1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Еве денешна младина:

    На што личи ова ???
    ги прикачувам пошто морав да ги исечам
    А тек па постовине на фејсбук
    Мило кај се губиш
    Ме забораии !
    Што се дешава со тебе
    И сл глупости пропратени со 1327346 смајлиња
    Коментари на ваков тип слики како:
    СеКсич мој најубав/а си
    Аввв пи*ло или гзло
    И сличните ознаки
    УЖАС !
    И сите овие личности на сликиве имаат 13 години !
     

    Прикачени фајлови:

  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.633
    Допаѓања:
    6.457
    :tmi:
    Првава и третава слика не ми личат баш на тринаесет годишни ама не е ни битно.. А на вакви слики и јас сум се почесто сведок на фб. Значи една девојка од 15 години се сликала со раскопчана кошулка, прслукон цел и се гледа, градине и излегле, газон и пука во претесните фармерки.. И имаше точно 965 лајка! Не, не, точно запамтив. Па толку ни Лејди Гага нема бре на официјалната страна.. |(

    Туку јас со друга мисла си дојдов тука.. друго нешто да кажам. Значи ме нервираат моиве. Ќе и го фатам мобилниот на мајка ми, или ќе и прочепкам во ташната да земам нешто мое или незнам нешто огледалце ако ми треба.. И тоа пред неа, без да кријам нешто. ;) И ќе почне да ми вика, кај си се научила тоа да чепкаш по други работи, кој ти дал право? Ахаа. И јас и викам а ти што ми го претураш ранецот, ми гледаш по тетратките, фиоките и креветот. Да, ама јас сум родител. Јас смеам да го правам тоа и можам! :!: Значи, тоа е приватност моја. Моја! :@ Јас нема да и чепкам нејзе, ама ни она мене нека не ми чепка. Дури ова сум го прочитала дека не смее да се претура по работите на детето иако си му родител! Тоа се вика приватност.. ама изгледа мајка ми не е запознаена со тој збор. ;) И немора јас да кријам нешто ако не давам да ми гледа кога пишувам порака или се јавувам некаде и ме слуша што зборам. Непријатно е.. А јас кога ќе се приближам до неа кога збори на телефон веднаш бега во друга соба. Ќе видиме уште колку долго ќе биде така.. ;)
     
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Кај мене тоа си е решено блу. Јас нејзина ташна несмеам да чепнам, ама иако многу пати го оставам дневникот намерно да прочита, ни таа не чита. Сигурна сум, затоа што мама ако дознае нешто мора ама мора да ми префрли.

    Ова за сликите. Точно е. Само слики како третата во моите пријатели нема. :!:
    Тоа е тоа. Неможеш да се противиш па да бидеш некоја утка. Ти преостанува да балансираш. Што е навистина тешко. :$
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Имаше една група на фејсбук "Тебе чупе мајка ти ти ги има видено сликите?" :rofl:
     
    На blueeparadise, enca.69 и Angelche им се допаѓа ова.
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Кога сте кај сликите, многу пати се имам и јас прашано дали од дома нивните родители знаат какви слики имаат ставано нивните деца.
    Ретко да видиш пристојна слика, а и имам приметено најмногу лајкови се ставаат на разголени слики кај што се гледа деколтето, гола нога на таквите слики како погоре.
     
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Денешната младина конкретно за на фб ми е срам да ја пратам..денес свеж пример..моја комшивка која сега е 4 оделение, ставила нај нов статус...Ама курва бре брате..ти неможеш да сакаш...Останав :o . А да не заборавам дека пријатели и се и мајка и и татко и, па и сестра и која е сега на факултет и по логика на нештата би требала колку толку да е свесна дека сестра и збеснува. А одоздола коментарите фрчат...Тоо мала...Е сега да го видам наку*чениов и сл.. :x
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Јас имав една братучедка на фејсбук што сега е 5то одделени или 6то. Се приклучила на некоја група мување на дожд :o Замислете само :o
     
  8. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    846
    Офи ти да знеш од трето одделени на какви групи се придружуваат,ова не е ништо :lol: Па какви слики ставаат,тоа ќе те остави со оторена вилица :o Има едно девојче во нашето школо сега е петто одделение,од ова година учи во ова школо.Ехх да ја видите :x :x :worried: Навистина не изгледа за 11 години,туку најмалку како 2ра или 3та средно.Во споредба со мене може мајка да ми биде.Прерано има влезено во пубертет,уште во 2ро,3то одд. Ама па да ја видите... (не знам дали да ставам сечени слики :^) )
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    ^ Па стај, и онака на фб има гарант 54398543908543 пријатели па сите ја знаат и така и така :D
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Мацуш немој да ставаш слики од други личности, мислам дека е забрането да ставаш нечија слика без дозвола/одобрување од личноста која е на слика, форумов е анонимен, а и никој нема право да става туѓи слики. Не ни требаат слики, сите знаеме и гледаме какви се тие тинејџери, уште еден пример не ни треба :x
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    ^Кога веќе мацуш спомна .. и јас знам една таква.. 6 одд. а се има исфарбано 10000000пати |( оди со пола кило пудра на школо, а тек да видите какви слики има на фб :| И многу пати се прашувам ’ова девојче има ли родители бе?’ :?:
     
