Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Делење на креветот со партнерот

Дискусија во 'Врски' започната од RainBow, 24 ноември 2011.

  1. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Да ме прашавте пред година дена ќе речев нема шанси да го делам креветот со некој. Но како поминуваат годините луѓето и ставовите се менуваат.

    Не сум мажена, па ги користам сите прилики кога можам да си легнам заедно со дечкото. Среќа моја што мирно спие ко бајче и не го ни осеќам дека е до мене, а он кутриот си има мака со мене. Дур се наместиме и си најдеме убава позиција јас се вртам 3654613 пати и се буни и ми вика аман ко црви да имаш у г'зето :lol:
    Заспиваме гушнати ко првата слика на најубава2010 а кога ќе се разбудиме секој си е на своја страна. :)
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Со дечко ми досега еднаш на кратко делевме кревет. Незнам за него, ама јас штом се пикнам кај него и ме гушне мислам дека за секунда ме фаќа дремка.
    Лоша сум кога спијам, клоцам и мавтам со раце, а ќебето стандард не е каде што сум го ставила, но и покрај ова сакам да делам кревет :lol: се надевам ќе се најде маж што ќе ме трпи и нема да го напушти креветот :P
     
    На Arthur и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Во ретките моменти кога имавме прилика да спиеме заедно, делењето кревет било единствено. :inlove:
    Исто како со дедо ми кога ќе заспиев на млади години. :|

    Акнувај клоци, мавај со рачиња, пафтај, треси, буди, тој грчи ли ’рчи... |( Од толкава убавина можеше за 3 секунди да заспие, па некој после да му се мисли дали ќе склопи око или ќе нарачува дрва за шарање. |(
    Од пуста мака поради предизвикана несоница, ќе го разбудев да се љубиме, да помине малку барем времето за спиење, а и да можам и јас да помрчам. ]:)
    Не ретко ќе станевме наутро јас свежа, тој лут зашто сум му избегала во дневна... но поарно лут отколку лелекав поради модрици и отоци од ќотеци во спиење. :wasntme:

    Како и да е, не се навикнав во тој период. Можеби некогаш ако треба да спијам со мрчо-грчо-’рчатор ќе го фатам редот постепено, засега не ме бива.
    Освен тоа, и кога ќе спијам сама тргам ќебиња, јоргани, јамболии надвор, како мада-фака сумо борач најверојатно изгледам, а кога ќе заспијам со некој до мене можеби и со него таков мајтап си играм. :|
     
    На Arthur, miljkovic, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Тешко ми беше да спијам....не ни спиев уствари.
    Кога се земавме бев бремена и ми беше тесно, се вртев на сите страни и тој за греота си спиеше или во ќош набутан или си одеше во дневна или пак јас станував и си одев во дневна....не спиев, дежурав и шетав по цели ноќи, такво ми беше последното тромесечје од бременоста, инсомниа :geek: ....дури мм и ме зезаше, ми викаше да си земам пушка и да стражарам како војска на стража :( :D
    Уште од старт му дадов посебно ќебе за да не се тепаме, секој своето и да нема карање. Не ни спиевме гушнати, ме потеше и ме нервираше, трудна, со хормони збеснати... и ми крчеше, колку само шизев....како зомби бев, жива ненаспана, ноќе дежурав, а дење спиев т.е дремнував.

    Сега зимно време се прилепувам до него да ме топли, ќе се бутнам и збијам до него, ќе му го дрпнам и ќебето и моето плус, многу сум зимурлива...сега тој се поти и ми вика дека го гушам, не можел да спие :D ама ме трпи додека се стоплам, после сама си бегам.
    Не спиеме гушнати, може да си се изгушкаме пред спиење, а потоа секој на своја страна или пак во текот на ноќта да се прилепи некој од нас до другиот.
    Летно време строго одвоено :D какво гушкање, не доаѓа во предвид.
    Инаку имам страшна навика да спијам со две перници, една под глава, а другата ја гушкам....така спијам уште од малечка и лесно заспивам...ете можам да гушкам перница, ама не и него, ми смета самото дишење, ме вознемирува и не можам да заспијам.
    Што се однесува до крчењето сега не ми смета, спијам труп, не го ни слушам, ама ако се случи да се подразбудам и да не можам да заспијам знам и да го потклоцнам :lol: ....веќе си знае дека треба да се сврти на другата страна или пак да се помести подалеку од мене.
    Се` е навика, ама треба време... блазе си им на оние кои одма се навикнуваат. :)
     
