Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    6.920
    Допаѓања:
    23.223
    Не само јас, повеќе од вас овде би се сложиле дека е точно ова што го напишавме јас и Старфиш во врска со помаливе генерации. Општ пример се децата што се пријавуваат за спотот на Кејти Пери.
    Од што е предизвикано тоа? Зошто денешнава младина фаќа "кривини"?
    Несакам да се навредат помалите девојки на форумов, лично за нив имам убаво мислење и на неколку пати тоа им го имам кажано. Но, што со оние деца кои за нивните години не се доволно развиени? На што се должи тоа?
    Чекам ваши мислења, сигурна сум дека темава заслужува посебно внимание. :!:
     
    На Missy99 и beached им се допаѓа ова.
  2. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    384
    И јас сум се запрашала како ли само за неколку години се се промени,што се случува со младите....
    Повеќе не се почитуваат истите вредности како пред десетина година.Не ми е јасно па сега децата што се всушност немаат детство,брзаат да пораснот,ко да ќе и избега и дечкото и проблемите.За се има време.Еве јас кога бев дете си игравме разни детски игри,се допишувавме,бркавме симпатии.....сега нажалост го нема тоа.Изгледа како тоа да било пред 100 а не пред 10 години.Сега во маало нема така да видам деца да си играат,сите на интернет.Девојчињата брзаат дечко да фатат,ги менуваат дечковците како чорапи,покажуваат чуства и манири кон исти пол.Истото се однесува и за машките.Мислам дека сето тоа се должи на напредната технологија,на недоволно посветување на родителите,на друштвото...се слуша турбо фолк и друга музика која нема никаква уметничка вредност.Денес малдината живее во некој посебен свет,а толку силно се заштителе како оклоп да ставиле па неможеш да го пробиеш и мислење да и смениш.Сите мислат дека се во право,никој не слуша совет или пак има почит.Не се однесува ова за сите,но во поголем процент е така.Брзаат,брзаат наместо да уживаат во своите 13-14 години тие се оптеретуваат со проблеми за кои ќе има време кога да се справуваат со нив.Можеби сум во грешка,дај боже да е така,но сепак треба да се соочиме со реалноста.
    Денешната младина има многу лошо држење, изгледа како на грб да го носи целиот терет на денешницата.
     
    На Tanjamm, mileystar, GaY.bOy и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.356
    Денешната младина пред се' друго е невоспитана.
    Уште од мали нозе се намуртени и намќорести, речникот им содржи повеќе пцовки и погрдни зборови, отколку обични како добро утро или повелете и благодарам.
    Тоа го забележувам насекаде, посебно од дечињата кои играат пред мојата зграда. Сите до едно се дрски, некултурни, неприбрани по дома, едноставно безобразни и немаат воопшто срам, ниту страв. Кога ние бевме помали и некој постар ќе ни се заканеше сите со трчање бегавме и се криевме по дома. Денеска тоа го нема. Слушаш само - Ај мори затни се, да не ти го викнам татко ми! :^)

    Не можам да се дрзнам да кажам дека младината е глупава, секоја генерација си носи дебилчиња со себе. Ама се неписмени, тоа е ФАКТ. Во секое време би одбрале компјутер, PS или Нинтендо Wii, отколку некоја книга. Мрзливи се, разгалени.

    Брзаат да пораснат , тоа е точно. Шминката, високите потпетици и сексот сите ги откриваат прерано. 16 годишни девојчиња во дискотека можам да ги помешам со 23 годишни.

    Да не должам, имам ужасно мислење за денешната младина. Секако, вината не ја барам целосно во нив, туку во нивните родители. Но, и брзото темпо на живот и реалноста денеска си имаат свој удел, нормално.

    Некогаш кога ги набљудувам си мислам - добро бре, какво ли ќе биде моето дете? Господ напомош.
     
    На Kimey, Larva, Natali.3 и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    1.767
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со постот пред мене.
    Имам една братучетка, 4 години само што напуни.
    Кога ќе се изнервира секој втор збор и е "Да му се сневиди!" Или пак "Ебате тоа" :fubar: Алоо, мислам 4 годишно девојче, а не па кога ќе порасне.
    Се и се допушта,разгалена, размазена.. до бескрај.

