Дали сте користеле Comfeel Plus лепенки? Дали може да се остават 7 дена на кожата како Granuflex хидроколоидни облоги? За почетен декубитус во прв статиум ( има само црвенило) ми ги препишаа, но ми рекоа предходно да мачкам со betamethasone маст на местото, па да затворам со лепенка. На упатството за betamethasone пишува дека може да се употребува најмногу 5 дена, плус некако ми е шубе да му залепам лепенка врз маста и да ја оставам со денови... Дали има некој вакво искуство? Би сакала и да прашам, дали знае некој, дали има некој Центар за декубитус или да ми препорача некој дерматолог што има искуство со вакви пациенти и дали некој купил антидекубитален душек од Медика Плус, не тој пневматски на пумпа, туку тој баш душек, на коцкички што е?
@Желба прашај во Промедика. На нивниот сајт пишува дека имаат Центар за третирање на рани. Spoiler Во центарот за нега на рани на нашите пациенти им овозможуваме професионален третмани на хронични рани од декубитуси, изгореници и дијабетично стапало со специјални хидрофибер покривки и хидроколоидни лепенки. Во центарот работат високостручни медицински сестри и хирург кој е во постојана соработка со дерматовенеролог и интернист се со цел да им се даде најдобра можна услуга на пациентите. Во центарот се вршат следниве услуги: Постоперативни рани, декубити, венски или артериски улкуси, отворени рани во склоп на дијабетско стапало; Третман на сите видови акутни и хронични рани со хидрофибер гази и хидроколоидни лепенки од програмата на Convatec (во домашни или амбулантски услуги); Земање мерки за профилактични, компресивни и антиемболиски чорапи за пациенти со нарушена венска циркулација и обука за нивно користење; Земање мерки на појаси за пациенти со кила на абдоминалниот ѕид, како и постоперативно за превенција на појава на кила на оперативната рана, хируршки градници и стабилизатори за импланти по вградување на градни импланти, компресивни мидери за жени, компресивни костими, елеци, стегачи за уши, маски за лице и др. (повеќе); Земање мерки за сите видови стегачи, бандажери, имобилизатори за п http://www.promedika.com.mk/mk-MK/Medical/Page/1192
@jok фала ти за одговорот. Ги земав од нивната аптека Granuflex облогите, но мислев дали има некој искуство со Comfeel Plus и истовремено со бетаметазон. Исто така со душециве не сум сигурна, има еден антидекубитален, но не знам колку е пријатен за постојано користење, целиот е во коцкички, мислев да е има некој искуство со таков душек. Во секој случај фала ти, ќе се јавам и во нивниот Центар за третирање рани, може ќе сакаат да ме упатат.
Не треба да е црна. Мислам дека се работи за некротичен декубитус. Прашај си доктор најубаво, можеби ќе треба хируршки да ја одстранат некрозата(мртвото ткиво). Ако ја преврзувате раната, само со сув завој, не треба да го мокрете.
nekoj da mi pomogne za ranite sto se otvoraat za pacienti sto lezat dolgo vreme, ranata na zadnikot ina peticite bese mala , ama sega e pogolema i pogolema , ja cistam so alkohol i ja mackam so mast i detska pudra ja prskam
Здраво, баба ми пред 2 месеци од прилика скрши кук. Стара е 81 година но пред да скрши кук беше сосема здрава и физички и психички. Два месеца седеше во болница и направи 2 операции на колкот со што на крај беа успешни. Мајка ми и татко ми па понекогаш и ние внуците редовно ја посетувавме во болница секој ден, но сега кога се врати дома сеуште е неподвижна, но што е полошо има развиено деменција. Не знам како од еднаш разви деменција и тоа баш е тешко.. вика навечер на цел глас луѓе што се или не се веќе тука, зборува бесмислени работи и некогаш не знае што прави, многу често спие.. Дали некој има понинано низ ова или има некој совет како да се постапи, дали знаете некој лек или нештп да помогне
Жал ми е за баба ти, ме потсети на мојата баба која исто падна и скрши колк на 85год, беше оперирана, добро ја поднесе операцијата и за 1 месец буквално по скали се качуваше. Неколку месеци по несреќата, почина од мозочен удар. Сличност е тоа што исто и мојата баба беше психички добра, знаеше и памтеше од дамнешни времиња, а кога и се случи падот и лежеше во болница, самите лекари ни кажаа дека покажувала знаци на деменција. Во тие денови се бунеше колку години има, мислеше дека е 80 и дека ја лажеме. Тоа траеше кратко, после во месеците кога беше жива (следните 4-5 месеци) не се повтори некаква ситуација налик деменција. Зборот ми е, можно е стресот од падот и операцијата да биле тригер. Се надевам со стручна помош може да се подобри ситуацијата.
Здраво на сите. Ми треба совет, ако некој поминал низ истово. Свекрва ми има 90 години и е со деменција веќе 6-7 години. Физички здрава и способна, се до пред некој ден. Наеднаш жената ко да пропадна, легна и од неделата е со памперс. Ја раниме со потечна храна, каши, пире и сл. Јаде....но едно нешто многу ме загрижува. Последниве 4 дена....памперсот за многу кратко се полни, не е класична урина, некаква обилна течност со тежок мирис и сукрвица низ неа. Ама преобемно е....дури со памперс истекува околу неа. Буквално се преполови за 4 дена. Многу вика кога ја помрднуваме за да ја пресоблечеме....страшно е. За што би можело да се работи....некој со слично искуство со стар човек? Инаку да напоменам дека Брза помош не доаѓаат за стари, посебно кога слушнаа дека има 90 год. Како да постапиме и да и помогнеме.... Ви благодарам однапред.