Ме иритира што 90% се заглупавени. Никаква љубов кон уметноста, музиката (онаа вистинската музика, не тони зен и слаткар), никаква логика нема во размислувањата, ни самосвесност ни малку труд и љубов кон просветувањето, образувањето, активирањето и искористувањето на проклетата сива маса во мозокот! Да не зборам за нивните вокабулари. 15 годишно девојче, незнае што значи универзалност, компарација, концизност. Е сега можда ќе речете: што се замислува па оваа па? Ама не е така... Сварно не е така... Не се правам важна, ниту сезнајка, само ми е никакво ова живеење, значи здосадено ми е. Веќе не ми се прават глупави муабети од типот: „кога ќе се видиш со него“, „какви штикли ќе земеш“, „многу е сладок“, или „лакот не ми одговара со чизмите“. Дајте бре малку философија, психологија, музика, феминизам, жени -мажи односи. Таков муабет е интересен. Со такви муабети се запознава вистинскиот дел од личноста... Се изнервирав. Пак.
баш, ама што да правиш а иначе ја уопште не ги слушам ни тони зен ни слаткаристика будалоо -.- еве да си признаам само ми се свиѓаат дали 2 песни од слаткар сум ги слушнала 2-3 пати, ми биле интересни 2 дена - и толку. не ги ценат вистинските пејачи и пејачки и групи, мене од ex yu ми се свиѓаат, а не денешниве гранд - манд, мада и таму може да се најде некоја асална песничка не викам не, ама сепак. еве на пример ја го слушам здравко чолич, фаворит ми е децава се чудат леле оваа кој го слуша, леле пејачон тапа е има 60 години. па што ако сака нека има и седумдесет, ама он тоа што го направил ретко го направиле и другите останал на сцената да не кажам веќе 35 години и сеуште опстојува и објавува нови албуми не ко нашиве пејачки и пејачи на пример ко Ноне, објави 2 албума и ај сеа кај е? или некој ќе биде активен, активен и наеднаш ќе го снема, аш кај исчезна? мада жал ми е за тие што биле стварно звезди и имале топ песни а сеа ги нема више :/ баш нема логика ни во размислување и во искористување на тој мозок што го имаат, ако веќе решиле да се пијанчат и да не се враќаат дома по цели ноќи, не зборам тие што седат до 11, 12 саат туку тие на 12 години шо седат до 3 саат ноќе, барем нека изберат некој спорт, каков сакаат, нека идат на курс, нека пишуваат песни, раскази, да пејат, да прават нешто што ги бива. секој човек во себе има барем еден талент. нека го искористат времето што го имаат а го трошат на глупости. секако не треба само да учиш и да седиш дома и сл. погледај си и ТВ, поседи си на ПЦ, некад искочи до покасно направи некоја глупост ама се во своја мера. поздрав
Океј размишљање. Фората е што сите те гледаат коцкасто кога ќе ги им кажеш што слушаш и што правиш во слободно време. А твоите активности се разликуваат од нивните.
Јас пак мислам дека ти сакаш да се истакнеш меѓу твоите врсници. Не си всушност ти таа која е попаметна или незнам што. Туку баш сакаш да бидеш како нив. Дотерана, нашминкана, на штикли и во дискотека. Знам дека така длабоко во себе се чувствуваш, немој да ми речеш дека не, затоа што тука сме и мене ми се случувало. Ќе сфатиш за некоја година. Искомпексираноста те води до тој степен. Сакаш да се истакнеш, а немаш услови како нивните и пробуваш со нешто ново и поинакво, нешто што ретко некој од твоите врсници е. Облекувањето во црно, со старки, бушава коса и издрпани црни маици е чисто од комплекс на пониска вредност. Ноу хард филингс, чисто забелешка, те имам забележено на повеќе пати на форумов. Неможеш на 15 години кога немаш ништо особено изживеано да гледаш толку сериозно на животот. Па да тераш психологии и што ти не. Се знае на 15 години што се прави. Се има симпатии, се мисли како да им се доближиш *барем пред да излезе ФБ). Од психологија на 15 години никој особено не се разбира. Ама ќе сфатиш...
