Неколку дена е кај мене и маки мачам Се будам кон 4-5 часот и потоа се превртувам, неможам да замислам дека има некој до мене и ми ствара жештина! Јас кога ќе се омажам ќе си го понесам мојот кревет со себе, и ќе си спијам сама.
Прабаба ми што му била мајка на дедо ми по татко (Бог да ја прости, не ја паметам) велела: со мажот под еден јорган или чаршав да си спиеш, и никако детето меѓу вас да спие. Е јас го почитувам тоа нејзино непишано правило Сама кога спиев ми беше убаво, ама сега ми е уште поубаво! Нема поубаво од тоа да заспиеш во прегратка со саканиот (јес да е после секој на своја страна ), ама ме топли бре! Особено во вакви ладни зими. Тоа што често патува ми пречи... па често и си легнувам сама. Е тогаш си ја гушкам перницата, друго не ми преостанува
Бидејќи сме од различни градови и се гледаме само за викенд,тогаш или тој спие кај мене или јаас кај него. Односно кога е тој кај мене спиеме одделно,оти непријатно е од моите дома.Кога сум јас кај него спиеме заедно т.е он спие јас се мачам цел ноќ.Незнам,не е мој кревет,чудно ми е.Легнеме,тој ме гушне со двете раце и цела ноќ сум во него збуткана,ама јас око не затварам. Всушност ова се случи само 2 пати,чудно ми е.Уште е рано да анализирам.Ке се навикнам можеби
Темава ме потсети на една епизода од Пријатели- Hug'n'roll Ок ми е да делам кревет со него, ама никако не можам да заспијам лежејќи на неговата рака, сакам да си заспијам во spoon поза Многу е чуден, удобно му е да спие на грб со неговата рака под мене. А ете го моментот од серијата http://www.youtube.com/watch?v=j0eStJlnNKo
Тешко ми е да се навикнам. Јас спијам помирно, а тој само мрда, ме бутка, ми го влече кебето. За среќа уште не сум паднала од кревет. Како и да е, убаво ми е кога спиеме заедно, ми предизвикува посебни емоции.
Е тоа е богами догаѓај столеќа Значи мм е едно толку многу топлокрвно створење, како да има уградено термо-печка во него, без термостат.Штом ќе види перница заспива каде и да е. У рок од 30 секунди развива топлина како у крематориум. Зимно време е одлична солуција за греење и спиење без чорапи.Ама летно време, ако сум во негова близина има шанса сипаници да исфрлам или евентуално да се залепиме еден за друг и затоа, бегаме секој на својата страна од креветот. Од време на време знае и да крчи, како стара грамофонска плоча, ама лакат у ребро решава се. Ме нервира кога спие со подотворена уста на страна, се лигави на перницата. Јорганот, јастукот или ќебето, мора да му се меѓу нозете и додека спие мора нешто да јава. Јас не менувам поза за време на спиење.Како ќе ме ставиш, така ќе ме најдеш.Никогаш не сум крчела, само еднаш за време на бременоста и тоа квалитетно, штом мм сум го оставила без спиење и ме снимал на мобилниот.Охридски трубадури и цела Гуча можат да ми позавидат на звукот, абе од мртви дигам. Обично тешко заспивам, ама и тешко се будам. Купивме сега брзо нов душек затоа што на стариот му излетеа (како што викаше баба ми) жиците за мутење торта -федерите. Знам прво што ќе ви падне на памет, ама не е од тоа, туку идеше гратис со спалната, па може да замислите за каков квалитет станува збор. Мм спие на високи перници, ама неговата заврши на контејнер.Алергична сум на пердуви, му ја фрлив и ден денеска со носталгија ќе се присети на неа и све си вика: „Којзнае колку ли некој Циго сега убаво си спика на мојата перница, а ја се грчам како гусеница на овија картони што си ги купила“ Иначе купив лио-јастуци, ама од лиото ни Л.Се сплескаа и сега како на рамно да спиеме. Морам да купам нови, ај од наредната плата
Често си спиеме заедно и многу ми е убаво. Бидејќи јас сум поголема маза сакам кога ќе си легнеме малку мазење, гушкање за добра ноќ и потоа секој си фаќа положба за спиење. Изминативе месеци мака мачев со јорганот и ќебето бидејќи тој е многу зимурлив да може би се покрил со сите јоргани, ќебиња , прекривачи што се дома и пак сабајлето ќе се жали како се смрзнал и како го боли половината. Често и си збори во сон па си слушам прикаски... А кога крчи е тогаш морам да му викам, да го подразбудам па да престане. Нема ништо поубаво да се разбудиш покрај саканиот... а најмногу го сакам моето неизбежно утринското “васање“
Јас со душа го чекам денот кога заедно ке се будиме, летото коа бевме на одмор, и наутро во утринските часови, сакав да ме гушка бидејки ми заладуваше,а кога ми беше жешко, само со раката палкав за да го фатам каде е на која страна лежи за да го бакнам, и пак да си продолжам да спијам а исто е и сега, коа за викенд седиме кај него дома сакам да се буткам во него за да се стоплам бидејки сум мнооогу зимурлива ( ке нема да може на дрва да ми навакса хахаах ) ,инаку сега спијам со сестрами у спална двете, и има доволно просотр, така да не ми е проблем да спијам со некој до мене, битно ми е јас да с еосекам удобно, а се друго е неприметливо ... откако ке заспам
