1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дволичност

Дискусија во 'Психологија' започната од Lux, 16 јули 2010.

  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    Јас имав една другарка беше многу дволична на сте се смешкаше,делеше совети и им се правеше другарка се додека не си отидеа после ке се утепаше од огаварање.Трпев ја извесен период оти границата на толеранција ми е висока ама кога ми пукна филмот избришв ја од листата на живите.Сега немаме никакви контакти и не сакам да ја видам. 8)
     
    На Leala му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.986
    Мислам дека секој човек има моменти на дволичност, од причина што неможеш со сите исто да се однесуваш. Јас на пример не сум иста со луѓе кои ги сакам, и ми се мили, и оние кои сум приморана да ги трпам ( на пример роднини, на кои у прицип не им гајле за тебе)

    Иако општо, избегнувам контакт со луѓе кои не ми се драги (а неморам да ги трпам) баш затоа што тешко ми е да се преправам.
     
    На Leala му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Дволичноста е многу чудна работа. обожавам искрени луѓе што се кажуваат во лице, и мојот круг на пријатели што го избирам гледам да е таков. Од такт ме вади кога некој ми се прави фин, од типот на срце, мрце, а зад грб се и сешто зборува. Ај тие и не се толку опасни, нека зборуваат до бескрај, но има луѓе кои зад дволичноста кријат сериозни зли намери, сакаат само да ти се приближат, и да искористат нешто, или да те повредат. Јас за мене не мислам дека сум дволична личност, иако сите понекогаш сме дволични во одредени ситоации и се согласувам сотрендафилка дека со секој не е однесувањето исто, но навистина сум многу искрена. Ако насетам такви луѓе во моја близина најчесто ги избегнувам, или им давам дознаење дека не ми се допаѓаат.
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Колку е дволично кога во темата Дволичност една реченица започнува вака: Мојата другарка е многу дволична. Таа сите ги озборува...

    Штом си пишал во една оваква тема дека другарка ти озборува и е дволична, по автоматизам и ти си тоа. Еднакво дволична колку другарка ти. Затоа што ти е другарка и затоа што во лице никогаш и немаш речено некои работи што овде си ги напишала. Тоа е и дволично и патетично. Пробуваш да се прикажеш во светло кое не ти одговара. :)

    Убаво велам, не постои другарство и држам дистанца :)

    Неможе да не постои дволичност, постои и тоа е во сите нас! Луѓе сме и не сме безгрешни, мораме да бидеме дволични во одредени ситуации. Тоа е дел од човековата природа.
     
    На Masnoli01, frutini, najubava2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Тотално се сложувам со Оффспринг.Во секој од нас има дволичност,ама сега кој како ја употребува.На пример,неможеш да му кажеш на човек којшто само што си го сретнала,се во лице и што му е проблемот!Тоа е веќе ароганција.Ама дволичност помеѓу другарки не трпам,се кажувам како што сметам дека е без разлика дали сум во право,па фала јасно подобро е од глумење срцка со некој што те прави подолу од го*но.
    Али на крајот на краиштата дволичноста е секојдневие и сакаме нејќеме мора да ја прифатиме.Мораме да ги селектираме оние кои сметаме дека ни се пријатели и тоа внимателно,за да ги избегнеме дволичните луѓе
     
  6. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    кооооооооолку мразам такви особи :devil: Скоро сите се такви, поради тоа останав без другарки, не ми требаат на мене озборувачки.
     
  7. hihihi

    hihihi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    Затоа што ова е форум и е виртуелно а и сите разговараме на различни теми и сме отворени нема дволичност. Но што ако се сретнеме во живо ? Некои ке се здружат ко од одамна да се тезнаат. Некои ке почнат да ги оговарат тие. Некои ке се буткат да се протнат некаде. Некои ке се прашуваат зошто воопшто дошле, а многу нема да дојдат. Дволични сме и самите ние. Ставете се во кожата на друг погледнете кон вас со неговите очи и ке видете какво размислување има таа за вас. Доколку не сме дволични ке постои анархија, ке трпиме 100 работи без наша војља, ке правиме нешто за туѓи интереси , само затоа што не сме успеале да се снајдеме т.е не сме дволични. Постојат и такви кои не се дволични но тие сеуште не се социализирани и не имаат искуство. Со самото искуство сваќаш дека тоа треба и ти да го применуваш.

    Да имам дволични другарки, но од нив научив и јас да бидам таква и да се ценам себеси во некои ситуации..
     
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Глупаво ми е да напишам сега: Колку се некои луѓе дволични. И? Што, јас во очите на никого не сум дволична? Секој за себе си мисли дека е подобар од другиот. Сите луѓе сме дволични, кои помалку, кои повеќе, свесно или несвесно.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    13.419
    ^^^ оффи, јас и имам кажано во лице, сè. Ама она пак продолжува. Сега не се дружам со неа многу. А тоа нејзиното стварно беше претеризам. И вчера баш се карав со неа, и пак и кажав сè што мислам, она си тера. Што сака нека праи, само подалеку од мене.
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Бре бре, ги исхејтавте дволичниве по ново речено. Мангуп до мангуп, форумов врие од светци благо кажано. (секоја чест на исклучоците, ги има нели?)

