Дали ви беше тешко да се навикнете да не сте сами во креветот? Или едвај чека(в)те да спиете заедно? Мене ова ми е најубавиот дел, кога ќе се пикнам до него и ќе се гушнеме. Кога се вселивме и почнавме да спиеме заедно нон-стоп за рака се држевме, така ќе заспиеме и така се будевме.(lame е знам, ама тоа е ) Јас мислев ќе ми биде тешко некако, бидејќи цело време си се ширев сама, ама сум била во ужасно голема грешка.
Хахахаа епа и тешко беше малку. Ме буткаше. кебе ми зимаше па и кога некогаш ке зарчаше Ама кога пак ќе си го гушнам
Не сум мажена, ама кога ќе се омажам сакам посебен кревет, посебен јорган. И посебна соба. Жими се! Сум имала многу прилики коа сме требале заедно на брачен кревет да спиеме со дечко ми, луѓе јас око не можам да склопам. Еве и сега периодов кога преспива кај мене, спиеме одделно. Тој на кауч во дневна, јас во соба! Не можам со никого да делам кревет, а изгледа ни соба!
Сум го делела креветот со него само кога сме биле на одмор. Бидејки летно време, не се гушкавме поточно тој е научен да гушка нешто додека спие а јас сум малку саклетџија и ме нервира кога некој ме допира додека спијам. А зимно време кога е ладно, јас му се пикам за да се стоплам. Кога ке дојде време да делам кревет со него постојано, мислам дека ке ми биде тешко да се навикнам дека неможам да се ширам сама.
Мене ми беше тешко првите денови да се навикнам дека некој до мене диши! Не спиев неколку дена затоа што се ми сметаше. Него му беше тешко да се навикне да дели јорган со мене. Поточно јас не можев да се навикнам, па се мотав во јорганот како сарма, а тој беше нон стоп настинат. Втората зима си купивме одделни јоргани. И ден денес тешко ми е да заспијам во неговата прегратка. Ќе се наместам некако, ама моментите кога очите ми паѓаат за спиење - не можам никако да заспијам, освен ако сум мртва уморна. И покрај се, уживам во станувањата и легнувањата заедно. Кога не е дома едвај заспивам затоа што ми недоставува неговото присуство во заедничкиот кревет.
не сум мажена ама убаво ми е кога спијам со дечкото, мислам дека нема да ми биде тешко да се навикнам, тешко ќе му биди на дечко ми затоа што ич не сака да го допираат додека спие а јас многу сакам прегрнати да спиеме
Убаво ми е кога си го делам креветот со дечко ми ,кога идеме на одмор на викенди и вака по дома по некогаш кога си спиеме си се гушкаме ,па си спиеме грб со грб ,па па си се гушкаме и така наизменично ,дури не ни е проблем и на троседче да си спиеме малецки сме сегде не собира
Убаво ми беше 4 години , се дури не нарасна мешево, сега сум како мече јас не можам да се поднесам само се вртам само се местам па камоли он, ама се за бебушот ке издржиме уште некој месец
И јас сум за посебно спиење. Имам глупа навика (ќе да забегува накај опсесивно - компулсивен синдром) секогаш да си го синхронизирам дишењето со тој што спие до мене, без разлика дали е дечко или некоја другарка. И се нервирам. Ај во ист кревет некако можам да спијам, ама гушнати никако. Не можам да се наместам, и цела вечер сум со едно око будна за случајно да не го зашлапам ако сонувам нешто неубаво. Затоа, или во ист кревет ама не гушнати, или во различни кревети.
Ние имаме проблем со ќебето само. Иако е огромно успева некако да си го свитка околу него. И јас сум приморана да се бутам во него, па го напикувам во ќош сиромашкиот. Му викам ќе се качам врз тебе некоја ноќ А во лето сме на различни страни, премногу е топло за спиење со гушкање
На почетокот,делбата на креветот е еднаква,дури и најчесто има место да легнат уше 2ца пошо партнерите се најчесто еден врз друг. После има место за само еден,момакот спие со рацете под глава а она со нејзините шепички му ја чешка градата,после спијат еден до друг,и после 40та година спијат свртени со грб,она е углавно намуртена пошо типот хрчи ко заклан,а он се распослал по креветот ко да позира за еротска сесија. И зафаќа 2 третини од креветот,а женската се труди да не падне од него.
Леле Saya јас пак го имам синдромот спротивен од твојот дишењето никако не смее да ми е синхронизирано со било кого што ми е во близина,инаку не можам да заспијам.Боже свашта Инаку обожавам кога спиеме гушнати со дечко ми а посебно сега во зима,баш убаво ме топли,и воопшто не ми претставува проблем делењето на креветот со него.Викендите ги минуваме заедно секогаш и обично спиеме гушнати.Единствениот проблем ни е ќебето.Ми го собира целото колку што е големо и широко,а спиеме на голема спална па и ќебето е исто толку големо и не можам да се изначудам како успева да се завитка во толку големо ќебе.Секогаш сум само со јорган на мене,а така ич не ми одговара и во последно време знам да се завиткам со ќебето од едната страна така што тој колку и да се мота во него не може целото да ми го извлече.
