1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Еве и јас да се вмешам малку во темава :) И ја се наогам во тие години од тинејџерството припагам во денешната младина али стварно има многу деца кои што претеруваат кои што незнаат до каде им е границата. 15 год сум и излегувам и се дружам со сите за на училиште користам само пудро колку да не ми се познава црвенилото на лицето и креон и римел ајде тоа не е ништо лошо но има многу полоши работи кои ги прават другарките и другарите шо се на моја возраст. Пијат, пушат, се дрогират уште што ли не...На една другарка и забите и веке пожолтеле од толку многу пушење по 3 пакли на ден цц јас неможам едноставно миризбата и чадот од цигарите да ги поднесам а камоли да пушам. За излегување пуштена сум до 11 ипол и ни минутка покасно така што бидејки живеам подалеко од центарот каде што излегувам морам да си тргнам со такси 10 минути порано...Ногу од другарките ми имат кажано е што не ли смееш ни 5 мин да закаснеш јас само и вракам да несмеам ни 1 мин а камоли 5 мин...Не носам штикли на училиште сепак имам срам ако ме испрашат на таблата да излезам на што ке личе или пак во сукничка да се облечам за на школо нема шанса.За на излавање си се дотерувам како и секое девојче штиклички и фустанче но не да речеш којзнае колку високи штикли туку колку да ми е удобно во нив да можам да стојам и да одам...Никогаш не сум била пијана а и неможам да се замислам пијана да си дојдам дома па моите ке ме убијат :D А за тоа дека денешнава младина не разговараат со своите родители е до некаде точно, не разговарам ни јас со моите...Но тоа не е до нас тоа е до родителите бидејки јас можам да кажам дека не разговарам со ништо со мајка ми бидејки таа само ми се дере ме обвинува за се и едноставно немам никаква блскост со неа. Иако има и интернет и се ипак треба самиот човек да си е разумен да размислува што треба а што не треба да прави. Си имам дечко не заради тоа да се фалам демек еве имам дечко туку навистина си го сакам и си се подржуваме и двајцата во се. Не е некој фраер да се шета со смкнати фармерки да му се гледат боксерките или да се дига демек еве кој сум туку си е нормален и дури тој не ми дава да се облечам така како што се носат многу од моиве другарки ми вели на што ке личиш така само да те зборуваат и да се вртат по тебе низ градот и ми вели јас те сакам таква каква што си и без шминка и без дотерување така што се е до човекот како што реков се дружам со секој но не зимам пример од никој живеам како што ми се допага на мене а не да гледам од другите. :hai:
     
  2. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Искрено, кога ја гледам денешнава младина, страв ме фаќа какви ли ќе бидат моите деца ако денешниве се вакви... Воопшто не ми се допаѓа ни како се однесуваат, ни како зборуваат, ни како се облекуваат. Мислам дека го прескокнуваат најубавиот период во животот преминувајќи директно од шпилхозни во мини сукњи и штикли. Имам прилика да живеам во мал град каде +18 најчесто студираат Скопје, така да останати се основци и средношколци. Абе шетам низ центар наоблечена со шалови, капи, 100 маици и блузи на мене, волнени чизми, а децава ги гледам со миничи бре и штикли строго 15-ки, со јакни до под гради, абре голи... Па и нашминкани, напудрени, со 300 сенки за очи и дречливи кармини... А 12 часот попладне... Сите што ги видов имаа по 15-16 години... Страшно нешто. Па за во училиште како се однесуваат ич да не правам муабет. Безобразни до крај. Моја блиска личност работи како професор во училиште и еднаш бев присутна додека прегледуваше писмени задачи. Живи неписмени, не знаат правилно да пишуваат, не знаат да се изразуваат... Навистина, немам никаков позитивен коментар од ова што го гледам. :shake:
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    По се што прочитав на темава, работава ми испадна-грешка сме ние повозрасните, нема ваква младина :x Сите не пијат, не пушат, не шетаат голи пи***а и немаат секс на 13-14 години. Па секоја чест бе деца, ама оние кои ги гледам јас, не се малдина, не се тинејџери. Добро, ај вие тука што пишавте, ве читам, одприлика знам за Вајлд што прави што не(ја спомнувам неа, нека ми извини, ама ја познавам мислам доволно :) )ама ако зборуваме глобално, вчудоневидувачки се децава. И некои велите, не биле родителите криви. Е па се, можда не целосно, ама и тоа како може родител да стави точка на последниот негов збор. Сабајлево имав едни гости со деца едното 9 г, другот 6, и знаете што направи татко му? Тоа малото побара да пуфнело од цигарата, и овој на, да се направи важен син му што прави :tmi: |( И после кога ќе порасне нема да биде крив татко му. Море шлакни му една да не му текне да побара глас, а не цигара.
    И плус јас не им го плаќам интернетот на сите малишани, дома им ставаат, а по правило не треба, од таму се учи се што не чини.
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Кате и јас ќе го речев тоа :D Сите овде што пишаа не биле такви. А младинава е зачудувачка, нека не се навредат, ама ми личат како овци без овчар така пуштени и си шеткаат кај ќе им текне, затоа што нема кој да ги прибере! Јас кога сум била мала, не сум смеела на татко ми да му речам "бе" да му се обратам така, а ова денес што е? Никаква почит спрема родителите немаат, а треба да имаат јас сум имала стравопочит. Сите оние што не поддржуваат дете да се тепа во ред, и јас не поддржувам, ама вреди некогаш да му залепиш една васпитна преку муцки па да знае што е за зборување што не е. Им се дава премногу слобода - тоа е факт нумеро уно.
     
    На kate21 и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  5. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Се е до воспитанието според мене.
    Кога ќе бидам мајка секако нема да му дадам на детето уште додека е во градинка да пцуе.Тие родители кои што премногу му допуштаат на детето ја направиле голема грешка.
    Еве пример.Девојче коеучи во моето школо,бага од часови,пуши..што не прави.Еднаш си доаѓа во школо,без ранец така си доша во школски двор...И ја прашуваме зошто не дојде денес во школо?Она рече Па мајка ми рече немораш да идеш во школо.Мајка ми ми дозволи. :|
    Резултат од тоа ?
    Девојчето си избегало од дома.Класниот го викнал татко и за да му каже колку неопрадани има детево,какви оцени има.Од страв избегала од дома и еве веќе 2 ден ја бараат со поллиција.
    А за другиве најлошо ми е што се фалат како се испијаниле,како пушат.... :puke:
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Офи, ама еве не биле родителите криви |( Дека не маваат или дека убаво е така што ги пуштаат како пашити говеда да прават што сакаат. Не бе, еве веќе сите повторивме по сто пати, „бе“ и “море„ на родители немаше, ама сега дури и на сите по улица така им се вика, почит никаква, страв од ништо немаат. А пак за воспитна, е богами, јас не подржувам тепање, јас во животот не сум јадела ќотек ниту еднаш, татко ми знаеше убаво со збор да ни каже што треба а што не, ама сега да сум мајка на некое од оние, кога ќе го видам така до под газ фустанчето и штикла 12 како убаво би и го вцрвила газот па да види како се носи екстра минич :fubar: татко ми и денес не пцуе пред нас, пред деца, а сум слушнала родители кои ги учат како се вели „да ти е*** мамичето твое мрсно“ а децава не знаат ни „м“ да ја кажат правилно. И не е до родителите? Тие не можат или не сакаат да ги воспитаат децата како треба? Мајките каде се? Сакаат да пораснат ќерки курвичиња? Младите изгледа така сакаат, многу ретко да излезе дете за пример, за жал се поретко :x Еее мамо, мамо, а бе купи ми ти мрежа хулахопка и штикла црвена, а не ти поскромно поарно |(
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    За јадење ќотек јадев. Ама ако не јадев немаше да бидам ова што сум денес. Бев (а и уште сум) темпераментно дете и немаше друг начин па некогаш играше ќотекот. Не поддржувам ќотек без никаква причина, из чиста мира да го омодриш детето, ама ако заслужува има да го намавам домаќински па да знае што чини а што не. Како иде времево ехеее.... Тогаш сум ги мразела оти ме тепале, ама сега сум им благодарна.
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Па јасно, а не остави го да ти се качи на глава. Ајде, добро, ја затеравме работава кон децата, ама па ако од мали не ги научиш никогаш нема да станат воспитани млади, тоа на денешницава е реткост, да има култура, понашање, да биде совесно, а сепак да биде тинејџер со сите свои лудории.
     
  9. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    денешната младина е катастрофална само на пиенје мислат катадтрофа па по 100 чаши вино,пиво и после да се чудат од што повраќаат |(
     
  10. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Денешнава младина е за жалење, немаат право детство како јас кога сум играла ластик, криенки, народна итн. За денешниве деца родителите немаат многу време или цел ден се во градинка или ако се повзрасни им остават пари и цел ден не се со нив. Нормално дека ако детето нема доволно внимание од родителот дека може да постане девијантно или ќе се дрогира или ќе се пијанчи или ќе стане геј. Но постојат и многу случаи кога родителот е девијантна личност детето може да биде супер познавам многу доктори кои родителите им биле девијантни личности, и повеќето од нив не сакаат да го следат патот на таквите девијантни родители.
     
  11. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Читам читам читам и неможам да се начитам ...

    Повеќето од коментарите беа од повозрасни .. Само едно да кажам - Лесно е да си повозрасен и да знеш дека детството - лудувањата заминале и да кажуваш за она што го гледаш надвор - комшики - прчли , комшии - ( ај да не кажам што ) .. Но дали знаете какво е чувството да си ДЕЛ од таа таканаречена младина со секакви имиња ( и глупа и проста и имаат се што сакаа и така натаму ) а да се ОДВОЈУВАШ од истата ? :)

    Не - незнаете !

    Дали знаете што значи да се носи пурда секој ден во школо - да се бацуваш секој ден ( женско со женско - жеснко со машко ) - да носиш фармерки од кои пола газ ти се гледа - на наставник да му се обраќаш како да зборуваш со другар/ка - да се вреѓаат машки со женски ( тука спаѓаат најгадните муабети ) .. Дали знаете како е да не правите ништо од овие горенаведените а да морате да ги гледате секој божји ден ???

    Дали знаете какво е чувството кога гледате дека целиот свет на вашите блиски пријатели т.е соученици се распаѓа ?? Дали знаете какво е чувствто кога вашиот другар со кого сте од пелени заедно буквално не станува од компјутерот и не знае како се образува можен начин ? Кога вашата бивша најдобра другарка не знае да чита ??? А е осмо одд ? А на фејсбук истата има над 2000 пријатели од кои 30 не познава ?

    Дали знаете како е кога пробувате да го држите детството да не отиде ?
    Летово излегувале до 4 саатот сабајле а јас до 2 : 30 - ама каде излегував јас а каде тие ..

    Тие под боровите пиејќи - бакнувајќи се со разни машки - а јас ??

    Јас пред мојата зграда - играјќи жмурка - криејќи се од комшиите што сакаа да спијат - играјќи глув телефон и цепејќи се од смешки :) - Искористувајќи ги последните денови од моето прекрасно детство :)

    Незнам дали некој може да ја свати мојата љубомора кон детството на мама и тато - безгрижно детство без телевизор,интернет,компјутер - со радио и велосипед :)
    Игри без крај - разни скршеници без дигање на голема толпа :)

    Јас нити штикли имам нити се шминкам нити во град излегувам - за моите 13 години екстра ми е - ни пцувам - ни пушам - ни пијам - нити дечко имам - нит пак за некоја гооолема љубов плачам :)

    Прерано созреав и благодарна сум за тоа - сватив некои работи и се трудам животот да си го водам во правилна насока ..

    Нема да почнам од сега да излегувам нити со дечковци во темно да се испраќам - нити пак да се карам и гушкам и блокирам на фејсбук со истите .. Нити пак со моите родители се карам како размажена принцеза - Не ме тепаат - се решаваме со голема толеранција - ме разбираат и ми помагаат :)

    Ќе уживам додека да дојдат вистинските проблми - а вие - вие бидете среќни што вашето детство било слободно,интересно и со многу доживувања ..

    Денешните детсва се се едно исти - компјутер - телевизор - цун цун - пиење .. :)
     
    На GarpovaV, mysterious, angelce1 и 18 други им се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Пеперутке мене ми е мило навистина, што сеуште постојат игрите како жмурка и расипан телефон, и што децата сеуште ги играат. Ти на твоите 13 години имаш сосема нормално детство.
    Па 13 години имаш, уште си девојче. За некоја година ќе се соочиш со вистинската младина за која ние тука дискутираме.
    Немој да мислиш дека тоа што го прават твоите другарки и другари е нормално, и дека е прифатливо, дека тоа така доаѓа поради самото време во кое живееш!!! Ти и твоите врсници живеете во едно ифорсирано технолошко време, во кое вредностите се веќе загубени....
    Можам да претпоставам дека секој сака да се вклопи во денешниов начин на живот на младите, ама да си го дадеш детството така лесно за некои глупави работи не вреди.
    Верувај, дека нема да се каеш ако уживаш во детските години што е можно подолго. И како што ќе растеш ќе согледаш дека секоја година од животот си носи нови преомени, и не е уабво да ги форсираш тие промени додека си сеуште девојчица.
     
