i nacija.
Како прво, воопшто не ти поверував дека го имаш проблемов, иако за жал повеќето на овие простори навистина се вакви како што ги опишуваш во приказната. Нивното нема врска со вера. Тоа се заслепени националисти од кои треба да се бега, а не да се планира иднина со нив. Ко второ, подфорум серии е најдолу, добредојдена си таму, можеби ќе ја најдеш занимацијата која ти е потребна.
Јас и сто пати да прочитам заборавам кој е христијанин кој муслиман во приказнава. Сестра ти ако види дека не и чини може да се разведе. Дечко ти не смее да те уценува. Не е религијата таа што ве раздвојува, мозокот е. А ти со твојот токмак дечко здравје ако имаш ќерка и се заљуби во муслиман? Ќе ја убие ќерка ви? Така одат тие работи. Отвори ги очите на време и бегај подалеку. Размисли малку пошироко каква иднина ќе имаш со тој човек. Заборавете кој е христијанин кој муслиман и погледнете се меѓу себе кој е човек кој не е. Во мое село, жената муслиманка, мажот христијанин, ќерката се гледаше со муслиман и ја отпишаа од дома, избега, никој не знае каде е ни ден денес. Логика?
Мислиш е до тоа? Да ти викнам едно чудо луѓе со "нормални" презимиња да ти објаснат колку лесно се наоѓа работа кај нас така. За ова верувам, ама види го од друг агол. Инстатно си се отстрануваат баш такви примероци што не ти требаат во животот. На некој начин услуга ти прави презимето со тоа.
Проблемов на девојкава е реален,не се работи само за вера,туку и за националност. Кој живеел во мешани средини ,знае . И мајка и е во право. Секоја птица кон свое јато лета. Се комплицираат животи во мешани бракови и национално и верски. Последиците се тие,децата се изгубени во кој правец да одат,ко девојчево. Љубовни филмови дека не е важно,дека е важна само љубовта е многу наивен муабет.
Ех сеа јбг. И моето презиме не е македонско, ни на моите роднини, па не можам секој мој и нивни проблем во животот да го препишам на дискриминација. Не дека не постои, но не е секогаш тоа причина. И јас и моите другарки кои се македонки сме биле во иста каша со невработеност. Не дека не ме примале зошто сум со муслиманско презиме, туку од Х други причини, а и некогаш едноставно може не сум била доволно квалификувана за одредено место, едноставно имало луѓе со повеќе искуство, со повеќе знаење. А повеќе пати имало луѓе кои биле бутнати со врски или партиски и да ти кажам тие биле на еднаков број и од ДУИ и од СДСМ или ВМРО ако ме разбираш што сакам да кажам. Мајка ти верувам дека била осудувана од другите, знаејќи го нашиот менталитет, особено тогаш. А имам во фамилија мешани бракови. Да ти кажам, супер се, никој ништо не сменил, сите си почитуваат семејства и вери. Но, ти еве како помлада генерација, бираш некоја затапена будала што не те прифаќа како индивидуа, туку уште од сега те менува и ти забранува. И ти и сестра ти. После цел живот ќе кукате како сте неприфатени. Сами си го правите тоа.
Vo pravo si no site ne razmisluvaat i razbiraat taka dodeka ne osetat. A jas ne sakam i moite deca da go doziveat ova.
А да имаше нормален дечко што нема да го интересира за сестра ти? И дали треба да се откажеш и од татко ти бидејќи е муслиман, тоа најмногу ме интересира???
Не знам колку си свесна ама дечко ти и тебе те понижува со ова што не сака муслимани, бидејќи како и да ја вртиш ти сепак си пола муслиманка затоа што семејството ти е мешано, ти не можеш да го смениш своето потекло, на дотичниот твој дечко ќе му кажеш или ќе те прифати и тебе и семејството или нека брка работа.
A ти размислуваш? Всушност ти си таа што не размислува. За да ги задоволиш потребите на дечко ти спремна си да се откажеш од сестра ти. Што ќе биде ако утре раскинеш со тој дечко? Јас да сум ко сестра ти нема ни да те погледнам. И причината поради кои не те примале на работа не е поради презимето али океј, ти си знаеш.
На дечко ти му смета што сестра ти и а дечко муслиман??? А не му смета татко ти??? Сфаќа тој твој дечко дека сакал или не вашите деца сепак ќе имаат дел муслимански во нив?? Ако те сака тебе нема што да го интересираат други. И нели мислиш дека тоа е непочитување твое спрема татко ти? Да се откажеш од сестра само зошто има дечко муслиман??? Не бе деца не ве разбирам. И не нема тешко ако се сакате,еден куп мешани фамилии знам, функционираат топ. Секој треба да ја почитува сечија вера.