се согласувам со постот над мене ако родителите му забранат на детето да излегува, да сурфа на интернет тие му нанесуват лошо на детето .. па можеби детето ќе избега од школо, ама важно ќе оди во некој кафич и ќе се пијанчи сред бел ден .. никогаш не ми било забрането да излезам, ама сепак не до толку касно .. за покасно има време и јас ги сфаќам родителите .. ама да излевам до ептен касно и да правам работи кои дома ми се забранети, не..! мама и тато нормално како и сите родители кога сум пред пц велат ајде учи, или ајде станувај од прегеска си .. ама никогаш не ми забраниле барем 1 саат на раат да си почиткам на фемина не ми е забрането да се шминкам, иако мама ми вели дека уште сум мала за шминкање и јас сум свесна .. само може малку креон, сјај, крем за лице и тоа ... а и да си ставам некои нападни сенки нема да излезам од дома затоа што ќе ми е срам
Денешната младина не знам кај и е мозокот... Еј се чудам како може 15 годишно ДЕТЕ да е во врска со 24 годишно момче (читај за неа тој е маж) !!!! Која е логиката овде????????? Уффф ми текна, па тој има кола.... Да тоа е
Имало, има и ќе има ! Така сме биле воспитани ние малку постарите.... Но, јас на 15 години прашував дали може да излезам од дома и во колку да се вратам, имав симпатија еден постар од мене 4 години и си велев лелееее тој е голем за мене... А тоа дете....цццццц каде и е паметот????Мисли дека тој ќе и го гали косичето да ја заспие??? Ќе ја гледа и со поглед ќе се задоволува??? Деца, освестете се, не се ку*вајте, цел живот со прст ќе ве покажуваат !!!! Имајте малку достоинство, правете она што ви личи на годините !!!!! Ајт тој што нема памет нема - не може некоја од неговата генерација да заведе, па се фрли на малолетнички П.С сори малце за оф топик ама се изнервирав
Епа темава е конкретно за денешната младина. Значи исклучоци отсекогаш имало, има и ќе има. Имало и порано такви што според твоето „се курваат“ (иако за мене овој збор не постои, да не забегувам од темата натака), а да не се лажеме, и порано имало такви машки што гледале на друг начин, а има и сега. Имало и порано девојчиња што на 12 години се избацувале со штикли, а има и сега, не викам не, само што порано биле во многу помала бројка. Се менуваат времињата, не можеме ништо да промениме. А со тоа се надевам дека ќе бидеме и по open minded.
Ама Вајд, денес 90 % девојчињата се такви... Мојата внука има неполни 13 години и уште сега ја советувам за СЕ! Али нвм то е то !
Ехх а види сега, 99,9 % од нас напишаа дека за однесувањето на „денешната“ младина најголем пример даваат родителите. Сега што правиме од кого го земале примерот, од предходната „младина“, значи ли тоа дека и предходно имало такви деца (родителите на сегашните) ?
сите зборувате за ретки случаеви кои ги има претежно кај децата кои не разговаараат со родителите на таа тема или пак имаат родители кои почесто ја отваараат темата и зборуваат во смисол што тие правиле - горди на своите грешки... Постојат вакви случаеви и ние добро ги знаеме но тие се најмногу до 3 во генерација. Свесни сме за се што се случува и добро знаеме како да се справиме. Не е се во бегањето на страна од разни работи и седењето дома. Со ситуацијата се разрешува очи в очи. И вие да би биле на наше место исто би постапиле. 13години сум и сум во околина каде пребргу растеме - одеме по дискотеки на кафе... Но сме свесни и добро интелегенти и размислуваме на последиците. Тоа што си доаѓаме во 12 часот не треба да го зимате за лошо ако сепак знаете и верувате во нас. Средината е таква и мораме да се снаоѓаме. Можеби делуваме не зрело кога викаме на цел глас, кога се глупираме, кога се смееме, кога си пишуваме срциња, кога се облекуваме како 18 годишни но верувајте не сме единствени и тоа е сосем нормално за децата колку нас. Доколку не го правиме тоа ке живееме изолирано, обврзани со учењето, нема да искачаме, ке немаме пубертет т.е нема да бидеме како сите други - по ваши правила. И верувајте после се сепак сме одлични во училиште. Се трудиме да дадеме максимум во сите полиња - но не во лошите. Иако во сите весници и медиуми пишува каде оди младинава и по кои пороци да признаеме дека сепак не се толку чести таквите случаи и дека сепак за тоа е се виновни родителите. Не се придржуваме кон такви ствари иако изгледаме како да сме на самиот праг на пороците... И уште еднаш И вие да живеевте и да бевте деца во ова време и на наше место Истото ке го сторевте Не правиме ништо лошо да "пиеме" - дали знаете дека чашката од невнимание "забораваме кај ни е " или од "невнимание" ја истураме.. Или пиеме две голтки и едноставно толку. Таа што ке се упие веке никој не се дружи со неа т.е се дружиме но сепак ни е прва на листата - лузери. не пушиме - си го цениме здравјето најголемиот број или немаат дечковци или имале 1-3 а сепак изгледаме сосем спротивно. добро знаеме што правиме позз
Пикн, секоја чест на исклучоците како тебе... Инаку не сум престарена имам само 22 години, но верувајте ме иритираат денешниве деца... И јас сакав да се правам постара, да носам штикли уште од малечка и ред др работи...Имаше девојки кои веке тоа го правеа.Тие беа ГОЛЕМИ мали а јас и повеќето како мене, што се однесувавме согласно со своите години не бевме аут. Девојки, се во свое време ! Се правете сега мн паметни дека се знаете, мислете се што лета се јаде, ако им водите инает на родителите ќе постигнете некаков успех--- во голема заблуда сте.... Не ве напаѓам само ви солам малку памет.. Живејте како ви одговара на годините !
не сум само јас туку и сите тие што те нервираат.. Затоа викаме дека не не сваќате. Ние меѓусебно сите си се разбираме. Но никако неможеме да и објасниме на повозрасните. тоа што сте биле соглсно со своите години тоа била таква средина каде што повекето биле такви а ГОЛЕМИТЕ мали биле како аут. Сега е обратно. Им водиме инает на родителите затоа што никако да сватат дека ние ИМАМЕ ПАМЕТ, и мислам дека и вие иако сте малку поголеми понекогаш и водите инает на родителите. Па зошто родителите не се стават во наша кожа ? како ние нив ги разбираме зошто се грижат.. и тие нас нека не разберат.. доста ние залудно се мачевме со секакви докази да им докажеме
Не сите размислуваат како тебе. Не треба водење на инает и противење сепак родителот знае што е најдобро за неговото 13 годишно дете. Мислиш дека ако излезеш штиклосана и држиш алкохол во рацете си некој фазла од другите? - Не! За тие на твоја возраст можеби си "кул" ама за другите не ти гарантирам баш (од искуство зборувам) И воопшто не е нормално 13 годишно ДЕТЕ да се облекува како 18 годишен човек.
Пинк4евер, колку и да им објаснуваш на родителите дека ти имаш памет или го немаш, тие ќе си терат по нивно. Различни генерации се во прашање. Јас не можам, на пример, да ја натерам мајка ми да го слуша Еминем, исто како што и таа мене не може да ме натера да плетам џемпери Не се ни обидувајте да ги натерате родителите да ве разберат како што вие сакате, бидејќи они се родителите, а ти си сепак, детето. Еден ден кога самите ќе имаме свои деца, е тогаш ќе ни стане јасно колку, како, зашто треба да се секираме и така натаму. .....
Значи нит водам инает со постарите, нит живеам несоодветно со моите години. Само мразам фолирања по форуми, нели ние ништо не правиме, а сите од нас имаме направено некоја глупост во тинејџерските години, значи почнувам од себе, па потоа тргнувам кон околината. Сите сме биле во тие години, јас имам брат кој од прилика е колку тебе и многу убаво знам како тој растел и какво било тогаш времето, исто е да не се лажеме. Со моите родители се бунам затоа што сакам да им го докажам тоа дека времето е сменето. Во нивно време немало интернет, па морало да наоѓаат друга занимација. Има девојчиња што излегуваат по дискотеки уште сега, јас не сакам, нема ни да сакам. Како што не сакам дур седам во парк на клупата до мене да седнат дедовци, така не сакам ни да се собирам на места каде што има 20 годишни. Цигари еднаш во животот сум пробала и знам дека никогаш повеќе нема ни на памет да ми падне да пробам. Алкохол пробав и претерав, се опијанив и веќе нема. Од тогаш пиво не се напив. Се смеев како зелена, излупав 500 глупости, па потоа се чувствувам непријатно, пак - не благодарам. Штикли имам облечено само еднаш во живот, на почетокот на предходниот месец и тоа за на свадба, бев принудена да ги облечам и во краен момент не отидов на свадбата затоа што ме извадија од кожа. Беа со полна штикла со едвај 4cm, но го мразев одразот во огледало кој беше многу поинаков од оној кога носам црвени старки. Ништо не сум пробала само за да излезам „фаца“, впрочем никој не ни знае за ова. Само не сакам да се фолирам дека јас сум светица и ништо не правам на форумов. Во животот сакам да пробам повеќе работи, бидејќи е еден (не би пробала нешто што би ми го загрозило животот, како дрога и сл. да се разбереме). Тоа ти е исто како сега да дојде баба ми на форумов и да ти зборува дека се однесуваш несоодветно со годините. Треба да излезеш во 18:00 за на корзо, да си дојдеш во 21:00 и да си легнеш за утрото во 06:00 да појдеш на нива. А ти во 18:00 стануваш од спиење, во 21:00 излегуваш, а кога они станувале си легнуваш.
Не се работи за тоа дали ке пробаш нешто во животот туку дали ке продолжиш со тоа, или како ке се соочиш понатака со работите кои си ги правел како тинејџер. Јас лично сум правела многу работи како тинејџер, (да не речам сум пробала се) ама никогаш не сум преминала црвена линија.. Се почнува од дома.. Ако добро си воспитан ке знаеш да си избереш и друштво што ти одговара и ке знаш која ти е границата и до каде можеш да одиш. АМа по се изгледа тоа им фали на младиве денес. Не на сите секако, ама на голем дел. - Домашно воспитување!
Не можам, а да не коментирам пак... Сите ги обвинувате родителите, но всушност тие имаат најмала вина. Ако детето сака да направи нешто, без разлика дали се работи за пиење, пушење или бркање дечковци, може да го направи тоа и во 8 саат и во 12. Јас лично познавам едно девојче што мора да биде до 10 саат дома, па секоја вечер се мува со различен и пие. Родителите треба да сфатат дека не можат децата да ги држат под стаклено ѕвоно. Како што некој кажа во постовите погоре, кога тие ќе пораснат и ќе бидат самостојни ќе бидат како пуштени од ланец и ќе сакаат се наеднаш да пробаат и со тоа ќе си направат полошо. Конкретно за темата штикли и шминка: сум облекла штикли за надвор два пати во живот - на мојот 14 роденден (мајка ми ми рече да облечам иако не сакав, поради тоа што другите девојчиња рекоа ќе носат па да не сум се двоела) и на роденден на една моја бивша другарка. Нозете ме болеа ненормално многу. Сфатив дека не ми одговара и повеќе не носам. Дали тоа ме прави помалку добра од тие што не облекле ни еднаш штикли? Ставам ептен малку шминка. За на школо ставам ептен малку кафеав креон на долниот капак бидејќи носам наочари и воопшто не ми се познаваат очите, а за излегувања малку црн креон (повторно од истата причина) и сјај. Сметам дека е доволно за моите години, а за повеќе има време. Алкохол сум пробала една голтка вино како помала бидејќи мислев дека е сок и ми се згади. Не ни помислувам да пробам повторно. Што се однесува до цигарите, не пушам ниту планирам да пушам. Моите пушат и многу ми смета, а и гледам што проблеми имаат поради тие пусти цигари. Од самата идеја да се затекнам со цигара во рака ми се гади. Многу често се расправам со родителите и да, признавам, им водам инат и што би рекла мајка ми "им враќам". Ако тие мене ми викаат, им викам и јас на нив. Не е дека не ги почитувам, далеку од тоа. Но ако на нив не им се допаѓа кога им викам, зошто мислат дека и мене ми се допаѓа кога тие ми викаат? Нивен одговор: "Родители сме ти, ако сакаме ќе ти викаме". Тоа е толку одвратна психологија, како јас да сум нивна сопственост па ајде што сакаат ќе прават со мене. Се може да се реши на мирен начин - истото што ќе ми го кажат со викање, можат да го кажат и фино и полека. Кажав во претходниот пост и ќе кажам пак. Моите родители ме пуштаат да правам се. Ме пуштаат надвор до 12, ме пуштаат да се шминкам итн., и пак не правам ништо што не ми доликува на годините. Не е до родителите. Некои деца имаат родители пропалици што ги воспитувале сосем погрешно, па извлекле поука од нив и излегле одлични личности. Некои пак го сфатиле тоа сосема погрешно и тие завршиле исто како родителите. Секој си е одговорен за своите постапки. До самата личност е што и како ќе направи. ПС. Се извинувам за рефератов
Во потполност се согласувам! И јас сум 8мо одделение и се чудам до каде не води сето ова?! Еден викенд, се сретнувам со една другарка во град и кога ме виде во стартки, се изначуди, ме изгледа целата и ми рече: ама сега си многу ниска (а таа носеше штикли пола метар) Мене навистина не ми беше гајле што мисли, така да со сигурност можам да кажам дека се разликувам од мојата генерација и сум многу горда на тоа! Имам многу голема почит кон постарите, не бегам од часови.. пушење или тревки? - едно големо НЕ, ФАЛА !! Алхохол имам пробано(за жал) па затоа преферирам Фанта кога излегуваме со друштвото