    На Arthur, srcekrsacka и eli25 им се допаѓа ова.
  5. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Хехе интересна тема. Мене не ми е тешко да спијам во ист кревет со дечко ми, ама мислам дека тоа има врска со тоа што (се уште :lol: ) не хрчи. Ако почне да хрчи има бога ми да спијам во друг стан, а не во друг кревет :D

    Едно што не сакам е делење на заеднички покривач. Тогаш следува борба за покривачот во текот на целата ноќ :D Јас имам поголем и повисок јастук од неговиот, па затоа најчесто тој доаѓа на мојот јастук, па после се повлекува на својот. Најмногу сакам кога заспиваме свртени еден према друг и само се држиме за раце, или имаме некој контакт со телото (пример јас ја ставам раката на неговиот стомак). Често заспиваме и во т.н. „spoon" поза. После заспивањето најчесто секој се врти на својата страна :D и е приказна за себе. Среќа што имаме доста голем кревет. Инаку додека спиеме свртени еден кон друг не сакам да ми диши во носот, секогаш сакам да е мојот нос над неговиот за да можам да дишам ладен воздух :D Наутро кога ќе ни заѕвони алармот се вртиме еден кон друг и се гушкаме 10тина минути пред да станеме. :wasntme:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.163
    Допаѓања:
    112.921
    Пол:
    Женски
    Оф леле мајко мојата болна тема. Јас сега спијам на кинг сајз кревет, сосема сама и во дијагонала, со уклучен тв. :lol: Е сега не знам како ќе се справам кога ќе треба да спијам со маж ми здравје кога ќе се омажам. Сум спиела во ист кревет со бивши ама тоа не било спиење. Не можам да поднесам некој да спие до мене па колку и да го сакам. Уфф тешко ќе биде кај мене. :lol: И мислам дека тоа заспивање во прегратка го има само на филмовите. Секоја чест на оние на кои им успева!!!
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Пред мојот дечко, не успеав да заспијам до ниту еден партнер.
    Ми беше тесно, се гушев, им го слушав дишењето и си зјапав будна на некоја страна, додека другиот безгрижно си спиеше. :@
    Тоа траеше од еден до два часа, а потоа - ги бркав да си одат дома, станував да си одам дома, или легнував во друг кревет за да конечно заспијам.
    Си врзав во паметот дека кога ќе живеам заедно со некој, ќе си имаме посебни кревети и посебни соби.

    Се додека не го запознав дечко ми.
    Сега сме лејм, слично како кај Реинбоу :D , не можам да замислам да не заспијам до него кога е со мене, се гушкаме и како што се вртам на една страна, дечко ми синхронизирано се врти по мене. Несвесно и во полусон ме покрива :lol: што е прилично смешно, зашто не се ни сеќава утредента.
    Ако спиеме на грб, се држиме за рачиња.

    Петтооделенци.
    :D
     
    На Arthur, teddybear, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ох со љубово сега ми е преубаво. Секогаш ја ставам главата на неговото рамо.Се чувствувам неверојатно спокојно и мирно. Убаво ми е кога ќе почувствувам ме гали за коса, кога му го слушам ритамот на дишењето, или ќе ме бакне во чело. Се случило неколку пати буквално како сме заспале такви гушнати така и да станеме. Или пак некогаш ако се тргнам како ме бара со раката по креветот. Ах убавини.
     
    На Arthur, teddybear, Shila89 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. SoNi55

    SoNi55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Прекрасно ми е спиењето со него,не можам да заспијам ако не се напикам во него да ме стопли на ова ладново време,и во текот на спиењето кој и да се сврти одма и другиот го прави истото,а најубавои ми е кога во сон ке почне да ме гушка силно,ме буди али тлкав ќеиф ми прави шо после и да не заспијам сеедно ми е. :inlove:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Еј ме зачудивте малку со одговрите. :D Јас најмногу сакам кога го слушам неговото дишење, ме смирува некако и полесно заспивам. Од првата ноќ кога почнавме да спиеме заедно некако природно ни дојде. И двајцата мирно спиеме, не клоцаме, не се превртуваме по сто пати...
    Интересно, интересно... :)
     
    На Arthur, ozbilnazena и ludoto19 им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.426
    Допаѓања:
    91.526
    Пол:
    Женски
    Јас сум човек што обожава да се гушка :wasntme: па со кого и да спијам се гушкам. Но, тоа оди вака: јас го гушкам спијачот до мене, па тој мене и на крај бегам два метри :D
    Но, од кога почнав да спијам со дечко ми, иако ретко спиеме заедно мора да сме испреплетени. Без разлика дали надвор е топло, ладно ние сме припиени еден до друг. Тој има навика да ме покрива зошто се откривам постојано, ме бакнува во сон, ако се поместам и тој заедно со мене. За разлика од него јас сум покрута, подобро себе си ќе си се покријам него него :D Ама па и спијам како труп и не знам што се случува кога сум во длабок сон. :angel:
    Летово само еден ден ни беше претопло си се свртевме со грб и си подадовме рачиња. Ич не беше удобно, раката ме здоболе ама за љубав се се трпи.

    А да, заборавив да си кажам дека често спијам над него :D Е тогаш уживаме се дур не почнам да му тежам :wasntme:
     
    На Arthur, K.Karanfillova и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ме бараше едно време по креветот, сега ме бара ОД креветот; почнавме заљубено и ветувачки, останавме само на второво :envy:
    Шала на страна - прочитав еднаш една статија која тврдеше дека паровите подолго ќе останат заедно и во љубов ако спијат на посебни кревети - демек ем наспани, ем полни со елан за сакање :lol:
    Ние спиеме на 2x2.20м кревет со посебни јоргани. На почетокот бевме со еден дупли, ама набрзо ја увиде грешката пошто имам навика да се мотам ко ларва и секогаш го оставав ем гол ем крив што ме влече :$ Иначе хрчи над сите граници, ама немам проблем со оглед на тоа што спијам ко топ, освен кога ќе се разбудам за малово и не можам да презаспијам, па морам „малце“ да го потчукнувам (едина шанса ми е тогаш :lol:, а тој кутриот од памет се вади)
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Спиење со партнерот - борба со мене :rofl:

    Влечам јоргани, ставам раце и нозе врз него, душа моја! Пред заспивање, обавезно го малтретирам и му се пикам, го душкам и не го оставам на мира, додека не почне да р’чи.
    Најсмешно ми е кога ќе заспиеме во лажици положба, се топлиме наизменично, и ако не фати жештина, секој на своја страна, ама јорганот го добива Ана! :lol:
    Го обожавам кога ме буди среде ноќ, ме бакнува и си мумла нешто, или ги става рацете околу мојата половина да се згрее и ме стиска да не му киднам.

    Обожавам да спијам со него!
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Зарем има подобро греење во овие ладни сибирски ноќи? :lol:

    Немам никаков проблем да спијам со него дури и на кревет за еден. Некако ептен се погодуваме и си наоѓаме доволно место и до сега не се случило некој од нас да остане без сон заради другиот.

    Постојано се грижи да сум покриена, ролетните да се спуштени и да не влага светлина додека јас цврсто спијам и не знам како не му отрпнуваат рацете од постојано гушкање :^) :P

