1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    29.263
    Пол:
    Женски
    И јас спаѓам во денешнава младина но пробувам да не бидам како останатите.Девојки на моја возраст искачаат по журки со излез до 2-3, се начукуваат, повраќаат и што не, паѓаат на многу ниско ниво.Покрај тоа се облекуваат како 18 годишни девојки, кратки фустанчиња, со огромно деколте, штикли на кои што не знаат да одат.Има време кога ќе го прават се тоа, не знам зошто си го уништуваат детството.Па и 7мо,6то одд. па и помали висат на фејсбук, врски ова она..Некој на нивна возраст немале ни компјутери, излегувале на улица и ги играле така наречените малски игри, жмурка, граница итн.Како доаѓаат поновите генерации се понапредни се.Исто така сега почнуваат сите да пушат само затоа што мислат дека така ќе бидат интересни на другите и ќе привлечат внимание.Се зависи како си воспитан и од родителите.
    Еве една слика која што мислам дека многу работи опишува.(се извинувам ако е веќе постирана)
     

    Прикачени фајлови:

    На BeYourself, blueeparadise, Primavera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Сите светци се збрале на фемина.Значи читајќи ги сите 37 страни од темава,дојдов до две можни опции:

    1.Фемина е утопија на праведните и ако некој само се осмели да биде реален,оние родените во '89-90 му даваат етикета на-несовесна недорасната фејкерка.
    2.Чесниве што се пуштени до 11 лажат.
    Имам 16 год,испаѓам до 1ипол,пијам алкохол и сум се опијанила безброј пати.Имам пробано цигари,но за дроога не помислувам.Носам 16ка потпетици,сум имала дечковци.Незнам ништо за животот но го знам ова:На учлиште ми се сите 5ки,бидејќи се трудам.Имам 16 години и ги правам рааботиве затоа што имам 16 години.Реално,веќе темава по 100 пати ја гледам и се нервирам.Па кого лажете бе еј?!До 12 биле,не носеле шминка....извини сестро комплексите ви се прозираат од секоја реченица во секој пост.Несовесни вакви накви...СЕКАКВИ.Ова ми се годините и сакам да ги проживеам...Компарација не сум знаела што е :D :D :D А ти си некоја подобра затоа што си goody goody two shoes на форумов?!Значи реално...во вистинскиот живот,овие чесниве не се оние кои се најначитани или нешто посебни.Тие се они кои се буткаат по кошеви и оговараат за секоја постапка која некој ја направил.Осудуваат,зошто?Па мислам дека го знаете одговорот.Get a life people.На крајот на краиштата немам 50 год за да пишувам афтобиографија за животот,но ги имам доволно за да бидам свесна за себе и за тоа што го сакам.А тоа и го живеам.
     
    На sweetyears, MadHatter, blueeparadise и 4 други им се допаѓа ова.
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^

    кој знаел дека сепак постојат неколку примероци од родот во изумирање- момички со сукњи под колено, месо боја доколенки и лакирани црни рамни кондури чија што единствена забавна активност во сета нивна прокопсана маладост е МТВ 1 парламент на црно бел телевизор без далечинско и играње шах.
    Оу ноу некој има фетиш на амиши ?! :!:
    [​IMG]

    [​IMG]

    и носат едно вакво до 40 :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Некој рекол многу убаво - каков народ, таква држава,... каква младина, таква иднина! :wasntme:

    Мислам дека најлош период е некаде прва, втора година средно.... тогаш почнуваат сите наоколу во фазон на пушење, пиење и слично.... бев една од ретките во класот што не проба цигара и бев како од марс падната... арно ама, кругот се сврти, еве... стасавме четврта година,...матуранти... баш тие фаци кои што беа ,,главни,, со цигарите, се негдека на дното... закоравени пушачи кои ама баш веза немаат од животот, оти нели... го поминале во пушење :^)

    Потоа, сите се тоооооолку опседнати со фејсбук.... фејсбук, фејсбук, фејсбук... колку лајка имам, па ќе се тагнувам и од-тагнувам по 50 пати на една слика за да ми ставаат лајкови.... па ќе правам share за да ми маваат лајкови... алоооо, шта је с вама људи моји :x секој саат оставаат статуси од типот ,,видечеш ти ко сам ја,, а после пишува ,,i love you more than words can say,,.... реши се веќе аман :lol:

    За испаѓање,... можам само да искоментирам дека од годинава почнав да излегувам до она ,,покасно покасно,,... тоа што ме нервира е кога гледам 15-16 годишни девојчиња во ноќен клуб... бројот на сантиметрите е поголем од бројот на годините :geek: најтрагично ми е кога идат со штикли на школо.... побогу, како успеваат да достојат :lol:

    Тоа што општо ни фали на повеќето мислам.... е осет и чувство за умереност... не значи дека ако пиеш алкохол дека треба дамла да се направиш... или ако пушиш да испушиш по 5 кутии на ден... ако се шминкаш да ставиш се, од течно пудро преку сенки до светки.... вината е кај сите помалку... и родителите... и општеството, друштвото.... но и самите ние... ако ти самиот не си свесен, родителите сигурно нема да те освестат на 16 години :)

