1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.610
    Допаѓања:
    2.470
    ако толку строго ги осудуваш децата што имаат компјутер во соба, ако толку строго те држат тебе дома.. што бараш ти во 12часот по полнок на интернет??
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Па дома е, не е надвор. Можда компјутерот и е во дневна. :D Шала, ама ми се допаѓа кога младо девојче размислува правилно, имало уште такви браво. :) А не да читам 13 годишни кај шо ме "убедуваат" дека е нормално да се носат штикли на тие години и да се шминкаат. |( И да шетаат до 3 сабајле
     
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    И заборавив да додадам дека ЈАС заразлика од мои другарки кои се помали од мене 1 година летово можев да излегувам најкасно до 9-9:15 а тие до 23 не се прибираа дома. Ама тоа за подалечни места. А на улица(во маало) со другарките седевме до 12-12:30 само зашто и татко ми седеше до касно а и често и покасно од мене. :wasntme: Како и да е, и така ми е страв да одам многу далеку зашто има албанци па често знаат да се закачаат, крадат, плукаат. Не дај боже сам да одиш по улица! И сред бел ден се закачаат. Еднаш почнаа да возат со точаци околу нас и ние избегавме во една аптека. Од тогаш, ако видам така повеќе деца, секогаш се потсетувам и секогаш се обидувам да ги заобиколам, за да не се повтори истото. Уплав имам фатено. :(
     
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.610
    Допаѓања:
    2.470
    Оние кои навистина се строго држени и имаат контрола од родителите и не им е баш дозволено после 12 да сурфаат на интернет, да се зачленуваат по форуми и слично..
    немам ништо против неа, далеку од тоа.. само мислам дека ова што го напиша наликува на некаква приказна во која сака она да испадне главниот лик кој на крај е најпаметен...

    и да не бидам оф топик подржувам строго држење на децата, за да не се расипат, али не толку многу како погоре раскажаната приказна...
     
  5. baby-doll

    baby-doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    13
    Videte imam 15 god del sum od denesnava mladina... No za sebe bi rekla deka sum malku poinakva od drugite, mislam na mojte drugarki, drugarii itn. Jas ne sum imala seksualno iskustvo i nikogas ne sum probala droga. Piam akohol ne vikam ne, ama piam za nova godina ili za nekoj poznacajni praznici kako sto e 1-vi maj, no nikogas ne sum gledala da se nacukam ednostavno na tie denovi si piam umereno i znam kolku mi e dosta. Istotaka imam probano i cigara, no svativ deka zdraviot zivot so sportuvanje poveke mi odgovara, duri pocnuvaat da me nerviraat koa gi gledam na golem odmor site so cigarite vo raka. I moite roditeli trcaat po rabota, ama sekogas naogale vreme za mene, ne za dzabe rekle sto se saka se moze i ne e tesko.
    Vo osnovno dodeka site mi se smeea deka vo 11 trebase da bidam doma se custvuvav kako izrod, ama deneska sum im blagodarna na mojte roditeli za taa granica zatoa sto za moeto poranesno drustvo koe mi se smeese slusnav mnogu ne ubavi raboti.
    Isto taka otkako go smeniv drustvoto pocnav da citam knigi i iskreno mi se pointeresni od seriskite filmovi. Dodeka pak so moeto poranesno drustvo bev svedok na deca od moja generacija kako se navlekuvaa na droga i pritoa nemozev nisto da napravam, no za sreka bev svesna i navreme se trgnav pred da se sluci bilo sto.
    Pokraj roditelite vazna uloga ima i drustvoto so koe se druzis, no pred se i treba sam da znaes da odlucis kade pripagas, sto sakas i ocekuvas od zivotot. ;)
     
    На blueeparadise и Victorya им се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Ова му доаѓа како зајко му рекол на магарето дека има големи уши, а Дамбо го гледал и се газел од смеење. :) Ќе премолчам сепак. ;)
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Ти премолчи, јас неможам :D 15 години а се мува со 21 година дечко и прашува дали е во ред затоа што љубовта нема граници 8)
     
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Не е само тоа Оффи. :lol: Ама ајде... :D
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ...чекај бе... јас излегував во основно воопшто? :^) Освен во маалото се разбира, но тоа не се важи :lol:

    И Лакримоса, да не се навредуваме те молам. ‘92-ра сум родена, а прилично сум.... нормална. Колку што ми дозволува околинава :lol:
     
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    3.097
    Чекај бре девојче, имаш неполни 14 години, а сакаш твоите да не ти се јавуваат каде и со кого си по 100 пати во ден? :D Јас имам 18, значи полнолетна сум и моите пак ме бараат секој ден по 2 пати. Немој да те избацува тоа од такт, туку биди благодарна на Господ што твоите се секираат за тебе, пошто има секакви родители што не ги интересира што им прават децата, каде се, дали пушат, пијат, се дрогираат и така натака ..... Викаш дека веќе си пропушела, дека друштвото и не ти е од тие најпримерните, па ако твоите не се замараат со тебе, запрашај се до каде би можела да стигнеш??? Затоа не си се жали на родителите, ипак тие ти мислат најдобро. Почекај уште некоја година да излегуваш до 2-3 сабајле :D :D

