1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дволичност

Дискусија во 'Психологија' започната од Lux, 16 јули 2010.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Џули срцка..А бе нормално прво појди од себе па после кажувај за други..така се вика.А кој ќе признае дека има доза на дволичност во себе? Никој. :D
     
  2. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Најпрво едно :clap: за темата.
    Дволичност од секогаш постоела и ќе постои.Сите ние имаме две лица,па колку и да го негираме тоа.Само кај некои таа дволичност е во друг облик,во вид на злоба. Колку и да се трудиме да не бидеме дволични нема да успее,понекогаш самата ситуација така наложува.Понекогаш боли вистината па мора да направеме маска. Ме иритира дволичноста на другарки најмногу,што пред едно а зад грб друго зборуваат.Сум имала милион такви ситуации но неможам да се замарам со глупости.Има милион работи попаметни што може да ги правеме одколку да се замараме со правење лице некому.Но по се изгледа дека на некои луѓе тоа и главно хоби хммм хоби да се рече секојдневие.зошто постојано се такви.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Изгледа на форумов постојат светци :lol: Сите се вистински другари, сите плеснуваат се во лице, сите мразат лицемерни луѓе, не се дволични... :^)
    Ја гледав темава активна, ама ја одбегнував, чекав да се наполни некоја страна па да прокоментирам.
    Имам кажано повеќе пати. На форуми општо земено, членовите си кажуваат за себе какви сакаат да бидат, а не какви се во суштина. Тука постои енормна разлика.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Знам да бидам дволична, па кој не е. Не сум светица и нема ни да бидам, Особено не после се..Мразам луѓе кои праат лизни мазни. Ко вчера...слушнав песна ме потсети на тато и бато..а таа, ме загледа ко да сум на смртна постела, што ти е срц, а знае на што ме потсека баш таа песна, е тоа е дволичност, се прави добра, загрижена, а ваму микажува како не можеле да ме трпат коа зборам за татко ми и брат ми, за кој сум зборела само во нејзино присуство а не пред други, бидејки не сакам сеа животни приказни да трубам.
    Епа извинете ама, не сум единствена па зошто да не бидам дволична, ако сум арна за сите ке ми помогне тоа? Не сакам да нанесувам зло...ама секој во некој одреден момент направил нешто двоично. Во стилот, да не ти е мило што некоја особа е со вас, а вие се праите дека супер си поминувате.
     
    На 1234girl и Masnoli01 им се допаѓа ова.
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    И јас се мислев каде да го напишам ова. Не само на овој форум, туку и на секоја нет страница за социјализација луѓето не се претставуваат какви што се, туку какви сакаат да бидат. Па нормално, сите светци испаѓаат.

    Да не бидам офф топик, сите ние си имаме различни лица. А не ни можеме пред сите да сме исти, па се адптираме според луѓето со кои сме. Не зборувам конкретно за дволичност од типот сега е со мене фина, а после тоа ме оговара зад грб.
     
  6. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Близнаци во хороскоп :D
    не е можно да не сум дволична. Иако тоа е нешто што навистина го мразам ! Тоа е дел од природата на човекот. Добро е да го имаш во одредена мера, како и љубомората... Бидејќи некој грам дволичност нема да ти штети во животот бидејќи само тие таквите успеваат - ЗА ЖАЛ !
    Но, исто така, многу жално е тоа што луѓево на денешницава дволичноста ВО ГОЛЕМА МЕРА си ја имаат како една најубава особина и се гордеат со неа... Страшна слика.
    Но едно знам. Со луѓето со кои сум блиска НИКОГАШ нема да сум дволична. За разлика од "другарка ми" која си се покажа пред 5 дена. Страшно сум разочарана !
     
