најубавото искуство досега макар некогаш е претесно сакаш да се шириш ама поубаво е кога го делиш со саканиот ем ке си го гушниш ако ти застуди ке си се стуткаш до него
темава ме потсети на серијата Приајтели кога Чендлер му се жали на Рос за спиењето со Џенет )) па сеге видете дали и вашите дечковци истото го прават )) http://www.youtube.com/watch?v=j0eStJlnNKo
Нена, нормално дека да! Гушкање, муцкање, буцкање, додека да заспиеш - потоа е нормално секој да си спие со свој сопствен простор. Не е тешко да се навикнеш на партнерот, таман работа, ама добро јас сум од постарите генерации па мене ми е ова веќе и тема за која не ни размислувам Ама романтики и гушкања од заспивање до будење после долгогодишни искуства со заеднички живот со дечковците можам да кажам дека се дефинитивно само филмски. Да не се лажеме Еднаш на сред ноќ се разбудив малтене во неговата прегратка, мене фацата смачкана, он почна да ми офка дека нема крв во раката - си се покривме секој на своја страна, или тој го следи моето дупе или јас неговото. Да не се зафркаваме - јас сум ко Чендлер, ми треба мој простор. Фино е заспивањето со гушкање, но пофино е кога ќе те бубне за лека ноќ и ќе ти остави простор. Јас си имам и јорганче спремно кај мене, уште тоа ми фали да се тепам за јорган. Ајде во лето, сеедно е ама во зима па баш и не е. А утринско мазење да не речам секс, а ќе речам, е топ, само претходно се знае - правец купатило. Да не си напраиме ху баба ху взаемно и паѓаш у втор сон некој, подлабок
Апсолутно си во право. Види го мојот пост погоре. Нема шанси ја да можам да саспијам во прегратка. Си сакам перница бе не сакам рака. А ако хрчи е тогаш е веќе проблем. Божеее колку не поднесувам грчење, ма какво поттурнување има да лети од кревет. Тешко на тој што ќе дели кревет со мене.
хахахахахахах ова кај мене нон стоп се случува затоа на сегашниот дечко сеа за сеа не му давам да спиеме заедно ќотек ќе издеде
со оглед дека сме 1 месец заедно, немозам баш да коментирам, ама од она што сум го забелезала до сега е дека е гушкало невидено(подобро да казам езе гушкало ) а јас пак не сакам кога нешто ме боцка, и само кога ми е ладно знам да го гушнам за да ме стопли (јас вечно смрзната, а тој топол ко микробранова печка ) после тоа се ми смета, ако ме гушне почнувам да мрдам, да сум немирна, а приметувам дека му пречи, и едвај чекам да си дојдам дома во моето креветче сама да заспијам и да се одморам(не сум некоја што сака да спие со мечиња, перници или слично) ама ако ми треба нешто за гушкање ке си го земам големото мече или малото маче ке си го гушнам и ке си заспијам, или ако ми е тешко ке си поплачам а со минатите партнери се случувало и од толку вртење и превртување јас на друг кревет да заспијам, па после да се префрлам, или спиње на кинески начин(т.е. на под )
Ние со дечко ми си заспиваме гушнати неговата прегратка ме смирува и ме тера да се цувствувам сигурно и убаво најубаво ми е. Малце се превртуваме по 350 пати во текот на спиењето но сепак ми е убаво...
Кога легнуваме да спиеме секогаш го има она стандарно “добра ноќ“ па бац бац, јас си се вртам на страна (мразам кога некој треба во лице да ми диши или пак обратно) он ме гушка и така заспиваме. Во текот на ноќта неколку пати кога сум се разбудила, сум се начекала во позиција јас стуткана во него или пак избегана километар Како и да е, не ми пречи што спиеме заедно, некогаш јас го гушкам ( да не се почуствува запоставен ), али најчесто јас на моја страна он ме гушка. Легнувам гушната, станувам гушната и нема поубаво чувство од тоа Во врска со ќебињата, порано ептен бев немирна во кревет, се будев на сосем трета страна од креветот, меѓутоа сега и двајцата спиеме како заклани и немаме проблем со тоа
на почетокот кога почнавме заедно да живееме првиот проблем ми беше како бе ке спијам во исти кревет со него првиот месец можам да кажам дека бев критично ненаспана,потоа полека почнав да се навикнувам на него на неговата прегратка и дрн дрн и си заспивав како топ....е сега после година дена можам да кажам дека летно време после сите "домашни вечерни обврски" кој на која страна сака фајке на креветот и заспива пред тоа цун цун гуш гуш и ај лека нок,а зимно време имаме посебни кебиња а еден голем јорган,но жалниот по сто пати преку нок ме покрива бидејки многу се откривам јас кога си доагам сама во Мк првиот ден ми е некако интересно сама да спијам но веке следниот ден ми фали во креветот,така да сума сумарум убаво било во глобала да си делиш креветче со саканиот само бес хрчење моличу лепо
Уф темава ме прерадува машки стоки ,и женски лигушки сите сме исти понекогаш зли кога се работи за сон и за дремка.. Мене овој маЦолов мој ми се лути оти сум ги кревала прекривките до горе (главата си има обичај да си ја прекријам ) и му останувале нозете голи па му студело . Друго што правам седам со лап в кревет и штракам по ова феминава наша и сигурно го узнемиравам додека се обидува да спие ,за утрото д астане со ПЕТЛИТЕ. Мене на пр ме вади од такт кога го мести тоа креветот и кога се ама баш се (не можите да сватите колку се ) сака да биди под КОНЕЦ и под РЕД. Чунки утре ГРујовски ќе му додели орден за најдобор среден кревет како не .А и многу многу блискости додека заспива нејќи мрш тиквар еден спиј си
Кога спијам со дечко ми знаеме во сите положби да се изнавртиме. Воопшто не ми е проблем да делам кревет со било кој. Ми имаат кажано дека спијам исто како да ме нема, воопшто со влакно не мрдам, како заспивам така станувам . Најубава и најугодна положба ми е јас погоре, тој подолу ќе ми легне со главата на градите и ќе го гушнам, ќе ги испреплетеме нозете и ќе спиеме ко едно .
