1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Деменција

Дискусија во 'Психологија' започната од Bitter-Sweet, 16 јануари 2025.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.563
    Допаѓања:
    10.773
    Пол:
    Женски
    Баба ми има, на мајка ми мајка.. претешко е. Не знаеш кога ќе и дојдат бубачките… урла, вика… еднаш цел ден пробуваше клучеви во вратата, да види кој ќе откчучи.. демек и го украл некој клучот. Цело време некој и краде, се и снемува… а се и е дома. Вратена е во времето, само збори дома да си одела во селото од каде што е. Пред некој ден зборев со мајка ми и се дереше од таму да сум и кажела нешто за нејзините… мајка ми и криела, под нејзините мисли за браќата и сестрите, кои се починати пред години. Вчера бевме на ручек кај мајка ми, беше и она… леле 3 саати додека бевме си ја бараше ташната, почна да плаче дека се и било таму, клучевите од сите куќи… само викаше мајка и да ја земела, се колнеше сама… удираше по масата.. и толку ќе и прекине и после нешто друго и доаѓа. Мајка ми ја чува и секој ден е молење апчиња да се напие. За некое чудо, кога ќе и дојде моментот ако се јавам на видео и го покажувам бебево, и прекинува се и станува свесна. Ко бебево да ја менува.
     
    На Трагедијаупмм, dea.18, Rozevata и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.563
    Допаѓања:
    10.773
    Пол:
    Женски
    Да, баба ми исто прави. Дијагнозата е деменција.
     
    На Rozevata и dea.18 им се допаѓа ова.
  3. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    2.146
    Пол:
    Женски
    Јас многу се нервирам со баба му на маж ми. Не дај боже да ме види, после ден два почнува да ме колне, да збори лошо за мојата мајка, особено пред или за време на празници... си викам да не не е деменција, да не е само злоба..? Колне од младо до старо, а јас се нервирам.. Не за друго, комшииве веќе почнуваат да ме гледаат чудно кај маж ми во зграда, па којзнае што има зборено лаги за мене.
    Од друга страна па ги има симптомиве на деменција... не знам што да кажам
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.563
    Допаѓања:
    10.773
    Пол:
    Женски
    Баба ми најнормална на ручек седиме, бевме во она вила Весница, и се смееме тука се најубаво и ајде ќе тргаме и јас бремена, не пиев, и ај ја ќе возам, и мајка ми ми вика, Феникс, чекај баба ти сака нешто да ти каже.. од нигде ми вика да сум и ги вратела ќебињата и коритата, да не сме имале проблеми, се расправа со мене вика таму на паркингот… а 5 минути пред тоа се гушкавме.
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    1.166
    Пол:
    Женски
    Деменција е... истото го правеше баба ми. Наеднаш ќе ја фатеше и вика и збори лошо и колне.
    Тоа е тоа старското во нив... баба ми не била злобна ни дрска жена, ама како што пишав погоре сите можни фази ги искусивме и видовме.
    Страшно.
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    2.146
    Пол:
    Женски
    Која е фаза ова викањево, колнењево? Ич не се разбирам, а никогаш не била на доктор за ова, одбива. Нејзината матична уште одамна им има кажано на домашните да ја однесат на психијатар или било каков лекар за да и дадат барем апчиња некакви
     
  7. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    1.166
    Пол:
    Женски
    Па почетокот не е таков... почетокот беше подзаборавање и почнуваше да збори рандом работи од минатото.. веќе следната беше будна цела ноќ , дрска... така да почнато е сигурно.
     
  8. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    4.139
    Пол:
    Женски
    Мојата баба по татко беше болна од склероза. Не знам дали е исто како и деменција, но сите симптоми кои ги кажувате на луѓе заболени од ова ги имаше.
    Беше многу тешко, го препознаваше само едниот чичко тој што седеше со неа.
    Од една фаза во друга оде[е. Живееше на село но доаѓаше и кај нас и многу големи промени имаше.
    Се смее и наеднаш и теkнуваше ти која си, каде сум, сакаат да ме убијат викаше во двор. Сакаше да си одi, плаче, моли пуштете ме . И после ќе се смири.
    Им бегаше на домашните во последната фаза, велеше снаата која е во куќата ( стрина ми) дека сака да ја отруе. Тешко е, многу тешко со таа болест.
     
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.727
    Допаѓања:
    10.242
    Пол:
    Машки
    Го пробал некој ова Brain Protect од Natura Therapy? Најдов само една студија што потврдува некакво позитивно дејство и тоа студија направена на само 54 души (24 биле на плацебо, 24 на тоа билката), па не знам дали е превара и кризно профитерство, или стварно има некакво позитивно дејство.
     
  10. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    2.089
    Пол:
    Женски
    Кој специјалист ја одредува дијагнозава ,како оди тестирањето.. ?
    Не се трпи веќе ова секоја ноќ истото.
    Доаѓа до врата од спална и се дере да сме престанеле со викање... среќа само јас се будам најлесен сон имам ама и мене на психа ми влијае на можам да заспијам пак после. Исто трпам за во тоалет да не ја ,,разбудам" па ме болат јајници а уствари она сама си станува кога ќе и се ,,слушнат гласови". А и страв ми е да не одеднаш се изгуби а ја зема ќерка ми ја носи на лулашки,блиску се и секогаш имам некој шо може да помине ама пак се плашам.
    Исто многу ми е чудно што однесувањето и е повторувачко ,односно само со тоа има мака ,секоја ноќ слуша ние да се ,,караме " ништо друго.
    Заборавањето оддамна и е..
    И ме интересира колку време може да биде само со тој симптом ?
    Не прифаќа од мене ништо ,пишувано имам сите што се обидовме да ја убедиме за лекар не направи луди... а матичната без таа да побара не дава упат :|
     
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.563
    Допаѓања:
    10.773
    Пол:
    Женски
    Матичната здрава е? Како може да бара такво нешто од човек со деменција… носете ја на невролог, ние така ја однеспвме баба ми. Она и со ептен напредна деменција, пак вика дека не и е ништо, и дека сме ја правеле луда, а она искача по комшии им тропа на врата и дерејќи им се, ги прави лопови. Баба ми прима терапија, и пак е се бетер и бетер. Скрши колк од што станала во ниедно време клучеви да бара, сме и ги украле.
     
  12. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    2.089
    Пол:
    Женски
    Ох леле. Свекрвава за пред луѓе да речам нормална е ,само со долгогодишна пријателка се испокара.
    Инаку уште првата година кога дојдов сме и украле пари со золва ми заедно не обвини ама ич не помислив на ова. Само на старост препишав... оттогаш имаше илјада дешавки дека и нема нешто и го криеме /крадеме од ножеви ,послужавници сештое. Ама пак некако си викав ајде јас 3 пати помлада сум заборавам не па она. Но ова веќе не се трпи ,цела година помина цели ноќи истото ај претходно ќе прашаше демек шо ни е зошто се караме ти и викаш не се караме она лажете.. ај дека лепенка сме мислевме од кај нив нешто слуша и дури прашавме во смисла гласен тв да не оставаат... они викаат нема тв во таа соба..а во меѓувреме и се преселија.... за да на крај сфатиме дека е халуцинирање. На матичната јас и кажав што се случува и ја замолив филм да и направиме дека е за пензионерите над 75 задолжително да се проверат за од тие работи она ми рече не може некако зборете со неа дека за заборавањето ја носите...
    Не сум сигурна дека е деменција ама во симптомите ја пронаоѓам.
    Тестирањето е како некој прашалник или снимаат глава ?
     
    Последна измена: 24 април 2025
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.563
    Допаѓања:
    10.773
    Пол:
    Женски
    Па не знам, мајка ми и вујко ми ја носеа, ама прима терапија… ее само и краде некој нешто, си седиме на ручек, се супер, ајде да си одиме, влагам во кола и ме вика мајка ми, Феникс дојди баба ти те бара нешто, и ајде искачам на парлингов идам викам кажи бабо, и она седевме што седевме, ама коритото да ми го вратиш, нит има корито, нит имала… 5 минути пред тоа супер беше, и еве моментално е во болница, таа до нејзе што лежеше, побарала да ја преместат зашто психички ја малтретирала…
     
  14. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    2.089
    Пол:
    Женски
    Ништо пак со золва ми да зборам да ја однесе некако макар на приватно ќе платам ,барем да имаме дијагноза. Знам дека при тие состојби само полошо иде и со лекарства ама барем да спие ноќе. Треба и да се породам ,вака нема да може да тераме.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    3.251
    на клиника прават тестирање во форма на пршалник. Барајте невролог со време бидејќи е многу важно да се започне со терапија на време во порана фаза.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    2.089
    Пол:
    Женски
    Знам дека е важно ама не сака да иде никако на лекар.
    Она и ноќе кога станува во дневна да вика зошто се караме не можела да спие 2 пати и станав викам дојди со мене да видиш дека спијат ај јас и мм ќе се преправаме ќерка ми како ќе ја смирам и натерам да заспие во 2 мин ?
    Не идам којзнае шо ќе ми направите :headbang:
    Мислам дека затоа и не сака да дојде ако дојде и спијат ќе мора да прифати да иде на лекар....


    На ќерка ми и вика ако се караат ноќеска дојди си кај баба ,ќерка ми на цел глас и вика значи не се караат.
    Абе не викај дојди ваму јас ти кажав да не им кажуваш дека ти велам вака (во ходник ги слушнав )
     
  17. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.216
    Пол:
    Женски
    Најпрвин мора матичната да ви даде упат за невролог, потоа неврологот ќе ви даде упат за:
    1. психолог- таму тест ќе решава
    2. Лабараторија- тироидна да провери
    3. Приватна лабораторија- витамини да провери
    4. Упат за снимање на глава
    Потоа со сите резултати се враќате повторно кај неврологот и врз основа на сите резултати ќе постави дијагноза.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    2.089
    Пол:
    Женски
    Благодарам
     
  19. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.216
    Пол:
    Женски
    Моментално јас го поминувам овој процес со мајками, ми останува уште снимањето на главата.
    Само знам дека е многу тешко да се убеди личноста да отиде на преглед.
    Мора нешто да направите со време пред да се влоши ситуацијата.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    2.089
    Пол:
    Женски
    Со лесно и на тебе
     
    На AneSk му/ѝ се допаѓа ова.