Во што уживавме во тоа време: 1. Секое утро ја чекавме новата епизода на „Тропска горештина“ 2. Мобилен телефон беше дозволен само на возрасните, а оној кој имаше пејџер беше фаца. 3. Игравме „на тапка“ и „џамлии“. 4. Девојчињата играа ластик, цигари, штркот бара боја, плочка. 5. „Сакате ли војна“ беше доживљај. 6. Собиравме албуми „Ав, ав“, „Space Jam“, „Барби“... 7. Плачевме кога умре татко му на Симба. 8. Мајките не викаа од пред врата за да се прибереме дома. 9. Излегувавме во “МНТ“, „Мусандра“, „Булевар“, „Кабрио“, „Сабвеј“, „Уна“... 10. Носевме „Phard“ и „Бенетон“. 11. Сакавме да живееме како во „Беверли Хилс“ 90210. 12. „Дајте музика“ и „Бушава азбука“ ни беа омилени емисии. 13. Безгрижно си игравме по цели денови на улица, се каравме кој да биде во средина на „народна“ 14. Заспивавме со „Мечето Ушко“ во 19 и 15. 15. Гледавме Cartoon Network по цел викенд. 16. Собиравме жетони тасо. 17. Авионите фрлаа летки, а ние се собиравме и викавме „Чичко пушти леткиии!“. 18. На трага од авион “Прва моја среќа“. 19. Лепевме постери од „М&М“, „Cioe“, „Bravo“. 20. Излегувавме на кругче. 21. Фризура со кремче беше хит. 22. На зимски распуст сите следевме „Зимска рекреативна програма“ . 23. Имаше опасно добра шема на лизгалиште. 24. Одевме на зимување во Крушево во Шуламина и Илинден. 25. Славевме Нова година во куќи и станови и не бркаа во 01.00 по полноќ затоа што правевме бељи, а и толку ни беше дозволено од дома. 26. Носевме комбинезонки од МакЏинс и фармерки цевки. 27. Читавме „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“. 28. Одевме во „Египет“ и „Малага“ на сладолед. 29. Бевме безгрижни и среќни деца! ...денешната младина не ужива во вакви работи Превземено од http://www.crnobelo.com
Бланка баш ми наврати убави спомени, а денешниве деца појма немаат од вакви работи и уште од 15 години пишуваат и прашуваат во темите за секс и уште па се горди со тоа (со исклучоси). Жалосно...
не викам дека и јас сум престарена али имав нормално детство. Знам дека во 8мо играв ластик (и тоа прилично добро ), знам дека се собиравме женски со барбиките и им шиевме фустани. Првите штикли ги купив на крај на 2ра год. средно (додуша тоа не беа штикли, штикличето беше едвај 2 цм од земја, само колку да се рече дека ми тропка). Можам слободно да кажам дека сеуште немам облечено толку високи штикли како повеќето 8моодделенки или 1 год средно. А глетка што највеќе ме погоди беше кога летово си идев до продавница и едно девојче што сега е 4то се лапаше со еден што сега е 8мо. Ми идеше да ги издигам на клоци. Јас би кажала дека децава буквално не се нормални. Јас сеуште несмеам да му повишам глас на татко ми, а камоли да се расправам. Цело време се прашувам што ќе биде со моите деца кога ќе ги имам. Ќе имаат ли секс кога ќе појдат 1 одд во школо? Имам помал брат што сега е 1ва год и многу му зборам што и како несмее да прави. Се надевам дека нешто ќе допре до него. Ах леле, а тие неговите другарки колку неможам да ги смислам. Цело време се лигават на тел.. срце душо, ЦУЦО... јас на дечко ми така не му се обраќам....
beached таканаречените набљудувачи ја проживеале таа младост или се наоѓаат во длабока па така нив им е полесно да коментираат, на младината мислам дека и е потешко за коментирање бидејќи и таа истото го прави и донекаде го оправдува тоа па затоа и е тешко да биде објективна. Нашите дедовци кога биле колку нас немале ни дигитрон, па камоли компјутер.
Lux разликата е во менувањето на вредностите кои денешната младина па и ги нема баш во изобилство. Сега нормално е да бидеш хомосексуалец, сега е нормално да шмркаш црти, да пушиш џоинт, да се муваш со 3ца во една вечер зошто ти се може. Поради тоа некој од 40-50 години нема да разбере, бидејќи пред 25-35 години во негово време било поинаку. Сега гледам нормално им е да се враќаат во 3 навечер,а имаат 13-14 години. За мене не е, бидејќи во мое време генерацијата имаше до 11,30-12... МАКСИМУМ до 12,30 излез. Уште поневерно им е на уште постарите од мене кои се враќале на тие години и во 10,30 (времињава се во pm) Taка да да дефинираш млад човек,а си постар неможеш, бидејќи времињата се менаа. Ех кога ќе помислам кој луксуз беше да имаш телефон со ИГРИ, со ПОЛИФОНИЧНИ мелодии.
Налетав на една песна, случајно додека си “шеткав’’ по сајтовите. И еве ја, да ја споделам, па можеби некој ќе се пронајде во неа. (преземено од ilike.mk) “И јас сум дете!” Не давај ми мајко ластик, со штикли ластик не се играт! Не давај ми мајко Бекутан крема, со мојта пудра не е во шема! Не давај ми мајко лижавче, за него нема место до моето цигарче! Не давај ми мајко “Наш Свет” да читам, за КОСМО ќе треба по улици да питам! Не давај ми мајко од кајсија сок, кришум пијам водка ко смок! Нит ми дај цртан да гледам, јас само Фешн ТВ следам! Тук ми шминка мајко дај, ф’стан танок, деколтиран и краток, да фатам момак сладок висок до папок! Ние не сме моми фини, не сме верни ко Санто од Бандини! Па што ако школо немам, богат маж ќе си земам! ќе има и за мене… и за тебе… а него мајко… кој го е*е!
Хахахахахахаха, леле Старфиш, ме изнасмеа Не е за смеење, туку за плачење, бидејќи се е точно. За жал .....
Ашлинг па и од твој аспект и ти си во право , меѓутоа ете не мора и возрасните да го имаат проживеано тоа што денес младите го живеат , точно времињата се менуваат па си се прашувам што ли ќе живеат младите кога јас ќе имам 60 или кога тие што имаат сега по 10 ќе имаат 70. Тогаш нив кој ќе ги разбира ако претходната генерација не правела како нив. Мислам дека и возрасните треба да се стават малку на место на младите што би правеле тие кога би биле на нивно место кога веќе не го живееле тоа време во тој период. Ако нема разбирање само критикување и осудување денешната младина ќе биде секако безнадежна, а тврдам дека не е така во поглед на образованието има квалитетни луѓе кои се трудат и вредат,но мислам нивниот процент е мал или среќата си ја бараат во странство, а во поглед на однесувањето и културата ја се тешам кога гледам како се однесуваат некои тинејџери надвор од Мак. да не зборувам за тие игрите во Русија на железничка, само ќе кажам и од лошо имало и полошо. Секако дека не се за оправдување тие што се дрогираат и што пушат од мала возраст , поарно кратко фустанче него тоа, ама за тоа се криви родителите, тие тоа им го дозволиле на некој начин, ајде без нивно знаење да го прават,ако не се свесни дека тоа е штетно мислам никој не може да ги воспита, свеста е многу битна да не бараме после кривици ни родител е крив после ни никој ако поединецот не е свесен што прави. Ама секако и младите треба да се стават на место пак на нивните родители т.е на возрасните за да видат како тие отприлика би го гледале тоа, да си замислат на пример како би им било нив да си ги видат децата во минич со гаќички што ѕиркаат одоздола или со цигара во рака е убаво би било само да си ја претпостават таа нивна реакција и мислам ќе им стане јасно, ама се прашувам дали тие размислуваат на тоа..
konecno najdov srodni dusi jas imam samo edno da kazam roditelite se krivi 50% i pojke kolku mi e zal ponekogas za decata vakvi so se mislat deka znaat mn a vsusnost nisto ne znaat i nisto nemat videno i nikakva rabota nemaat napraeno kakva sto ja nemaat napraveno drugi pred niv jas velam deka treba da se vospitaat i da naucat za GOSPOD poveke da mu otvorat biblija pred niv ama so vreme da stanat luge denes nema granica mladite ne znat za GOSPOD ne znat so e loso i so ne cini se pravat sprotivno se so e loso za niv e dobro se drogiraat nemat opsto poznavanje od nisto se prat sankurinja mn se pijancat se kurvat ama ako se si ima svoja cena za se se plajka tesko mu na roditelite nivni nekoe devojce piselo ako ne sega koga? kako koga na 16 god zivotot ne e pocnat znajs ti kolku se do 80 god daj BOZE i pojke ne se malce za se i se coek da vidi ama ako ne ste vie krivi krivi se tie so ve razgalvat so ve mazat mene iskreno mi e zal iljadnici ne znat so prat i kaj ja pikat glata od maldite lugeto ne znat za GOSPOD ko ke pravat loso znaat samo koga ke mu pravat loso togas go barat NAJSVETLIOT ama jas znam tolku prosti primeri na primer pisi dete vo kladilnica ili ness taka primer i ako ne fati nemalo GOSPOD pogolemi gluposti nemam slusnato ili na test ako padni nemalo GOSPOD cisti gluposti ne gi znat osnovite na GOSPOD koj e kako e koj e sin mu niss a za toj drugiot za princot na ovaj svet negovi deca stanvat i ne se svesni deka e taka golemo loso ke padni nad site i togas ke se setite na ovaj zbor i se ke bidi od nasite glavi nicii drugi[mod-tekst:141x4ypp][/mod-tekst:141x4ypp]
Остај те го брзиот развој и такви глупости брз развој за шо за дрогирање? За то не треба брз развој за то треба да си остаен од дома како пусто гојдо и да праис шо сакаш ние не бевме "брзо" развиени оти не ни беше остаено да прајме шо сакаме и немавме интернер и брза информација како овие луѓе сега шо имаат ние излези надвор фудбалот ајде мајка до вечер играј нема врска брз развој. Ќе гледаат телевизија ќе гледаат интернет и копираат то шо ќе го видат и ги глумат карактерите на тел. шо ги гледаат демек ние глупи бевме во нашето време? Не само немавме таква брза и достапна информација и фала му на ГОСПОД за тоа оти се шо имам јас доживеано како дете за овие е поим.
