Дволичност

Дискусија во 'Психологија' започната од Lux, 16 јули 2010.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Дволичноста според мене е многу лоша особина.
    Денес знаеме дека многу ретко , а да не сретнеме човек кој не е дволичен.
    Сите сме имале некое искуство со таквите луѓе.
    Дали луѓето го знаат вашето право лице или имате можеби сокриено друго второ?/Го откривате вашето вистинско или се јавува кај вас онаа дволичност и го скривате другото јас?
    Што мислите за луѓето кои имаат две лица?
    Искажете го вашето мислење во врска со темава, па ако имате и примери
    слободно споделете ги со нас.
    Барав ваква тема, ама не најдов, ако има делит слободно :)
     
    На Janina и natte им се допаѓа ова.
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.085
    Допаѓања:
    4.315
    Пол:
    Женски
    Мене најмногу ме изненади тоа дека луѓе што ми се блиски, што сум мислела дека ме сакаат, се покажаа како дволични. Е тоа боли , да знаеш дека свој близок сака да ти напакости, сака да те зае*е, стварно е тешко. И навистина не знам како да се справам со тоа, како да се одбранам.
     
  3. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.081
    :y: за темата!
    Тие дволичните,ги имало,ги има и ќе ги има...
    Мене ме иритира тоа што таа достигнува толкава застапеност.Јас сметам дека ако некој се сака треба да се сака искрено,дволичноста не носи никакво задоволство..Но неможам да кажам дека јас не сум била дволична..Некогаш ми е едноставно тешко да соберам сила и да му го кажам на некој тоа што го мислам..Најчесто сакам да сум отворена,затоа што сметам дека ако има дволичност нема пријателство и блискост.
    Али морам да признаам дека го обожавам чувството кога ќе го фатам во тесно во некоја ситуација тој лицемер! :rofl: 8)
     
    На Leala му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.463
    Прво, едно :clap: за темава, навистина е добра. Мене, искрено, многу ме нервира дволичноста и навистина е една многу лоша особина. Многу мразам кога некој е таков - дволичен, а најмногу мразам кога некој, на којшто му го имам видено и едното и другото лице, се прави многу арен и невин дали со мене или на некој друг пред мене. Ало, кого лажеш? Многу ме нервира преправање и глумење. Имам еден куп вакви случаи, пр. брачеда ми - со неа не сме во добри односи, многу ме има повредено со некои зборови еднаш и сега свесна е дека не можам да ја поднесам поради тоа и дека знам што кажала тогаш и дека нема шанси да и го простам тоа и пак пробува да ми се пика, да ми се лижи, ќе ме избаци пред сите, а в чаршија здраво не вели. Се нервирам и со некои со кои ни здраво немаме и кои на друго место не те познаваат, ќе дојдат од некаде и ќе те избацат, изгушкаат, муабети, леле :puke: А, инаку јас лично не ја практикувам дволичноста, можеби некогаш нешто не сум му кажала некому в лице - сум немала храброст што не значи дека сум го кажала зад грб, а и на почеток со луѓето сум малку посрамежлива и не им откривам се( мислам дека е нормално и не е дволичност) или не сум толку блиска, ама секогаш настојувам да сум своја, секогаш да сум јас јас, без да се преправам и без да глумам, зашто мислам дека не е ок инаку:)
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Мене ме изненади една моја бивша другарка која ја сметав за блиска, среќа навреме сфатив каква е , ама ептен беше дволична, не знам како не приметив и порано.
    А дволични луѓе познавам многу, од мои врснички, па натака.
    Иренна знаеш јас како се справив со тоа? Не комуницирам повеќе со неа, се одалечив од неа и готово, поарно така отколку да имам работа со личност што има не 2 туку 100 лица.
     
  6. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.610
    Мразам дволични луѓе,мразам лицемери.Пред тебе едно пред друг друго,на што личи тоа?
    Лицемерење-најодвратната работа според мене.Лично искуство сум имала со вакви личности,ги има колку ти душа сака.Пред мене се најдобро,пред некој друг ќе оговара и ќе збори глупости за мене или било кој.Највише ме нервира коа ќе откријам дека некој е таков и пак се понаша ко ништо да не било,па како имаат лице да погледнат...Бог да чува..
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Дволичноста,лицемерието од кожа ме вади,страшно ми пречи,многу добро знам,кој и да е,дали се преправа или не,тоа чуство кое ми се појавува кога некој е лицемерен спрема мене,толку е јако,што можам точно да одредам дали е некој лицемерен или не.Кога има такви луѓе покрај мене,ако почуствувам дека се лицемерни,ги игнорирам.Дали јас сум лицемерна,може тоа друг да каже,по начинот на однесувањето,мојот став или однос кон другите е секогаш искрен,отворен,секогаш го кажувам тоа што го мислам во моментот,нормално во однос на разговорот,прашањето итн.,затоа што може на некој ќе му биде смешно,но воопшто не мислам,не мислам на ништо,нити смислувам некакви одговори за кои мислам дека во однос на нив би се разговарало или пак би ме прашал некој нешто,не правам планови за тоа кон кои луѓе,како да се однесувам.Се однесувам така како што се чуствувам,го кажувам тоа што во моментот го мислам и ништо повеќе.Претпоставувам дека дволичните луѓе,се такви,какви што се,само поради корист и дека имаат добро смислена стратегија за било што во животот и дека воопшто не се свесни или дека не ги интересира другите што мислат или што ќе кажат.Мислам дека со дволичноста ништо не се постигнува,може само некого да го повредиш со своето однесување,само што ако човек е дволичен,кога - тогаш ќе го откријат каков е,па знаејки го каков е,само ќе го избегнуваат или нема да можат да го поднесат неговото присуство,ништо повеќе.
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.386
    Не ги сфаќам луѓето кои се заморуваат со дволичност, глумење, маски, си имаат 2-3-4 лица. Зарем не се уморуваат од толку глума?
    Ако некој не ми е по ќејф, едноставно не го сметам за жив. Точка. Ни здраво, ни бутур. Не ми се свиѓаш и готово. Многумина ми се лутат - Де бре нели можеш да кажеш едно здраво? Нема да умреш.
    Не можам да кажам ни здраво. Не гледам потреба од глумење.
     
  9. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    619
    и јас не сакам да кажам здраво!
    ок не ми зборел,па што мене ме заболе ако некој не ми зборе..не се заморувам со такви!
    и не сакам да бидам многу опколена со луѓе -лицемерие,не глумам и затоа се ми викат дека сум озбилна и тмурна и лоша и не знам каква....(тоа се зборови на дечко ми) :lol:
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.338
    Допаѓања:
    36.807
    И јас не се замарам со личности кои едноставно не ги можам. Со такви луѓе не разговарам, не ме интересира колку лица имаат ако јас сум ги проценила дека не се во ред. Таквите можат што сакаат да мислат за мене. Не можам да си го губам времето со правење лице колку ние се сакаме, а очи нејќеме да си видиме.
     
  11. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    166
    Мене ме изненади една моја бивша другарка која ја сметав за блиска, среќа навреме сфатив каква е , ама ептен беше дволична, не знам како не приметив и порано.
    А дволични луѓе познавам многу, од мои врснички, па натака.
    Иренна знаеш јас како се справив со тоа? Не комуницирам повеќе со неа, се одалечив од неа и готово, поарно така отколку да имам работа со личност што има не 2 туку 100 лица.[/quote]