    Летно време иста приказна, стуткани ко кученца спиеме залепени еден до друг (јас дури и покриена со некоја фротирка зашто не можам да спијам така), се будиме жива вода и пак ни е ОК.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  15. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Нема ништо поубаво од делење на креветот со партнерот,барем сега за сега :lol: :lol: :lol: . Јас се вртам на страна,и одма по мене и тој на истата страна да ми го грее грбот. После некое време се менуваме и така цела ноќ. До душа некогаш јас знам да си заспијам така, па тоа да трае цела ноќ.Сабајлето знае да ми прокоментира: епа не си фер,заспа ко труп и цела ноќ те греев. :lol: :lol: . Знаеме ако еден е оцокриен, другиот да го покрие,а немаме проблеми со влечење на јорган. Е имаме друг проблем,знае некогаш доколку е многу уморен и доколку легне на грб, знае да почне да крчи,а мене тоа ми смета,па макар и да е тивко. Тогаш следува буцкање,за да се заврти на страна. Добро знае некогаш спиејќи да ме стегне силно,да ме гушне и да продолжи со спиење. Томку поради ова спиење заедно спиени во купче, не го сакам летото. Многу е топло и не можеш така да спиеш. Дури летово кога бевме на одмор ко да спиев сама, драјцата подгорени од сонцето,а тоа знае да пече,па спиевме на растојание. Сепак убаво е кога спиеш со партнерот ма колку и да има негативни страни.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Обожавам да спијам со златцето мое. Гушкало невидено сум. Се пикам цела во него, буквално се топам. И сама да спијам, обавезно околу мене мора да има дополнителни перници чија намена е исклучиво за гушкање. Прво најчесто си се гушнуваме онака класично свртени еден кон друг, cuddle time, па после некој врти грб, а другиот си гушнува. Обожавам кога некој од нас ќе се подразбуди, па пак следува дополнително пикање и стискање еден во друг. И редовно јас од толку пикање завршувам на средина од креветот :D . Јас така заспана, одам на кај него, а тој упорно оди потаму и потаму. Ама па не го туркам јас намерно, само сакам да го осеќам до мене :D . А и крадам кебиња да. Почнавме со две посебни да спиеме, ама секогаш пак под неговото ќебенце завршувам. Ме смирува кога е до мене, полесно заспивам, а и се осеќам некако посигурно, заштитено. Е летото, колку и да сакав да се гушкам, не биваше. Со тешко срце си станував си одев на другиот кревет. :D
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Обожавам да го делам креветот со дечкоми :) уживам ... и несакам никогаш да станам, бидејки ми е толку топло :lol: ме гуска ме грее, и кога сум со него никогаш не ми е ладно. Зимурлива сум по природа, па така неговите прегратки ми доаѓаат како мелем на рана ..... Си го обожавам ммм :inlove:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Делењето на креветот е една од причините поради која ми е жал што не живеам со дечко ми.
    Секогаш кога ќе се вратиме од одмор или викенд, не можам да заспијам дома од што брзо се навикнувам да сум со него, па по цела ноќ му досаѓам на телефон првите неколку дена :)
    Е морам да признаам дека он е поголема маза од мене и сака да е легнат на стомак и јас да го гушкам, па додека му дојде него редот да ме гушка најчесто заспива :devil: Ама ми надокнадува сабајле или ако се разбудиме во текот на ноќта :)
    Реално, не можам да спијам цела вечер гушната, морам да имам простор, ама моментите пред заспивање и по станување заедно ми се незаменливи :)
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе, јас пак ич не сакам делење кревет.
    Сакам да се гушкаме, онака после секс да си полежиме, ама за спиење нема шанси. Ќе сме спиеле на брачен кревет, и коа ќе се изгушкаме после партија секс, јас си се вртам со грб пошто поубаво ми е од таа страна, и сакам да си се свиткам со нозете и така едната раширена. :D
    Цимерката ме заебаваше сум изгледала како од зграда да сум паднала, таква раширена целата, главата на една страна, раката на друга, ногата на трета.... :lol:
    И знаете што правам по некое време? Нормално, ми треба голем простор, и на сред ноќ станувам и легнувам на друг кревет во собата. :rofl: Е откако ќе се разбудам, се премeстувам пак назад и го будам, му се упикавам и го гушкам. :wasntme:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Jaс сум маза најголема. Секогаш сакам да се стуткам кај дечко ми и запсивам за помалку од минутка. Секогаш заспиваме гушнати, секогаш едната половина на креветот е празна. Да не гледа некој од страна како спиеме сигурно ќе ми биде страв да не се угушиме. Ама едно нешто знам, нема поубаво чувство од будењето до личноста што ја сакаш. :inlove:
     
    На Arthur, aprokovic и MacaLove им се допаѓа ова.