Во прво време ни беше интересно, се гушкавме и се мазевме, но јас бев научена да спијам сама, па додека тој спиеше јас бдеев по цели ноќи и го чував, неможев да спијам во ничија прегратка. Постепено почнавме да се навикнуваме еден на друг, не само положбата туку и времето на спиење, Петко порано си легнува и порано станува, а јас скоро секогаш седам до доцна, и нормално подоцна станувам. Но сепак јас го гушкам додека заспие, се навикна да заспива кај мене во прегратка додека го мазам, а јас кога ќе сакам да спијам си легнувам на својата страна од креветот си го гушкам ќебето (навика уште од најрани години, ако немам ќебе или додатна перница да ја гушнам неможам да заспијам), a Петко ме гушка. Вака некако А потоа спиеме и се будиме така што секој си е на своја страна. Убаво ни е, уживаме, и навкнати сме еден на друг. Пред некое време Петко мораше да оди надвор од државава на неколку дена, и да бидам искрена не само што ми недостигаше неговото присуство во креветот туку ми беше и чудно спиењето сама во толкав кревет. Имаме само еден мал проблем јас понекогаш знам да се опуштам повеќе отколку што треба, па Петко сирот си спие на крајот од креветот скупчен со некој ќош од ќебето додека јас се ширам како да сум сама.
Интересно! Колку и да е голема нашата љубов, мене и на дечко ми приоритет ни е убавко да си се наспиеме, па затоа легнуваме, се гушкаме дооолго-долго и следи Добра ноќ бла-бла и секој на своја страна! Тој на стомак, со рацете под перница, јас на страна свртена со грб !! Се заморавува едно време со тоа, проблем ми беше, зошто не спиеме гушнати! И често му се случува да се разбуди на сред спиење, ме бара со рачињата низ креветот, ме гушка, и пак си продолжува! Срце...
Hа почетокот се нервирав зашто спиевме на помал кревет и само се туркавме,и само се каравме,јас него Mносу си жежок,ме потиш Tој мене Kолку си ладна,бегај ми студи Cега спиеме на доста поголем кревет,кинг сајз ни е,тројца може да собере,ние многу ретко да спиеме гушнати,јас ке се задушам така,нормално ке си се бакнеме,и добра нок,не се клоцаме ни ништо,исто како сама да спијам,и на сабајле само клоцам со нозете кај него,да видам дали е заминат на работа
Уште додека бев студентка, живеев во студентски. Моето сегашно мажуле тогаш ќе дојдеше и се туткавме на тие тесни кревети...ама сме биле на 7-мо небо и ми било преубаво. Сега кога направивме спална од соништата (така ја вика мм), и кога купивме огромен кревет и башка и душег од Дормео...сега некако се ни смета. Првите 15 минути се гушкаме, а после крај, секој на своја страна и чао до сабајле. На почеток се покривавме одделно, ама јок бре...брак значи да се покриваш под ист јорган
На почетокот и јас имав долги ноќи неспани бидејќи бев диво девојче . Секогаш кога сменев кревет па дури и кога одев на одмор живи маки ми беше заспивањето. После неколку дена откако ќе ме убие уморот заспивав. Бидејќи јас сум таа која има ладни нозе и раце и нон стоп и е ладно се буткам во него. Ме гушка, јас ги преплетувам нозете во него, ме грее (како термо 6-ка ми е ) и заспивам. Со тек на време се навикнав. Единствено кога е запиен па тогаш крчи и не го примам во спална . Тој се комира за 5 мин и ако јас неможам да заспијам го буткам од кревет да си оди во дневна соба. Инаку имам многу љубоморно синче, баш последниве месец дена кога ќе се разбуди преку ноќ, зема кебето и доаѓа кај нас во спална. Татко му го тера да оди во друга соба а тој сам да спие со мене и стандардно иста реченица ,,јес, го намававме тато, тој крчи,,
Не спиеме често заедно ама летово преспав кај него и цела вечер откако ќе избегав од него (жешко беше ) ме бараше со рацете и ќе ме припиеше до него , немаше шанси да избегам значи А сега знаеме да дремнеме малку и дека ладно се гушкаме за потопло да ни биде
Не сме имале многу прилики за да спиеме заедно со дечко ми, само кога сме на одмор.Не ми е проблем да го делам креветот со некого, особено не со него. Многумина имаат проблем со земање кебиња, со туркање, а ние баш напротив. Уживам додека спиеме заедно.Ко мало дете се буткам во него и си ги преплетуваме ноџињата ..Среќна заспивам и се будам кога знам дека последнит поглед од денот и првиот му го упатувам на него. Откако се вратив од одмор ми требаше време да се прилагодам дека не спијам со него и така сонлива наутро го барав каде е за да ме гушне...