Имам соковник, океј е ама поубаво ми е рачно да си цедам сок бидејќи сакам бистар сок. Можам само лимон и портокал да пијам, така да не сум го користела доволно за да дадам реално мислење. Не е добар за мене соковников бидејќи не дава бистар сок како на рекламата.
Го земав, и размислувам да го вратам,нема никакво упаство, ни книга со рецепти, треба сам да го учиш. Го пробав во Сабота, правев ориз, зафати малку на тавата, не би требало да загорува, поентата е сам да готви без да мешаш, искрено ме нервира што нема никакво упатство, или книга со рецепти, треба сам да го студираш.Земав и фен, и тој не ми се свиѓа, тежок е, а ништо посебно, и тој ке го вратам.
Барај slow cooker recipes на Гугл, Инстаграм, Пинтерест. Супер алатка е ова, буквално се' можеш внатре да спремаш. Како фенси експрес лонец гледај го. Го немам користено конкретно на Делимано ама имам користено слоу кукери и топ се. Прочепкај онлајн, сигурно ќе најдеш идеи и рецепти конкретно за овој.
Ке го задржам, најдов рецепти на инстаграм, отворив нова тема и овде на форумот, рецепти за мулти готвач, се надевам дека ке заживее темата
Го вратив, чекам замена аир фраер да ми пратат, ке си купам мултикукер од друго место, уште барам, гледав еден тефал во нептун ама го нема веќе, го продале.На фб има една бугарска група, таму има доста рецепти баш за овој на делимано 18 во 1 https://www.facebook.com/groups/1617284585015966/ ама касно ја најдов, веќе го вратив.
Здраво. Ме предомислуваат во врска со сетот ножеви со постоље на делимано. Дали некој ги има и како сте задоволни?!
Јас го имам.. џабе пари Тоа острилата што ги има демек вградено како за украс се..не острат ништо.. Еден од ножевите дури и смени боја на металот, како посветло сива дамка има сега а секогаш на рака ги мијам со обичен сјај единствено постољето е како што беше здраво право.. ако сакаш ќе ти сликам да видиш Единствено тие малите ножиња ги бива..дека се со запци онакви па не мора да ги остриш