    истото го сторив и јас..те. таа ми беше најверната другарка што цело време ми правела лице..нз и криво ми е што тоа не го увидов порано а мн ја сакав и ја сметав за другарка..Нејзе и сметаше што јас имам дечко ..се и сметаше..а најмногу ме нервираше кога викаше дека таа не можела да биде лицемерна дека се влице кажувала..
    Увидов дека не е така кога зад грб ме озборуваше..и тоа мн ме повреди зш ми се правеше најверна! :(
    мразам лицемерие и дволичност :(
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.899
    Мене па многу ми замеруваат што сум искрена и кажувам што мислам . Не можам да ќутам кога нешто ми смета многу и да си бидам добра со некој . Ако ми смета нешто и не можам да праам муабет или да се дружам , не се дружам . Ми збореле позади грб ваква таква , а со мене најдобри се . Не ми праи муабет подобро , одколку да ми праиш и да знам дека ме црниш . Знам дека не треба секогаш да кажувам што мислам , ама некогаш не можам а да не се олеснам . Исто и мене ми викале , не мораш да се дружиш ама здраво едно можеш да кажеш , нема јазикот да ти се исуши . Се скарав со една другарка зашто бев искрена . Добро , нејзин избор .. Сега е со тие што и мислат се најлошо . Не сакам да губам време со такви , подобро да зборам со 2 што не ми прават лице отколку со 20 што имаат многу лица .
     
    На irence88 и Masnoli01 им се допаѓа ова.
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.708
    Една од особините кои најмногу ги мразам кај луѓето.
    Така ненормално ме вадат од кожа, ми доаѓа нивната да им ја одерам.
    Алергична сум на нив и плукам без пардон.
    Особено ако особата што ми прави лице ми е наводно БЛИСКА. Абе има да ја фатам за тоа вратче столично и да ја задавам со два прста!
     
  14. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    ова исто како јас да сум го пишела истите случки само со "другар" место другарка :worried:
     
  15. Severina

    Severina Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    fakt e deka site vo eden moment sme bile dvolicni, neso ti treba usluga i ona ke se polizis ke ja naprajs kiselata so se vika,ama dolgorocnata dvolicnost e kako bolest, tie mislam se sebicni luge so ne znaat nikoj da sakat i samo gledaat da izlazat , da iskoristat .Dvolicnosta mi e najlosa osobina kako zbir na laga, sebicnost, ljubomora i site drugi negativni osobini.Respekt pa za iskrenite!!!
     
  16. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    24
    Во последно време околу мене има толку дволични личности, па некој да сака се најискрено да ми каже нема да му поверувам. Или ќе си преќутам или се у фаца ќе кажам.
     
  17. kikeee

    kikeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    мене баш сега ми се случува тоа со една дволична другарка..
    сега сме за втора година средно, а се запознавме на почетокот на прва и станавме големо друштво (5-6 луѓе сме). и сега дури дознаваме дека таа нашите тајни им ги прекажала на други личности, кои никако не смееја да дознаат за тие работи. значи ние бевме со неа кога и беше најтешко ја поддржавме (а потоа сфативме и дека за тоа лажеше).. замислете измисли дека била трудна, и тоа кога многу малку се познававме. многу сме разочарани од неа, стварно мислевме дека не сака, дека ни е вистинска другарка, а уствари таа зад грб не оговара.. и еднаш сега брзо пред да почне распустов, се искаравме со неа, и кажавме се в лице, дека не и веруваме во работите што ги измислува, и таа започна да не оговара на целиот клас, и сега сите од класот не не сакаат, и тој ден кога со неа се искаравме, вечерта сите нас главата ни ја вртеја, муабет не ни правеја. и другиот ден таа си продолжи како ништо да не се случило.

    сега незнаеме што да правиме, да и кажеме в лице неможиме, оти многу полошо ќе биде за нас, а ние уствари важиме за најсложно друштво, што најмногу се сакаат, и стварно неможам да ја сфатам причината зошто таа вака ни прави, ние ја прифатиме, супер е се убаво си поминуваме кога ќе сме заедно... стварно незнам, кажете некој совет
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.098
    Допаѓања:
    25.500
    :clap: :clap: :clap:
    Кажавте за вашите другарки колку се дволични? А за вас не си кажавте?
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    ^^
    Дарки уствари Офспринг по ново..ме насмеа :D :clap:
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.098
    Допаѓања:
    25.500
    Јули или Јуле незнам како се чита :$
    Така е. Секој човек е дволичен по природа. За сите успеаја да кажат а за самите себе не си кажаа. Не се секирајте девојки анонимен е форумов, и да си кажете колку сте дволични тука ќе си остане.