мммммм најубавко нешто , така најубаво си заспивам кога ке ме гушне и кога ке си ги испреплетеме нозите убавинаааааааа нај најубаво нешто
Ние не спиеме заедно,еве две години сме во брак и неможам да се навикнам на неговот крчење,јас си спијам со детето во една соба,а тој во друга соба...и све викаме "од денаска спиеме заедно" ама никако да дојде тој ден
Мммм најубавиот дел многу сакаме со дечкоми кога ке дојде време за спиење.. мн сакаме да се гушкаме, многу ми е мило што и на двајцата не ни пречи гушкањето освен летото кога не се дише а не пак гушнати и само затоа не сакам лето но додека се можи се гушкаме
Ние и пред да живееме заедно кога спиевме заедно немавме проблем. Сега сме на спална , а зошто е малку поголема од стандардни димензии многу ни е комотно, кога ни се гушка се гушкаме, кога ќе ни се смачи секој на различна страна Инаку и маж ми хрчи, ама јас тампоните во уши и немам мака, си спијам. Незнам за со детето понатаму како ќе биде, дали ќе му смета, се надевам не, некако ми е глупаво да не спиеме заедно, односно во две различни соби
Навикната сум да спијам сама.Кога препиваше од порано кај мене,тој на еден ,јас на друг кревет.Ако спиеше до мене око не склопував.Така и кога се вселивме во станот,првите неколку дена спиевме одделно,се додека една вечер не зема да грми и светка,па се исплашив и му се пикнав во кревет Оттогаш не се делиме,на ист кревет сме,ама пак ми смета по малку.Си имам ја некои принципи на спиење Не можам да делам ќебе со некој,пошто се замотувам цела,па затоа си имаме посебни.Тој многу сака да се гушка,и јас,ама не во спиење.Тој сака да спиеме гушнати.Некогаш му дозволувам,ама јас си знам како заспивам Мерак му е ептен,со насмевка заспива,ко мало детенце е Кога ќе се откријам,секогаш ме покрива,а често знам и да осетам негов бакнеж навечер.Некогаш спонтано се држиме за раце,ама никогаш не заспиваме така,тоа во текот на ноќта. Инаку јас спијам стуткана на едно ќоше,а тој знае да клоца ,па некогаш се случува да си добијам несакајќи Toj сака да заспиваме вака Спојлер
Ммммм најубавиот дел од денот кога ќе си се гушнеме и ќе си заспиеме. Во текот на ноќта знаеме да си се исповртиме на различни страни али го осеќам дечко ми често како ме бара со рачето и знае да ме повлече до него и да си продолжиме гушнати да спиеме. Мислам дека најмн осеќам потреба за брак заради ова спиење...
најубав дел ама после ја си знам ....он е покрупен и повисок од мене па наместо да спие на крајот на крветот он не смести до ѕидот. неколку пати сме имале борби за превласт за ќебе, место мора кога спијам со него да сум ненаспана до подочњаци ама сепак тоа е најубавото и најслаткото нанкање со него
Не сум мажена сеуште, но ете често делиме кревет или на одмор кога сме биле. Нема ништо поубаво жими се. Единствено што кога се будам прва не станува од кревет зошто одма осеќа и се буди. А за гушкање нормално си се кушкаме, е сега преку лето нормално од жешкото секој си се врти на своја страна.
Обожавам да спијам со него Најубаво ми е. Летово бевме на работа во странство заедно, спиевме заедно на кревет наменет само за еден човек но, ни беше најубаво. Сега откако се вратив дома, ми недостасува да ме гушне или бакне за добра ноќ.
Мерак ми е да спиеме гушнати. Барем така беше на почетокот, кога имаше барем некој осет дека спијам до него. Сега човекот си крчи, заборава дека го дели креветот, па толку убаво си се испружа на средината на тоа мало креветче, со едната рака врз мене, а јас си гледам во зидот и си бројам зведички. Синоќа се изнервирав, па си се преместив на другиот кревет ( ако така може да се нарече), стуткана и не толку стоплена, но барем без нервози што дечко ми не ме бара во сонот. Сабајлето стана и ми се налути што сме спиеле посебно, божем па тој приметил Тешка сум, што да правам, или ќе спиеме гушнати, или одделно.
Мене па баш ми е супер кога спиеме на единечен кревет, посебно кога е ладно. И мојот дома е единечен, и неговиот е таков. Е сега, тој малку се буни дека сум му го земала ќебето, или сум спиела на сред на креветот, ама едвај чека да си легнам до него за да се гушкаме и да си се грееме. Така и заспиваме, ама потоа обично секој на своја страна, а сабајле пак се будиме гушнати И кога спиеме на поширок кревет ние пак се туткаме во едно ќоше е сега баш ми фали до мене