  7. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    645
    Дволичноста некогаш од многу ситуации ме спасила..... :$
     
    На Leala и Offspring им се допаѓа ова.
  8. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Што мислам за дволичните луѓе, што имаат две лица?
    Епа, мислам се незгодни, незнам на кое лице да му заврзам шамар... |(
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Па не би се нарекла дволична, би се нарекла десетолична.
    Си имам едно, вистинско лице. Ми го знаат мама и тато, најблиските, луѓе на кои им верувам.
    На работа имам друго, пред непознати луѓе што не ги знам трето итн.
    Не знам што е тука чудно или ненормално. Таков си каков што си вистински - само пред огледало, кога си сам и целосно соголен во вистинска смисла на зборот.
    Се' останато е некој вид лицемерие.
    Некогаш лицемерието е за некоја добра цел. Во вид на ситни, бели, лаги. Неминовно е потребно за да се преживее.
    А за форумот, никој не е таков каков што се претставува. Со самото тоа што некои теми намерно ги одбегнуваме и не сакаме да ги дискутираме, си задржуваме мислење во себе. Исто и во животот. За некои работи се воздржувате, преќутувате, подголтнувате. Тоа нели е лицемерие? И е лошо по секоја цена?
    Не мислам воопшто така. Човекот по природа е лицемерно суштество и нема потреба да се срами од тоа. Така си е скроен.
     
    На QueenElena, JuLleE, Leala и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со Трендафилка. И јас имам повеќе лица, зависи пред кого како.
    Зависи и од ситуацијата во која сум се нашла.
    Факт е дека ако си светица, нема многу да поткараш.
     
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Лесно е да се ,,испофали,, човек дека не е воопшто дволичен но тешко е да се живее во денешниот свет само со едно лице! Знаеме сите дека дволичноста како особина е многу критикувана но секој човек ја има...и тоа како вродена но и стекната во тек на животот!
    Не ми се верува дека никогаш во животот не сте рекле нешто кое не сте мислиле, не ми се верува дека никогаш не сте се намсевнале некому чисто од култура а во себе сте се гаделе од неговото присуство...
    За себе лично можам да признаам дека сум дволична, често пати, најчесто за небитни а понекогаш и за побитни работи во животот :tmi:
    Не дека се горедеам со таа особина но да бидам искрена не се ни срамам затоа што знам дека многу пати дволичноста ме довела до успех и знам дека секој ја има како особина во себе која во текот на животот и те како доаѓа до израз! :!:
     
