1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дволичност

Дискусија во 'Психологија' започната од Lux, 16 јули 2010.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    боли и тоа како кога некои луге -за кои мислиш дека ти се најблиски се дволични и ти прават далавери зад грб (ШТО НАЈВЕКЕ МРАЗАМ) :@ :envy:
    никогаш не сум била дволична, и незнам да глумам , кажувам се во лице :P
     
  2. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Дволичност - нешто што најмногу мразам. Со тебе се прави се добар а после чим начека прилика одма зборува лошо за тебе. Пред некое време го искусив ова од една многу блиска личност и потоа откога дознав и нешто ми доаѓа и ми се лигавеше:,, Ее кај си срцка бла бла ``и ја се изнервирав и се и изнакажав во фаца :devil:
     
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Уф,дволичност.
    Колку сум само навикната на неа.Сите луѓе околу мене се дволични,од најверни другарки,до другарки,познаници.
    Порано ме повредуваше,навистина...сега,не толку,ги научив сите,сфатив колку злоба има,колку сакаат да ти растурат,да те навредат.

    Не им обрнувам внимание веќе,не се толку значајни. :hai:
     
  4. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    опкружена со дволичност... глупава бев кога се затворав во соби плачев по ''другарките'' кои сум ги загубила, што ме повредиле... и сега веќе навикната на тоа одам напред не дозволувам да ме сопне некоја глупача која ќе е тука со мене само дури има корист од мене а потоа ќе ми го спопика од позади... :^)


    Кога ќе пораснеме не ги губиме пријателите, сфаќаме кои ни се вистински..
    и да.. Постои некоја причина зошто личноста од твоето минато не е во твојата сегашност..
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    За жал дволичните луге ги има насекаде.Една од најлошата особина на човекот е доволичноста.И јас сум била многу пати дволчична но кон тие кои биле со мене дволични.Како и да е од сге па понатака се лупам во фаца па колку сакаш лути се, мислам боље така него да зборам позади грб! ;)
     
  6. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Неможам воопшто да ги гледам ваквите особи. Ни два, ни три мислам дека ќе експлодирам и ќе им лепнам се во фаца...
    Се случило на блиски другарки, ако почнат ова да го применуваат да и кажам искрено и ниту една не се налутила, ниту се одалечила, туку ме сватила. Затоа што ме знае и знае дека никогаш немам лоша намера.

    Тешко ми е на другите да им кажам, затоа што ќе бидам етикетирана како лоша, дрска, дигната и со некој слични епитети.

    Внатре вријам, многу пати и пред некои крвно поврзани личности кои се вртат како им годи.
    Ќе забодат нож во грб, ќе те заборават, и оп троп со насмевка од уво до уво и милни зборови срце, душо, мила по некоја недела ете ти ги пред врата. :)

    Е и јас баш така, фино, лепо ја откажувам прошетката навреме затоа што сум изморена од тие филмови, ги научив веќе напамет. ;)

    Не ми е јасно, како истите може да се нарциси и да се сакаат сметаат себеси за успешни затоа што успеале да бидат користољубиви на повеќе полиња. :fubar:

    Ги жалам, не им е лесно.
    Фала богу, научија дека тоа кај мене не пали.
     
  7. Rozevo

    Rozevo Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    32
    Имаше период каде што се восхитував на оваа особина (искрено). Само интелигентна и прониклива личност може да е успешен хипокрит и да продава различни приказни на различни луѓе.
    Меѓутоа како што минуваат годините, се повеќе ми значи искреноста. Убаво е да знаеш со кого на што си, без никакви пресметки.
     
  8. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Би му удрила шамар , само незнам на кое лице ..многу ги има ;)
     
  9. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Па луѓето веќе заборавија да го покажуваат своето вистинско лице,насекаде само дволичност и лицимерие.Ретко ама баш ретко се среќава човек со став кој би ти укажал дека за некој работи Ти не си во право,ретко се наоѓа човек кој е искрен,добронамерен,а насекаде околу нас сме опкружени со некои дотични особи кои те тапкаат по рамо демек како све си супер,дека си ти најдобра а уствари зад грб те озборуваат со најпогрдни зборови.Зошто е тоа така,не знам ни јас.Мене лично доколку некој не ми се допаѓа како личност,или имаме различни мислења и ставови за одредени работи би му ги кажала на смирен начин или пак контакт со таква особа би избегнувала,но тешко е денес да видеш кој што мисли за тебе бидејќи има добро испраксирани личности кои тешко дека ќе ги распознаеш. :|
     
