Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Делење на креветот со партнерот

Дискусија во 'Врски' започната од RainBow, 24 ноември 2011.

  1. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Немам проблеми со него :D Сака да се гушка секогаш , и лето и зима :D и да прекрасно е
     
    На chiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Ke citiram,mozam da priznaam deka si mnogu cudna,jas pak odavi cek da sme vo krevet.
    Mojot decko si go vikam plisano mece i taka go dozivuvam, samo sto sekad e nemiren i ne moze da se kontrolira :$ ubavo ni e zaedno i posledno vreme samo taka sme.Mi se slucuvalo i da zaspijam i ako mu e nezgodno sekogas go naogam onaka kako sto pred da zaspijam. Gi sakam tie denovi i ke ima uste :D :D :D :rofl: :rofl: :rofl:
    [mod-kirilica:mr2hsflz][/mod-kirilica:mr2hsflz]
     
  3. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    38
    немам проблем со спиењето..пошо сум ситна а он крупен и во еден еден кревет не собира, најубаво ми е коа ќе заспијам така..:D
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    13.340
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно заспиваме гушнати, и пред да фати најтврдиот сон се двоиме зошто многу мрдаме и двајцата, и ако сме гушнати никој нема да се наспие :D
    И насабајле само што ќе се расониме се гушкаме и си дремеме уште малце (обично он станува порано и ме буди за да си легнам врз него, и си продолжувам да дремам до него).
    А уживам во гушкањето ептен. Дури и летно време кога е многу топло лежам до него колку да го допирам со некој дел, да си знам дека е до мене... :inlove: и спијам како бајче после тоа...
     
    На Arthur и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Мојов партнер е најразмрданото створење на веков кога спие. Мислиш сто пара нозе и раце има, не знаеш од кај ќе те сполета рака или нога, па плус ако е занесен во сонот и тешко се буди.
    Кога станувам наутро после вечер преспиена ДО него, секогаш сум ко под благо дејство на опојни супстанци и со подочници до стомак. :drunk:
    Добро ајде, не е толку трагично, веќе се привикнавме и ситуацијата е нешто подобра - не дека некому би му било од суштинска важност, ама ете мене ми е, тоа што барем се труди да спие мирно. И да не ми мава затилници! :!: :D
    Јас спијам како јагне - како и во која положба си заспијам, така и си се будам. А тој ... нема потреба да се повторувам. :D
    Се тешам дека секој почеток е тежок, веќе има добар напредок во послушноста негова при делењето постела и се надевам дека ќе ни оди така во добар и мирен ред и сон. :wasntme:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  6. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Јас не сум мажена, но секако сум имала прилика да спијам во ист кревет со дечко ми, и искуството ми е крај. И да сакам да спијам со него прегрната, не можам. Она што најмногу го мразам на цел свет и најмногу ме иритира, е тоа баш на глава ми дојде. Луѓе, не сте свесни како крчи. Само што ќе ја стави главата на перник, почнува да пила дрва :rofl:
    И не само кога спие на стомак, туку во секоја можна позиција. Спас за мене само тампони во уши, ако и тие помагаат :D
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Нај убаво ни е кога доаѓа денот, тоест ноќта кога ќе си спиеме заедно, арно ама нас секој кревет ни е тесен. Сакаме да си заспиеме гушнати, ама после секој на своја страна, а може и некој надвор од кревет(имам обичај да го избуткам). Само кога е тој тука заспивам ко бепче иначе се превртувам по кревет дур заспијам.
     
  8. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Додека бевме на одмор имавме прилика да делиме кревет.. И уште првата вечер дури малку се скаравме заради тоа... Си се гушкаме онака и ајде да спиеме, ајде.. и фино лепо си се вртам јас на другата страна и си мижам :lol: А тој галеникот сакал гушнат да спие... Е неможе, сакам да си претам слободно ! :!: Така да, едвај се привикнавме... А и јас многу порано станував бидејки едноставно.. па гужва ми беше ! ;(

    Ке си нарачам брачен кревет ко цела соба бе.. ке бидни :D
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Ова ми се најубавите моменти, иако најчесто си спијам на самиот крај на креветот :lol: Сепак чуството кога те гушка и бакнува несвесно, додека спие е незаменливо :inlove:
     
  10. beyoncegirl

    beyoncegirl Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Ми требаше време додека се навикнам да спијам со вереникот, страв ми беше да не го удрам во сон така што едно две недели моето спиење беше кога ќе станеше он за на работа :D Инаку он сака да ме гушка но јас сум таа што сакам да свртам грб и на стомак да спијам :lol: најубаво ми е кога во текот на ноќта силно ќе ме повлече покрај него уффф го обожавам срце мое :inlove:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Сум го делела креветот со него кога сме иделе на одмор, кога сум преспивала кај него. Јас сум навикната да спијам сама ( така е било до сега ) и малку ми е чудно. Неможам да заспијам, све ми е тесно :D Се надевам ке се навикнам во брзо време
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Најубаво нешто за мене. :inlove:
    Само кај нас е интересно тоа што одкако ќе заспиеме секој си ја фаќа својата положба.Г'з преку глава е работата :lol:
     
    На Arthur и EMoonlight им се допаѓа ова.
  13. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    не ми е проблем тоа креветот го делам со сестрами цел живот :) а и со него имам спиено убаво ми е т.е. исто :P
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  14. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Пола студентски живот ми помина спиејќи до него. Нешто нааааајубаво. Обожавам да си го гушкам цела ноќ. Но тој цело време ме критикува и ми вели дека покрај мене не се спие :D И навистина е така, многу лошо спијам. Но се навикнав на неговото присуство и убаво си спикав :D Ми фали сега времето кога си заспивав покрај него. Оддамна не сме спиеле еден покрај друг.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 1covek

    1covek Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    И двајцата мислиме дека е најубаво, посебно кога ја чешкам за да заспие, го обожава тоа
     
    На Arthur, EMoonlight и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  16. sunny1

    sunny1 Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    12
    нешто најубаво :inlove: секоја втора вечер е кај мене на спиење,зашо мене ми е глупаво кај него да спијам,а на 5мин си живееме у комшии :lol:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  17. khaleesi1

    khaleesi1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    52
    Порано гушнати легнувавме гушнати станувавме.. сега веке не можам, повеке ми одг само јас да го гушкам него и така заспиваме, така ми е поудобно :) инаку мн се бутка накај мене, значи цело време сака да ме гушка и кога спие, пак доага накај мене :D го буткам веке, почна да ме нервира :D :D ама пак доага... а ако се деси да не се гускаме толку преку вецер, сабајлето обавезно се гушкаме по 1 саат најмалку :D луди сме :lol:
     
    На Arthur и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  18. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Пред 2 години кога живеев со цимерки и тој кога остануваше на спиење, обожавав да спиеме гушнати и во текот на цела ноќ си се гушкавме. Тој сепак беше првото машко со кое сум останала да спијам цела ноќ и утредента да се разбудам до него. На почеток бев превозбудена, буквално едвај чекав да дојде ноќ да си легнеме, да се цункаме, да се галиме, да се гњавиме, да се бориме и да нанаме заедно гушнати. Многу често јас се свртувам на страна и тој со рака ме гушка - а исто често е и кога тој се врти на страна па јас него го гушкам.
    Но, од кога почнавме заедно да живееме станав не толку возбудена. :D
    Тој има проблеми со синусите, и рче неконтролирано, посебно кога леже на стомак или на грб. Само кога е на страна, му се слуша дишењето - што патем обожавам да му го слушам, тоа ми иде како песна од славеј во споредба со громовите кои ги мава од уста додека рче... :|
    Но :!: , најдов решение, т.е после убав, смирен разговор со него, на најубав начин му објаснив дека ако некако не најдиме решение, следното утро нема да го дочека жив, пошто веќе на нерви ми удираше. Решението е да го ударам по ребро или каде стигнам, за да се врте настрана веднаш штом ја заземе ѓаволската позиција на рчење. Кажувам дека на убав и смирен начин, пошто имаше месеци каде многу се каравме пошто на него не му беше логички зашо да го ударам на сред спиење, ќе рчел и ќе прекине, не сфаќал како на некој тоа многу му смета, ама после виде дека навистина многу рче, една вечер кога сакаше да се удави буквално од завивање со устата, а јас оптегната серија си гледав, и овој срипа цел уплашен препотен, што не ме чукнеш да се свртам?! ХААА! 8) И така повторно ни се врати рајското спиење. :)
    Во принцип не сум гушкач, но тој е како термо печка, а јас ладна секогаш и лето и зимо, па посебно во зимо, до него сум прилепена нонстоп, си се гушкаме во текот на ноќта, посебно тој мене, а јас во принцип спијам на меше, со гушната перница.
    Не ми беше тешко да се навикнам да го делам креветот со него, иако цел живот спијам сама на мој кревет во моја соба. Имаме проблем само со ќебињата и јорганите, пошто јас сум при спиење знам како виршла да се замотам сама во ќебето од сите страни и под нозе доле квалитетно да си го соберам, па овој ќе тегне, тегне, и ќе се откаже со пцуење у сон. :lol:
    Во принцип, обожавам кога спиеме заедно, и двајцата се вртиме нонстоп, чат пат се гушкаме, приоритет ни е удобно спиење, но си се прилагодуваме еден на друг, јас со делење на ќебето, а тој со спиењето на страна за да ми обезбеди мирен сон без неговото рчење.
     
    На Arthur, EMoonlight, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Често го делиме креветот и ми е баш убаво со него. Спиеме гушнати и секогаш кога едниот ке се сврти на другата страна другиот трк по него. :D
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    Еве ние годелиме креветот веќе 2 месеци..и исто како и мн др мислев дека нема да можам да се навикнам да делам кревет со друг..но спалната е направена за двајца и има доволно простор за да се ширкаме двајцата :D а иначе поубаво нешто нема од легнувањето и станувањето заедно... :inlove: