Имало и има секакви примероци . Постои разлика не велам не сега полесно се доаѓа до информации од секаков тип,па тоа е од една страна предност,од др.хендикеп(ќе изгледаш еден куп порничи за да му прузиш на дечкото за прв пат орален,а порано бевме на use your imagination повеќе). Порано повеќе на домашни забави се пиеше виното на родителите промешано со кока-кола,сега повеќе се излегува и пие позесток алкохол надвор,ама па не дека ние не сме знаеле што е алкохол. За многу нешта опадната е старосната граница,нешта што во просек порано се случувале околу 17год.сега се случуваат и на 14год. Во време кога бев средно немаше метросексуалци на пр.ама и нови нешта се во духот на новото време. Мене ми смета што сум забелезала дека немаат баш почит кон повозрасни,а изборите што си ги прават се нивни и не им се мешам,кога ќе имам мое дете ќе му се мешам,тоа сигурно.
Јас сосема ја оправдувам денешнава младина. Па не се децата криви што растат во такво општество. Во прво одд. другарчето до тебе зборува за оружја и пцуе. Во петто одд. твојата другарка доаѓа со минич во училиште и пуши. Во седмо одд. целото твое друштво оди во дискотеки, девојчињата носат штикли и играат по шипки. А, во осмо одд. веќе им е страв дали ќе боли првиот пат. Па кој овде нe полуди, тој не е нормален. Нели сега во светот владее фактот дека децата треба да се информирани околу сексот, се отвараат кампањи за да се воведе сексологија во училиштата - можеби таа ПРЕИНФОРМИРАНОСТ Е ЕДНОСТАВНО ПРЕГОЛЕМА. Да, ок е едно десетгодишно девојче да знае дека меѓу нозете има вагина а, едно десет годишно момче да знае дека има пенис и тестиси. Но, што ќе им е да знаат кога пенисот ејакулира, како пенетрира и зошто вагината е влажна ? Нели е тоа премногу ? Еј чекај малку, стави прст на глава и размисли што прикажуваш на телевизија ? Серија во која од секаде доаѓаат вонбрачни деца, инцести и алчни баби и џанам тоа е програма наменета за сите возрасти.. Фејсбук ? Па таму има работи кои дури ни јас не ги знам за сексот и порнографијата. Така да младината си е сасвим нормална па, дури и предобра со оглед на тоа што светот им приложува секс, дрога, алкохол и лажни лични карти на тацна. Па сега ти бирај дали ќе се сексаш во сите пози кои ги гледаш на телевизија, дали ќе се бориш за легализација на лесни дроги или ќе одиш во 69 на 14 години. Тоа е што е.
Јас воопшто не зборував за мене, туку општо наведувајќи дека сепак имаме памет и знаеме што е добро, а што не, иако не изгледа баш така. . Мене колку толку ме сваќаат, секако дека си има секојдневни недоразбирања но не е толку страшно.
Е тука се сложувам. Не можеме ние да бидеме изродите и заостанатите во друштво, ама се да биде со граница,нели? Сепак, свесни сме дека разочаруваме и дека понекогаш однесувањето ни е нула. И тоа ми беше зборот и на мене. Не дозволувајте да влијаат врз вас, како што јас не дозволувам, а многу пати пробале
Гледам ја децава споулавеле а ја вчера цел ден се лизгав и га*от си го искршив Сакам да си живеам кај тетка ми
^ Хахах, и јас памтам кога бев шесто и седмо зашто имам големи гради ги криев, облакав тексас јакна да не ми се познаваат. А и сега баш не сакам да ги истакнувам, а и ич не си ги сакам. А па остајте овие што имаат со што, така да речеме, ' се истакнат ' ајде де, ама некои рамни ко штици, па облекле миничи, деколтиња.. Незнам стварно што им е финтата. Да не мислат дека повеќе ќе се истакнат со тоа? Повеќе ќе ги сакаат.. Епа гадно се лажат со тоа. Ии какви се веќе, да не ги коментирам. Она како што викаат, тело гром - фаца лом! Некој ако ги сака, ќе ги сака првенствено според карактерот а после физичкиот изглед е плус. А вака само ги користат.. ама тие не сваќаат и уште мислат дека се многу паметни. Мене ми се допаѓаат оние девојки што се скромни, што се слатки во фаца и имаат солидно тело, ама не се разголуваат. Сега зборувам за оние што премногу се разголуваат. Сега мало деколте не е на одмет, не е ни лошо, ни безобразно.
Вакви имало и ќе има, секаде, само овие генерации се полоши. Има девојчиња што ги бркале од училиште, што бегале од дома, а се некаде колку мене, значи 13-14 години. Дефинитивно забегува младинава, сведок сум на многубројни примери од моето училиште, а и пошироко. Обожавам да се шетам низ маало со другарките и другарите и да седиме на клупа да разговараме, оговараме. Не сакам да носам штикли, иако сум била принудена неколку пати, дали за роденден каде сите носеле или за некоја друга прослава. Не е дека не сум обожавател, напротив, имам голем мерак за штикли, но сметам дека има време. Еве на пример, имаше некоја забава за Тоше во петокот во Миднајт и решивме да отидеме со друштвото. Верувајте дека некои од девојчињата на моја возраст и помали беа во миничи и кратки фустанчиња со 12-ка штикли, а јас на рамни чизми. Да, ми беше глупаво бидејќи истите тие ме гледаа чудно, но барем се изнаиграв со мерак, без да седам затоа што ме болат нозете од штиклите. Едно девојче што беше во кратко фустанче и високи штикли знам дека пуши и пие, а е ’97 годиште. Кога сум веќе кај цигарите, морам да спомнам дека едно девојче од моја генерација е веќе 1 година активен пушач. Имам примери од моето секојдневие за кои можам да ви раскажувам бесконечно, но мислам дека поентата ќе ми биде сфатена: времињата се сменети и голем дел од девојчињата се многу „напредни“ во негативна смисла, но не се сите такви; постојат исклучоци. Ние исклучоците (можам да се ставам и јас во оваа група) сме погрешно сфатени и третирани како заостанати од оние што ги спомнав погоре - „напредните“, само затоа што имаме добри оценки, не одиме секој викенд по дискотеки, не живееме во штикли, не се дружиме со таквите како нив и се трудиме да направиме нешто со својот живот. Вајлд Чајлд, Блу... Дел од форумов, а доказ дека не е се така црно, дека треба да се има малку верба во младината, иако голем дел од неа се однесуваат како да немаат упатство за користење на мозокот.
Јас ова лето (2010г.) со другарка ми од маало и други деца си игравме комити и џандари, криенка, сокови(тоа е нешто како брканица).. па, кога ќе размислам подобро, баш би сакала да си го искористам детството играјќи си..после ќе биде доцна сепак, не ми ни преостанува некој друг избор освен да си доживеам убаво детство, а после другите работи
Вака,дискусијава тргнала во некој слеп правец.Некои работи се едноставно неприродни, пример девојче со цигара во рака а уште не влегла во пубертет.За разлика од убава стројна 17 годишна мома качена на штикла која и доликува, не стриптизерски со платформа на мрежаста чорапа, ама мислам дека е во ред, и да се признае дека и ние милуваме понекогаш да изгледаме дамски, дека мерак ни е да шетаме навечер по ноќни клубови и не се срамиме од облините, а плакарот не ни е полн со барби тренерки.Преувеличување ете тоа е Не , јок , не го сакам тоа.Да бидеме реални.Никој нема да ни ракоплеска ако кажеме дека ние сме пример на денешната генерација, цел ден везиме гоблени по дома и носиме узврат гаќи.Е да бе ! Се бидува ама со усул.
Добро бе.. кај го има тоа девојЧЕ 6одд да се има исфарбано 1000пати и да шета до доцна вечер?! да си ги мени дечковците како чорапите и да биде пијана по кафичи!? „Ни Чак Норис не може да ги изброи дечковците нејзини“ е, не ли е жално а ? Девојчево брза да порасне, ама така не се пораснува!!! Јас личносум ја видела како пие пиво.. Боже, Боже Епа јас сум обратно од неа! Ништо од горе наведеното не го правам!!! Не сакам да се уништувам мислејќи дека само така ќе се чувствувам поголема!
Не сакам да судам на денешната младина, бидејќи и јас сум минал низ пубертет и сум сакал да сум „повозрасен“ и „позрел“ отколку што ми доликувало, но се прашувам дали навистина толку „напреднала“, или само се замислува како напредната...
Некогаш: првиот дечко при крај на средно, заедно со првата цигара (ако веќе сакаш да пушиш), прв секс после 18,а кај некој и прва брачна ноќ. Штикли?-тоа се чевлите на мама, не се за мене. А денес: девојчиња на 11-12год. веќе прв пат се бакнале, и имале дечко, но потоа го откачиле. Па знаете веќе им здосадил. Цигарата в рака и заедно со торбичка која повеќе е за вечерни излегувања на школо. Минич, штикли и секако задолжителната пудра-без нив никаде. Прв секс?-Пааа до 17 НАЈДОЦНА!! Во дискотека нема да ги познаеш дали имаат 14 или 24 год. Се муваат на секој ќош. Е сега, ако си исклучок од ова, па ти си старомодна, затуцана итн итн. Така сакате, така правете! И јас се вбројувам во возрастите за кои дискутираме, и како што пишувапе во првото мислење, без навреда, така јас ќе кажам: Ова би го навредило само оној кој би се пронашол. Средно сум, но не пушам, не ставам пудра за на училиште, само сјај понекогаш, си носам униформа, не минич, и патики или чизми, без платформа. Кога излегувам, за викенд, се шминкам, умерено, без претерување, не се лигавам со секого, и сега ајде да не претерувам, не одам закопчана до гуша, ама без претерано отворено деколте и без сукнички кои одвај го прекриваат задникот. Знам што е убаво, но знам и што ми личи. Не сакам пред време да пораснам и не сакам да жалам зошто не сум го искористила најубаво овој период кој сите велат дека е најубав во животот. А со штикли од 16цм на кои едвај се оди, со тон шминка која едвај се ваѓа, со мување со секој, со менување дечковци ко чорапи, со пушење цигари и пијанење, тетеравње по улица, не се поминува најубаво. Тоа остава лоши навики, лоши спомени и го уништува угледот. Па и нека мислат дека сум ваква или онаква-мене вака ми е убаво и што ми е гајле што мислат неморалните мои врнички?! поззз девојки
Ова морам да го кажам. Едни деца ( деца се нели? ), шесто одделение се, и нешто во врска, блабла, и нормално нели на фб ставено. И девојчево тргнало тоа, и машково коментар под тоа „Што е па сеа?“ и девојчево „Досадно ми е веќе, сакам сингл“
Ништо чудно,ја имам еден кој на сите им пишува да се стаиме у врска да не бидел „сингл“ господинот а 8 одд е.Постови како:не сакам веќе да живеам,само ти ме разбираш и сл. веќе ми се преку глава,а имам и една 5то одд на статус ставила:Кое презиме највеќе ми прилега стави и изненади се...Исто имам едни со миничот,3 кила пудра,телефонот и пред огледало,сликај се!Се ставаат во врски со некои „јаки“ со плочки,и тоа исклучително со плочки И нема слика на која не се без шминка...Туу,што сакав да се родам пред 1990!
Треба да се погоди времето за се..ни предоцна ни прерано.Може да направат да изгледаат повозрасно, но нема начин да го нашминкаат мозокот па да им биде позрел.Пренападна шминка во секој период од животот е "сувишна" и одвратно изгледа нели ?! И кратко здолниште подобро стои на ..хм..млада згодна дама ..( ДАМА НЕ ЧИТАЈ ДЕТЕ ) или пак на четириесет годишна тетка ?! И нели е жално да имаш дваесет и некоја а ниеднаш да не те заскокоткало нешто во мешто ?! ( ПЕПЕРУТКИ А НЕ ПЕНИС ).Се си има вистинско време.Сите се, допрва ќе бидат или биле тинејџери.Сите ќе направиме по нешто откачено, кој повеќе кој помалку кој одамна ја пречекорил границата.Џабе е да одрекуваме.АМА едно е да се задржиш до подоцна од колку што ти е дозволено , друго е да имаш сида Прифаќаме или не ФАКТ е дека ова се ПОИНАКВИ ВРЕМИЊА и на пат е некоја чудна генерација , за нас неразбирлива и бунтовна наше е од своите деца да пробаме да го извлечеме она најдоброто, колку што е можно.Болно е , ама ете се случува чија е вината е едноставно недоволно јасно... (ќе морам да се повторам за преувеличувањето, Фустеларко борец е одамна затворен, глупаво е да седиме на влезната порта само затоа што ни се допаѓала платата кога беше Југославија и друже Тито на времето ..денешните тинејџери се забавуваат по кафичи, нема да ги натераш да рипаат на јаже во маалото )
Имам 18 год. а многу често се чувствувам како 10 годишна од младината која ме опкружува.Девојчињата кои тек сега треба да си ги живеат годините брзаат да пораснат,а потоа ќе сфатат што се пропуштиле...толку ми е мака што денешната младина нема детство...а за машката популација да не коментирам Има ли сеуштее МАШКИ ?! П.С се извинувам , но Факт е дека машките се стварно "педерастични" .... каај отидее младинатаа лелее ?!
Dear Fake Girls, I dont straighten my hair everyday, I dont cake my face up with make-up. I dont dye my hair. I put my hair in a simple pony tail every day, for school. I don't cheat on guys. I don't hook up with someone and dump them the day after. I dont use people. I dont complain about boys obsession for COD, Because they don't. I don't go out every Friday and Saturday night under-age drinking or getting wasted. I dont wear short dresses, and I'm NOT a slut. Sincerely, A REAL girl! одговор на ова: Dear "Real Girls", If u want to go your whole life not caring about ur appearance,not going out and having a life and not having a boyfriend, then fine have fun But dont dare try to judge the girls who do wear make up to feel pretty,that like to have nice hair,that go out with their friends and have the times of their lives,and that wear short dresses to flatter their bodies that they work hard to keep in shape. Sincerely, the bitches ur obviously so jelous of Еве како возвраќаат 13 годишните BITCHES на фејсбук.
Ми се допаѓа ова...На младината секогаш и се суди. Ни судеа нам, се суди денеска, тие ќе судат утре...Сите растеме во различно време и промени нормално е да има-не можеме против тоа. Како родители мораме да влијаеме и да се ангажираме повеќе околу нашите деца, но пред се да се потрудиме да го разбереме времето во кое тие живеат. И јас со моето друштво "во наше време" правевме работи што горе-долу ги правеа сите наши врсници...пиевме, пушевме, излегувавме до касно, се каравме со нашите родители, лажевме...не бавме дрогираши но знаевме чат пат да испушиме по некоја марихуана...не бевме ороспии но не бевме ни светици...па Фала Богу сите завршивме супер. Кој со факултет, кој со постдипломски, станавме одговорни родители...а сите глупости што ги правевме тогаш не влијаеа лошо на нашиот живот понатаму и останаа како спомени на млади луди години...