  10. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Колку дволични луѓе има околу нас ... некои сте го откриле дека е таков,а некој не :devil:
    ДВОЛИИЧНОСТ е нешто што највише мразам :worried:
    али ко што приметувам сите во денешно време се дволични,испревртливи.Човел треба да е претпазлив у денешни време од вакви луѓе
     
  11. dushka-07

    dushka-07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Да.. |( Многу ги има.. но најглупо е што знаат да те разочарат
    Да мислиш дека секогаш е на твоја страна,да ја поштуваш.. а таа ДВОЛИЧНА
     
  12. MalaTaa

    MalaTaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    Јас имав три другарки кои мислев дека се искрени со мене , Но се излажав откако малку се одалечив од ниф потоа се полека и полека сваќав дека тие биле дволични љубоморни и завидливи луѓе па послем толку повреди од нивна страна аконечно се разделив од нив но лошото е што сега останав сама .. но барем не сум со лицомерни пријатели :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Искрените луѓе сами на себе си наштетуваат со искреноста.. затоа што денес ретко некој да има добри намери спрема тебе и да не е дволичен. Јас уште одамна... имав една другарка која знаеше дека едно момче го сакам 2 години и таа се смува со него.. од тогаш не верувам во другарство и во ништо добро на овој свет. Искрено ги мразам сите мои другарки и морам да се правам фина со нив.. едноставно не верувам во човек.. зошто секој гледа само да ти наштети.. :devil:
     
    На MalaTaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Многу ги има дволичните луѓе. Насекаде се. Има и такви кои успешно го прикриваат тоа, ти им веруваш, искрен си со нив, а потоа те разочаруваат покажувајќи го своето друго лице кое дотогаш успешно го криеле. Дволичноста е една од најлошите особини на човекот. Таквите луѓе се со тебе само додека имаат корист од тоа, а потоа ги нема никаде, или ти прават нешто позади грб. Треба да се чуваме од ваквите луѓе.
     
  15. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Дволични луѓе suck! Немојте да ги имате како пријатели зошто не се сигурни, не вредат ни да разговарате со нив - никогаш не знаете кога се тоа ќе биде изопачено и свртено против вас.
    Не знам што го предизвикува човекот да има две лица. Едно нешто што треба да се запамти е какво е чувството кога некој во кој сте имале доверба одеднаш станува таков. Затоа што пред и да помислите и вие да бидете такви.. ќе размислите два пати.

    "Ако бидеш дволичен, барем направи едно од твоите лица убаво." - Мерилин Монро
     
  16. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    243
    според мене ретки се тие што не се дволични. мислам дека секој си гледа за себе да си направи убаво да му е, со еден е таков со друк ваков. тие луѓе ми се како без карактер, штета што ги има толку многу, па можеби и за тој што мислиш дека не е ќе искочи дека е. ама највеќе ме нервираат онакви, со сите се добри, фини, срце, бубу и ќе си отиде таа што и се лигавеле до сега и ќе почнат да зборат уф колку ме нервира, досадна ваква таква ( за жал познавам милиони такви, па и некои од "другарките" такви ми се ама што да се прави со тие подобро "другар")
     