Ме нервира од МЕНЕ и од моите другарки тоа што иако ке си изнакажеме 50000 грди збора, ке се изоговараме подмолно и грозно и пак ке сме другарки... Зошто? - од корист.. и затоа што неможеш да живееш, да одиш на школо со нив, а сепак да си скарана. А ако се скараш со 1 - се караш со сите. Затоа што сите имаат удел во причината за кавгата. Се обидувам колку толку да внимавам. Еве ке земам пример од другарка. Се зближија со неа затоа што и требаше, и таа како и мене и самите тие што ја искористуваат знаеме дека се е мета на корист. Но оставаме.. оставаме да течат работите... ЗОШТО? Затоа што тие моменти додека те користат си зближена и сите се околу тебе, и тие моменти се незаборавни.. И си викаш Па што ако ме користат? - мене ми е убаво... Е пред малку истата таа ми плачеше што и кажале кога веќе не и требала. И сите грбот и го свртија исто како и секогаш исто како и секому. Ја прашав, знаеше а пак повтори? Кажи ми кој пат е сите да оставаме се да трае?... Знам како и е... ама така и треба, така и мене ми требаше многу пати кога мислев дека е во ред да бидам добра и секому да помагам.. Абе ајде.. НЕ СЕ ОПАМЕТУВАМ. џабе ми е се што зборам. За 2-3 дена можат одма да ме направат најдобра другарка, исто како што и јас можам некому тоа да му го направам.. АМА ВЕРУВАЈТЕ ДАВАМ СЕ ОД СЕБЕ ДА НЕ ГО ПРАКТИКУВАМ ТОА... и да останам иста и на критиките и на комплиментите... нема другарство. Денес си другар со овој сега мислеш дека другата е подобра другарка па си викаш ке ја направам љубоморна старата... нека знае дека тоа што ме познава е гратис.. Заникаде сме.. знаеме... ама не можеме да се сменеме како вие сакате... за таква револуција треба нешто невозможно... ) и не ме критикувајте...
Контам што сакаш да кажеш. Не се ни правам паметна, а и немам некоја посебна причина зошто би се издвојувала и не сум нешто чудно облечена, се носам нормално, дури класика, едино -сакам бледи фармерки. И не не викам дека се разбирам којзнае колку, викам дека не сваќам зошто се замараат со глупости. Комплекси -не би рекла дека имам. Дискотека нејќам, шминка ставам, си се сакам средена -не викам не. И не терам сериозно, без заебанција, значи ептен сум оклештена и се тоа... Ама не ли е малку напорно да се занимаваш цело време со банални работи? Што мислиш?
Твоите години се за да се замараш баш со тие банални работи. Нели секои години со себе си носат проблеми со одредена тежина. Во твоите години би требало да ти претставува огромен проблем ако на пример симпатијата не те сака. Нели, тогаш цел свет е против тебе и жалиш што си се родила. На 20 години огромен проблем би ти бил факултетот и испитите. Или пак ако не си на факултет се нервираш затоа што неможеш да најдеш работа, седиш дома, немоќен а способен за да си заработиш сам. Секоја година си носи со себе проблеми со различна тежина кои во моментот ги сметаме за нерешливи. Сакаш пребрзо да пораснеш, а имаш САМО 15 години. Башка, те читав во темата оргазам и ми е доказ плус дека сакаш да се чувствуваш повозрасна.
а,ова што значи Ганшајн немој да ме сфатиш погрешно,не сум многу постара од тебе,не сакам да те навредувам со цитираното,ама ако веќе сакаш да пишуваш литературно и со убав речник размишљање не спаѓа тука,секако сега не држам овде лекција по правопис само сакав да ти посочам чисто ми падна во очи тој болдираниот збор од цитираното,дури и смешен ми падна. Не мора да значи дека ако некој млад не знае што значи универзалност е заглупавен. Грешно размислување од твоја страна за животот,зошто да ти е здосадено од него? Ако сега ти “здосади“,што ќе биде за 10 години? Ние немаме изживеано ни 50% од него,па неблагодарно е да речеме дека ни здосадил. Секако дека монотони работи ни се случуваат,како што е сега школо,школо,за неколку години,факултет,факултет , па работа,работа,но сигурна сум дека постојат многу начини за некако да се разбие таа монотоност. Со секаков разговор се запознава личноста,а широликите теми допринесуваат за подобро запознавање. Всушност денешната младина сака да порасне мноогу брзо,што е многу неправилно,и јас сум дел од таа, имаше моменти кога бев мала да посакам да бидам дел од светот на возрасните,но колку повеќе се доближувам до тој свет,посакувам да можев никогаш да не пораснам,но се си е предвидено,мислам дека веќе тогаш ќе ми здосадеше животот,ако цело време останев на иста возраст. Ако се однесуваме како повозрасни од што сме, не значи дека другите ќе не прифатат поубаво,напротив можат тоа некои погрешно да го протолкуваат.
Имам сестра која е 7 одд то е 13 год. ми раскажува за тоа како поминува нашкола шо се дешавало и стварно застрашувачки е тоа шо ми го кажвит.сестра ми одит нашкола шминкана основна школа е(и кажав на мајка ми и таа одма да ја одбранит не не се шминкат мала е таа знајт,како и во претходните постови децата имает напраено такви идеални слики на родителите шо мислат дека се светици чист пример ова со сестра ми),(сеа незнам дали и е дечко или симпатија)детето дојде дома ја бараше во 10 саатот навечер,а мајка ми и татко ми ко фрижидерон ладни.никако не изреагираја.а 13 години имат .и да сега и џамкат на моите за нова облека немала никаква облека,штикли,сукни,шо не (а регалон се претурат,а отворија вратана паѓет алишта од сите страни) и плус то држит линија а слаба е чечкалица,кажвит имала некоја другарка фатила дечко 4 одд па незнам колку сменалаод тогаш мајка и ја оставала да имат дечко на таа воздраст а ко била 6 одд му дала на некој што бил 8 одд...и родителите се криви,требит да си поводет рачун за децата. ни јас ни мојата генерација не сме за фалење ама имат и некој воспитани девојчиња...стварно сега ако си примерен,учиш не бегаш од часови,да не пиеш,да не пушиш, и ред други работи те сметет за заостанат...ама ет шо е то е
друг пат не пишувај на дијалект, едвај те разбрав Инаку за сестрати не треба да ја казнуваат или нешто слично, туку да седнеш и да и разјасниш зошто тоа не е добро, какви се последиците, што може да се случи, со примери.. Диета уште сега, не е на арно, објасни и.
После мислењето на Ловли, ќе ја кажам онаа општо позната стара и добра реченица... "Господ дава деца и таму каде што не треба." Ловли не се лути, ова се однесува за таа во шесто одделение што му дала на некој Во шесто бре Во шесто одделение правев куќички од кутии за чевли, за внатре да живеат плишаните мечиња, со алишта од чорапи
Да не испадне дека те напаѓам, ама Ловли, да знаеш дека помалите девојки многу гледаат од постарите. Ти го кажувам ова зошто и јас сум помала сестра, па мојата постара сестра ми беше пример додека растев, за многу работи. Почнувајќи од алиштата, па се до однесувањето и се во врска со дечковците. Ако твоите родители не и укажат дека тоа е погрешно, ти би требало како сестра да и покажеш и да ја насочиш. Навистина е страшно 13 годишни девојчиња да одат нашминкани, а уште пострашно да фаќаат дечковци! Шесто одделение значи уште прцулче во ран пубертет. Стварно мене не ми е јасно како толку работи и се дозволени на сестра ти?
запрепастена сум од нивните постапки и нивните размислувања,секоја чест на исклучоците кои ги има и на форумот.но 95 % се катастрофа.а главниот виновник за тој кој е?основно и елементарно домашно воспитување.значи-да,знаеме дека се во пубертет и со сите последици од него ама ова е премногу,сите по 11-12 године пушат цигари,се пијанчат до касно,спијат со кој ќе стигнат и често практикуваат оралки. срамота.а каде е убавото детство.голема е разликата од денешната младина и од онаа пред 10 години во која бев јас.до каде ќе стигнеме вака-до никаде.до нови болести и до рано презревање на младите девојчиња.па не е интересен животот ако прерано си го преживеал.за се си има време,немора да се исфураме и експериментираме се на 10 години.сум се зачудила и од размислувањето на оние 5 % зошто стварно размислувањето им е на ниво,и се многу повисоко од другите а сепак се задоволни од совојот живот Спојлер да не бидам сватена погрешно од помладите на форумов,не се однесува на сите-кажав,ова е само реална слика која и баба ми ја знае
Ве читав што сте напишале, па ајде сега и јас да кажам нешто на темава . Прво, како постар, како родител и како некој чија професија е работа со млади (професорка ). Родителите денес забегуваат затоа што сакаат да бидат модерни родители, да не се како што биле нивните родители, и тука најмногу грешат. Убаво е да си близок со детето, но детето си има другари, родителот не треба да му биде другар, туку родител. Значи, пријателско разговарање-да, секако, ама и јасно поставување граници што смее, а што не смее, секако според возраста. Друго, од мојата работа во средно училиште во кое се запишуваат и т.