Преубаво ми е, освен кога грчи. Сега му научив тактика. Не го пуштам да спие на грб, тогаш е како пила за сечење дрва. Во секој случај, нема поубави ноќи од оние кога заспивам во неговата прегратка
Не ми е тешко да го делам креветот, спиеме мирно и двајцата така да нема ударање у сон, тегнење кебе итн, али ако легне тој на грб мака мачам да го свртам, некоаш коа сум уморна не го секавам дека рчи ама се дешава и по цела нок да го боцкам да се сврти и да прекине.
Воопшто не ми било тешко да го делам креветот, но нему му било! Обично спијам мирно, но на неколку пати кога бевме на одмор сами се случувало рачето случајно да ми се префрли право врз неговото лице и ШЛАП! Кога ми кажуваше утрината што го снашло не можевме да се соземеме од смеење. Милион пати го бакнав и му се извинив. Несвесно било. Сега сигурно би спиел со едно око подотворено, за секој случај.
Го делиме креветот, се ќе се наместиме гушнати поточно тој е научен да ме гушка нонстоп додека спие а јас сум малку саклетџија и ме нервира кога некој ме допира додека спијам,и пополека му бегам,кутриот мисли дека тој се тргнал од мене и во спиење повторно иде до мене.Сакам да спиеме заедно,но понекогаш си мислам подобро сама ми е ќе си се изнаспијам.
мене ми се допаѓа кога спијам до него, спие мирно и постојано ме гушка, ама јас пак многу мрдам, и нему често му смета тоа
Најмногу од се на светот сакам да спијам со него. Посебно во зима! Јас сум ептен зиморлива личност и никако неможам да се стоплам пред легнување. Тој ќе ме гушне и нозете помеѓу неговите, моето тело припиено кон неговото за 5мин. сум згреана, ептен зрачи топлина бе. Скоро бевме во Банско и во собата која бевме се погодија два кревети одделени.Легнавме да се одмориме преку ден и само тој: Еднаш се гледам со тебе, па и тогаш да не спијам со тебе? Стана, ги спои креветите и си се гушнавме. Лани летото од 3 месеци цел месец се погоди да спиеме заедно, по одмори едно друго. Кога се враќавме, кога си легнував аууу ептен чудно ми беше, ми недостигаше. Едвај чекам повторно да спијам со него, гушнати. * Се чудам на моите како тоа не спијат заедно.Јас се би дала да бидам до него.
Го делиме креветот и нормално тоа е најуавото нешто но тој не сака да спиеме гушнати, ми вика многу гледаш филмови, кој може да спие така и плус не сака да сме под иста покривка, ќе сме се отскривале....и така да исто како да спијам сама...
На почетокот заспивавме гушнати, со тек на време почна да ни пречи (ситуации од типот умрев од жешко а како спие ми е жал да го поместам, или класика: мислам дека раката ми умре. Морам. Да. Ја. Извлечам.) и сега ќе се гушнеме, и после неколку секунди секој на своја страна. Иако секогаш се држиме или за малото прсте или со ноџињата или бар со лактот да го осетам до мене
Обожавам да го делам креветот со него. Обично легнуваме гушнати, после тоа јас се му се вртам со грбот а тој ми ја префрла раката на половината и така си спиеме. Зимно време дека ладно нели стално се пикам во него, ќе ги испреплетиме нозете и така стуткани спиеме И без разлика на колку голем кревет спиеме, секогаш сме на крајот.
Кога бевме лани на одмор спиевме заедно. Прекрасно чувство. Секоја вечер му заспивав на гради. Сега, не спиеме заедно, но едвај го чекам летово..
Спијaм мирнo,нo тoј вoјнa вoди ќе ме истепa некoј ден ххх незнaм штo ќе прaвaм.. Или некoгaш ме гушнЕ и мoевo лице вo негoвите грaди вoздух не мoжaм дa земaм..a знaе декa сaкaм дa спијaм сo грбoт свртенa кoн негo и дa ме гушнее <3 или кoгa мoјaтa нoгa е врз негoвoтo телo..
Па тоа е најубаво, си спиеме гушнати, а нешто што секогаш ќе го паметам е кога се свртав јас на другата страна така што двајцата бевме со грб свртени еден кон друг и тој тогаш ми ја зеде раката преку него за да ме држи.
На почетокот имавме големи проблеми, дур да се навикнеме. Тој хрчеше, јас се нервирав. Знаеше да ме избутка несакајќи.. Па, и добро сеа не е баш брачен кревет. Нешто измеѓу е Но, сега тие проблеми ги надминавме. Јас легнувам порано од него, а некогаш и во исто време. А, и ослабе доста и сега нема проблеми со хрчењето. Имаме повеќе простор. Права идила!
Najmirno si zaspivam koga ke si go gusnam ke se stutkam do nego i si zaspivaml,i posle nekoe vreme slusam idi malce ponataka na kraj sum na krevetot ke padnam go delam krevetot ama pak e cel moj
Вечерва баш коментирав пред да пишам тука за темава Јас војна водам со перницата..никогаш не ми се погодува. И со жешкото..100 пати можам да се превртам. Ама се превртувам само на мојата страна од креветот А бившиот буквално од кревет ме туркаше, не можел на туѓ кревет мирно да спие И така Дасти пола одмори ги помина на фотеља, тросед, двосед, под...И место да се одмори, се заморуваше А така мирољубиво човече сум..обожавам да делам кревет
Прочитав дека во принцип, кога е прашање ноќното спиење партнерите не би требале да го делат креветот ниту собата бидејќи постои можност едниот да го ремети мирот на другиот. Тоа подоцна може да се одразува врз дневниот ритам. Секој би требало да има своја соба која ќе ја уреди како таа/тој искрено сака за себе, едно свое мало царство каде ќе може да се повлече кога ќе има потреба. А среќавањето може да се одвива во некој трет заеднички простор. На тој начин би се одбегнале многу непотребни караници и напнатости. За жал, поради материјалните околности понекогаш луѓето немаат можност секој да има своја соба. Тогаш би требало барем во собата да се уреди да има секој свое „катче„.
Не ми пречи да спиеме во ист кревет само доколку не испушта никакви звуци при спиење . Значи никако длабоко гласно дишење или недај Боже хрчење. Е тек тогаш ќе летне низ прозор. Сакам да си спијам во мир и тишина и мислам дека не барам многу.
На одмор спиевме заедно, ама добар е не ми смета. Шо е дури и чудно знаејќи дека јас многу сакам да се ширам, ама тој ни мрда, ни прета, ни се покрива дур спие, а и екстра пази дур јас спијам ако тој е станат така да засега проблем нема.
Веројатно јас како и сите други ќе морам да се прилагодам на тој начин на живот да морам креветот да го делам со партнерот. Ниту сме толку богати ниту толку цивилизирани да секој од нас си има свој кревет и да ние во креветот на партнерот или тој во нашиот влегуваме во определени ситуации заради извршување на брачните обврски. Веројатно има милион работи кои нема да ми се допагаат во брачниот живот ама ќе морам да ги прифатам, една од тие работи е прифаќање само презимето на партнерот што ужасно ме нервир, потоа живеење со родителите, да ја викам свервами мамо, золвата дадо затоа што е постара, правење свадба на традиционален начин... Уф, веќе ми се кренаа живците.
Абе не дека јас не сакам да го делам креветот со мм , ама брате мили , тој ползи надоле јас обично мирно спијам , е сега имам некогаш испади , ама многу ретко . Тој пак , ич не спие мирно . Како што кажав погоре , ползи надоле по креветот , еднаш дури и ќе паднеше ако не го разбудев се гушкаме многу често , и во сон знае да ме гушне , по малку 'рчи што и не ми смета толку . Единствена маана е што многу го бркам од креветот ( спие до ѕидот , јас заради децата станувам често и морам од другата страна да сум ) . И ќе заборавев . Зборува во сон . Понекогаш врзуваме по 2-3 реда муабет додека спие Мислам дека ако некогаш ја слупам колата , најлесно ќе ми биде да му кажам во сон