со самото тоа дека се раѓаат сите со компјутерите во раце,со мобилни телефони од јаки марки,со се и свашта што ќе посакаат се си добиваат,денешната младина е вака расипана. немаат елементарно познавање од општа култура,ни од ништо. немаат никакви игри,излегуваат по кафичи на 12 години кога ние миженица игравме кај баба ми. незнаат ништо,да не се налутат ама ги нема мирните деца,кои се послушни на своите родители(0,5%-можеби ги има) незнаат едно добар ден и пријатно да кажат,разгалени се и многу невоспитани-срамота се револтирам на вакви теми кога е во прашање денешната младина
Мајка ми некни сретнала некои деца по 7-8 години со петарди. Им рекла дека може в рака да им пукне и без рака да останат. И едното и одвратило: Шо те боли тебе, ма?
Ајде сега чика бомб образложи го мислењево во врска со темава, да не помислам дека е офф , те сфатив дека ги прават сите глупости вадејќи се со оваа реченица или? Ајде појасни ја реченицава (чисто ме интересира, да не помислиш дека ова е провокација )
Нема проблем Сметам дека ако денес си најнормален, паметен, мирен, ‘бубалица‘, не пиеш, не пушиш, искачаш до 11-12, а не до КОЛКУ САКАШ, е тогаш не си нормален. Денешницава е полна со незрели тинејџери и тинејџерки чиј живот се сведува на ПИЕЊЕ, ЖУРКАЊЕ, ИСКАЧАЊЕ до ниедно време, ПУШЕЊЕ и тоа е сосема нормално за нив. Не можам многу да пишувам реферати, и затоа гледам да го сведам моето мислење на помалку реченици па можеби затоа моите коментари ви изгледаат офф. Мислам дека ме сфати што сакам да кажам. Поздрав
Те сфатив многу убаво Чика што сакаш да кажеш, ама ако ги правиш тие работи, пушење, дрогирање, ако имаш ограничено време за излегувања, ако си мирен и бубалица си Ненормален ама кај врсниците така? Сигурно дека тие повозрасните, позрелите не би помислиле дека децата ова што го прават е добро, дека е нормално? Што би рекле младите за нивните врсници што не сакаат да излегуваат, што не пушат, што не се дрогираат,а што повозрасните баш ме интересира ? Дека не се нормални? А зошто? Зошто тие не им се пример туку тие другите.
Мене моите ми викаат каква младина, јас викам на помалите, дедо ми и баба ми викале на моите.....и се така до недоглед. Ништо ново, се менуваат времињата. И секогаш постарите ќе се чудат на помладите. На баба ми и дедо ми им е чудно коа си доаѓам во 2 од излегување а иам 22години. Мене ми е чудно пак коа гледам деца по дискотеките....нив ќе ми биде чудно тоа шо доаѓа. Сакам да кажам, муабетот си останува шо и да биде
Еве јас сум осмо и сум одлична сите 4 години, не ме викаат бубалица ама сум една од трите во одделение што навистина учат. И да можеби во фаца не ни викаат дека сме ненормални ама една од моите најдобри другарки ми се смееше кога и кажав дека за време на учебна година си легнувам во 10 часот. Друг пример сум имала кога минатата година отидов во дикотека, иако беше лето мене моите ме пуштија до 11 да сум дома. Значи др. сигурно од кога си отидов пукнаа од смеење.Тие мислат дека јас сум навистина ненормална затоа што не пиев ништо и си отидов во 10 и 30 за да стигнам дома во 11. Ова го мислат тие на мои години. А тоа што мислат повозрасните е сосема спротивно. Мајка ми се знае за мене и јас се што правам и и кажувам и др. што прават. Кога она си разговара со пријателките ја слушам и шесто и разговарам и со нив за оваа тема.Повозрасните мислат дека овие деца што прават сега не е во ред, затоа што после тоа ќе немаат што да прават. Ќе дојдат на возраст 18 и тогаш што ќе прават? Денешната младина премногу избрзува со работите што следуваат, како на пример прв дечко или девојка да се има во 6 одделение. Мајка ми секогаш ми вика подобро да почекаш да дојде вистинската љубов одколку да избрзаш со некој што си го знаеш само неколку часа. Ова е мислење на мајки, и жени кои се искусни! Но неможеш никого да натераш да те слуша. Одкога ќе му/и го кажеш ова, е тогаш ќе те прати во лудница.(зборувам за децата од мое одделение)
Да, мислев на врсниците. А повозрасните зрели луѓе, ќе размислуваат ( СЕКАКО ) спротивно од младината.