  17. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Ако тоа што буквално со секоого кј што го познавам си имам различен однос онак да сум најдволично створење на свет ама па основата ми е иста само односот различен со секој.
    Ако реално гледаме сите сте напишале леле колку мразам лицемерие дволичност бла бла ( со исклучок на Офспринг што страшно ме изнасмеа со нејзините постови стварно знае кога што да каже хихихихи ) и кога ќе видиш леле мајко замислее откривме нешто ново....ДВОЛИЧНОСТ НЕМА! Како може да има кога сите мразат дволични луѓе а ак осите ги мразат нив онда.....кој остна да биде таков!?
    Прво зависи од тоа кој како ја сфаќа дволичноста и уште еден битен момент дволичност и лицемерие не се едно исто штета што тоа се поистоветува.
    Друго- Сите кажуваме дека сакаме да ни се каже вистината во очи а сите знаеме дека вистината најмногу боли е па драги мој неможе секој да си го приушти тоа да ја слушне вистината верувајте оти колку и да ја сакаме верувајте егото ни е доста поголемо од секоја вистина а баш вистината допира до егото како ништо друго и кога ќе ти ја плесне некој вистината во фаца се осеќаш како зрно песок...егото крахира и ти се јавува аверзија кон особата што ти ја сервирала вистината и после си неподнослива и делуваш луто увредено....да егото е повредено и колку и да сакаш со тоа неможеш да се носиш..тие што можат се малце.
    Трето- сите сме дволични и тоа прво најчесто кон сами себе сме дволични а потоа кон надворешниот свет кон себе сме дволични со изјавата: ЈА САКАМ ВИСТИНАТА ВО ОЧИ а потајно сите сакаме да ни каже некој тоа што сакаме да го слушнеме за себе а кон другиот надворешниот свет- за таа другарка што кажувате дека е дволична знајте дека истото и таа го кажува негде за вас затоа што таа така смета за тебе исто како ти за неа затоа реков зависи кој како ја сфаќа. Дволични сме од роџење затоа што сите имате изјавено- Никој не ме познава мене или таа не ме познава мене па се дури до изјавата јас не се знаев за ваква!??? Ете ви дволичност значи ипак имаме сите нешто што не го знаеме за себе и многу нешта кои што другите не го знаат за нас али тоа не те прави дволичен тоа ти е најнормално нешто кое што според начинот на дефинирање на дволичноста- спаѓа таму.
    И четврто: Обожавам да лупам све во фаца, нека ми лупаат и мене јас можам да се носам со тоа немам проблем и секоја вистина критика ја прифаќам и гледам да го исправам тоа т.е. го вртам во позитивно. И да ви кажам од толку многу што лупам се во фаца и кога ќе им ги видам фаците на моите соговорници во последно време повеќе ќутам ( а и тоа е лицемерно ) и треба нешто ептен да ме жежни за да искоментирам а влакна фала Богу на јазик ич. И да, сум дволична затоа што на работа морам да сум спротивно од тоа што сум дома: не пцујам по се и сешто, ќјутам, мирна сум ( а сум темперамент ) смирана сум а сум нерва невидена и морам да комуницирам со еден куп неписмени луѓе кои што неможам да ги поднесам а морам да им се смешкам. И ќе заборавев- дволичност е и кога имате лев ден што викам јас а морате да бидете љубезни со некој на пример што не ви има згрешено особено на работа така да.......КАКО ШТО КАЖАВ- НЕКА НАПИШЕ НЕКОЈ ДЕФИНИЦИЈА ЗА ДВОЛИЧНОСТ И ЛИЦЕМЕРИЕ тогаш ќе видиме дали сме и колку сме кој е и кој не е до тогаш секој си ги сфаќа дволичноста и лицемерието од свој агол индивидуално така што на пример нешто што за мене е дволично за некој не е и обратно...се е тоа со индивидуалните критериуми на вреднување и сфаќање на нештата.
    Молим лепо! :D
     
  18. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    На луѓето треба да им го кажеме она што сакаат да го слушнат, а не вистината. ;)
     
  19. lolooo

    lolooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    11
    retko nekoj covek da ne e dvolicen i nie sme recisi 80% dvolicni samo sto sekogas velime lele ovaa e dvolicna onj i taka nataka fakticki koga go velime toa i ni spagame vo tie luge se nadevam deka ke se slozite so mene
    [mod-kirilica:3nfw8l8t][/mod-kirilica:3nfw8l8t]
     
  20. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Мразам лицемерие !
    Подобро да ме повреди нечија вистина ,отколку да некој да ме теши и храни со лаги !
    Многумина ме мразат поради мојата отвореност, се велам в лице ,не можам да глумам дека некој ми е драг а не ми е.
    Што е поентата,треба храброст за да се биде отворен пред некого, се плашат ли тие од конфронтации,која е фрката тука?
    А најмногу од се ме нервира кога од најголемиот лицемер ќе слушнам како е искрен и како мрази луѓе со две или сто лица ! :swear: