Животот го делиме па сеа креветот ке е проблем на почетокот мене ми беше чудно не можев да заспијам кога одевме на одмори, после се навикнав, сега сабота спрема недела скоро секогаш спиеме заедно Барав на нет но не можам да најдам слика како спиеме Тој свретен на кај мене, јас на грб нозете или помеѓу неговите или над неговите ( зависи од временските услови) прегрнати ете така си спиеме.
Јас едвај чекам да дојде момент за да спиеме заедно. Многу ми се допаѓа кога ќе се стуткам така покрај него и кога ќе ме гушне со рацете и така би спиела цела вечност.
Многу добро се сложуваме за креветот. Тој на крајот од креветот, јас на цел кревет и упорно се стуткувам во него.
Сум пишала пред скоро 2год.. меѓувремено не се сменило многу Освен креветот и човекот Пак се стуткувам на крајот, ме тепаат во сон, жртва сум на креветско насилство некогаш, клоца во ребра или по грб не е непознат поим, а со моите скршени и подзараснати пршлени тоа боли 10пати повеќе... еднаш заработив бокс во глава, мислам со потрес на мозок се разбудив кога ме тресна Кога ќе сумирам се, супер ми е делењето на кревет........само во хотелите со кревети 2х2 метри и по можност 80% да го окупирам Е добро де..супер ми е и во зима кога несвесно ќе се стуткам до него..убаво ми е кога несвесно во сон ме гушка .. Навикнати сме на сите лоши работи..добрите да ги занемариме
Хахахаха и ја си се изнасмеав. Спиевме заедно дур бев трудна. Сега пак сме одделени, силом прилике, кај што сме моментално нема брачен кревет, а не мрзи во дневна да спуштаме секој ден. П.с. Ова е за бившиот напишано беееее.... Хахахахахха
Порано мислев дека ќе неможам да се навикнам да спијам со некој на кревет сакав само јас да се тегнам на кревет. Али сега се смени се,многу поубаво заспивам со него,некогаш се случуа сама да спијам и неможам да заспијам се врткам лево десно едвај ќе затворам очи. Вака со него е интересно ќе се свиткам во него јас сум мажот во креветот јас него го гушкам хахах и така заспивам Или знае да ме избута да си легне на моја перница ,а јас уште малце доле да го бацам подот па почнувам да го викам да се премести малце ,почесто не ме слуша па почнувам да викам идиот помести се ,на што личи ова ,кретен или ако не се помести идам на неговата страна од креветот. И кога ќе стане ми вика како дојде ти тука Му викам летав Како и да е сам не се спие ,со партнерот е најубаво
Мислам дека спиење на брачните парови во еден ист кревет е една од поглупите работи во модерниве времиња. Затоа имаме константно ненаспиени луѓе. Спиење одвоено е многу поздраво и попрактично. Посебно ако се има можност во различни соби. Тоа би било идеално.
Леле, јас порано бев многу против ова, многу ми беше некако... ладно, премногу индивидуалистичко, како да ми се губеше поентата на љубовта, а сега со либе си збориме да си направиме така во иднината. Да си ја уредуваме сопствената соба како сакаме, а за спиење заедно, кога природно ќе ни дојде, тогаш, дали повеќе за викенд, дали многу ретко итн.
Спиење на двајца во еден ист кревет е надвор од здрав разум и крајно исцрпувачки, а не прашање на љубов или себичност. Кој како сака нека го сфати, али така е.
Ти мора да си мојот бивши. А пред некое време му реков на маж ми сега сфаќам зошто така викаше бившиот.
Ако е некој висок, кељав, што мие по 15 минути раце, заклучува врата по 5 минути, 10 пати проверува дали се е под конец наредено, тогаш можно е да сум јас. Веројатно затоа и сум бивши...Мала шала.
Додека бевме во врска на почеток и спиевме заедно и се гушкавме. Потоа само делевме кревет и спиевме заедно без гушкање, а сега спиеме во различни соби.
Омилените моменти, никогаш не би ми здосадило. Ќе се стуткаме еден во друг и така спиеме до сабајле. Кога спијам покрај него, спијам многу спокојно. Најчесто тој е двртен кон мене, а јас со грбот кон него (на иста страна всушност) и така ме гушка цела, а јас нозете ги вплеткувам со неговите. Првиот пат кога спиевме заедно бев многу возбудена, а тој само ми го сврти грбот и исто како и да не сум тука. Сега секој нареден пат е подобар од претходниот.