    Да, постојат и други разгалени дечишта што те пцујат ти ржат, а кога ќе им свикаш одма се лигават.

    Добро, младината да почнам да ја зборам.
    Еве искрено да кажам и јас сум помала и искачам некогаш во град по штикли, 1 или 2 пати сум искочила во минич ( и тоа ако под миничот носам хеланки ) , и никогаш со разголени нозе.
    А примери има миниони сега. Докази исто милион. А највеќе ме нервираат тие 2 метра, се ставаат на штикли од метар и на крај 3 метри се високи.. мислам....|( ја штикли носам бидејќи Господ не ми дал дар, да сум висока! :D
    А ми се лоши кога ќе ги видам ВО ШКОЛО со три кила пудра, три кила руж.. црвен кармин...

    Мислам дека ова се е бидејќи родителите се им допуштаат...
    За се се родителите криви.Според мене. :fubar:
     
    На dolly.doll му/ѝ се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    28
    Навистина ,денешнава младина е запрепастувачка. И сметам дека токму родителите се виновни за културата ,воспитанието и однесувањето на младите. А,зошто? Затоа што им дозволуваат многу работи да прават,им купуваат компјутери,телевизори во детските соби ,важно тие се раат,а нивните деца спуштаат порничи од интернет,играат насилнички игри итн. Секако тука улога имаат и околината и друштвото,но во голема мера-родителите.

    Не треба да ја задоволуваат секоја желба на децата.Наместо да ги оставаат да се трујат со такви грозотилаци од интернет и ТВ,треба да се посветат на сопствените деца,да разговараат со нив,да ги насочат кон читање книги и ред други работи..
     
    На Tanjamm и lowely им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.934
    Е вака и мое мислење...Уште на факултет имавме предмет и имаше дел каде се обработуваше нешто што е наменето за ова.Со развојот на технологијата,со промена на системите,кај помладиве генерации прво пубертетот се поместува и се јавува многу порано и со тоа и начинот на однесување и живеење исто не е ист.Исто родителите трчајќи по подобри услови за живот нормално и пари ги запоставуваат децата, а запоставеното време го надокнадуваат со давање и само давање...до размазување до немај каде.Денеска се е сервирано како на тацна се е достапно за вид,слух,допир...така и младите се посмели да видат и пробаат се.Стресот е секојдневен,негативните информации веќе не се прикриени а да не кажувам пак за темата секс..тоа е веќе отворена, а не табу тема.Јас не би ги кривела младите едноставно живеат во многу поинакво време за жал полошо во поголем процент...така да и тоа има големо влијание на нивниот начин на живот.Системот на вредности е изменет многу,тоа сите го знаат и ги прифаќаат како таков почнувајќи од постаро до помладо...За жал големо влијание има се што е негативно од западот, а знаеме колку тука се потпаѓа под истото.Еве јас дадов мислење за тоа кои се причини и влијаниа што денес имаме ваква младина.
     
