Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Две различни вери

Дискусија во 'Врски' започната од NoriS1, 7 јуни 2021.

  1. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Брак од различна вера не поддржувам. Не дека имам нешто против муслимани ама сметам дека ретко може да опстане и некако други обичаи имаат.
    Во случајов викаш дека едниот родител ти е муслиман и немаш право да и се мешаш затоа што на некој начин во неа тече и муслиманска крв и може да бира дали сака христијанин или муслиман. Ти терај си го твоето со дечко ти ако ти е убаво и нема што тој да ти кажува и да се меша меѓу вас. Ќе сфатам да бевте христијанско семејство па да не ви одговара што е со албанец
     
    На Orthophill, christinnn, NoriS1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. NoriS1

    NoriS1 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Vo pravo si retko moze da opstane bidejki edna strana mora sekogas da se zrtvuva zboruvam za slavenje praznici, otkazuvanje od vera i tn, a jas ja znam sestra mi kakva e ne mozi da zivej na nivniot nacin a nisto nejzino da ne slavi. Voopsto ne mi e ubavo da se karam so nea no nikako ne mozam da i objasnam i da razmisli malce sto se ke ja ceka tamu. Ne mozam da dopram do nea nitu jas nitu majka mi ednostavno ne saka da razgovara za toa.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не мора.
    Може и двете религии да ги негувате и сите празници да ги славите.
     
    На cresa-jagoda и Luminary им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    179.142
    По колку години имате што сте стигнале за деца со дечковци да расправате?:^)
     
    На Jana06 и bicycle им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Јас на 23 разговарав за деца со маж ми.
    уште не бевме во брак.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    179.142
    Ама ти од мала умна си, не збориме за тебе:D
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Абе шо, умна. |(
    Не знам шо ми беше со него.
    Никогаш претходно и никогаш после тоа, не сум имала толкава 'сигурност' дека со некој сакам да го поминам животот.
    Не ни сакав да се мажам пред да го запознаам.

    Ај сеа...
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Може секако. Ама не е баш така.
     
  9. NoriS1

    NoriS1 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Bas deka kaj nas se slavat dvete ne sakam taka da prodolzi bilo koj da e treba da si odberi eden pravec, a ne da neznajs kaj teras.
     
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Може, зш да не?
    Кога родителите се од разчична вера, и децата можат да си бараат сопружници од различни вери, со компромис се се решава, сите сме луѓе впрочем, секаде има добри и лоши.:D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.
     
  12. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    На крај одберете будизам за да ви биде животот на раат.
     
    На Amellie13, tanjita, Luminary и 5 други им се допаѓа ова.
  13. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Со какви глупости се замарате во 21 век.
    Си го комплицирате животот со праисториски глупости и еретицизам.
    Живео атеизам! :l:
     
    На DevilGirl212, Amellie13, Jana06 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Леле фразава:D
    Ако некој смени вера, му се менува ли крвта?:D
    На темава - нека раскинат и двеве. Друго немам шо да кажам.
     
    На Hellobeautiful, Amellie13, Estranged и 5 други им се допаѓа ова.
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Мене па баш би ми било и интересно сите празници да си се почитуваат и слават. Имаат различни обичаи и баш е интересно да се доживеат. Навистина не можам да те разберам како можеш да размислуваш да се откажеш од сестра. Таков човек кој те тера на такво нешто не е добар утре да се земеш со него ќе те натера да се откажеш од цела фамилија да останеш сама, се надевам дека за неколку години нема тука да пишуваш како те малтретира, а ти нема каде да одиш...
     
    На cresa-jagoda, Luminary, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.842
    Пол:
    Женски
    Имам другарка школска се омажи за Албанец.Имаат стабилен брак со две ќерки и син, кои се декларираат како Албанци,муслимани.
    Таа се откажа од сите македонски верски и национални обичаи,ги прифати албанските,и остана само името.

    Се тргна и од семејството по нејзин избор.
    Ти од сестра ти не можеш и не смееш да се откажеш.
    Но ако таа се тргне настрана,немаш што да правиш.
    Имав и колешка мажена за Албанец,ќерките со години дечко немаа,на крај двете се омажија за Италијанци.
    @WildMk
    Теоретски е така,во реален живот не баш.
    Многу разлики има,различните национално-верски особености на семејствата влијаат на личноста која се формира и потоа влегува во мешан брак.
     
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    А некоја албанка да си ја остаи верата и семејството и да се земе за наш? Има таква дешавка ? Не.
     
    На NoriS1 и Orthophill им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.943
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Има.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.842
    Пол:
    Женски
    Нема.
    Семејството ја отфрла.
    Се откажува од неа.
     
  20. AriLangdon

    AriLangdon Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    1.431
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека си во врска со човек на кого му сметаат работи што се дел од тебе, твоето семејство, избори на твоето семејство..дали толку вреди таа врска, тој дечко за ти да се откажеш од родената сестра? Дали сте подолг период заедно, дали навистина сметаш дека тој е вистинскиот за тебе? Дали ова не можете некако да го решете со разговор? Дали и тој би се откажал од својата фамилија ради тебе, дали си се запрашала тоа? Многу прашања има овде, многу деликатен проблем, јас лично не би била со таков човек, пред се човек со толку предрасуди, и човек кој бара од мене да се сменам и да се откажам од сестра си. Толку red flags има овде..стварно ти посакувам се најдобро и да се реши проблемот на начин на кој што нема да си ја растуриш фамилијата ради глупост.