1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    СЕКОЈА ЧЕСТ МЛАДА ДЕВОЈКО ЗА ПОСЛЕДНАТА РЕЧЕНИЦА !

    Редактирам....
    Вајлд, светица не сум била, но моите глупости се една петнаесетина од глупостите што се прават на ваши години. Но добро е пишано погоре во постовите, многу се изместени границите на нормалното. Јас сфаќам, разбирам, но никако не ми влегува во глава овој ваш тренд на американизација на вашето однесување.... :tmi:
     
    На Shontelle му/ѝ се допаѓа ова.
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Тања6, не беа карпи туку скалички.

    Извинете за офф, ама изгледа дека не сфатила убаво.
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Блонд, абе времето е такво. Сакаш нејќеш - те влече тоа како силна вода. Не велам дека треба да скрстиш раце и да правиш глупости со оправдување дека тоа е нормално и се очекува од тебе.
    И јас се запрепастувам општо, глобално зборено од денешната младина - во смисол колку е поразлична од она ние што бевме, ама сепак еве сега да конкретизирам, барем според она што го читам - да ми даде сега некој ќерка како Вајлд, ќе бидам горда со неа. Светол исклучок е! Барем таков впечаток добив и се надевам не се лажам. И има тука и други млади девојчиња кои се исто многу паметни за нивни години, па си викам - не е се изгубено веројатно.
    Сепак, без предрасуди, и без судење. Еве гледам дека ти имаш 22 години, па ја би можела чисто хипотетички, да ти кажам дека си младо пиле кое се уште се формира како личност и веројатно не знае што се е исправно да се прави а што не, но не се осмелувам, бидејќи не те познавам, и плус која сум јас па да му судам на некој?! ;) Така и кај младинава денес, некои се ко од кафез пуштени - некои не. И ептен ме радува дека сеуште постојат припадници на втората група.
    Различни генерации сме, сила на природата е тоа. Ние мрчиме за нив, исто како што нашите родители мрчеле за нас, и како што веројатно денешните млади кога ќе пораснат ќе мрчат за новите генерации кои допрва ќе дојдат.
    А трендот на американизација, не можеш да го сопреш...и мене ми се гади од тоа, но што да правиш :(
     
    На butterfly.mimi, Wild.Child и blond им се допаѓа ова.
  4. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Точно... Многу влијаат филмовите што секојдневно ги гледаме кои се со популарност, дволичност и сл..
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас како што гледам сите воглавно се вртиме околу истата работа.
    Секоја генерација си носи свои предности, а има и свои недостатоци. Ги разбирам сите девојчиња на штикли, нашминкани, што пијат или пак изгледаат недолично! Па и јас така им изгледав на сестра ми и нејзините другарки ,а разлика сме 3 години. Значи за една година колку се менува се, тоа е чудо! Ама нормално е да се менува...и треба.
    Во секоја генерација ќе има и ептен примерни деца, и ептен распуштени. И не треба генерацијата да ја гледаме преку нив ,туку преку некоја средина на тие две.
    Исто така, напоменав и претходно дека родителите не се криви до одреден степен, туку криви се медиумите, филмовите, музиката, што ги опкружуваат младите. И јас еве искрено среќна сум што не сум сега 14 или 15 годишна, па да ми влијае Лејди Гага, американските батаци, лимонада филмовите, предрасудите за геј популацијата итн итн... Ама на голем дел од младите тоа влијае, особено на деца во раст и развој!
    Тоа е тоа.

    Од друга страна пак , погледнете колку млади има што се информирани и напредни. Што можат да седнат и да направат квалитетен муабет. Што се во тек со светските информации.Што се свесни за тоа околу нив и размислуваат напредно. Ете, имаме и на форумот такви. Значи колку и да има лоши страни и да преовладуваат, може да се гледа и од позитивен аспект, без разлика колку и да е тешко.
     