    На love23 и Buttterfly им се допаѓа ова.
  13. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    3.097
    Пеперутке, супер пост ...... Имаш едно големо :clap: од мене!
    Мило ми е што сфакаш кои се вистинските вредности во животов. Точно е дека си созреала и знаеш што и како сама да направиш. Ех, да беа барем третината како тебе, ќе цутеше младинава :)
     
    На Buttterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.714
    Пол:
    Женски
    Јас само би и се обратила на почитуваната младина да се описмени малку. Се расфрлаат со не знам ти какви мислења, а не знаат да пишуваат. И после сакаат да бидат сфатени сериозно?
    Мислам, сериозно, посветете малку повеќе внимание на училиштето, па после се друго.
     
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Зошто толку пробувате да им го разработите психолошкиот профил, кога сите знаете дека виновен е интернетот?
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.714
    Пол:
    Женски
    На интернетот има и многу корисни работи...
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Корисните работи ги користат веќе созреаните луѓе.
    Се додека на дофат им се многуте социјални мрежи, сајтовите со порнографска содржина, многуте незаштитени податоци кои ги оставаат на секоја страница, не очекувај дека МЛАДИНАТА(зборувам за оние под 17 години), да созрее на правилен начин.
    Тоа што на фејсбук 14 годишно девојче ставила слика со раширени нозе, лижавче во уста, нагоре само по градник и милион коментари од луѓе кои се 3 пати постари од неа, не очекувај дека тоа девојче го користи интернетот за научни цели.
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Корисно е да си информиран и да знаеш повеќе работи, но не е корисно повеќето да ги применуваш.
     
    На viki44e и Phyramide им се допаѓа ова.
  19. Ilina.Leo

    Ilina.Leo Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Се изначитав за тоа каква е денешната младина... Но денешната младина е таква каква што е поради целата ситуација во која се наоѓаме. Како може денешната младина да биде "нормална" кога пред се родителите немаат време да посветат на своите деца. Постојано се во некаково трчањ, постојано во брзање да се задоволат потребите на своите деца, а всушност најголемата потреба на детето, родителската љубов не ја добива. Како може едно дете да знае што е добро а што не е ако го нема родителот да му објасни. Секако наоѓа замена во Интернетот и телевизијата, и секако полесните теми се избираат. Ретките се децата кои ќе вклучат канали од кои може да научат нешто повеќе на било кое поле. А и не се интересни веќе таквите теми. Македонија ни се наоѓа во транзиција, а транзицијата ствара хаос. Хаосот е добар, но бара цврсти карактери. И нормално е што се случуваат вакви работи. Во претходното општество некој друг, државата се грижеше на секоја единка во општество да живее најдобро што може. Но, сега грижата останува на нас самите. А тоа е така тешко... Тешко е детето, на 40-ина години да почне да прооди, да почне сам да се грижи за себе. А овде се и децата, младината што ја споменувате. Од една страна вградуваат кодови од претходното општество во умовите на своите деца, а ситуацијата драстично променета. Владее и стравот. Поради него лошо се однесуваме со другите луѓе, се плашиме нешто да не ни биде одземено, нашата интима. А само неколку години претходно сме уживале во друштвото на тие исти луѓе. Не е можно и тие така драстично да се променети. Променета е средината и секој се "снаоѓа" на свој оригинален начин. Не треба да се окривува младината, на младината треба да се помогне, младината не знае... Барем да го знаеше значењето на зборот: "Како беше во наше време" Барем да можеше да копнее, да живее со мислите во минатото. А нашата младина да не кажам лута, се бара, бара што е добро а што не е добро. Што е во ред, а што не е во ред. Кој треба да се задоволи, родителите, средината,... А сепак треба да запомни само едно... Треба да ја бара вредноста во самиот себе. Заради тоа треба да ја развива таа вредност, да биде уште повредна. Треба да се гради да стане млад, здрав, непоколблив млад човек, кој стои цврсто на своите нозе. Кој не потклекнува на најмалите проблеми и не трча веднаш кон зависностите за да ја ублажи својата болка.
    Храбро напред млад човеку, вистинската битка сам ќе ја препознаеш, и ќе знаеш кој е патот од кој не треба да се откажеш.
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  20. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    денешната младина е производ на денешното општество,а денешното општество воглавном го креирате вие постарите!
    Не дека е за фалење,напротив. Ама најлесно е да коментираш од позиција на набљудувач.