  12. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Многу мразам дволичност.Значи тоа лигавење,правење дева Марија,а пола град ја знае каква е и слично ми оди на нерви.Или пак некој што зборувал за мене после ми се прави поблизок од сите |(
    Значи никогаш не им правам лице на оние кои не ги поднесувам.Зборувам за оние кои ептен ми креваат нерви.На другите можам да им поклонам едно здраво и лажна насмевка.Вистинското лице никогаш не го покажувам пред некој кој штотуку сум го запознала.Ми треба време да се опуштам пред да дозволам да ме видат каква сум стварно.
    И да,нема никој што е толку поштен.Сите за своја цел сме дволични понекогаш ;)
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.479
    Не знам да бидам дволична,столична и не знам уште каква.Таква сум каква што сум,ако не ми се допаѓаш не ми се допаѓаш и готово,ако не сакам нешто,не го сакам и готово,мислам дека е заморно да пробуваш да балансираш помеѓу тие сто лица,а верувам дека и често донесува до конфузни ситуации во разговор со самиот себе,а и во ситуации од животот.
    Ако сакам да се заштитам имам свој механизам,едноставно бирам за што зборувам,дискутирам,кажувам,но останувам онаква каква што сум,тоа не е дволичност,тоа е задржување на интимата.
    Не дека нешто,еве јас добра личност сум,искрена сум и недволична,можам да бидам една,иста,па да бидам лош,одвратен човек.Едноставно,не можам да глумам,а и се срамам,особено ако треба да изглумам пред некоја друга личност,а со мене е некоја која премногу добро ме познава.Имав неколку неуспешни обиди и толку беше.
    Често имам проблеми заради мојата искреност,особено со жените кои пак се ете склони кон глуматање,драматизирање,комлицирање,сензитивност итн,но тоа е тоа,подобро така,него ли да дојдам во ситуација ни јас самата да не знам која сум вистински,сепак на крај ми се исплати.Знам да поразам и со тоа едно мое лице,многу ги гризе совест после обидот да бидат дволични,а наидуваат на искреност,па кога тогаш,не може некој толку вешто да се крие и вистинското јас излегува на површина,е тогаш веќе е лошо.Нема ништо полошо од откриен дволичен човек.
    Ако кажам,кажано е,така е како што е,а дали некој ќе го злоупотреби,дали ќе се обиде да ме повреди,прво,ако го направи тоа,тоа говори за него,а не за мене,а второ мој е изборот дали ќе дозволам тоа да допре до мене или не.
    Затоа прво опипувам терен,па создавам пријателства,врски и слично.
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Дволичност и лицемерие, еден куп! Таков е светот бе, кај се може без тоа?! На секој чекор ги гледаш. Јас и дволичност? Хм не знам баш. Можеби сум повеќе мила и фина кога идам некои документи да средувам, па еве културно почнувам да комуницирам со особите позади шалтер, затоа што така ме научиле моите. Дека со насмевка човек ќе стигне подалеку отколку со намуртеност. Така да не знам дали тоа би можело да се нарече дволичност, ама во секој случај помага коа му треба на човек да заврши битна работа.
    Ми имаат кажано луѓето дека сум дипломат према особи што многу ми значат односно дека не знам да им ја плеснам вистината у фаца одеднаш, туку со припреми им ја сервирам постепено. Не знам дали тоа се смета за дволичност, ама јас знам зошто правам така - затоа што туѓа несреќа директно у срце ме пецка, уште па и ако се работи за блиски луѓе па уште и ако е неубава вистината јас да треба да им ја кажам. Па морам полека, не знам да плеснам се одеднаш па недајбоже да ги мавне инфаркт луѓето. Ама едно ќе кажам, мразам лаги, претварања, маски. Ако знам јас да не се претварам со луѓето и да сум секогаш искрена со нив, што би ги коштало да покажат малку искреност и према мене? Уф бре, а тие луѓе што ми се прават другари а после сум дознала какви олоши се позади грб, сум ги отерала со две зборчиња на едно место, и таквите немаат веќе простор во мојот живот. Од извесено време си кажав дека животот е премногу краток, за да го трошиме минувајќи време со неквалитетни личности - затоа селектирам! И не можам да разберам луѓе кои демек мразат некого, ми го оговараат цело време, и утредента ги гледам седнати на кафе, смеења, дружења ко да се најголеми другари. Е ова од такт ме вади исто.
    Како и да е, да резимирам - маски, лицемерие и дволичност имало и ќе има. Јас немам маска, и не знам што е тоа да се претвараш и слично. А овие другиве, не ме занимаат и нека си го тераат својот живот како сакаат, дури не ги осетам, изволте - нека ми го трујат воздухот кој го дишам, ама ако ги осетам, подалеку од мене.
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Е најмноогу од се мразам дволични луѓе! Како можат да бидат такви, никогаш неможев да си објаснам. Ретки се тие недволичните, секој во себе крие по една маска, напочетокот се добро, ама по неколку месеци се се открива, кој си и што си. Вакви луѓе постојат и тоа мноогу, дури и познавам такви и се каам што сум ги запознала. По некое време сваќам се, ама сепак предоцна. :?: А лично за мене не мислам дека сум дволична. Некои можеби се навредуваат што им велам се во лице..значи буквално се, дали е тоа лошо или добро. Зошто да им правам лице?..Бидејќи ми има направено една „млада дама“ многу проблеми со нејзината дволичност, па сега јас се трудам да небидам како нејзе, зошто имам усетено како е..некој да ти праве лице. Затоа и ги мразам дволичните луѓе, несватли...Што имаат цел од тоа незнам...само да наштетат ете тоа!..
     