Викате дека ние малце постарите се правиме светици, а јас читам нешто сосема спротивно. Сите малолетни 13-15-16 години што пишавте тука гледам дека вие водите совршен живот за вашите години. Сите ги слушате родителите, не пиете, не пушите, малце се шминкате ова она, верувам дека е тоа така, ама сакам да прочитам и мислење од девојка која ќе каже како го живее животот на тие години и притоа да нема ни С од светица. Такви времиња дојдоа, се манува времето и темпото и начинот на живото, многу убаво кажа Вајлд за со бабата, сите ги обвинуваме младите, а не се тие криви што се учат од нивното окружување, за жал се повеќе деца се како испуштени од раце па медиумите интернетот печатот Холивуд и се остало многу негативно влијае врз нив.
Мимс и мене тоа ми беше поентата.Значи не видов апсолутно ниту еден пост каде некој претставник од денешната младина ќе каже дека пие,носи штикли,се шминка и слично...Сите добри душички на форумот се збрале,ако почнам да копирам 22 страници наназад многу постови ќе се соберат каде сите велат: Јас штикли двапати имам облечено,само лабелце ставам и слично...Океј е,не оспорувам,само денешната младина е многу поразлична од поранешната младина,еден ден кога јас ќе бидам 20-30 години верувам дека ќе ја критикувам тогашната младина...Факт е дека со времето се менува се`,и младината и технологијата и впрочем целиот начин на живот.И еве јас ќе кажам: Имам 16 години,носам штикли,понекогаш потпивнувам алкохол,пушење искрено и стварно не можам да смислам,носам миничи и кратки фустанчиња и што сега? Тоа ли ме прави несовесна млада особа која ќе биде искритикувана од сите? Мислам дека не...
Јас си кажав најреално, што сум пробала - што не. Како прво од здравствени проблеми не смеам да помислам да пушам, а за алкохолот по тоа што ми се случи не би ни пробала пак (сама си знам колку ми е срам во очи да погледнам некои личности по се што пролупав ). Иста грешка по два пати никогаш не правам. Често си се враќам од училиште со оправдувања дека ме болел стомак и сл. (не можам да издржам континуирано 7 часа да седам на столче и да молчам), но сметам дека тоа не ме прави „фаца“. Како доказ на тоа до сега просекот секоја година ми е 5.00. По некогаш се снаоѓам како знам, но имам знаење. Дека се облекувам според моите години можат да потврдат форумџиките кои ме имаат на Фб, обожавам да се шминкам, но никогаш не претерувам. Имам окапувано и до 3 наутро во маало, играјќи карти со друштво. Еднаш појдов на концерт се вратив во 4:30. Моите на секои 15 минути ми ѕвонеа, а јас забушавав. Бидејќи беше во друг град, феноменално си поминав. Доживување кое ќе го помнам цел живот, а споменот немаше да остане ако се вратев дома уште во 00:00, исто така тоа немаше да ме претвори и во подобра личност.
Не е толку битно шминкањето и дотерувањето во миничи и сукњи и излегувањето до доцна колку што е битна општата култура и основното воспитување кои се главен недостаток на голем процент од денешната младина. Едно добар ден да не се кажело, викање и урлање по улици, довикување, повраќање и седење пијан на тротоар, пцуење на јавни места, тепачи во сред центар, сега најнова мода е и да се убиваат во школо средношколците , дофрлување секакви непристојни зборови, девојчиња што не ни слушнале до сега како треба да се однесува едно пристојно девојче а не секој збор „пеер„ „братче„ „копиљ„ , дома не ли ги слушаат со каков речник се изразуваат?