    Дволична сум, море и со 100 лица сум и не сум единствена, ма со сигурност.
    Носете ме на гилотина ако не е така.

    Многу е лесничко кога ќе кажеш јас вака, јас така, ни оговарам, ни дволична, ниту пак некого вреѓам.
    Де бре луѓе каде сте во мојов живот да ве сретнам? Сакам таков човек покрај мене. Ќе се надополнуваме едни со други.
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Како бе луѓе не сте дволични, како само другите се, не ви се случило никогаш во животот да се најдете во некоја таква ситуација...
    Мене лично ми се случува самата себе да се фатам во таква ситуација која ненамерно кај мене предизвикала таква реакција...
    Знам да искоментирам за некој кој не ми е толку близок, и што е тоа оговарање?
    -Според мене не е, помеѓу луѓето со кои комуницирам важам за искрена личност, мене не ми мака секому да кажам што мислам, иако не секогаш ми е овозможено тоа, а прибидејки јас неможам да ќутам, нешто ми гори во желудник па морам да кажам.
    Не ми се случило да се најдам во некоја зајадлива ситуација поради тоа но, умеам понекогаш да направам и второ лице...јбг тоа понекогаш е доблест, понекогаш мана :D
     
  12. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Можам со сигурност да кажам дека досега, дволична не сум била само кон најдобрата другарка, и семејството. Не ми иде на сите да им плескам во фаца тоа што го мислам за нив, како прво знам дека не сум никаков фактор за да е важно моето мислење, па не е ни страшно да сум фина со некој, а после да му најдам „замерка“ уз муабет со другарките.

    Oбично не оговарам нешто посебно, ама ако некој ми згази на жуљ сигурно дека ќе се најде во дневната доза гомнојадење. Нормално тоа пред него нема да се спомне, што логично е - дволичност. Немам потреба секогаш да го кажувам тоа што ќе ми падне на ум, некогаш е попаметно само да се нафрли насмевка.
     
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Ќе бидам искрена, сум била дволична. Некогаш и потребно е да си дволичен за да не ја повредиш другата особа. Но секогаш ми е криво после тоа. Ама луѓе сме. Не може некој да ме убеди дека нема напраено лице на друг...
     
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Абе одма ќе ги познаеш по таа нивна цинична насмевка кон сите :@ имам пример од другарка чие лице ја краси таа насмевка,кога ќе ја видам ми се стемнува...најстрашно од све е што порано не увидов ама сега се покажа и таа самата...студиравме на ист факултет другарки од градинка :!: ,јас успеав без квадрат пишување да дипломирам и сега да најдам работа- не ми е сеуште на струка али не е битно,таа пиша 2години квадрат и куб,и еве уште студира- не е битно тоа ,не дека се правам паметна...
    си го покажа лицето кога дипломирав,нити се јави да ми честита само на фб ми пиша едно бедно честито-мојата најдобра другарка....кога се вработив -уште првиот ден значи,дознала од трети и пак на фб-лута што не сум и кажала-мислела за мене дека сум една особа а сум испаднала друга ,сосоем го сменила мислењето за мене-ете така ми пишала....ми посакувала се најубаво во животот ,и да сум продолжела да ќутам за се :devil: ете тоа ми пиша ни честито ни ништо....сигурно дека е и се јавев ама неможев на небидена работа да се фалам,сакав да бидам сигурна и потоа да ги почастам сите,ама таа ме испревари,како да чекала момент за да се скара со мене ,едвај,така ми личи тоа сега...значи цело време ми љубоморела ,а јас и кажував се...и чував прашања за испити,запишував после секој колоквиум и и давав,и давав книги кој ми го враќаше искинати и со маркери избележувани....исто кога раскина долгогодишна врска се смени-почна да ми збори дека сингл е поубаво како сум можела да издржам,тоа било навика не љубов...една вечер закажала со некој мувач во кафич-без јас да знам,ме викна да излеземе,а тој се довлечка со уште еден...таа вечер цело време си збореше со него а мене ми се пушташе другиот |( и реков дека ќе си одам и дека многу добро знае дека имам дечко,а таа рече-леле ма каква си,кога ќе уживаш,ајде излези нема да му кажам на дечко ти :@ по ова разбрав дека уствари таа сака да ме скара со дечко ми,и среќа што си отидов и му кажав се......претходно кога беше во врска ми велеше дека дечко ми е многу добар и да си го чувам,а сега вака...Значи таа цело време и еве додека сме биле на факс ми била љубоморна и кога конечно не можеше да издржи и се виде таа дволичност....сега сме онака на здраво,а и поубаво ми е,само ми е криво што не сум видела на време :worried:
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    Мене искрено ретко кои луѓе ме сакаат и прифаќаат :D освен оние вистинските пријатели,бидејќи депилирана сум на јазикот,оперирана сум од срам :D несакам дволичност ама ич.Кога некој го сметам за пријател давам се за него.Сум имала и лоши искуства ама ете грешка у проценка тоа не било пријателство :D Ај да не замарам многу значи немам друго лице,тоа е тоа или ме сакаш или не,не правам лице само за некој да се осеќа удобно.Во секој случај ја кажувам вистината.И да еве јас сум пример дека постојат и такви кои не направиле лице ниту еднаш.Ако за некого имам зборено тогаш тој некој сигурно не бил мој пријател па така да нема да му правам лице што значи тоа спаѓа во групата на оговарање :D
     
  16. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Дволичноста ја сфаќам како составен дел од животот. Секој по природа е дволичен - па не може да се биде потполно искрен во секоја ситуација во животот и нормално дека има личности пред кои ќе бидеш дволичен, не можеш секому да кажеш што мислиш за него - барем јас лично не можам. :$

    Искрено, дволичноста многу ме нервира. Да не бидам сфатена погрешно, и јас сум дволична во одредени ситуации, но се трудам тоа да биде колку што може помалку бидејќи не сум задоволна самата со себе кога имам дволично однесување. Со апла дволични личности во овие 14 години сум имала доста работа, но со задоволство можам да кажам дека повеќето веќе не се дел од моето секојдневие.
     
  17. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Дволична да, сум била. Но имам лоша особина што после тоа истото си го ставам на срце и се каам зошто не сум имала храброст да пернам се во фаца па што биде нека биде. Понекогаш со одредени луѓе сум дволична поради едноставна причина да не ги повредам а на крајот секогаш испаѓам јас таа која сум повредената. Бев личност која задолжително на луѓето им шлапкаше во лице, ама поради губење на самодовербата, поради измами и лицемерие почуствував некој страв. Мислам дека луѓето кои ги сакам и кои ми се драги ќе ги загубам ;( но сепак повеќе сум кажи си што ти лежи на срце. :)
     
  18. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Нормално е понекогаш да се биде дволичен, сигурна сум дека секоја од нас се нашла во ситуација да покаже лице. Постот на Баба Дара ме потсети на моите тинејџерски години, кога секогаш кажував се во лице и често пати страдав заради тоа. Сега гласно стојам зад ставот дека тогаш сум грешела. Да појаснам. Не сакам дволичност кога се работи за мои блиски личности, од нив секогаш очекувам искреност, бидејќи ја добиваат и тие таа искреност од мене. А од некој првпат што го гледам, не му ни личи да ми плесне во фаца нешто што би можело да ме заболи. Зошто вистината знае да боли, сите го знаеме тоа. И јас сакам да ја чујам вистината, но кажана во лице од мој близок кога нема да бидеме со толпа народ околу нас. Како би се почувствувале кога најдобрата другарка би ви укажала на некоја ваша мана пред толпа луѓе? Кога еднаш ќе бидеме сами, нека ми каже, ќе се обидам да го поправам тоа. А ако некој што не го познавам се осмели да ми рече нешто пред народ, ќе му биде вратено со иста мера.
    Забегав малку со муабетот, имав и друга мисла на ум. Пример, некоја девојка не ти се допаѓа многу, но ја познаваш преку твој близок. Сигурно нема да и изнаречеш секакви работи и сигурно ќе ја поздравиш на улица. А и ова е дволичност, нели? И сигурно доколку се најдеш на кафе со другарка ти и случајно таа немила личност ве зфогледува и седнува на кафе со вас, нема да и речеш во фаца: Јас кафе со тебе не пијам“, туку ќе премолчиш еднаш, ќе направиш бош муабет и ќе го истрпиш тоа кафе од почит кон другарка ти. Ова ми се нормални ситуации кои не ги осудувам.

    Но, мразам претерана дволичност. Мразам личности кои се упикуваат на секој еден и кои се прават најфини на свет само за да им се допаднат на сите. Таквите веднаш се забележуваат и залудно се трудат да остават таков впечаток. Има и луѓе кои навистина се такви, харизматични, фини со сите, но тие исто така лесно се препознаваат од овие првите. Им се гледа во очите, во насмевката, и општо во муабетот што го прават дека се искрени.
     
  19. emma-chan

    emma-chan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    9
    За жал на светот има многу вакви .. тоа е .. ама стварно како можат? како успеваат?
    „Сега ќе бидам пред оваа добра, ама кај другарка и ќе кажувам се најлошо!“
    Нека одат во театар не на животната сцена!
     
  20. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    35
    со две лица испадна братучетка ми која ја имаше сета моја доверба ... :|
    ужасно ме нервираат такви личности :envy: