Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Декупаж техника

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Gea, 6 август 2015.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Се зависи од изложеноста на сонце, иако од досегашното искуство, поубаво е кога ќе се излакираат со нитро лак, подолго време не губат боја, а со воден лак, од сонцето бојата избледува.За во внатрешни услови, рокот на траење е неограничен. :)
     
    На ph.orhideja, Libera, Eli23 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    @Gea браво за темава!!!
    Многу ми се допагаат различни домашни изработки... Посебно е чувството кога ке се „задлабочиш“ во некоја ракотворба!!! Ме заинтересира за декупаж техниката... Одма „пролистав“ на нет и видов прекрасни изработки... Ме ми изгледа тешко за „совладување“!!! Во првата слободна прилика ке се обидам да изработам нешто слично на Вашите прекрасни кутии...
     
    На Eli23, eliesaab, Esmeralda-MD и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Од претходните постови, бев инспирирана денеска да кажам збор-два за лаковите кои се користат во декупаж техниката, а најмногу ќе се задржам на ефектот на распукување, кој на предметот му дава старински, антик-изглед. Како што кажав, за финиширање на секој декупаж, најважно е површината да се излакира, а ваш е изборот дали притоа ќе користите лак на водена база (кој истовремено е еколошки и при неговото испарување не е штетен) или нитро лак. Разликата меѓу нив, освен од еколошѓка гледна точка е и тоа што, нитро лакот, подолго време ја чува свежината на предметот, а посебно во услови кога истиот е изложен на сонце.
    Во декупаж техниката се користат повеќе видови лакови, за давање на различни ефекти. Еден од нив е и кракл (crackle), односно лак за распукување. Овој лак може да се најде на нашиот пазар, но доколку сакате да заштедите некој денар, нели секогаш постои заменска варијанта :)
    Сега ќе ви објаснам една (поефтина) постапка за постигнување на овој ефект. Се што ви треба е два вида на боја, акрилна (на пример, бела боја) и нитро боја (нитро бојата може да биде и од оние што се користат за метал и пожелно е истата да биде неколку нијанси потемна од акрилната боја). Следниот чекор се состои во тоа што, на предметот кој сме го избрале за изработка на декупаж, најпрвин се нанесува акрилната боја. Откако убаво ќе се исуши, врз неа се нанесува нитро бојата. При нанесување на истата, многу е важно какви потези ќе правите со четката, бидејќи од нив после зависи распукувањето. Мој совет е првин да ја поминете површината со вертикални потези, а потоа уште еднаш со хоризонтални потези со четка. Ја оставаме нитро бојата да се исуши, но не до крај, значи пожелно е малку да е леплива на допир и преку неа уште еднаш поминуваме со акрилната ( во овој случај, бела) боја, исто така, нанесувајќи ја првин со вертикални, апотоа со хоризонтални потези со четка. Го оставаме предметот да се исуши, а оние кои што се нестрпливи можат да го сушат истиот со фен. По сушењето и хемиската реакција, бојата на предметот прекрасно се распукува. Следниот чекор е декупажот, значи бираме принт од салфетка или оризова хартија, и го лепиме на предметот. Дури можеме и некој шаблон да користиме за украсување на истиот. Последниот чекор е нанесување на безбоен лак. Очекуваниот ефект е следниов (се послужив со слика од нет, бидејќи мојата кутија со ефект на распукување уште не е довршена) CRACKLE.JPG
    Постои уште еден начин на постигање на овој ефект, верувале или не со лушпа од јајце, препорачлив за оние што имаат малку подебели нерви :)
    Постапката е следнава. Површината на предметот се премачкува со дрвофикс и на неа се лепат лушпи од јајца (во вид на мозаик). Откако ќе се излепи целата површина, се премачкува со акрилна боја или поликолор. Потоа врз неа се прави декупаж со принт од салфетка или оризова хартија и на крај се премачкуца со безбоен лак. Лично ја немам пробано оваа техника, меѓутоа крајниот резултат на оваа постапка би требало да изгледа вака: mozaik od ljuski jaja-1 (99).jpg
    И на крај, збор-два за лакот за распукување кој го спомнав на почетокот на постот или т.н. кракл. Се прави обична декупаж техника, односно нанесување на две бои на предметот, од кои долниот слој е во потемна боја, а горниот посветла, а потоа се прави декупаж со принт од салфетка или оризова хартија и на крај, на сувата подлога се нанесува овој специјален лак. Со неговото сушење, тој самиот ја распукува површината на предметот (може да се суши природно или со фен) и дава прекрасен ефект на распукување. Инаку кракл лакот (во зависност од производителот) изгледа вака:
     

    Прикачени фајлови:

    На Оленка*, vitamina, IronLady и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Ола чикас :) Денеска правев декупаж на стаклена тегла. Постапката е иста како што во некој од претходните постови објаснував за декупаж на пластична саксија, само најдругарски совет, наместо акрилна боја, користете поликолор врз грундот. Јас работев со акрил,не сум баш нешто најзадоволна, ми остана уште лакирање. Користев тегла од инстант кафе со пластичен поклопец, грунд, бела акрилна боја, салфетка и лепак за декупаж.Ќе си направам неколку вакви за во кујна, за сол, шеќер, зачини и сл. PicMonkey Collage.jpg
     
    Последна измена: 19 август 2015
    На Anacid, 1209, vitamina и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    image.jpg image.jpg
    Денес во трафиката забележав списание за Декупаж техника. Има интересни идеји и убаво објаснети постапки. Чини 50 денари, а на средината има околу 10-15 страници со декупаж хартија која можете да си ја искористите :)
     
    На Mama25, Mrs.Bass, tace73 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    34.460
    Пол:
    Женски
    Велигденско јајце
    Прво ја сечев шарата отстрана по линиите, потоа внимателно на белото јајце ја прилепив, и со четкичка за темпера и белка од јајце внимателно лека по лека ја премачкав со цел да не се искине. Откако се исуши, уште еднаш ја премачкав.
    Оваа година прв пат пробувам вакво нешто, се надевам дека понатака ќе можам освен јајца, и други нешта да украсувам

    IMG_20150412_183802.jpg
     
    На vrapce.b, vitamina, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Еве една идеја за изработка на декупаж на предмети што верувам дека скоро секој од вас ги има дома. Се работи за површина од глина, односно стомни, бардаци, чинии и сл. Јас изработив декупаж на стари стомни и вака освежени, претставуваат преубав детал дури и во модерно уредените простории, а посебно на убаво средени балкони или градини. Глинената површина е идеална за изработка на декупаж, поради нејзината рапавост (освен ако садот не е претходно лакиран, но и за тоа има лек, значи лакот лесно се симнува со гланц-папир), лесно прифаќа било која нијанса и крајниот ефект е фантастичен. За изработка на овој декупаж употребив бел поликолор, лепак за декупаж, принт од салфетка и безбоен лак. За добивањето на ретро изглед, ќе зборувам повеќе во некој од наредните постови. Еве како изгледаат стомните: 10400026_1605822369658014_4026449172023275005_n.jpg 10997012_1605822269658024_3482509134029733661_n.jpg 11236153_1605822316324686_1039840201742892475_n.jpg 11667463_1605822352991349_2542830833539395671_n.jpg
     
    На Оленка*, Anacid, vitamina и 14 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.801
    Допаѓања:
    266.872
    @Gea јави се :)
     
    На Gea и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.103
    Допаѓања:
    258.528
    Пол:
    Женски
    Со две леви раце сум за убави нешта. Ве читам за јајцава па да прашам.
    Салфетката ја мачкате со белка? Не е поедноставно јајцето?
    И уште едно прашање, салфетките, оние трослојните им ги вадите тие двата дополнителни слоја?:tmi:

    немој да ми се смеете:angel:
     
    На Lady Phoenix и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.754
    Јајцето да е топло, така белката поубаво фаќа.
    Мој совет ти е да исечеш со ножици обава шара ода салфетката.Ако е трослојна вади слоевите, мора да е тенко.
    Го мачкаш јајцето малку со белка за да може да се залепи салфетката па кога ќе ја поднаместиш, тогаш врз салфетата мачкаш белка.
    Толку.
    Е сега....бидејќи салфетите се тенки...па и ако ја намокриш (нели со белката ќе се намокри) станува прозирна, така да, мора да водиш сметка на каква боја јајце ќе ја лепиш.
    На пример, на зелено јајце, немој да ставаш зелен цвет или зелени листови од салфетата, нема да се познаваат.
    Убаво оди на жолто јајце зелен лист, на црвено јајце жолти цветчиња....
    Еве ти подоле слика (од екран е сликано, не е најдобар квалитетот) колку да имаш во предвид колку лошо може да излезе комбинација од боја на јајце и цвет од салфета.

    20160427_091723-1024x768.jpg

    На жолто јајце доаѓа до израз цветот, ама на зелено и сино НЕ.
    Мислам дека сфати што сакам да ти кажам.

    П.С. Ова ми се првите јајца со декупаж прен неколку години.
    Шлакатарник излегоа :lol::lol:
     
    На vitamina, Lady Phoenix, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.103
    Допаѓања:
    258.528
    Пол:
    Женски
    јас пак си мислев на нефарбани јајца да ги шлакнам салфеткиве ]:)
     
    На Lady Phoenix и referentka им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.754
    Можеш и така, ќе дојдат до израз шарите од салфетата.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.103
    Допаѓања:
    258.528
    Пол:
    Женски
    Ако испадне нешто приближно гледливо ќе споделам.
    Одам подоцна во потрага по салфетки 8-|
     
    На Lady Phoenix, Umbrella22 и referentka им се допаѓа ова.
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    @Bozica1980 не е толку комплицирано колку што изгледа, само ти треба живци да ги исечеш салфетките, да ги налицкаш. Лепењето е најлесно ;)
    Како и да излезат чекаме слика :D
     
    На Lady Phoenix, Bozica1980 и referentka им се допаѓа ова.
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Време му е...декупаж на јајца. Иако сликиве подолу ги имам постирано и во темата за велигденски јајца, еве ќе ги ставам и тука, од проста причина што темава си е нели специјализирана за декупаж техниката.
    Совет: најубав декупаж излегува на бели, нефарбани јајца. Салфетката е пожелно да биде со ситен принт на бела основа. Принтовите не мора да ги сечете, можете и делот околу принтот да го исцепкате. И никако не го мотајте целото јајце во салфета, не изгледа убаво, салфетката се тутка, се преклопува и ќе ви направи суканици на површината на јајцето.
    Постапка: Пожелно е да се украсуваат јајцата додека уште се топли. Разматувате белка од јајце, убаво, значи да не се тегави кога ќе ја ставите четкичката внатре. Четката е пожелно да биде со меки влакна. Најпрвин го ставате принтот од салфетка врз јајцето, а потоа, со нежни потези со четка која епретходно натопена во белката јајце, влечете од средината на принтот кон краевите. Белката го фиксира принтот врз кората на јајцето и ефектот е топ.
    Еве уверете се сами (јајцава се од претходните години, годинава ќе ги правам во сабота :) ) 1972326_10200905077744268_5037047157307606931_n.jpg 10173727_10200906042008374_128947730253265010_n.jpg 10255582_10200905076504237_3343275689037529392_n.jpg 10274309_10200905077184254_540691342113763742_n.jpg S3010203.JPG
     
    На 1209, vitamina, tanja manja и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Bozica1980, можеби видеово ќе ти биде од полза, гледајќи ја девојкава како работи целата таа процедура делува прилично лесно изводлива (ама претпоставувам дека во пракса баш и нема да биде толку едноставно)

    И јас сакам да пробам, таман имам дома и погодени салфетки за техникава :)
     
    На Lady Phoenix, Victorian, Libera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.103
    Допаѓања:
    258.528
    Пол:
    Женски
    Купив салфетки.
    @Nausicaa гледав лани видеа со лак за нокти во вода. Личеше како да е најлесно на свет. Во пракса беше крш. Си дадов оправдување дека е до нашиве лакови :P
     
    На Lady Phoenix и Nausicaa им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене ми е жал што само еден тип на салфетки купив овој Велигден, убедена дека нема да ми оди техникава. Ама добро се снајдов како за прв пат :) Ги прочитав препораките овде, гледав видеа и на интернет, па се водев според сите совети. Купив бели јајца и салфетки со бела позадина. Додека јајцата се вареа, ги исеков салфетките на парчиња со различна големина, за после да можам да ги комбинирам. Изматкав една белка, ама наместо со четка, јас салфетките ги лепев со мало парче сунѓер. Мислам дека побрзо и полесно оди така. Откако јајцата се сварија, едно по едно ги вадев за да ги украсувам, за да бидат врели додека ги лепам. Многу брзо ми одеше, дури мислам дека полесно е вака да ги украсам јајцата, отколку да ги вапцам со боја :D Ем поубави, ем побрзо, ем почисто ;) Сликите ги постирав во Велигденски јајца.
     
    На CameliaMiller и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  19. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Браво за темава, ама значи едно огроооомно браво :) Пофалби за изработките, многу се радувам вака кога гледам дека постојат креативни души :)
    Е сега, доста ве фалев, сакам да ве прашам нешто :D
    1. Дали како замена за декупаж лепак може да се користи дрвофикс (затоа што ме убедуваат луѓе дека дрвофиксот откако ќе се исуши останува бел),
    2. На каков се` матерјал може да се употреби глет маса за создавање структура? Конкретно имам ѕидче од гипс картон кој сакам да го работам, па незнам дали ке држи глед масата дирекно на него, страв ми е да не се одлепи со тек на време?

    Ви благодарам однапред :*
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    @...Arthemisia...
    слободно можеш да користиш дрвофикс, не останува бело кога ќе се исуши. Глет маса можеш да ставиш на гипс-картон, нема да се одлепи, но може да се оштети при удар.
     
    На ...Arthemisia... му/ѝ се допаѓа ова.