1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес донирав

Дискусија во 'Канта' започната од Cka, 17 септември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.593
    Со оглед на тоа дека во Хуманитарни Акции не можам да отворам тема, решив тука да напишеме кога ке направиме добро дело за некој.
    Има тема - што последно си купив- но нема тема: Што последно дадов?
    Затоа, за да покажеме дека сме хумани и со добра душа, но и со цел другите да видат дека некој секојдневно дава нешто свое за друг со цел да му помогне, па да почнат и они, ја почнувам оваа тема.
    Искрено се надевам дека ке биде преполна со одговори од феминки кои правеле добри дела - дале алишта во Црвен крст, дале крв, дале храна на некој, му помогнеле на некој во неволја.
    Да почнам јас- на една жена денес и дадов пакетче чај, супа и 10 бујони за супа. Ми кажа дека внучето и е болно и дека има леб, но и треба нешто за да го стопли оти е настинато.
    Наназад имам куп вакви работи правено, но во име на тамата- го пишувам само денешното.
    Ајде нека се полни форумов со добри дела :)
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    А зошто да покажеме?
    Ако треба да поттикнеме хуманост со фалење и покажување тогаш кревам раце од човештвото.
    Се чувствувате како подобри луѓе пред другите луѓе? Не ве разбирам...
    Победно нешто од кажување кому сте му помогнале...јас на таквите ни гума за бришење не им барам од услуга зошто и за тоа ќе се пофалат.
     
    На LittlePinky, sofijanoka, Hipster и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.593
    А зошто да покажеме дека сме купиле патики или блуза? На фалбаџиките да им ги слечеме алиштата нови? Гледам таа тема се преплави од флабаџики и трошаџики. И во ред е. Тоа им е убаво, нека се фалат.
    Хуманитарните акции се јавни, со цел да се подигне свеста и да се донира. Да ги забраниме?
    Победно нешто од непомагање нема,а придружено од фалење колку трошиш на небитни ствари.
    Искуството ми покало дека кога луѓето слушаат за добри дела, почнуваат и да ги прават.
    Значи не е фалење дека некој направил услуга - туку донирал и помогнал. Е сеа, ако помошта ви е- и дадов да ја носи мојата блуза за вечер, пошо дечко и си дојде од Америка- не пишујте.
    По твојава логика, Црвен крст не смеат уста да отворат оти донираат насекаде - треба мудро да молчат.
    Телевиите се преполни со донации, со моменти како лицата ја земаат донацијата - зар не смее да се прикажува?
    АКо може на тв и насекаде луѓето да ја покажуваат својата добрина, зошто на форум не?
    АКо форумов трпи се, може да истрпи и тема во која некој ќе каже добро дело. И ке каже дека дал некому палто, ама немал панталони, а му требале на некој, па некој ке рече, јас имам, ќе му дадам.
    не сфаќам како е побитна тема во која се фалиме со колку шминки и сенки иаме, со видете ми ги алиштата какви ми се и дали да носам сандали со хулахопки, кога може да се каже дали направиле добро дело.
    Фалење и правење добро е разлино - но и поттикот за друг да го направи тоа - е повреден од обично фалење за споствените штикли. Се сеќаваш на филмот PAY IT FORVARD? Таму бараа услуга за услуга. Којзнае колку гнасно го сметаш па тоа.
     
    На Baroness му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Мојата логика е потребата да се напише истото на форум каде и онака повеќето се атеншн хорс.
    Дали реков дека темите за облека и шминка се добро нешто? Не. Дали постирам таму свои слики или се фалам со истото? Не. Од таму прашувам и добивам информации кои ми требаат и обратно, но не и да се пофалам (онда и ова е добро дело, не?)
    Генерално не сакам луѓе и нивни активности кои имаат за цел да се истакнат себе си за ова или она или за овој или за оној начин.
    Имаме форум за хуманитарни акции, во секоја од тие теми може да се напише дека некој донирал, но не, капакот понекогаш се коментари - леле гревче и еден куп некои Шерлок момент на просветление и анализа колку животот е суров,а некој е загреота. А како да ретко наиднуваме на мислења во СДК со истата тематика...
    Услуга за услуга е сосема нешто друго од пофалувањето самиот себе си дека си направил добро дело. Некогаш пазете да не останете засенети од оние кои не зборуваат за добрите дела. Жал ми е тогаш ако постојат луѓе за кои добрите дела и хуманоста е невообичаеност и оттаму потребата да се пофалат, да не не остане забележано.
    Хуманитарните организации поттикнуваат да се дејствува, а не се фалат. Како бивши член на таква организација да не почнам да зборувам колку навистина се хуманитарни и колкави се нивните плати таму...
    Кога има повик за нешто, бидете луѓе и обратете се на истиот и бидете скромни во истото, не го правете со цел да се истакнете, пофалите или затоа што така ќе се чувствувате како подобар човек, а мразите некого или не сте испаднале добар пријател во многу ситуации. Немирната совест води до пофалба и на најситно добро дело. Во најмала рака вие апелирајте ако има потреба некој, но не бидете нелуѓе да се фалите дека сте направиле добро дело.
    Луѓето не ја покажуваат така својата добрина, туку потребата да се чувствуваат самите добро во врска со себе.

    Тоа му е проблем на човештвото, што мора да се каже и да се пофали, што е бенефитот од истото, ништо не прави за џабе.
    А споредбата за pay for forward ти е многу глупа.
     
    На sofijanoka, kravce, TheKiketoo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ви ја читам дискусијата и ве разбирам двете. На Лилит држи вода муабетот дека не е поентата бо хуманоста да се пофалиш и дека нема потреба на разглас да кажеш дека си донирал, ама на Чка држи поише од мој агол, особено зашто ја сфаќам... ако можеш да се фалиш за ново блузиче и тоа да биде кул и едвај да чекаш да го сликаш за да го објавиш, тогаш зошто да не биде кул да му дадеш на бездомник пеефче и да го сликаш и објавиш на ФБ? Дури имаше и една јутјуб акција ваква, ќе пробам да ја најдам...

    Мој став е дека секое хуманитарно дело е добро и ако некој треба да се пофали откако ќе го направи, онда супер, сите нека се фалат, ама for the love of GOD, нека прават хуманитарни дела.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Капетан - Омни, со донираните пари на тој начин си ја купиле хуманоста и сега се фалат со истата, јас не ја гледам разликата помеѓу тоа и парталите. А што се однесува до блузичињата и шминкичињата, одамна го гледам тоа и се смеам, така и имам селектирано девојки на форумов кои ги почитувам и не ги почитувам, што ги сфаќам сериозно и не ги сфаќам сериозно. И такви кои ми се исклучок.
    Интригантно ми е чувството на просветлување кога ќе бидат хумани, толку добро што не може да изостане неслушнато...
    Кога се работи за луѓе, кои понекогаш се суетни затоа што имале проблем ( и не можеш да ги обвиниш, сигурно не е лесно да имаш потреба од помош), фалењето со доброто дело може да има и контраефект. Се ставам на место на луѓето кои имале таква нужност и се ставени во центарот, сигурно не е удобно и после тоа уште 1000 такви ти се качуваат на глава и ти чувствуваш бесконечна должност и срам. Претпоставувам така е!
    За да поттикнеш хуманост има други начини кои функционираат,а не вака, а не статус на фб, а не муабет во друштво. Молчи си и помогни. Се додека се фалат, знај дека истите тие нема да ти бидат добри пријатели,а сигурно не се ни премногу добри луѓе. Што значи...светот останува на исто и тоа е неговата тежина.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    А зошто па да биде фалење ако споделиш некое добро дело што си го направил? Баш тоа може да ја подигне свеста кај некој друг и да го натера и него да направи нешто добро,да донира итн. Мислам дека ако некој каже што добро направил денес не е attention whore туку е само човек кој сака да ги поттикне и другите да бидат како него. Од мене поддршка за темава :)
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ама зошто твојот мерак и замисла за форумот го ставаш пред хуманоста?

    Факт е дека секој начин на кој може да се поттикне хуманост е добар начин. Зошто, заради тоа што тебе не ти се допаѓа, со својата влијателност на форумот ги спречуваш останатите да посакаат и сами да се пофалат откако ќе направат дело?

    Замисли дека ова се случува, а многу веројатно е дека се случува... Чка го пишува првото мислење и под него ти, место таков одбивен став, ја поддржуваш. И следниот ден гледаш дека некоја девојка од 16 години, оставила Јуниор аргета и пола леб на некој бездомник и го сликала. Ти, практично со својот одбивен став, си лишила еден бездомник од вкусен ручек, пошто Јуниор аргета е стварно вкусно, признај.

    Можеби нема да биде повеќе, може само на таа аргета ќе остане, ќе замре темата... ама со твоето влијание, ниту тој еден ручек, нема да се случи.

    Од друга страна, зијанот... не го гледам ако некоја девојка сака да се пофали дека направила добро дело на форум.
     
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Не само што ја користиш твојата дадена помош за Ти да се осеќаш подобро, туку може да допринесеш тој на кој си му помогнал да се чувствува уште полошо. Зезната работа е малце хуманоста, има некоја тенка граница, оној момент каде се јавува некое чувство, дека тој е некој левел подолу од тебе, ти си подобар, посреќен, па уште и му помагаш. Мислам дека целта на хуманоста апсолутно не треба да донесе такви емоции, а фалењето со истата баш може да допринесе кон тоа. Денес нахранив неколку кученца, неколку луѓе кои немаат дом, подарив облека, донирав пари по телефон за некое детенце...сега може да си легнам со мирна совест и да се чувствувам Јас подобро (најчесто тој е моментот што ги води луѓето). Ама не... чекај, дај прво да се пофалам и на светот и светот да ме пофали мене затоа што сум тооолку добар човек, па уште подобро и полесно да си заспијам, нафиксана на тоа его, ставена повисоко на некој левел, ем имам, ем давам, алал да ми е.

    Има други начини на кои може да се разбуди хуманоста кај луѓето, фалењето за истата ама ич не ми влегува во еден од можните и не ми е прифатлив. Да се сликам со човекот на кого сум помогнала? А зошто да му приредувам момент, кој може да му биде крајно непријатен, но ќе се чувствува должен заради едно парче леб.
     
    На Hipster, TheKiketoo, Lilit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Молам? Влијателност на форумов?
    Ај ве молам поштедете од тие работи од твитер, не се потребни и тука. Башка што никаде не апелирам да не се донира и да се биде хуман.
    Ти го сфаќам концептот, не е важен начинот, важно е делото без разлика од што е поттикнато, ама сепак не се согласувам дека е добра човечка особина пофалбата со добри дела. И реков, имаме подфорум ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ со еден куп теми, еве повторувам , подфорум хуманитарни акции со еден куп теми! па повелете таму и фатете се за вашите мобилни и донирајте, доволно е да пишете донирано ако толку ви е ќејф, а не потресителни бајки за дождливите приквечерија, меланхоличните чуства и случајниот скитник во влезот. Ако наидете на човек кој има потреба од помош секогаш може да организирате нешто и да апелирате, а не да кажете еве ја мојата приказна како подарив рибанка леб со аргета и организиран мини огномет и публика која аплаудира. Не е као тоа нешто кое треба да биде нормално? Ако видиш човек во невоља да му помогнеш?
     
    На Hipster и TheKiketoo им се допаѓа ова.
  11. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Дечки бе ме збркавте. Гледам нова тема од пред еден саат што се вика и 9 мислења, си викам ааааа многу денес донирале нешто и ете ги сите да кажат што.
    Кочете малце де. Никој не рече да се сликате со бездомници. Темата гледам е отворена како еден кафе муабет како и сите други слични, и никој не ги отвара сите или постира во нив. Кој сака да си каже што направил нека си каже, дадов десет денари на циганче пример, толку, па дали кажал да мотивира друг, дали да се испофали, што има врска, секој донира заради тоа во себе, некој нема ни да донира најверојатно ама ќе каже приказна(а нема врска дали е истина исто толку како и дали е истина дека користи лореал кармин како оној на постираната слика во лице и тело),оној што не дарува и оној што донира и не кажува на сите ќе си ја одмине темава... и готово.
    Мене ме нервира темава доле во игри фрли нешто на другиот, ама не ја отварам и не „фрлам„ ништо на никој.

