сите умеме да бидеме дволичности никој не е ангел но не за да го спасиш твојот г*з да му наштетиш на некое невино лице и да се поправиш најдобра другарка бла бла а после зад грб да и наштетиш и најидиотски е и не собере хаброст да ја кажува вистината кога знаеш дека зборувал за тебе и се поправа дева мариа ајј жити се
Кога ја видов темава прво што ми дојде на памет - свекрва ми. Поим за дволичност.Затоа колку што можам ја избегавам. Доага кај нас фина, ок и секако омилена тема на муабет другиот син и посебно другата снашка, што нив во никој случај не би му ги кажала во лице. Оди кај нив тема на муабет подобро кажано измислици за мене и мм. Мегу себе си ги кара синовите.Катастрофа. Од култура не сум и рекла ништо, гледам колку што можам да замижам на некои работи зашто ипак е баба на моето дете. Дволичноста оди во пакет со лицемерието. Не сакам такви луге поготово кога свесно го прават тоа, единстевно поради нивната злоба. Ако имам нешто да кажам - кажувам во лице, ако е нешто што би ја повредлиа спротивната страна или треба да се премолчи од х причини си го задржувам за себе, но во никој случај не го кажувам зад грб или на некоја трета особа.
Мразам такви луѓе, иако денес сите до некаде сме дволични. Некои се повеќе некои се помалку. Можеби и јас сум. Денес колку бев нервозна и лута на сите, па и другарка ми се налути што ме немало одма у 6 сат на фб да се договориме у персин да идеме и одма јас не сум фер, и се јавив и викам ајде идеме ама што да правам и гости имав снашка ми дојде да наручи нешто од авон. Колку бев лута кога се спремав викам кога ќе отидам ќе ја искубам хахаа ама по пат ми помина лутината а знам и она е лута дома проблеми има и тоа е со неа веќе ми помина се тоа. Сепак и направив услуга и бев со неа. Но до некаде не треба да кажуваме се што мислиме некој можеби ќе се навреди а на луѓето треба да им се кажува тоа што сакаат да го чујат тоа е златно правило го знам и по себе.
Ајде да бидеме реални. Прво, да најдеме некој кој никогаш во животот не бил лицемер. Не постои таков. Сите се лицемери, некои се повеќе - некои помалку но сите се лицемери. Во човековата природа е да биде лицемер, бидејќи така оние што се послаби умови ќе потпаднат под влијание на подоминантните умови (бидејќи не можат да распознаат лицемерие). Затоа следниот пат пред да разговарате со некого, во прв поглед земете го фактот дека сите лажат и сите се лицемери и дека можеби оној со кој правите муабет ве лаже во очи. Довербата во луѓето е слабост. И јас така се прелажав,за "мојата најдобра другарка"(која тогаш ја сметав за најдобра другарка),но сум се излажала,пред мене велеше дека сака да биде заедно со мене а,како што е се вели зад мојот грб зборувала се и сешто за мене.Затоа од тој момент кога дознав што зборувала се оттргнав од неа,а наредниот ден и реков на неа што се сум слушнала,а таа негираше, гледајќи ме право во очи ме лажеше.
Дволичноста мислам дека оди во пакет со манипулирањето. Ќе дознаеш некој дволичен што ти прави зад грб, ќе му отидеш со намера во тесно да го фанеш и ќе почне да измислува и да те манипулира, со своето друго „ангелско лице“ и ако си послаб на карактер ќе поверуваш. Имам дозволено 2-3 пати да ме изманипулираат неколку луѓе со своите „други лица“ и да поверувам на нивната вистина, ама веќе ги научив, научив од очите да читам кој ме лаже. И на прсти ги знам дволичните што имаат зината уста и пријателско лице за секоја информација да можат да ја извлечат за тебе, или твој близок па во газ да си ја пикнат и на трето место да се развлече озборување од овде до Јупитер (која метафора ). Живеам со некој што е дволичен - сестра ми Кога и треба нешто одма кај мене доаѓа, а инку гледа да ме испровоција за да и продаде некоја приказна за мене на мама и тато, а тиа нормално бидејќи е помала да и веруваат Ама после какво е чувството кога ќе го фатиш на дело некој дволичен
Сите се дволични донекаде.Разликата е во тоа што едните,тоа го прават наивно,па останатите лесно ги проценуваат и од нив можете да се држите на дистанца,а другите се мудри и културни и на суптилен начин ви навлегуваат под кожа,па кога ќе ви треба помош и ќе ја очекувате од нив,знајте дека веќе ви го спопикале Тоа е реалноста
Богами,денеска сите сме дволични,такво е општеството.Може сум се нашла во таква ситуација да треба да прелажам,ама сигурно не со злобна намера или пак да зборувам позади грб за некој пријател. А мене неколку пати ме имаат забодено в грб онака убаво,така да сега веќе знам што како е.И смешно ми е некој кој нон стоп зборува настрана за мене,во фаца ми се умилкува Сега се водам по едно златно правило -Можеш да си веруваш само себеси.
Реално сите сме дволични во некои ситуации кои налагаат така да се однесуваме ,но кај некои луѓе тоа се јавува постојано и постојано што дури и посвеста им ја напаѓа.Луѓето што ја преминуваат границата според мене се злобни луѓе кои едно зборат-друго прават.На прв поглед си мислиш души од луѓе,а тие се од корст,незнаеш што се ти мислат.За жал сега се повеќе се појавува не само дволичност туку и троличност
Дали помалку или повеќе изразена,дволичноста како особина е присутна кај секој човек. Сите барем еднаш сме биле во ситуација да бидеме дволични,иако сме се покајале за тоа
Читајќи и неколку мислења од другиве феминки,подразмислив малку и сфатив дека дволичноста и сите останати особини ги има кај секој човек,но изразени се во различна мера,а тоа е она што не прави различни меѓу себе...Луѓето кај кои дволичноста е премногу изразена ги мразам,бидејќи од таквите се загорчува животот на невините луѓе...
Е да си ми жива, не само што се загорчува, туку и проблеми понатака се прават, а всушност овие луге се мноооооооогу несигурни во себе! оффф сега ми текна на еден пример, ама ај да не оговарам
Дволичност не значи секогаш дека глмиш добар пред други луѓе а позади тоа си злобен - сте слушнале ли за маскирана депресија? Тоа е кога некој е многу депресивен, а пред други луѓе глуми среќа, и никогаш нема да ги забележиш тие луѓе дека се депресивни - и тоа е дволичност, имаат две лица - среќно и тажно - сте познавале ли некој што изгледа како безчувствителен и тврд, а всушност да е премногу емотивен? Но да го крие тоа во себе - и тоа е дволичност има 2 страни тврдост и емотивност - сте познавале ли некој што пред другарите глуми голем фраер, дигнат на висока нога и дека за ништо не му е гајле, но кога ќе ја види девојката што ја сака, се разнежнува и станува нежен како свила? - а тоа е дволичност, тој има 2 лица - нежност и грубост Сите имаат повеќе особини, а некои луѓе се обидуваат да скријат некои од своите особини. Според мене има 2 вида на дволичност 1) Маскирање - Да глумиш едно, а да си друго позади тоа (таа што се дискутира највеќе) 2) Особини - човек со две (повеќе) особини (или некогаш спротивставени особини) Сите имаат повеќе особини и мислам дека оваа не треба да се осудува
Денес не е проблемот само дволичност, веќе има и троличност- едно мислат, друго велат, трето прават. Не сакам многу да зборувам за дволичноста бидејќи ќе се утепам од пишење. Само ќе кажам дека ми е најомразената особина од сите. Повеќето мои ''другарки'' се дволични. Грешка не повеќето, туку сите. Од нив сум била толко повредена, од секоја од нив. Сите ти велат едно а зад твојот грб на некој друг му зборуваат друго. Неможам веќе да поднесам. Дволичноста е страшна болест и мислам дека нема ни лек против неа.
Искрено сите по малку сме дволични..Никој не е совршен..Еве јас имам една случка но се двоумам дали би ја нарекла злоба или дволичност.На почетокот од прва година се запознав со едно девојче од класот вкупно сме 4,на прв поглед ми беше ок,се дружевме бевме неразделни,и помагав за се,сум останувала и после часови да и покажувам за да не ја остави математика на полагање,сум и ги пишувала домашните до доцна,сум и објаснувала задачи по фб и уште многу работи..На почетокот сите ме предупредија да не се дружам со неа но јас не обрнав толку внимание зошто по природа сум таква не судам на никого пред да го запознам каков е навистина.Поминаа неколку месеци и ми се деси нешто страшно кое што ќе го памтам секогаш.По техничко цртање имав 2ка иако по другите предмети ми беа сите 5ки..Професорот неможеше да ме смисли затоа што сум имала српско презиме ги мразел србите ни самата не ја знам причината.Ок небитно тоа.Начекал момент кога не сум била на училиште и почнал да го врти класо против мене оти некоја друга професорка без јас да знам му рекла да ми ја поправи оцената (инаку таа ми е комшивка)а јас појма немав што се дешава,класната исто се бунеше на сите наставнички совети и директорот исто.Им зборувал како јас сум немала појма од животот и сите оцени ми ги пишувале така,и дека ако биле паметен клас ќе се кренеле против мене..Вечерта гледам во групата почнале да пишуваат се и сешто за мене а другаркава им се придружила и мава лајк на коментарите насочени против мене,пишува се и сешто за мене...Вака останав неможев да си поверувам на очите што гледам...Исто така на часот му велела на професорот :Професоре се согласувам со вас сосема сте во право ве поддржувам..Потоа од други дознав дека таа ги терала машките во класот му велела да ми викаат дека сум била во лицето како Каспер,дека кога сум била болна и не сум идела зборувала на сите дека лажам дека сум болна..Во тој момент се осеќав срушено..Да помагаш на некој,да го сметаш за бфф и да ти врати на тој начин??Другиот ден никој со мене не зборуваше на школо и морав да се здружам со девојчиња од другите класови,но тие цело време зборуваа дека не ја сакале а пак се едното со неа..Па решив и јас да правам лице оти гледам многу подобро се поминувало во животот така.Не беше доволно тоа ми извади муабети дека сум учела напамет,дека сум курва а замислете јас немам ни дечко ни симпатија а таа ја поминала цела Битола..Многу ми беше тешко..Поминаа и 3 месеци сега сум 2ра година и почнува да ме навредува зад грб пред професорите затоа што глеа дека јас од кур не ја мавам а кога ќе рече нешто навредливо само се вртам и се насмевнувам и одам со крената глава.На почетокот многу ме погодуваше но сега сфатив дека таа не ми била вистинска другарка и кога би ме молела да се смириме никогаш не би се согласила.А и да се смирам од мене може да добие единствено само едно здраво,сигурна сум дека ќе се лижи затоа што ќе нема кој да и помага наместо 1 да добива 2 и 3 но нема да попуштам бидејќи јас самата си знам низ што се поминав и како ми беше во тие моменти кога таа го креваше целото одд против мене...