  16. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    уфф ... јас имав една другарка таква ... на почетокот имаше таква маска, со што ќе си помислиш колку добро девојче ... поминаа неколку месеци, на крајта ја „прочитав“ каква е ... е тоа ти е дволичност ... незнам како совеста и дозволува да биде таква :fubar: сега не ја игнорирам, ама не сум блиска со неа ...
    сега таа пак се труди да се направи „невиното девојче“ ама овој пат нема да и успее кај мене ... нека моти некој друг со тие нејзини финти :!: |( .. имам една другарка на која можам СЕ да и кажам и која верувам дека нема да ме издаде, имам исто така другарки како неа, ама не им кажувам баш се :lol: со многу други другарки сум блиска, ама исто не им кажувам се, внимавам што зборувам ... а сите останати се би рекла „копии“ на вистински пријатели ... ама дволичноста стварно ја мразам .. една од најлошите карактеристика кај НЕКОИ луѓе(не кај сите :!: ) .. јас сум близнаци во хороскоп (а велат дека близнаците се дволични), ама мислам дека нема врска, се е до карактерот на човекот и домашното воспитување .. секогаш се трудам да бидам своја, да не користам маски за некои луѓе да ме засакат и почитуват .. секогаш ја избегнувам дволичноста ... секогаш и пред сите покажувам само едно лице и тоа само вистинското :!:
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Многу еднодимензионално се гледа на поимот дволичност.

    Да речеме дека имате шеф кој ви оди на нерви, ви доаѓа да го убиете.
    Му го кажувате сето тоа?
    Му велите дека е одвратен и дека не можете да го поднесете?
    Секако дека не.
    Културно му се смешкате и сте љубезни, затоа што така налагаат правилата и културната норма на однесување.
    Сега тоа треба да се сфати како дволичност? Треба според мене.
    Ако имате само едно единствено лице без маски, ќе биде исто секаде - на работа, дома, пред познати и непознати, буквално секаде.
    Со сите сте насмеани, љубезни, искрени, онакви какви што сте???

    Нормално не.
    За секого имате по една маска.
    Да би живееле во идеален свет, нема да има ниту дволичност, ниту ситни лаги, ниту неверство и болка.
    Ама постои.

    И секој од нас е дволичен , макар трошка, макар признавал или не.
    Тоа си е просто одбранбен механизам. Начин како да преживеете.

    Не губете сила и енергија објаснувајќи како не сте ни најмалку дволични.
    Со тоа што го тврдите тоа за себе, веќе станувате такви.
    Зашто сите сме, признавале, или не.
     
    На RainBow, Offspring, De-lovely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    Кажете некој лек од такви луѓе :( Значи се почесто наидувам на дволични --> пред тебе едно , зад тебе друго. :headbang:
     
  19. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Изигрување дволичност = на многу потрошена енергија + мозгање........нах, не сум јас за тоа, помалце енергија ќе потрошам кога ќе речам еднушка нешто во фаца....па така, не мора да трошам пак енергија, секој наред пат и пат и пат да му се лижам на некој и да му изигравам кловн!


    П.С........решение = едно големо ИГНОР!
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.479
    Трендафилке,невозможно е да размислуваш еднодимензионално во однос на поимот дволичност,како и да го вртиш. :)
    Има разлика помеѓу добро однесување и лицемерие.
    Ако имам избор,одбивам да бидам фина со тие што не заслужиле или пак да седам на иста маса или пак да им се смеам,а ако веќе морам ете како на пример шеф,тогаш мојот однос е исклучително службен и професионален,не подразбира неформално и блиско однесување,ниту посебна учтивост,само добро и културно однесување.

    А и лицемерност не се мери по однесувањето во лош ден,туку по намерите и ставовите во однос на некои луѓе.Ако имам лош ден,а успевам да се смеам со пријателката на кафе,тоа не е лицемерие.Јас неа и понатака ја сакам и понатака знам да си поминувам убаво со неа,ако ми е премногу тешко се доверувам.Во тој случај се работи за мене,а не за неа.Се работи за моите проблеми и расположенија,а не мојот став кон неа,одглуменото добро расположение е моја работа.
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.