1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Двоен живот

Дискусија во 'Психологија' започната од salty.dreams, 26 септември 2011.

  1. salty.dreams

    salty.dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Пробав но не најдов ваква тема, ако веќе има, избришете ја.
    Иначе, дали познавате луѓе што живеат двоен живот? Која е причина што се определиле на таква постапка?? Дали можеби вие сте едни од нив? Што мислите во врска со ова?
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Првото нешто што ми паѓа на ум кога ќе слушнам двоен живот е човек кој има деца со две различни жени( не знам зошто ама ете едноставно така е). Не познавам некој кој води двоен живот, ниту пак јас водам.Си го сакам животот таков каков што ми е... стани,јади учи, оди на чилиште, врати се дома итн... ништо посебно ама живот е :)
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bobby.pin

    bobby.pin Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    29
    Или пак на работа или слично се однесуваш на еден начин и дел од луѓето те знаат како таков, а дома и кон роднините се однесуваш на друг начин и те знаат како поинаков.. ? :)
     
  4. salty.dreams

    salty.dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Не викам дека не сте у право, али коа мислам на двоен живот мислам на личност што на пример на работа се нарекува со едно име, има едни пријатели и живее еден живот со нив. Излегува со тие луѓе, се претставува со друго име, кажува дека не е женет, бла бла. Доаѓа дома, има деца, се претцтавува со вистинското име,женет е бла бла.
    Или имав една другарка, имаше дечко и коа не беше излезена со него се претставуваше као Стојна, Рајна, бла бла и имаше ''24'' години, а после таа вечер си го живее вистинскиот живот!
    Никогаш не сватив зашто тоа го правеше..
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Оние што живеат таканаречен двоен живот, имаат и повеќе од добра причина за тоа (иако јас целосно не го оправдувам) но верувам дека и тие не сакаат така да живеат, но во животот нешто им наложува така да се однесуваат. На пример, заради самото општество, заради луѓето околу нив, заради најблиските, заради работата. причините се индивидуални. Тука се мисли на луѓе чие мислење и однесување не е прифатено, па мора да носат маска-да се прават тоа што не се.
    Инаку, тоа што беше спомнато погоре-лажно претставување заради дечко, па лажење дека не се мажени/женети, е тоа не го оправдувам. Тоа според мене е само од бес...ништо друго.
     
  6. valerija22

    valerija22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    11
    E јаспознавам една што води двоен живот.За мене водење двоен живот е кога имаш маж деца дом ,и кога си во врска со друг човек цели 15 години.И се замислуваш како негова жена влегуваш во тој филм дека си му жена а дома имаш друг маж.Е ова стварно не можам да го разберам,ама секакви болни умови има иначе како би стигнал светот до овде.
     
  7. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Мајками и таткоми имаа двоен живот, ама сега се заедно :) . Нивната определба за тој живот беа како и секаде финансиите, овде кај нас сите сме свесни каков е животот, освен што е тежок не даав нити плата, а неможеш да најдеш ни работа. Јас имам сетра која е помала од мене, како што растевме ние двете, така велеше мајками, и трошоците растеа, затоа таткоми реши да замине во странство за да спечали некоја пара за ние да можеме да шивееме нормален живот како секој млад човек .

    Тешко е тоа и за двајцата родители, ама сепак тие се жртва за нас самите, па така ке бидеме и иие ден ден за нашите деца :) ....
     
  8. K-8

    K-8 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    12
    Мојот сопруг живее двоен живот. Кога е дома(пред неговите родители) не комуницира со никој, ние двајцата не зборуваме, односно тој не ми зборува, и да го прашам нешто не ми одговара,ме навредува, не ми помага ништо, и да се сопнам да паднам не ми се верува да стани да ми помогни да станам, но кога сме излезени некаде, или најдобар пример кога сме на одмор, тој ја презема целата одговорност, околку детето околу смештајот, јас одлучувам кога кје излезиме, што ќе јадеме, сака само да се дотерувам да одмарам на плажа додека тој ја заврштува целата рбота.Многу ми е тешко да се навикнам на неговата промена, затоа што не знам во кој момент како ќе изреагира. пр. седиме заедо сами во соба и се е во ред, и по 5 мин, седам со тетка му и иди тој почнува да вика( без причина)како надвор има работа да излегува сум се маткала, а јас на шпорет готвам, ми го гасни шпоретот од штекер, и јас со подзината уста стојам...
     
  9. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201

    Извини вака ама незнам како го поднесуваш ,да те понижува и омаловажува пред неговите и да се дери без причина . Овој како што кажуваш не ми изгледа нормален .
     
  10. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    17.747
    Пол:
    Женски
    И мојот сопруг живее двоен живот,тој пред пријателите е фин,смирен,насмеан значи маж токму онаков каков што сум сакала и одбрала за животен сопатник а дома е нервозен,секогаш спремен за кавга,критика буквално фацата му е |( ...Па некои навреди што знај да ги кажи...а ако го посматраш со други луѓе сосема друг човек е и најлошо од се е што се стреми да се преставува побогато од она што всушност е и сме :(
     
  11. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Знам случки во кои се одиграл двоен живот и имам аверзија и гадење за таквите луѓе,ги сметам за кукавици и крајно себични суштества кои од сопствени потреби да си докажат нешто себеси го влечат партнерот и семејството во таа агонија. :puke:
     
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Абе ова е психичка состојба, пореметување. Има и име ама не знам како е. Баш пред месец-два гледав филм за ова.
    Инаку не знам никој што води двоен живот во смисла со друго име, друг партнер итн. Но едно добри 40 % од околината што ме опкружува си има лице за надвор и лице за дома. :)
     
  13. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Па, немам некоја замисла за двоен живот, а и не сум била очевидец за таква случка, но дефинитивно ако некој од моите познаници дознаам дека води двоен живот би го прашала две прашања:
    1. ЗОШТО? :^)
    2. Како е? :D
     
  14. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Двоен живот паа може и да значи ако човек е несреќен кога ќе остане сам дома да си замисли дека има убав живот да се смее и сл.
     
  15. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    И јас живеам таканаречен двоен живот...Едниот е типично школски,знаете ,учење,сипматии ова..она :D Ама другиот е сосема различен,закој несакам ни да зборувам.. :doh:
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.504
    Пол:
    Женски
    Не ја разбрав темава,дали се мисли двоен живот дека имаат во смисол едно семејство од една страна и друго семејство од друго или пак се мисли на психички двоен живот-во смисол на едно место со едни луѓе сте безгрижен човек,оптимист а од друга страна сте во депресија?
    Но еве,јас сум личност која не спаѓа ниту во една од тие групи.Бидејќи видов во претходните мислења дека се мисли на двоен живот како првиот пример ке го прокоментирам тоа.
    Еден живот ни дал господ,тој ке го живееме,и секако,треба да се бориме тој да ни биде што поубав.Тие што живеат двоен живот сигурно се во потрага по среќа,и од таму ги стреми онаа неодлучност - дали тоа што го живеат е најдобриот избор ? Тоа е нивниот потик да тргнат со една нога по еден пат - со друга нога по друг.Да живеат два различни животи поради неодлучност кој е најдобриот избор тоа е моето објснување.Не го сметам тоа за болест,ниту пак за пореметување туку само голем страв од тоа дека можат да живеат поубаво од што живеат па затоа пробуваат да го пронајдат тоа поубавото и доклолку неможат секогаш да си имаат резерва.Но затоа што не го сметам за пореметување или болест незначи дека се е во ред тоа што го прават.Прво,не сваќаат колку себични можат да излезат на тој начин,друго барајќи го подоброто не сфаќаат дека всушност тие го прават најлошото почнувајќи довен живот,трето секогаш ова ке има лоош крај,и тогаш значи дека „ноќната мора“ на ваквите луѓе ке се оствари (ке се оствари стравот од правењето лош избор во животот) и од тоа можат да произлезе уште полоши однесувања.Барем ова е по мое,незнам што вие мислите,поздрав феминки :)
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.424
    Пол:
    Женски
    И јас додека читав со обидував ова да го разберам ...
    Ама јас ќе зборувам и за двата. Не оправдувам двоен живот во кој да речиме имаш две семејства кои не се знаат меѓусебе, многу нормално нели и на пример еден маж со две жени или една жена со два мажи со кој едниот нели швалер и знае, а можеби и не, а другиот врска си нема. Или пак кога мажена жена или женет маж лажи дека е слободен за да си има забава за една вечер.
    Психичкиот двоен живот е нормален и се дели на два дела
    1. различно се однесуваш со пријателите и семејството
    2. си имаш твој свет кој многу ти влиае на реалноста па се однесуваш поинаку надвор и поинаку кога си со блиски.
    Јас искрено го водам овој „психичкиот“, различна сум со пријатели и семејството и повеќе време обрнувам на оној „мојот“ свет кој е во мојата глава знаете ... Далеку од сите.