  6. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Ај тоа што се со популарност, дволичност и слично. А што околу тоа што главни мотиви се: сексот, дрогата, алкохолот и други наркотици? Сите тие влијаат кон изместувањето (најсоовдетен збор со кој можам да опишам) на денешната младина вон нормалата. Иако за повеќето од младинава тоа е нормално. :^)
     
    На blueeparadise и blond им се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Хаха, јас пак да коментирам.Скроз сте у право, баш ми кажуваше баба ми ех, какви генерации доаѓаат сега, коа беше мајка ти и вујкоти викавме леле ама се немирни, денешнава младина на се полошо оди, сега викаме леле злато беа нашите, какви се овие денес.Епа коа ние ќе раѓаме деца, они ке бидат катастрофа, ние ќе бидеме злато и така натака. :D А и впрочем, затоа сме млади, да уживаме во нашите најдобри години, но сепак во одредени граници, да не претеруваме, има време и за пијанчење и за секс..ќе иаме и 16, 17, 18 год. па натака за тоа..и за слични др работи.сепак денес, времето е такво, не можеме да си играме со кукли и да играме жмурка, ќе не гледаат ко некои лудаци, мада јас некогаш успевам да се заиграм со некое мало детенце жмурка и баш ми е интересно. :D за сега, доволно ни е онака да си искачаме, да се дружиме со другарите и другарките, барем тоа да го имаме ? божем порано, вашите поголеми браќа и сестри не се шетале вака ? знам дека времево сега е друго и поопасно, со убиства и слични гадни работи, но сепак не може да се затвориме меѓу 4 зида затоа ! и нормално дека не сме светици, но не сте ни вие ! секој има направено глупост во своите тинејџерски години, па што ? најнормална работа.и да сакаме и да неќеме сите наши врсници прават некои глупости и сите најнормално искачаат, нема ние дома да се затвориме и да седиме!ке искачаме со нив. и викате седат 12 год деца до 12 саат вечер. а што за тие шо се и поголеми па седат до 9 ипол на пр као јас ? мада точно е тоа дека ако сака дете да напраи глупост може да ја направи и во 12 и во 8..ама друго е кога дете е пуштено, не баш до кога сака, но сепак во пристојни граници, не праи глупости. не викам ситни глупости..туку покрупни, големи грешки, а тоа што не го пуштаат, или па коа наеднаш ке го пуштат коа ке порасне (или како и да е ) нема да знае шо попрво да напраи, во тоа малце време шо го има, може да има и секс, и да се дрогира и така натака. не дека ја тоа сум го напраила туку зборам на пример.ама сепак некој и да сака да го напраи тоа, еве ја да сакам не би можела еве на пр да се дрогирам или да иам секс , пошо релативно строго ме држат ми звонат на секои 5 мин и неможам мене стравот и совеста не ми дозволува а за др незнам, тие шо немаат ни страв ни нишо, океј. и за крај :

    Yes, i've made mistakes.. but life didn't come with instructions! ;)
     
    На pink4ever и blond им се допаѓа ова.
  8. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    daisy.мило а шо менува работа дали биле скалички или карпи? :D демек нешо многу битно па не сум сфатила па ми реплицираш.важно било ризично.биди ми поздравена.
     
  9. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    секогаш имало, има и ќе има недостатоци во младината .. можеби ќе речете „не, ние не бевме такви какви што сте вие сега“ но и вие сте ги направиле тие глупости само можеби за година - две покасно ... битно тука сте .. па нема само сега такви глупости во тинејџерите, имало и во вас кои сте биле тинејџери..времето е исто за сите само можеби децата се поразлични со поразлични карактери и погледи на светот ;) можеби велите дека идат полоши и полоши генерации, да, можеби ќе доаѓат полоши генерации, но тоа не е одраз на времето во кое живееме, тоа е одраз на домашното воспитување и карактерот на детето..тука некаде се и родителите..не можеме да негираме дека сите млади се совршени..сите млади имаат недостатоци..тоа секогаш ќе остане така! :!: никој не е светец, секако дека постојат млади кои се добро воспитани и не се прават големи - мали :lol: , но дури и тие имаат направено некој глупост..
     
    На blond и baguf4e им се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Темава отиде во правец на "јас сум 13-14 години и не пушам, не пијам, не носам штикли, не носам миничи, не излегувам во диско". Баш ми е жал што се наруши нејзината првична замисла. Видете го првото мислење и ќе сфатите на што алудирав. И да, ако бевте светици темава немаше воопшто ниту да ја отворам.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    и да, заборавив да кажам дека:
    -никој не се родил научен за понатаму да знае се' .. едноставно тие младешки грешки не учат за како понатаму, како до подобра иднина,.. сето тоа се случува со причина, ништо во животот не се случува без причина..
    п.с. со овој пост сакав да кажам дека тие грешки што ги правиме баш сега во младите години ќе ни останат запаметени за понатаму само доколку вистински не сакаме тие да се случат ;)
     
  12. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Да се надополнам
    Остајте не да живееме на наш начин... Што толку запнавте. Се додека самите не стекнеме искуство, никогаш нема да сватиме зошто ве нервираат таквите девојчиња. :D
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Епа баш зашто ве оставаат да живеете на раат уште на 12 години ( wow која слобода) понатака не знаете што да правите со животот, па од расипани по расипани испаѓаат.
    И не ме нервираат таквите девојчиња, далеку од тоа, јас ги жалам затоа што не ја осетиле вистинската магија на детството. Ај која од вас пишува споменар, песмарица, дневник... било што слично. Па јас тоа у наследство ќе и го оставам на ќерката брее :rofl:
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Сите пишуваме и во школо ги носиме :rofl:
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Е сега, во школо ги носите?!

    Па се носи ли дневник и споменар во школо , сите да го читаат?! Нели тоа е нешто приватно. :?:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Што е толку ризично да се качиш по 10 скалички?! Не сум светица, ниту пак сакам да бидам, не сум тука да ви солам памет, тука сум да си кажам мое мислење. Па и вие сте биле за некого "Денешна младина" и вие сте правеле глупости. И не не пишувам дневник, ме МРЗИ, а и немам време покрај сите овие екстерни тестови, испрашувања, повторувања. Тоа е, сите прават грешки, ко вие да се светици. И што ако некој пробал алхохол? Ај да се опил да да го критикувате, ама само пробал. Ко вие да не сте пробале? За сè има прв и последен пат.


    И плус кој ќе пишува сега дневник, во ова време нема приватност.
     