    додека сум преброила...моето 12то и пак само 1 мислење е на темава, сите други, и моево, се офф топик :!:
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Значи форумов вака функционирал, некој отворил тема да се пофали, на друг му смета таа тема, на трет му смета тој на кого му смета темата и така се во круг. А да не пишувам јас тука, пак ќе ми се закачи некој без врска како прееска. Да знаев од порано дека нема слобода на говор....
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Ај сега се во ек крводарителски акции, ќе пишам повик, да видиме колкава ќе биде посетеноста од жени на фемина форумот.
    Си дозволувам да продолжам да не ги ценам луѓето кои чувствуваат потреба да се истакнат со добро дело, наместо да биде нормална работа. И истите со парчињата облека или шго и да е. Мојот свет не функционира така, но се додека има среќни луѓе и јас сум среќна на крајот.
    Овр енд аут,ми се допаѓа допломатичниот однос на Имелда.
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.593
    Лилит, и во првиот пост пишав, НЕ МОЖАМ да отворам тема во Хуманитарни, веројатно немам овластувања.
    Понекогаш не мораш да организираш настан на кој ќе пее Лоба за да собереш пари. Едноставно, да го поделиш парчето леб може да даде неколу надеж и убаво на душата.
    тема која требаше да поттикне убави емоции, давање, ширење љубов и позитивни работи, стана тема за хејт и омраза кон правењето добро.
    Не реков да сликате додека давате - само кажете дека сте сториле добро. Тоа ке поттикне и друг да биде добар - особено што има многу генерации девојки на форумот и помладите надежно се огледуваат на постарите. За жал, требаше да дадеме добар пример, ама ете, се стори канта.
    АЈде сега на темите какви шминки сме купиле денеска. Темава кантосајте ја, очигледно многу арно - не е на арно. Излезе дека се фалам, а сакав да ширам позитивна енергија. Очекував навала на постови од типот на И јас сторив добро, ама навалата е од постови - дали треба да постои темава.
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Само модераторите можат да отвараат таму теми и се сосема доволни за ширење на позитивна енергија, колку што може да биде кога донираш...сигурно не е од арно, а второ и темата која ја постираше Evil е сосема ок.
    Не беше поентата хејт и доста вадите од контекст се со аргумент - хејт, туку конструктивна критика. Не *хејтам* хуманитарност, туку критикувам потреба од фалење.
    Вас тоа што ви е позитивно и среќно што сте дале 10 денари некому, на тој некој му се кине срцето зошто морал и жива среќа што го добил и токму од тоа му се кине, зошто се чувствува доволно должен и виновен за својата ситуација, па уште и некој се фали со тоа.
     
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Денеска донирав љубовни бакнежи. Мојата цел беше да го разубавам денот на дечко ми.

    Хуманоста знаете ли дека има и некоја друга страна. Хуманоста не секогаш мора да е во форма на материјално добро. Поминат ден со некој, оној некој кој вие сакате да го направите нијанси посреќен, злато вреди.
    Еден разговор со некоја личност на која гледате дека и е тешко е скапоцен.
    Донација на насмевки...
     
    На Captain-Omni и Cka им се допаѓа ова.
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    До некаде и се сложувам со Лилит.
    Што ако пишам дека денес нахранив бездомно куче?
    Или вчера,утре,задутре?
    Во темата `Што последно си купив`,и јас имам пишувано,но,не е исто.
    Апослутно не е за споредба.
    Во хуманизмот нема фалбаџии.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Темава оди во канта бидејќи нема потреба од неа. Ако сакате да си кажете дека сте хумани, донирате итн., тоа можете да го направите тука opsti-diskusii/humanost-t1167/.
    А и реално гледано, од каде да знаеме ние дали некој навистина донирал, на крајот работава ќе испадне само да се пофали некој, па лажење, па беше така, па не беше така, па само за лајкови...
    Така што, доколку сакате да донирате подобро одете во некоја тема од Хуманитарни акции, каде што навистина е потребна помош.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.