Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Две различни вери

Дискусија во 'Врски' започната од NoriS1, 7 јуни 2021.

  1. NoriS1

    NoriS1 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Da vo pravo si sekoj si ja pocituva problemot ke nastani ako sestra mi se omazi toj nema da dozvoli nasite deca da imaat kontakt toa ne saka toj.
     
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.043
    Допаѓања:
    21.678
    Пол:
    Женски
    А со татко ти ќе дозволи?
    Исто е!
     
  3. NoriS1

    NoriS1 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Situacijata e druga kaj mene doma bidejki nie voopsto ne sme porasnati vo muslimanski duh bidejki tatko mi e toj sto nas nisto ne ne nauci za razlika kako sto e i sto ke bidi ako sestra mi se omazi
     
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    @NoriS1 арно се вака, ама штом сте од мешан брак, плус со родители со онака либерте сфаќања, што со сестра ти барате дечковци националисти?
     
    На cresa-jagoda, Luminary, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  5. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    @NoriS1 и ти и сестра ти треба да ги откачите вашите дечковци. Твојот ти вели да се откажеш од сестра ти, а другиот нема да дозволи децата да му се христијани. Да живеевме во нормално општество, ова немаше да биде проблем. Самата ти си од мешан брак. Денес ти вели да се откажеш од сестра ти, а утре ќе те натера да се откажеш од татко ти. Ќе го направиш ли тоа? Ако мене дечко ми ме натера да се откажам од семејството, ќе го оставам.

    Не може да не те вработувале (само) поради презимето, т.е. поради националноста. Колку само Македонци има што тешко наоѓаат работа. Во Македонија е важно или да имаш врски или партиска книшка, со ретки исклучоци. Има шефови што поставуваат прашања кои не смеат да се постават. Со такви прашања се соочуваат луѓе од СИТЕ националности, етникуми, религии и сл.
     
    Последна измена: 8 јуни 2021
    На cresa-jagoda, buba4e89, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.602
    Допаѓања:
    79.226
    Пол:
    Женски
    Сериозно мислиш да се откажеш од член на семејството кој ништо не ти згрешил само затоа што имаш дечко кој не знае за почит? А и сестра ти треба да се запраша со каков човек би градела иднина.
     
    На cresa-jagoda, mode-kristina и Alisa22 им се допаѓа ова.
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Всушност тебе ти е најмногу криво у ситуацијава што сестра ти има дечко албанец, па на твојов му е така малце неугодно? И претпоставувам многу повеќе би сакала нивната врска да заврши за на вас двајца да ви биде полагодно :puke:
    Мене муж ми да ми каже дека не сака децата да ми се дружат со комшиските деца само и само зошто се албанци, ќе подразмислам за тоа каков човек е, а не па дечко за сестра
     
    На cresa-jagoda, violetblue, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Не сакаш да си го изгубиш дечкото ама сестра ти може да си ја изгубиш? Ако не ги сака Албанците не мора да ги сака но , да се откажам од сестра поради некој дечко па попрво ќе се убијам отколку толку проста да бидам.
    Ужасно само немој кога ќе ја изгубиш фамилијата и кога дечкото ќе ти шутне клоца да се чудиш зошто немаш никој.
    Многу ме интересира колку години имаш?
     
    На gjoker4e и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  9. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    И шо совет бараш? Како да ја шкртнеш сестра ти заради некој идиот или како да ја натераш да раскине со дечко и затоа што твојот така сака?
     
    На cresa-jagoda, gjoker4e, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Се комплицираат работите ако си имаш работа со националисти и верски фанатици.
    Иначе, не прави разлика.

    ------------------
    Луѓе и таа исто размислува како дечко и'.
    Не гледате дека отпор чувствува кон муслиманите и Албанците?

    Ако е вистина сето што го пишува, се' што бара е валидација на нејзините мисли и чувства.

    @NoriS1 еве јас ќе ти удоволам:
    Како мислиш, така прави.
    Јас не би, ама твој си е животот.
     
    Последна измена: 9 јуни 2021
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NoriS1

    NoriS1 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Celiot problem e za vo idnina toj se plasi nasite deca da ne gledaat takvi primeri. Mnogu ke bide izmesano ako sestra mi prifati se od kaj decko mu..
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Шо ако ќе гледаат 'такви примери'?
    Ако не види кај сестра ти, ќе види кај други луѓе.
    Ќе пораснат тие деца, ќе научат работи.
    Не можеш да го спречиш тоа.
     
    На Biljarkata и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.945
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    А ако ќерките ви се заљубат во муслимани? Ќе се откажувате и од нив?
    Како што е животот интересен на човекот се му се одбива од глава да знаеш, а дали ќе сфатиш не знам, ама некогаш ќе сфатиш. Ти си полоша и од дечко ти. Ако се откажеш од сестра ти исто како и од религијата да се откажуваш. Кај го најде тој неизживеан дечко?
     
    На cresa-jagoda и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  14. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Не знам што очекуваше да ти кажеме тука..
    Еве може да ја замолиш сестра ти културно ако сака да раскине со дечко и за да не ти ствара проблеми. Ако не сака да раскине, едноставно ја бришеш од живите и решен проблем. Ако раскинат потоа може пак да контактирате. Само попрскај ја со крстена вода, за секој случај да не и текне пак да се затреска во муслиман.

    Како бе либерални родители успеале да одгледаат вакви конзерви?
     
    На buba4e89, Сара Лав, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Какви примери? Ти самата си таков пример. Дете од мешано семејство. Ќе криете од децата дека едниот дедо/баба е друга вера?
    Јас генерално се согласувам дека во оваа околина е тешко да опстои врска со мешани религии, да не се правиме дека ружи цветаат, ама не сфаќам како имаш дечко со толкава нетрпеливост кон друга религија кога и твојот родител кој е од друга вера ќе мора да го толерира и да живее нормално со него. Не гледам што правите заедно воопшто, тој националист, ти од мешано семејство. Може сум груба ама не гледам дека ќе ви успее ако вака гледате за другите членови на семејството.
     
    На cresa-jagoda, IRBBB, Nikolina35 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Какви примери да види? Дека се мешан брак? Па и ти си од мешан брак или на твоите деца ќе им кажеш дека баба и дедо се " чистокрвни Македонци со крстот на чело". Ќе се откажеш од сестра ти заради некој идиот, сфаќаш ли со тоа што дечко ти мрази муслимани со тоа го мрази и татко ти?
     
    На cresa-jagoda и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Микс од незрелост, национализам, фанатизам во љубовно-елиминаторски игри:drunk:
     
    На IRBBB и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. NoriS1

    NoriS1 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Toj ne gi deli po vera samo po nacija ne gi saka albancite toa e celiot problem.
     
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Безразлика ти сакаш да се откажеш од сопствената сестра, заради некој затупавен и утре да имаш внуци и да не можеш да си ги видиш и твоите деца да не можат да си ги запознаат своите братучеди. До толку ли вреди тој за од родена сестра да се откажеш? Златен да не му е?
     
    На cresa-jagoda и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  20. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    А ти шо сакаш или тоа не важи ?

    Се надевам дека си трол и дека немаш попаметна работа, а не како би се откажала од сестрата, само заради некој тип, шо утре другиден можи нема ни да го има во твојот живот. Ова повеќе од јасно е дека нема почит ни кон тебе ни кон никој од твоето семејство.
    Па тој не сакал ова, не сакал она, многу желби имал типот, следно шо ќе побара до тебе.
    Како си уште со него ?
     
    На cresa-jagoda, IRBBB и VDT2906 им се допаѓа ова.