Се сетив и јас на взаемното спиење наше туу колку сум дивјак јас абе ме гуши тоа негово според него гушкање ама па тоа нормалните луѓе го викаат гушење уште да ме фатеше со двете раце за шија и секогаш полека полека се измакнам тивко да спијам ко човек,не бе таман сум заспала бууууф раката негова околу мене врааачааај се ваамууу и ајде пак,башка сум малку клаустрофобична ми треба просторче ама тоа го немав,незнам како да имаше сензор у него кога се тргнам,за тоа па колку ми било жешко да не зборам абе нема мрдање.Да не испадне дека сум најголемиот убиец на романтиката ама не сум ја тај тип,гушкање бацување пред спиење да ама потоа и да малку сум скржава за постелнината дури еднаш се разбудив во положба `не го пуштам јорганот тој си е само мој и точка` абе сум го стиснала и тоа во сон колку пати наутро тој се разбуди пред мене и ко некоја будала ми се смее,многу сум била смешна и дури еднаш го фатив како се смее кога почнав да смислувам финти како безосетно да се извлечам од неговите канџи додека спие он тоа сигурно намерно ми го правел ја кловн изигравам додека се борам за воздух не, не ,мора да смислам некоја појака стратегија
он не се ни помрднува како ке легне ке ме гушне и не мрда,ке се пикнеме еден во друг и така заспиваме,а у последно се жали дека мн сум била немирна во сонот ,а ја па мислев дека не ни мрдам,таман он ке заспиел и ја тогаш ке сумс е свртела,имаме мн место на кревет доволно простор и за двајцата,али не го користиме се лепиме еден во друг
Додека се гушкаме, се гушкаме после тоа нека си постеле на земја. Освен ако не сака да го претепам во сон. Не озбилно, можам се освен да делам кревет со некого. Додека да заспијам, ке се склопчам во ќоше, дури да ме изгуби човек низ покривачот ама после... I GET WILD Мафтам, клоцам, фрлам покривачи, мавам со перници итн, итн. Е па сега, заклучете колку е паметно да се спие со мене.
До скоро не можев да делам кревет до партнер,ама не било до мене-до партнерот бил Во претходната 3 годишна врска не можев да заспијам,се гушев,ама ич не сум можела да спијам со него..На одмори вечно ненаспана..ама сега откако си ја најдов мојата сродна душа си спијам како јагненце..живеевме заедно 3месеца и најубавото спиење во животот ми беше тоа.Секоја вечер гушнати,заспивав со насмевка и се будев со насмевка..аххх..едвај чекам да си заспиваме заедно повторно
Мојов е како мртовец (како ке го оставеш така ке го најдеш) иначе кога иде зимо се пикам до него за да се стоплам а лето кога сне на одмор заедно спиеме ама пошо е жешко јас како мумија ставам вода пијам,клоцам во сонот,лафам,(кој знае уште што не правам)и искрено 10 ден на одмор кога бевме тој за жалење 5 дена може ги преседи со другар му на тараса играјчи карти и пиејчи пиво...а јас и женската на другар му се ширеме во креветот...(не сум крива што е лето и што ставам и клоцам на вечер)
Делењето на креветот со партнерот ми е нешто најубаво. На првото наше заедничко спиење мислам дека не заспоавме долго... Ете и ден денес кога спиеме, спиеме гушнати и не се одделуваме еден од друг. Често знаеме да се шалиме на сметка не креветот како што ќе ни е брачен кога не собира на единечен хехехех и сите ни се чудат како спиеме, а ние сме си како бебиња потонати во сладок сон еден покрај друг
Тој грчи а јас не го слушам ај да не го страмам . Ама си спиеме совршено тој ме турка и ми го зема ќебето , ама сеа зимава немора му пикнав јорган и ај нека се помрдни . Ама сепак си се сакаме немора да се караме за спиењето .
Спојлер Кај мене е обратно Еднаш дури испаднав од кревет. Ме бутна бе! И оттогаш па наваму, јас секогаш спијам од кај ѕидот. Прилично сум мирна при спиењето, како легнувам, така заспивам, така и се будам. А он којзнае што сонува, па ме турка надвор од креветот. Еднаш за ѕидот ме залепи!
Кога спиеме на спална оставаме место за уште двајца,така што со просторот немаме мака Ептен тешко спијало е дечко ми и мислам дека ми шири таква енергија.Обично си имам проблем со несоници,ама кога спиеме заедно за 3 секунди ме нема. Нема подобро чувство од тоа да му се бутнам во врат и да ме успие мирисот негов.