Колку и да е добра таа личност што ќе ја запознаам ако е дволична нема шанси на крај да излеземе,цело време ќе замеравам нешо и ќе дојде до тепачка,така да штом приметам дволичност ја избегнувам малку
Нешто што највеќе мразам во животот е дволичноста.Не сум дволична особа практикувам што му мислам на човек да му кажам во лице,а не зад грб.
Не дека сум светица,ама несакам да зборам за втори лица пред трети,што прават во животот другите ама ич не ме засегало.И ако мразам некоја карактерна особина,тоа е дволичноста,која сметам е најлоша.Да лажеш,ке помине,тоа е лудило моментално ,секако,нема да ти трае вечно.Да крадеш не го сметам за грев,ама да се правиш срце душичка со сите,а зад секој од тие сите,си се*еш гомца кај кој стигнеш.Е тоа нит проага,нит имаш излез,туку само се расипуваш и си се поскапана личност.Лично познавам девојка,која е најголема лицимерка која постои,невина фаца пред сите,се смешка,лике мике,комплименти,се топи на нивни возвратени такви ниски удари,а за сите што се не збори.Ми требаше време да ја осознаам,бидејки навидум таквите се најневини и душички,ама среќа сега ја знам,и комотно други нека фолира,кај мене не проаѓа од дамна нит нејзиното "другарство",нит фацата...Едноставно организмот мој не ја поднесува
Ми ги зема зборовите. морам да кажам дека најмногу боли кога најблиските ќе го покажат вистинското лице!
Не ми смета туѓата дволичност од причина што ја очекувам од многумина па тешко дека некој ќе ме изненади...Се познава, тоа не може да се скрие, ќе те издаде еден поглед, еден збор...Помина времето кога барав искреност и чисти односи од пријателите и кога се чудев и кукав како можеле да ми забијат нож во грб??? Е така, може, на некој му се сака и си може, и баш му е гајле...напротив, интересно му е... Вистински се дружам со луѓе што ги знам од малечка и што се бројат на прсти, а останатите се за површна кафе дружба, и нит сум изненадена ако си чујам муабети за мене од нив, ниту пак го прекинувам и онака површниот однос што сум го имала... Ма луѓе се, нек си прозборат...
Мене ме изморува и не ми се дава да го трошам своето време на ефтини и плитки луѓе кои се исфрустрирани од себе или искомплексирани од мене, да мораат да ме опипаваат со прашања, да ме зборат пред други, да си изведуваат заклучоци врз база на перверзно лошо читање меѓу редови и превртени мои зборови. Ме фаќа сафра во нивно присуство, ми ја цицаат енергијата и ми прават чворови во стомакот. Не ги сакам околу себе. А за дали ги имам, ги имам. Некои ги отпишувам...некои не ги рачунам ама можам да го делам истиот воздух со нив пошто ете... не ме боли лев јајник за нив. Zeit ist Gelt - Gelt ist Teuer! - Времето е злато а златото е скапо...Минутиве не можам да ги трошам на безкичмењаци. НеќУм.
Дволичност.. веднаш ми асоцира на најдобрата другарка на дечко ми.. па можете да сфатите зошто се расправаме цело време за неа
Многу ме нервираат дволични луѓе ГИ МРАЗАМ! Познавав 2-3 такви но се откачив од нив многу лесно и едноставно Останав на помалку другарки од кои само една најблиска, но подобро така одколку со 100 лажни и ДВОЛИЧНИ
Не можам да поднесам дволични луге Тоа ти е нешто пред тебе е друг а пред другите друг... А најмногу боли кога најблиската личност ќе се покаже како дволичен
Ги игнорирам. Тоа е единствениот начин да останам неповредена. Сум сретнала многу дволични луѓе низ мојот живот, дури и стекнав способност да ги препознавам. Само не ми е јасно која им е поентата да имаат двоен карактер. Веројатно немаат свое „јас“ и не остануваат достојни на зборот.
^^ You know you're right . Се сложувам со АнаКаренина само толелирање му е потребно на оние "повеќе" дволични луѓе.
Ги има на секое ќоше..кај што сакаш можеш да ги најдеш.Мислам дека не вреди за нив да се зборува бидејќи едноставно ми се одвратни и бегам од нив,секако ако во вистинско време ја приметам таа нивна доза на дволичност.Сум се сретнала со многу такви,кои на почетокот глумеле невини `заробенички, и поданици`.Сум била во ситуација да бидам запрепастена и да неможам да си поверувам на очиве дека тие испаднале нешто што не се прикажувале..Ама сега со повеќе искуство имам вградено детектор на таквите..
Препрепрепрепрепрепрепрелоша особина е дволичност.Луге што не се дволични се за жал многу малку.Моето право(откачена,насмеана,шеговита итн).За луќето што имааа две лица мислам де се злобни, со задни намери,плашливци од вистината инаку нема зошто да си дволичени. Спојлер И верував до смрт а тааа излезе најдволичната особа и вејке на никој не верувам и на никој не се отварам пред мене глумеше добра,сродна душа,срамежлива ,а зад мене трачерка,оговарачка,личност со задни намери итн.