Не тече "христијанска крв" во вас, вие не се раѓате во религија, освен Евреите али тоа е друга приказна. Вие се раѓате во христијанско семејство, ама вие не спаѓате во христијанската вера. Знаете зошто? Зошто крштевка не ви напраиле. Моментот кога ќе ви направат крштевка припаѓате на таа вера. Има и случаи кај нас кога се слават и христијански празници иако детето уште не било крстено, а семејството си е христијанско. Многу комплицирано е, но многу е глупо да речеш дека тече крвта на вера во тебе кога треба да правиш обичаи за да те сметаат како целосен припадник!
а да го оставиш дечкото? ДЕЧКО ДА ТИ БРАНИ ДА СЕ СЛУШАШ СО СЕСТРА РОДЕНА?!?!?!?!??!?!?! И уште се мислиш.... Немам сестра ама имам двајца браќа и најлоши да се-мои се. Нема што дечко/сопруг да ми се меша во односите со нив.
Не сум по природа против брак кој го сочинуваат две вери,но во нашето општество каде доминираат верата и граѓанска нетрпеливост по основ национална припадност,таквите бракови и нивните деца поминуваат отежнато..Исклучок во регионов е Албанија, каде за време на комунистичкиот режим толку се истиснала верата,што без проблем се склучуваат мешани бракови и одлично функционираат,еве кај нас многу жени од Албанија со муслиманска вероисповест склучија бракови со православни.Надвор пак од Балканов ,не се придава ми се чини важност,освен во САД каде постои расна нетрпеливост,а и нетрпеливост кон муслиманите после 11 Септември.Последиците од терористичкиот напад, врз бракот(муслиман со хинду) ги има во филмот"My name is Khan", ако не сте го гледале го препорачувам.
Фала за препораката. Мислам дека имаме сличен вкус. Во сите држави има конзервативни, националистички и длабоко религиозни заедници. Се гетоизираат, не се мешаат со други и дискриминираат. До пред 20 години, Битола како гастербајтерски град, беше 'ловиште на брачни партнери' од гастербајтерите, кои доаѓаа од цел свет за да најдат животен сопатник. Во лето матичарите 200 на саат работеа.
Зошто побогу размислуваш за избор? Што толку вредно направил тој за тебе па да помислиш да размислуваш за избор? Не можам и не сакам да се ставам во ситуација да морам да бирам помеѓу пази дечко и семејство. Еве да речеме се мажи сестра ти, ти се откажуваш од неа и вој ти ги удира клоците? Тука нема избор. Сестра/брат е највредното нешто во животот. Баш ме интересира ако имате дете и земе сопатник албанец/албанка дали ќе се откаже од сопственото дете? Жално, многу жално за дете од вакво либерално семејство ова да го размислува. Како за инфо татко ми е влав, мајка ми македонка ( двајцата се христијани). Баба ми на времето не дозволувала мешање на македонци со власи. Татко ми не ја послушал, ама брат му цел живот не женет остана. Сега се кае ама џабе му е. Немој и ти си апеш газот во иднина.
Бидејќи се работи за дечковци на двете сметам дека треба да си се здружите вие две уште повеќе. Дечко е “пролазна работа “ утре ќе им текне ќе ве остават и ?? Или уште полошо ќе види ос сестра ти се откажуваш па ќе треба од другарки па мајка ти/татко ти па ќе почне од се да те лишува па деца па ќотеци итн... Вака или ќе ти го почитува семејството и изборите или чао еднаш засекогаш ќе знаеш со што човек си имаш работа.
Ми личи воведниот пост на тролање. Ако навистина религија на некој му е пресудна за толку важни прашања во животот не знам што да кажам.. Немам јас ништо против религии, ама религија за мене не е од некое толкаво значење. Психолог еднаш ми спомна дека религиите се корисни за пронаоѓање внатрешен мир и сила за борба со ситуациите во животот. Убаво е да веруваш, ама не да си комплицираш живот за пуста верба.
Само прашај некој верник, твои родители, баба, комшии, дали некогаш барале услуги од психолог. Да се запали свеќа и да се помолеме на бог не е комплицирана работа.
Точно дека не барале помош од психолог (и да побараш не е срамота), ама не можиш да го споредиш тоа време со денешново, со брзиов живот денес што го живејме и секојдневниот стрес. А види размисли колку војни и немири се почнати, и животи изгубени заради религија, еве ти последен пример Израел - Палестина.