    На portokalche, verica81 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  7. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    1.730
    :rofl: Не знам зошто ама кога го прочитав овој збор, се скинав од смеење и еве уште се смеам :D
    Мада не е за смеење работава воопшто. Јас имам 18 год, може некој ќе каже и јас сум дел од младината денешна, ама има дефинитивно многу помали од мене што знаат секакви работи :tmi: . Почнувајќи од тоа како девојчињата од 1, 2 година средно одат на школо ........ абе опнала штикла од 10 цм |( мислиш на писта оди. Не се сите такви, ама ги има и тоа многу. Однесувањето им е никакво, никаква почит кон постар, повозрасен а пак за почит кон професор и однесување на час да не зборувам. Сите сакаат да се прават повозрасни, а јас не знам зошто. Едноставно ова ни се најубавите години, место да уживаат во нив на правилен начин, сите трчат по цигарите, демек јаки се тие што пушат, или пак ако се направиш дрво пијан си фраер некој ...... Ај машките нека се опиваат штом сакаат ама кога ќе видам женско од 15-6 години како се мава по улица, ми иде еден шамар да и акнам. Па што гледаат тие нејзините дома? Не знам стварно, за жалење се децата. Сите гледаат да бидат нашминкани, како да ќе им избега времето за шминка :fubar: , а најтрагично е што воопшто не им треба. Па и сите трчаат до дечко, како да е срамно на денешно време да немаш дечко или да не се муваш. Еве баш еден свеж пример ми текна од пред една недела ...... Одам јас со воз за Ск, за запишување ...... И во возот влезе контролор, да ги провери картите. Ама еден убав, згоден беше, мале мајче :inlove: ....... Негде 25-6 години најмногу.
    И гледам завршил работа со картите, и по него се завлече едно девојче ...... Па кога почна на Скопски да тепа оваа, а само 16 сега наполнила, и почна да го прашува овој се и свашта :tmi: ........ Па дали вежбал за да биде ваков згоден, како така да нема девојка цццц :tmi: едноставно без срам и перде :D
    Јас само ја слушам и си викам лелелеле јас не би можела вака ...... Ама тоа е напредни се девојчињава :D ........
    И сега си мислам истото како и Трендафилка ........ Какви ќе бидат моите деца????
     
    На GaY.bOy и lowely им се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    28
    Се согласувам со се` кажаното,но токму мислам дека околу темата секс младите се недоволно информирани ,гледаат премногу порно-филмови,па затоа и настануваат тие сексуални девијации,силовања меѓу малолетници,несакани бремености..Всушност,сексот е табу тема меѓу родителите и децата,недостасува комуникација и затоа младите ја задоволуваат својата љубопитност на други начини.

    А,сексуалното воспитание треба првенствено да се стекне во семејството ,а потоа и од медиумите.
     
  9. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    Сите сте во право за денешнава младина. Еве ме и мене дел од неа и навистина не знам што се случува. како промаршена инфестиција ти е денешнава младина. Безобразие, некое никакво однесување без почит. И спомнавте цигари, штикли, шминки, дрога и алхохоли, порничи и ........ долга низа на неубави работи.
    И вината ја гледам па во родителите, ма да не толку многу бидејќи мене ми било се дозволено па не сум почнала да пијам, па пушам, да земам дрога, а и не сум луда по дечковци.
    И кога веќе даваме примери, јас само ќе кажам дека познавам едно чупче (не дека е само едно) уште во основно ги сврте сите, кој дечковци кој шемечи и сега никој не ја сваќа за озбилно. Ќе речам само ако на форумов има некоја помлада на која што и лета умот па подобро е да размисли како сака да остане запаметена
     
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.148
    Допаѓања:
    13.771
    Пол:
    Женски
    Границите на вредностите се поместија во надолна линија. На денешново дете секој сака да им угоди, родителите им се тресат, им одат по газ, им допуштаат да прават се што ќе им дојде на памет.... па потоа одат по нив и им ги исправаат грешките.
    Отсуства и бегање од училиште, преправање дека се болни за време на испрашување... а потоа родителот ќе дојде и ќе го оправдува, ќе измислува и лаже за него. Наместо да му одржи некоја добра лекција, па другпат и цел ден ако треба таму да седи. За учење да не зборувам... лектирите си ги читаат на нет, книга не пофаќаат и онака знаат дека на крај оценките ќе им бидат супер.

    Потоа излегувањата... јас паметам уште средно бев, а не ме пуштаа подолго од 00:00 часот. Да му кажеш на денешно дете да се врати до толку, ма има куќата во вис да ја крене, па плачат, цимолат, бараат правда. Се враќаат во рани зори, се пијанчат, повраќаат во кревети, а утре мајката фино лепо ќе дојде и ќе исчити.
    Во град се први, уствари секаде се први, вчера се возев во возот, едни спроти мене главата ми ја пукнаа... урлаат, пискаат, врискаат, ни почит ни ништо. Се прават паметни и напредни, незнаат што е вагина, ама битно знаат како да ја употребуваат. Основци зборат за секс, во средно остануваат трудни...

    Божем сегашниве родители, помодерни, пообразовани... ама сепак потфрлуваат во воспитувањето. Родителите наши иако повеќето со основно и средно, сепак успеале да не научат на вистинските вредности.
    Како и да е, тешко на нас со иднина која останува во рацете на младите.
     
    На Tanjamm и viku им се допаѓа ова.
  11. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.206
    Запрепастена сум од денешната младина! Па јас кога имав 13,14 години се плашев да помислам на дечко,а не да зборувам за секс!!! :fubar: Сега веќе 15 годишни се експерти во секс! се распушиле цигари, трева, пијат, шетаат по цели ноќи, се тепаат! Кај му се родителите нив? Секогаш кога ќе сретнам некој наставник што ме учел до 8мо одд, ми вели: “Како што идат се понемирни и понеписмени генерации има... Вашата ми се чини последна беше што имаше почит кон нас!“
    Сите уште од 5 години седнале на фб и не знаат што е играње со врсници!
    Јас не знаев што е тоа интернет, се радував да одам некаде каде што има компјутер за да поиграм! А интернет... добив дури пред 1 и пол година дома!
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.934
    Тоа го кажав во смисол дека сега сегде и по медиуми,на интернет,надвор од дома наоколу не се крие се што е поврзано со тоаМладите тоа го упиваат ко сунѓери.А за едукација и тоа како да се насочат младиве тоа за жал нема,мнооогу ретко преку некакви си кампањи кои не верувам дека имаат некое влијание.
     
  13. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    166
    Јас имам скоро 17 години и ми е срам да кажам дека и јас спаѓам во оваа младина.Па ова што се случува не е нормално.Додека јас на 13 години седев дома со мама и тато имаше некој од генерацијата моја до рани зори што излегуваа и сите им се чудеа како може тоа така.Сега ги гледам овие помалите од мене тоа катастрофи се.Од 11 години веќе почнуваат да излегуваат до 12 и кога ќе дојдат до 7 одделение имаат неограничен излез.Абе кога ќе ги видам како се лигават,како се курваат да ми простите на изразов,ми доаѓа да повратам.Гледам пред некој ден другарка му на брат ми му пишува на мсн леле ако раскинам со мартин ќе се убијам премногу го сакам :fubar: Ненормална работа.А седмо одд. се :!:
    Сега за генерацијава моја.Катастрофа е.Ги гледам сите со цигарчето в уста и зад школо по цели одмори стојат.Секој викенд се камен напраени.Дел од нив,тие што можат да си приуштат и што апла немаат мозок во главата постојано се напушени.На што личи жити се седнат на час и се смее ко зелен затоа што си пушел трева пред тоа.И агресивни од тоа некогаш стануваат.А женскитееее.Секоја е прича за себе.Во животов еднаш облеков минич и цела вечер ќе си пукнев од срам.А ги гледам некои секој викенд миничот опнат,цицките надвор,15 штикла и фураат.Цел град ги поминал,а се прават дева Марија.За шминка ич да не зборам.Ако не се нашминкала ич не доаѓа на школо.Во просек редат по пет кила пудра,две кила руж и еден тон сјај.Како не им е срам ко кловнови се :fubar:
    Имавме лани биологија еден час за секс да зборуваме.Да прашаме и сл.Абе никој ништо не знаеше се некој фалш информации имаа.А повеќе од половина редовно се фукаа со кој ќе стигнат.И проф. не праша дали сме разговарале на тема секс со родителите и кога почнаа сите аууу како да не,па срам ми е,па како со нив да зборувам за тоа....Јас викам да,јас имам разговарано на оваа тема и проф. ми вика кажи што зборувавте и јас кажав.Ко чудак ме гледаа сите.
    За вкусови не се расправа,ама греота е сите турбо фолк што почнаа да слушаат.По цели одмори само Цеца и некој дегени се вртат.Сељачана на нивоу се сите :x
     
    На Avenged и vesevska им се допаѓа ова.
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    1.730
    Брат ми има 11 години и на компјутер само нешто поигрува и гледа некои си цртани на Youtube. И некој ми спомна пред некој ден да му направам и нему фејсбук ........ :fubar: Тоа ми е последно што би го направила за него. Цело лето по 4-5 саата одеше да игра фудбал, не ти знам што и така треба. А на фб нема шанси уште сега да ми седи, па ако сакаат и сите нека имаат. Нека си биде дете во права смисла на зборот. Иначе и јас добив Интернет пред 6 месеци ..... и поарно шо немав претходно.
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    Искрено, како родителите, така децата. Се нема време за дома да се поседи, да се забавуваат со Не лути се човече фамилијарно, па да му кажат некои работи кои треба да ги знаат, па излегуваат и самите и му викаат на децата што сакаш прави, ги пуштаат до касно оти инаку ќе плачеле дека другарите му биле излезени тие не...е па брат, вака се до недоглед, родителите се криви, не застанале да ги воспитаат како што треба. Секоја чест на тие што имаат примерни деца на денешницава. :!:
    Мајка ми има еден убав муабет: нивната генерација била доста запрена, не смееле како сега, на татко и таа му нема глас повишено, а има 41 година еве. Е сега, со татковците од 10 години се тепаат. И затоа секогаш вика, грешката била во нив, на тие што доста му бранеле кога тие биле деца(макар тоа било позитивно, се знаел редот), сега со нивните деца постапуваат ПРЕслободно, ги пуштаат се, демек ќе надокнадат. Ете тоа е проблемот.
     
  16. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    652
    Во ваков контаминиран свет од страна на турбофолкерки и Лејди Гаги, нормално е тоа што и се случува на младината.
    Јас сум дел од неа.
    Се издвојувам од другите. Не се фалам, не се величам.
    Не носам штикли, не искачам во Колосеум и слични “дискотеки“, всушност не искачам во дискотеки, прв бакнеж доживеав летово, секс не планирам у поскоро време. |(
    Се фалат дека не учат, дека пијат, дека се мувале со овој -оној.

    Машките веќе не се машки!
    Чупани, изманикирани... уште и пудра почнале да стават. А се wannabe bad boy.

    ДОБРО БЕ, ТИНЕЈЏЕР СИ!
    Носи се опуштено, а не да изгледаш ко Полумента да ти е идол.

    Уф, се изнервирав.
     
    На portokalche, mims-89 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    1.006
    Еј,вака..секој е различен..Јест да повеќето деца се невоспитани и безобразни...ама сепак некако како го напрајвте ова ...Еве пример сме јас и моето друштво-некој пијат и пушат (од што се прават важни),се шминкаме и тоа да,носиме понекогаш штикли,излегуваме до касно...Ама кога ако не сега ?

    Со секс се почнува прерано да за тоа се согласувам.Ама сепак се зависи до родителот.
    Ако родителот го воспита детето правилно - не верувам баш дека ќе почне со секс и алкохол на 13 години.

    А ова со музикава секој си има различен вкус,така да ...
     
    На vesevska му/ѝ се допаѓа ова.
  18. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    1.730
    Се сложувам за музиката, кој што сака нека слуша :D . Ама ова прашањето ...... Кога ако не сега? .....
    Па имаш 16 години, убаво е што излегувате, дружите и ова она, само да не се претерува. А не се секирај ќе имаш време за се, за излегување, за шетање, немој да мислиш дека само сега на 16 години можеш да шеташ и да ти биде интересно. Се во свое време, инаку сега ако израшеташ се, после нема да ти биде интересно.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Harlow

    Harlow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    104
    Сите постари што ја критикуваат нашата младина- нека не забораваат кој ја израсна.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    226
    ооо премија е ако имаат по 16,јас ги гледам и 11,12 годишни со минич,со 12ка штикли и излез до колку сакаат.Самите родители се криви.Како стигнало времето,кога ќе имам деца,од 5 години ќе треба во дискотеки да одат....
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.