  12. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Секогаш постоеле некои малку понапредни девојчиња. Но работата е што сега сите се такви. Од 10 девојчиња во клас - 8 до 9 искачаат во високи штикли и пијат алхохол а се 14 години. :$
    Исто така од 10 - околу 3 имаат сериозни врски, а 2 врска колку за забава. Го велам ова од аспект на мојата ситуација и тие околу мене. И сите ние сме свесни и те како дека не е добро тоа, но нели еден е животот, па треба да се ужива. :D
    Не дека е оправдание тоа, ама веќе кога се нема друго... :$ :D


    Под сериозни врски подразбирам запознавање со родителите, заедна вечера и сл. :|
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ах Пинкче, Пинкче. Зарем не знаете да уживате во прошетки низ маало и во играње ластик? Не мора да значи дека за да уживаш мора да излегуваш по кафичи, на штикли и да имаш дечко. ;)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.633
    Допаѓања:
    6.457
    Хипи, јас најмногу си ги сакам прошетките низ маало. Најубави ми се. Па кој мерак ми се прави кога имаме толку многу да си кажеме со другарка и ќе почнеме да одиме по една иста улица, напред - назад, само колку да докажеме и довршиме тоа што го зборуваме. Многу сакам прошетки и добар разговор со некој што ти значи. А инаку јас да не си забегувам од темава. :!:


    Јас искрено не можам да поднесам забави, џускања, пуни дискотеки со разно разни луѓе, внатре загушливо.. Незнам, можеби не сум толку по забавувањето и џускањето (бреј, кук не можам да мрднам! :lol: :$) иако признавам ме дрмнуваат и мене такви моменти. Иако ретко се случува тоа. :) А онака да седнам во кафич и да нарачам нес или нешто такво океј, ама и тоа ретко го практикуваме, би седнала со некој што одамна не сум го видела или пак со некој што треба нешто многу да зборам, па така, пивни си несче и зборни си. :) Ама сепак мене поубаво ми е во домашна атмосвера. ;)


    А за дечко, што знам. Еве јас да си бидам искрена, хормониве буквално ми дивеат и нормално, тинејџерски години и имаш потреба од тоа. А и памтам еднаш Вајлд ми имаше пишано, мислам во оваа тема, од една прегратка и бакнеж - ништо нема да ти биде. Родителите треба да се запрашаат да не ти е нешто ако немаш симпатија. :lol: Еј, баш и го паметам коментаров. :D А за друго и не помислувам. Не би била со некој само колку да речам дека имам дечко и да се фалам заради тоа или за инат.. Ова што ми се случи вчера, или ме фати некоја криза или незнам.. Но, морам да речам - дечкото си е прилично убав, а за однесувањето ќе видиме.. Ако навистина сакам да бидам со него, ќе бидам. Ако не, не се замарам. :) :*
     
    На Angelche и Whatsername им се допаѓа ова.
  15. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.047
    Допаѓања:
    5.078
    Денешната младина е за никаде!! Ова фејсбуков ги упропасти децава
    Више не знаат како да се однесуваат, како да зборат, како да се дружат
    Леле, каде е времето кога сите бевме надвор и игравме ластик, жмурка, плочка и такви лесни игри
    Денес дете од 8 години да знае да игра покер и да одгледува добиток на фарма, што е тоа?
    Само се чудам како ќе ги воспитувам моите деца? Сигурно дека нема да барам да бидат различни од другите, ама сигурно дека нема да дозволам да дремат на фб 24/7
    На денешниве девојчиња само им е битно да имаат што е можно поразголена слика на фб.
    А и да не заборавам И ДА ИМА ПОВЕЌЕ ЛАЈКОВИ ОД ДРУГАРКА И !!!!
    срамота
    Фејсбук е место за дружење, а не избор на најдобар гз и цицки
    Ај може ќе забегам малку од темата, ама морам да го кажам ова.Пред некое време на фб видов слика од девојче кое седнало на кревет на коленици, онака раширена во нозе. Ако ми верувате девојчето беше облечено само по долна облека. И што е најинтересно профилот не и беше заклучен можеше да го гледа секој. Имаше и други слики полоши од таа. Гледам јас година на раѓање 1997
    13-годишно девојче
    Што да се каже на тоа?
    Ако пробаш да им укажеш дека не им личи, дека се млади, не сакаат да слушаат,они знаеле се.
    Точно животот е за уживање, ама со памет.
    Нека, ќе пројдат неколку години, ќе сфатат дека не им личело, ама веќе ќе биде касно.
     
  16. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Леле, гледам другарки на брат ми кој е 6то одд, на фб, кои коментари си ги оставаат, една имаше на статус, Никад се неврачај на бивше, во твој стил па тие ако во 6то имаат БИВШИ, што им останува, СТРАШНО, во 6то не ни знаевме што е мување, а тие веќе бивши имаат, а за сликите не коментирам. :o
     
  17. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Ќе земеш ќе играш ластик со помалите и ги гледаш твоите врснички поминуват со дечкото за рака и те гледаат ко да си некоја утка вака : |(
    Епа не е баш пријатно да си играш, кога веќе другите почнале и дечковци да вртат :)
    Имам пример, девојче кое веќе и роднините секој ден ја тупат со тоа како нејзините другарки биле во штикли, а таа уште со помалите по патот се влечкала. Па принудена е да се смени :)
    Не е само до нас. Туку и до средината, така ти викат не искачај мала си, играј на улица, а пак ако играш на улица сите ќе ти викаат погледни твоите веќе искачаат. :D
     
  18. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Пинк4евер, а зошто те е гајле што другите мислат дали ти имаш дечко или играш ластик? Не сме ние принудени да се смениме, ако не сакаш, никој не те тера. Ако нешто друго те интересира, на пр. да гледаш некој филм наместо да излезеш во град или да земеш некоја книга од школската библиотека, не се мисли! Тоа е твој избор, а тие што те гледаат као да си некоја утка, се само незрели дечишта што мислат дека се нешто подобро, од нас другите. :)
     
  19. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    846
    Точно така Аврил.09,но јас (а верувам и никој друг) не би сакала да ме сметаат за глупава,заостаната итн.Кога на школо сите зборуваат да излегување,дотерување,мода и слично,сигурно никој нема да земе да рече да излеземе в парк и да си играме криенка :?: Јас и мои две другарка сме одлични ученички со сите петки и примери за генерацијата,одиме на натпревари,се истакнуваме...но сепак,тоа не значи дека јас не сакам да излезам на кафе,да зборувам за момчиња :$ Па сега ни е времето,ако не сега,кога!? Не зборувам за фаќање дечковци и лигавење по ходниците в училиште и по клупите в парк,туку за симпатии,муабетчиња со другарките,"тајни"...Патем,јас обожавам да читам секакви книги,и тинејџерски и некои посериозни па често си разговараме со друштвото за тоа,но,кога веќе во околината се зборува за дотерување,шминкање и излегување сигурно нема да земам да зборувам за книги и задачи по математика :) Така да,мислам дека треба да си живееме и да си уживаме како што рече пинк,но со памет во главата.Време ни е за тоа,да бидеме искрени секој повеќе би сакал да излегува,да шетка отколку да чита книги и гледа филмови,барем од нашата генерација :wasntme:
     
    На blueeparadise и pink4ever им се допаѓа ова.
  20. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    За тоа дека младинава е настрана, си е (98%).. Но, можеби и повеќето што ги критикувате нивните родители не сте сосема во право. Еве ви пример..
    Познавам девојчиња, 1ва година си имаат дечковци од 23/4 години, качени на штикли 12ка, со вотката во рака,цигарчето и седат до 3, 4 насабајле.. И за сето тоа нивните родители не знаат.. А како? Оти тие се ваѓаат на нивните постари браќа, душа луѓе кои немаат срце да ги накодошат.. Се јавува едниот родител во 12 и пол, и и' вика, ајде дома.. А оваа вика: „ама тато/мамо со бате сум на маса, заедно ке си дојдеме дома“ и на телефон и/му го дава брат и.
    А еве и за штиклите како успеваат да ги убедат родителите да им купат (повеќето): „ама не е фер ова, сите мои другарки излагаат на штикли, само јас немам, а сакам да си излагам, не сакам да си седам дома ко кокошка за да ме исмеваат сите„ и така секоја се вади на својата другарка..
    За фејсбукот :x .. Не можам, се нервирам кога ги гледам сликите, статусите и тие триста чуда и затоа немам фејсбук.
    Е сега, има и девојчиња кои мораат да излезат 1 месечно, да не се делат.. Другарките, кои си излагаат редовно, си имаат дечковци, ќе ја откачат.. И што ќе прави таа сама?
    Речникот? „мо*ло“ „г*ле“, „не к*кај“ и останати некои фрази, мислам дека предходно ги кажа некој. А па, на фејсбук како пишуваат? наместо ч-4, наместо ш-6, наместо в или л - w... |(
    А тоа што го кажува пинк4евер, ја разбирам.. Колку и да си вика човек, „не ми е грижа што другите мислат за мене“, сепак не е сеедно... Спомнав и погоре, ако не излезеш барем еднаш со нив, ако не збориш за шминкање, мода и дечковци 24/7, те шутинаат сите... Е постојат и 2% девојчиња кои размислуваат како неа, кои се отфрлени.. А шансите да најдеш такво девојче, што ти е врсник, се намалуваат... За жал...
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.