    На Whatsername му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Споменарите со споменарки - да.. - ги разменуваме споменарките
    споменарите со прашања - да - си се потпишуваме
    дневници - кого како.. некои да некои не
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Добро, зошто темава ми ја однесовте во неповрат? |(
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Оффи темава ја сфатив донекаде, ама тоа болдираното во твојот цитат не го сфатив баш нај нај во која смисла мислиш не се доволно развиени?
    Конкретно за децата кои што се имаат пријавено за учество т.е што ги има нивните видеа на страната очигледно се испуштени од рацете на нивните родители или си се снимаат со нивна дозвола.
    Иако не гледам ништо лошо во тоа некој да постави видео на ју тјуб гледам сега тоа е тренд па ставаат секакви глупости , па споредено со овие деца не е ништо, барем се мали никој нема да им се смее.
    Сепак недоволно размислуваат дека секој може да ги гледа и да ја злоупотреби таа снимка, а сето тоа ако нема во моментот да им штети ,
    во подоцнежните години сигурно ќе им се одрази на некој начин ,
    па се може да се случи, познавајќи не нас младите сигурно кога ќе пораснат тие деца од клиповите нема да бидат поштедени од критики и зафркавање на нивна сметка веројатно од страна на нивни врсници,
    па после тоа може да предизвика според мене и низа други проблеми,
    на пример детето да се навреди од тоа и да почне да се срами од самото себе ,
    ама се тоа зависи најмногу од размислувањето на детето, ако размислувало за последиците пред време веројатно не би требало тоа да го објави.
    Клиповите предизвикуваат одредени критики од сите страни било позитивни и негативни.
    Големо влијание врз нас младите, има и како прво општеството , и нашите врсници , ама и гледам и интернетот си го зазема своето место, а би требало родителите да бидат тие кои ќе имаат најголемо влијание врз нас, не викам да не контролираат 24 часа на ден, ама да се има одредни граници.
    Еве ќе тргнам од мене искрено во прво одделение не знаев дека постои интернет , а денешната таа генерација веќе домашна на интернет си пишува, интернетот си има и свои предности, ама и недостатоци.
    Интернетот во одредена мера колку добро, толку и лошо влијае врз младите, особено за оние кои не правилно го користат, значи многу е важно без разлика дали имаат 7 или 17 години да знаат за какви цели се користи интернетот и кое е лошоте влијание од него, односно треба да бидат доволно информирани за тој свет и за неговите замки.
    Да замки, затоа што сме свесни (читаме, гледаме)интернет разговори на малолетнички и манијаци кои сакаат да го искористат тоа, не само тоа и колку средби се имаат случено преку интернет кои завршиле кобно по животот на тинејџери итн.
    Не го критикувам интернетот се служам и јас со него,можеш од него да извлечеш најразлични информации.
    Преку интернет не можеш да знаеш еве конкретно на чет или мсн со кого се допишуваш, не го знаеш идентитетот на соговорникот, а можеш да се претставиш и со лажен, без никој да знае, најважно од се е да ти се заштитени приватните информации или најубаво воопшто да не ги изложуваш.
    Поентата на ова погоре ми е дека факт е дека до пред некаде 8-9 години младата генерација каде што спаѓам и јас воопшто не знаеше дека постои интернет, и секако сите си игравме и со кукли, ама сега од каде потреба од трошење пари на кукли кога на интернет постојат илјадници виртуелни кукли и животни и уште какви ти не игри со кои “поубаво“ се забавуваат децата зјапајќи во мониторот, ама погорните фактори си влијаат на тоа ние не можеме ништо да промениме.
    Лошо е што интернетот има влијание врз размислувањата, не значи дека се што е напишано таму е се точно.
    А девојчињата кои што сакаат да изгледаат повозрасни од што се, сигурно им се чини дека светот на возрасните е многу “поубав“ и “полесен“ па им се брза да го искусат и се однесуваат така мислејќи дека ќе постигнат нешто поубаво или со таквото однесување ќе бидат забележани или можеби повеќе почитувани, или пак и нивните врснички така се однесуваат и тие под нивно влијание сигурно си викаат е кога може таа можам сигурно и јас, или ако не бидам јас како нив ќе ме исфрлат од друштвото.
    Не се сите исти ,зборувам во глобала, ама факт е дека децата се најневини суштества и претерано искрени и наивни и ако не се работи со нив ,ако не им се пристапи убаво, ако не се информираат и воспитуваат како што треба голема е веројатноста да скршнат од патот.
     
    На TheKiketoo, blond и Offspring им се допаѓа ова.
  20. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    offi,се сложувам со тебе дека темава се однесе у неповрат,без везе стварно,дури мислам и невреди повеке да се изјаснувам-ме на неа,помладиве свакаат као демек повозрасниве мислат за себе дека се светици а за нив дека нечинат,јас никаде не сретнав некој од повозрасните да писе-да ние сме светици,или бевме светици.сите ние сме направиле по некоја глупост ко сме биле помали никој не е совршен.и никој од повозрасните нерече-сите млади нечинат сите пушат пијат и се дрогираат,туку дека се изместени границите на нормалното,и дека е голем бројот на млади шо подлегнуваат на лоши влијанија.а не дека се сите такви.нормално е дека има и фини нормални девојчинја,а дека има и од оние другите.светици и светци непостојат.сите сме грешни.и млади и стари и големи и мали.и не ја гледам причината некој да сака да се прикажува себеси као таков....ама има една изрека на шала-со деца на бања ке одиш... :) се надевам дека нема многу да ми се налутите. :) ама еве daisy веке во два-три поста ми реплицира,дали биле скали или скалички или карпи и колку биле :D јас го спомнав само онака тоа,поврзувајки го со друг случај,ама она упорно пак тоа..самата напиша дека биле предупредувани од наставниците да не се качуваат пошо било лизгаво после испадна ја си измислувам.тики ајде како викаат попаметниот попушта,на такви смешни работи немам намера да реплицирам повеке. ;) поздравче.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.