    Лакримоса, и јас сум `92 па сум нормално девојче :lol: . Али добро се тоа си зависи од домашно воспитување, пред се, друштвото ама највеќе колку ти си имаш во главата. Ако немаш, никој со инка в гла не може да ти стави :D
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ај не туку се жалете малолетници, јас имам 21 па уште ми вртат на телефон кога ќе се задржам после факс и кога ме нема до касно навечер, уште ми мрчат коа ќе дојдам касно па што да правам, баш ми е мило тоа што се секираат за мене, каде сум со кој сум и што правам. И не еднаш се случило кога ќе дојдам од град да ме проверат дали сум пушела или пиела и во каква состојба си доаѓам дома.
     
  12. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Јас сум 22, и мама ми звони едно 10 пати денски, кога сум излезена, а дупло повеќе навечер! Кога имам пиено и пушено ми држат лекции со тато по еден сат, а во текот на денот истото ми го спомнуваат 300 пати! Пред да излезам морам да одделам пола сат за нив, треба да им објаснувам со кого, како и што!
    За некоја подалечна дестинација морам да прашам дали смеам да одам, на пример друг град и слично! Се додека живеам со нив морам да ги следам нивните правила, (тоа го слушам од мама секој божји ден)...но тоа не значи дека јас немам приватност, туку дека тие едноставно се грижат за мене!
    Затоа вие што сте 13 годишни пилиштарки, не кукајте дека сте нерамноправни, зошто спрема родителите секогаш ќе останите нерамноправни, тие се постари, и тие ве донеле на овој свет!
    И доволно ви е 9,10 сатот за тие години! бидите среќни што имате такви родители! (ова ќе го сфатите после 10 години)! Јас да си кажам! :lol:
     
    На blond и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    103
    И јас сум претставник на денешната младината 16 години имам :) И според мене го живеам животот во согланост со годините. Не пијам и не пушам за дрога да не правам муабет... не сум ни многу по журки, така да преферирам денски излегувања на прошетки и по кафулиња, одење на театар или кино, излегувам и навечер само не често и не до доцна докај 12. Мајка ми и татко ми имаат целосна доверба во мене , а ако ми забранат нешто, тогаш знам дека за мое добро и не се љутам и бунтовам. Приметувам дека како што врват годините и како што растам се повеќе сакам да сум дете и не се брзам да пораснам, има време за штикли, за дечковци, за журкања ако почнам уште од сега со тоа понатаму нема да ми биде интересно ;)
    Се зависи до тоа кој каква личност има, каков темперамент, понекогаш и строгоста на родителите можи негативно да влијае... Многу е битно и воспитувањето од страна на родителите, како што го воспитуваат детето така ќе се однесуваа и секако треба да се има почит родителите тие секогаш ни го посакуваат само најдоброто :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Денешнава младина е чудо.Не дека јас сум стара(имам 23 години),меѓутоа денешниве млади навистина претеруваат.Јас до 14 или 15 години играв жмурка во маалото,за разлика од денешниве кои на 13 години имаа дечковци и прават ред други работи.Се разбира има и исклучоци кои се однесуваат во согласност со годините. Сметам дека огромно влијание има и светот во кој живееме.Она што сум сигурно е дека ќе им биде кпиво што набрзина сакале да пораснат,а не да го живеат детствот онака како што треба.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Мој заклучок по постовиве дека се сменило времето, а не младината. Погледите на младите се многу поинакви, имало и тогаш исклучоци што правеле разни глупости, а има и сега. Технологијата оди напред (младите имаат повеќе извори за да научат нешто, а за жал по некогаш го пробуваат во пракса), а исто така и погледите на човекот се изменети, не гледам ништо лошо во тоа се додека има умерена граница.
    Сега малку на форумов сите имаме преувеличено некои работи, како порано да не се правеле такви работи. ;) А башка, верувам дека сите сте направиле по некоја глупост во тинејџерски години.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    фиуу, епа вака не ни сакам да искачам до 2-3, туку до колку ми седи друштвото, а тоа е барем до 10 ипол.а инаку друштвото ми е супер, секогаш знае да ме подржи и отргне од лоши навики, и е баш забавно.а тоа зборев за само шо имав една бфф и малце беше пораспуштена, се шминкаше и ја пуштаа до 10 ипол тоа е само една другарка и веќе не се ни дружам со неа.а и мене не ми е проблем тоа шо се јавуваат ако сакаат и ако треба по 200 пати нека се јавуваат, туку ме нервира односот.каков им е безобразен а посебно на таткоми.кај си бе ти, шо праиш ма ти ма ? уше колку планираш да седиш ? ајде враќај се одма.а шо сум му напраила еден саат нема као сум искочена. а мајками еднаш една другарка ни вика да ве почастам тост и ја океј се јавувам на мајками викам мамо една другарка да не почасти тост ке се вратам само уше 15 мин и почна да се дере ај ти доста со тие твои финти тост,мост а таткоми отпозади од дома нема да искочи и после 2 мин ми се јавува таткоми ми вика од дома нема да искочиш!!еве не пијам, не пушам иам добро друштвоо и шо? ке се здружам со една другарка не им се свиѓа друга не им се свиѓа, трета дружи се со неа ми викаат еднаш се здружив , еј немој ти многу многу со таа ? еј ај логика.и после ја крива они прави.и тоа со компјутерот е дома ко прво и прво а и ни на пц не ме пуштаат вечер мајками ми доаѓа у соба у 15 за 12 ае касно е и тоа у петок легнувај шо е ова на компјутер, со кој седиш со кој збориш шо ми муткаш толку касно? тоа таткоми..а овој пат заспаа и не ми влегоа!и малце глупо ми дое шо сите ко да се против мене и тешко ми падна, али ае и извинете шо може малце дрско напишав ама се изнервирав! позз..
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ^^ Почекај за некоја година и ќе видиш што ќе се случува. Те држат сега вака стегнато, ама ќе видиш за некоја година во средно. Факт е дека забранетото е најслатко, а тогаш сите ќе почнат да прават глупости, колку и да негираш гарантирам дека нема да останеш рамнодушна (не ти зборувам сега дека од 15 години ќе почнеш да се дрогираш, туку за цигари, алкохол и сл. ). А за шминките не знам што толку оспорувате ако некое ндевојче стави умерена шминка (светла сенка, римел, сјајче и малку пудра) за излегување ?

    крај краева треба и ти да си имаш малку приватнос, нормално е да ти се допаѓа некое момче, да имаш симпатија ( oд еден бакнеш и прегратка нема ништо да ти биде, не правиме муабет за друго, за тоа е прерано,) а доколку не е така твоите би требало да се запрашаат што се слушува со тебе.
    Не можат да го пикаат носот секаде.
     
    На k.i.m и blueeparadise им се допаѓа ова.
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    па сега, за пиење не верувам баш пошо ептен ми е бљак.незнам зашо ама неможам да поднесам.мене пиво шо пробав ми е одвратно а не па друго. :D може тогаш нема да ми биде, ама сеа да.а за цигари може ке пушам тогаш а може и не.и да во право си забранетото е најслатко, така било отсекогаш. :) а и за шминка најнормално е ..ама не да се претерува.по сто кила пудра. ја сакам да се шминкам само римел и сјајче, ама ни тоа не ми е дозволено.ајде ке дојде и тоа ваљда со времето. :D
     
  19. Emilly14

    Emilly14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Родителите си ги воспитуваат децата и ги вадат на прав пат али некогаш и тие самите не знаат како да го направат тоа. Имам 15 години, моите ме разгалуваат до бесфест, никогаш за ништо не ми рекле не, имам излаз до 12.30 или ако е некоја појака забава 01.30. И покрај се ова никогаш не сум пробала дрога, алкохол, не сум направила некоја поголема глупост и слично. Имам другарка исто колку мене има години нејзините не и дозволуваат ништо баш ништо. Нема интернет дома (за да не сурфала со машки), има излаз до 10.30 најмн до 11 :^) али тие два саати што ке ги излезе се растура тотално. менува по двајца-тројца на вечер, се дрогира, пие, еднаставно хаотична е. Што се вика како од на синџир пуштена. така да.. не е секогаш до родителите зависи и од крактерот. јас со мајка ми сум како другарка. се си кажуваме и секогаш знае најдобро да ме советува :) За шминка.. ептен малку нежна за излегување само, прочитав некаде за мини нешто се зборуваше само со хеланки се носело - епа јас го носам без хеланки и стварно ми е глупаво кога викаат млади сме биле за мени :swear:

    Не е до родителите - До паметот на децата е :!:
     
  20. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    8.235
    Пол:
    Женски
    Јас пак не ги оправдувам родителите што не ги пуштаат своите деца од дома да излезат,што им забрануваат компјутер,излегувања,умерена шминка,што им ѕвонат на петте минути...Зошто?
    Затоа што еден ден кога детето ќе излезе на подолго време или пак кога ќе отиде на факултет нема да знае што попрво да направи,ќе сака да проба се` одеднаш...И машки и цигари и дрога и алкохол...Полибералните родители секогаш сум ги оправдувала.Моите,на пример,никогаш не ми забраниле да облечам штикла,да излезам да прошетам со дечкото и ако утре сум на школо или пак самото тоа што имам дечко не ми го оспориле се` додека не сум направила нешто лошо,а тие ми веруваат...Што е финтата што ќе си дојдеш во 10,а не во 9 и 30? Ако детето сака да направи глупост ќе ја направи и во 10 и во 9 и 30...
     
    На sweet-star, blueeparadise, macysh и 3 други им се допаѓа ова.