скоро 2 ипол години си спиеме заедно и не можам да замислам да спијам без него...сме спиеле од седмосед,до кауч на расклопување со скршени федери,за на крај конечно да си спиеме на спална,како слагаличка си се наместеме. ми се чини дека и на камења да спијам со него,ќе ми е убаво ќе си се гушнеме и ќе потонеме, На почетокот ме нервираше само што тој испушта страшна топлина кога ќе заспие,страшна,како со радијатор да спиам,ем сакаше да се покрива со се можно,ама најдовме чаре и за тоа...
Не сум мажена но во последно време си спиеме заедно кај мене во стан. На почеток ми беше многу тешко да се навикнам. Кога одевме на одмори и слично не спиев по цели ноќи. Но сега без проблем си спијам и баш ми е убаво. Ете денес си отиде кај него и не знам како ќе заспијам без него. Веќе почна да ми фали миризот негов.
Исто и мене на почетокот ми беше многу чудно, дури и сега ми е бидејќи не се случува многу често да спиеме заедно, не практикувам преспивања еден кај друг, мислам дека е непотребно такво нешто, послатко е да ти биде и тоа ново кога ќе преминеш на следното ниво (брак). Јас обично кога спијам многу мрдам и сакам да си се вртам од еден до друг крај на креветот, затоа и не се чувствувам слободно кога има некој до мене, па ќе се мислам да не заспал па го разбудам со мрдање, да не го клоцнам и слично. Но и покрај сето ова, јас обожавам да заспијам гушната со него, да биде последното нешто што ќе го видам пред да заспијам и првото кога ќе се разбудам. А другото е споредно, ќе си се навикнам.
Обожавам да спијам до него , особено онака кога ќе се разбудам преку ноќ и ке го видам како си спие , си се гушкаме додека да не фати дремка и после се вртам јас на друга страна ОБАВЕЗНО и многу ме нервира како ќе се завртам јас тој по мене и ме гушка се лепи до мене понекогаш го турка не ми остава простор да дишам, а додека спие не осеќа ништо
немаме проблеми околу делењето на креветот тој спие на крајчето а јас на половина и повеќе ,никогаш не ми е било чудно да спијам до него и со него,одсекогаш ми било убаво гушкање,бакнувањето во чело и тогаш знаеме дека е време за спање
Нели? Се вртиш ноќта и го гледаш како бебе спие, мирен неможам да му одолеам кога ќе го видам таков обавезно ќе го избацувам и после си продолжувам да спијам
Аааа да да баш така , или пак ќе ме осети ке ми врати и тој ,си се вртам јас ме гушка тој од позади и така среќно си продолжуваме со спиење
исто сум и јас со дечко ми... уживам кога спијам со него тогаш ми е најубаво, а кога ме фаќа дремката и ќе ми рече ајде знам дека ти се спие сврти се на другата страна и после тој натаму јас натаму ама кога се будам обавезно се вртам го гушкам пак или тој мене.. ах......
иста јас...а толку многу сакам гушната да си заспивам со него.ама нема шанси бе.особено тој делот со рчењето....обавезно менувам соба
Многу сакам да го делам креветот со него, да спиеме заедно, и двајцата немаме проблем со ништо, и 2 сакаме да се гушкаме, не ритаме, не се откриваме ... само пред да си легнеме обично гледаме филмови и јас на сред филм заспана во неговата прегратка и следниот ден секогаш ми вели дека веќе нема да гледа филмови со мене... а кога не сме заедно седам до 1-2ч а кога сум со него уше во 10 и пол ми се преспива... Но во глобала уживаме кога спиеме заедно, едвај чекам
Најубавото нешто..само два пати го имаме делено креветот, еднаш на нова година и еднаш кога му бев на посета во градот каде што учи. Тој многу сака да се гушка па во текот на ноќта постојано ме бараше со раката да не случајно сум избегала . Едвај чекам догодина кога ќе отидам да студирам да се вселиме заедно и секоја вечер да заспивам стуткана во него .
Нешто најубаво..мм кога среде ноќта ќе се разбудам ќе се стуткам во него и пак си продолжувам со сонот..<3
си немам гајлее ..најубаво ми е кога ке си се пикнам во него коа ке си се гушнеме..убавини а понекогаш и бегам на крај на спалната коа сакам сама да си спиам и не го гушкам
Обожавам кога спиеме заедно, тој се шири, а јас се туткам. Најмногу сакам да ме гушне од кај грбот, да ја префрли раката преку мене и да ми тежи. На сред ноќ осеќам болка и грч во нозете, станувам нафурана да го клоцнам што ми тежи толку, а тоа кучето ми легнало на нозе Неизоставен дел е од нашето заедничко спиење
Ние уште не сме дошле до тој степен, но обожавам кога ќе му се тутнам така под рака и си легнам на неговото рамо во седечка положба и кога тој ќе ми рече како кутренце си. Убавини
Мене ми е жал за него кога спиеме. Кога ќе си легнеме се е убаво и кога ќе заспијам почнам да се ширам, одам се поблиско да го гушнам и тој бара место за спиење и кога ќе се разбудам гледам имало место за уште 2ца зад мене,а тој на 20цм стуткан спие. Па го ритам во сон, му крцкам со забите, му зборувам глупости, станувам шетам по собата...што ќе прави,ме трпи...срцка
Обожавам да спијам до него, порано немавме многу прлики за тоа ама сега како помина времето се почесто си спиеме заедно на почетокот ич не ми беше удобно цела ноќ се превртував, се местев и на крај станував и го гледав како спие сега па не можам да дочекам да се видиме, да останам и да спијам до него. Обично спиеме гушнати, тој одзади и ќе ми ја префрли раката знаеме и муабет да си направиме во сон ама тоа е друга приказна.
Ова звучи како мене...немам преспиено кај дечко ми до сабаље,ама си седиме кај него,гледаме тв а јас заспана после 1 саат,значи околу 22.30...најубаво ми е таму,си го гушнувам и заспивам.А кога сум дома си седам до 1 немам појма за спиење,па следува ете сега како не ти се спие а кај мене заспиваш во 22