н. „послаби“ ученици научив една работа-искрен разговор решава се! Иако сум имала работа со многу проблематични, агресивни или „забегани“ деца, гарантирам дека искрен пристап и разговор дава резултати! Денешнава младина не е лоша, туку постарите не знаат како да се постават. Јас сум нашла заеднички јазик со секакви деца, ама на сите, и на најпроблематичните и на најпослушните им пристапувам исто-со разговор. И ги почитувам. Да, деца се, ама личности се. Не ги навредувам. Им објаснувам што очекувам од нив. Ги учам што е добро, што е лошо. Разговарам со нив колку што имаат потреба, после часови, на одмори... Ми доаѓале деца со проблеми од дома, со проблеми во љубовта... А јас ги советувам и ги учам како да се мои деца. Верувајте, нема дете кое после некое време нема да одговори позитивно кога ќе види дека сте искрени, дека го почитувате, дека сакате да му помогнете. Ми доаѓале родители со зборовите „Кажете му вие, вас ве слуша, мене не“. Не дека не ги карам-кога ќе направат глупост ги карам можеби и повеќе од родителите, ама со аргументи. И мислам дека и родителите треба да го прават тоа. Децата се деца, ќе бидат такви какви што ние ќе ги направиме. Ако јас како професор на повеќе од 200 деца можам да најдам време за разговор, сигурно може и родителот кој има само едно, две... Не дека нема деца кои свесно прават грешки, кои лажат и сл. И мене ме лажеле Ме лажеле и кога сум им верувала, ама не сум кревала раце лесно од нив, и тоа секако им годи. Денешната младина знае да биде и благодарна, кога бивши ученици брзаат да ве поздрават затоа што знаат дека сте се вложувале со нив како човек, не како наставник, сигурно истото би го почувствувале и дома. Пубертетот е незгоден период, хормоните лудуваат, и тогаш родителот треба да има на ум дека тој е родител, а детето е во еден збунувачки период, бунтовно и (мисли) несфатено и тука се гледа умешноста на родителството
Абе ајде ова денес не е младина не знам како да опишам што е . Се само проблеми они големите имале да видат што се проблеми да немаш за леб да работиш на сонцено за денар да просиш па да видиш што се проблеми. Се дечковци девојки цигари и што ти не.Ја уште со сестра ми со барбики си играм они дечковци ќе ми фаќале уште на млеко мирисаат. Ја оа ќе им кажам надвор ај да играме со топка или жмурка брканица они ми викаат што ти е ? Многу се нервирам такви некои и маши и женски си упропастуваат живот..Земале штикли носат се шминкаат цигари (кој како) алкохол ма не постои нормално излегување за нив без тоа.Ма иди бегајј. Имам некои другарки и деца што ознавам не се такви и за нив им се смеат. Чудо од деца. Поарно да се родев у среден век поубаво ќе си живеев него сега !!!
Иако и јас сум дел од оваа денешна младина, морам да признаам дека сум доста поразлична од некои мои врсници. Додека некои мои врснички се качуваат на штикли во ненормално кратки и тесни фустанчиња и одат низ "најјаките" кафичи, јас повеќе сакам да излезам негде со друштвото , кежуал облечена( иако и јас знам да се дотерам за некоја посвечена пригода хах) ама воопшто не ми се допаѓаат некои работи кај некои мои врсници . Зошто толку брзаат да пораснат?90 % од двеојчињата во моешто школо носат прслуци со потпунки или пак пуш ап прслуци со маички со длабоко деколте, и одат и им дозволуваат на машките да ги пипкаат каде што сакаат, други секој 2 мој врсник пуши, мене не ми смета тоа нивен живот што сакаат нека прават , но некои од нив го прават тоа само затоа што мислат дека "кул". Едно нешто ако не им чини мислат дека е крај на светот, а има многу полоши работи од некои бесмислици што они ги сметаат за сериозни прблеми. Мој совет, не брзајте да пораснете, ќе си ги барате годините после.
Не ми се верува дека постои некој возрасен кој стварно го напишал ова Тоа за искрениот разговор - ДА ! Ама најдобро е да разговарате со ученикот насамо затоа што често се правиме "глупави" пред децата, демек не разбираме и дека тоа ке помине. И тоа што ке ви го довериме да биде тајна која нема да ја искористите против нас, некогаш да ни порекнувате пр. Eпа секогаш во истото грешиш, пак ке заглавиш и сл. Како што рековте и со слабите ученици има разговор, само најпрво за да ви се отвори треба да стекне доверба, сигурност, заштита и пријателство во вас.