    п.с. еден пример... девојчево од дома го чуваат буквално во стаклено ѕвоно,... еве има веќе 16-7 години... и кога и дозволуваат да излегува мора да си дојде до 11.... малку претерано според мене ама ајде нема врска.... проблемот е што девојчево кога ќе испадне не знае што попрво да направи... т.е. збеснува... неизживеаност... сепак, забораваат дека за година-две ќе оди да студира... мора човек малку и истриен да биде... да знаеш со луѓе да се снајдеш.... значи, крајниот заклучок ми е - мора да се биде умерен :up:
     
    На Anja98, PrinceOfPersia, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе, не се децата толку криви, ниту родителите треба цела вина да ја сносат.
    Да беа законите пропишани, и да се почитуваа како што е редот, друго ќе беше. Јасно си има закон кој им брани на малолетниците да одат во одредени локали, кој брани продажба на алкохол и цигари под 18.....Сите ги знаеме нели?
    Епа што ако ги знаеме, кога пак комотно ќе одам и ќе си купам што сакам, и ќе влезам во дикотека!?! Такво е општеството наше. Балканизми, проститулук, се само не како што е пропишано со закон!

    Не мислете дека не разбирме ние што сакате сите да кажете, помладиве што се.
    И јас, и сите тука имале по 16-17 години.
    Јас на 16 одев во дикотека, не викам не. Господ знае како сум влегувала!! Ама имаше моменти кога се чувствував како отпадник,кога ќе ги видев сите тие 20 и кусур годишни околу мене. Се чини со потсмев не гледаа нас малолетните. Е не знам дали денес тоа го има, со оглед на тоа што дискотеките се полни со малолетници кои без проблем влегуваат.
    И јас носев чевли на платформа, и никогаш не биле 16 цм, за да се гордеам со тоа. Смешно е кога од страна се гледа некое уште незрело девојче што посакува да изгледа како жена. Патетично дури.
    Да, сум пиела и водка-портокал, и затоа денес не можам ни да ја помирисам. Како шок ми дојде кога ми плесна некој во фаца, дека нема да пораснам ако на 16 пијам алкохол, дека кога сум пијана делувам како мала распуштеница и дека таа слика е просто одвратна!


    Верувајте дека за некоја година се забележува разликата. Сега можда сум само некоја година постара, ама кога гледам што се случува, се ежам од помислата дека некогаш тоа сум била јас. На 16 години колку и да се чувствувате зрели, верувајте дека не сте! Имате уште мнооогу мнооогу пред вас, и сигурна сум дека еден ден нема да се гордеете што џускате во дикотека до 3 сабајле со постари од вас, што пиете како имате години искуство и пушите како тоа да е сосема нормално.

    Не е!
    Иако треба да имате повеќе самосвест и вие и вашите родители, сепак не е вината во вас. Треба да се направат драстични и од корен промени во општеството, за да може да функционира како што треба и да се има нормална младина.
    Не ве осудувам, само ве потсетувам дека тие години може многу поубаво да се искористат.
     
    На FBI, sweet-cherry и blueeparadise им се допаѓа ова.
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ова за распуштените девојчиња мислам дека до негде ни е "јасно"...

    Јас немам коментар за нив,освен тоа што изгледаат просто,необразовано,глупаво...

    Но имам друг коментар.
    Лично пример,има девојче во мојот клас,кое еве,не излегува во штикли,не се шминка,не се ку*ва.
    Но,има едно одвратно понашање што ужасно на сите ни оди на живци.Се однесува неадекватно на час,пушта музика и тоа додека е тишина на час,се кара со професори,ги навредува индиректно,се однесува како мало дете,ги фаќа пола женски од клас за ци*ки,г*з,и на други делови од телото.
    Што мислите за ова?
    Не знам дали навистина е таква,или само сака да докаже дека е интересна личност,и дека сака во алманах или нз што,да пишува дека била најинтересната во класот,дека ги засмејувала сите,итн.

    Уште една случка.
    Втора година сме луѓе.А тие седнале пред училна на клупата,4 5 6 женски и неколку машки и глумат е*ење. АЛОООО :fubar:
    На што личи тоа?!
    А мислам дека се доволно зрели за да сфатат дека однесувањето им е на најниско ниво...
    А да напоменам,ниедна од нив не се носи ку*вински,не се шминка итн..
    Што значи имаме 2 вида на безобразна младина.Една што се открива, а една тивка,меѓутоа опасна и некултурна.

    Навистина би сакала еден ден да им кажам се во лице,но...не би сакала да бидам најомразена сепак.
     
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    У очи ми падна постот на девојчето што викаше дека сите биле светици. Ко прво ова е форум, и тоа анонимен, незнам зашто да лажам дека не се шминкам, не излегувам до доцна, и сл. |( А ко второ, ко што гледаш нема такви девојчиња тука, зашто претежно сите имаат факултет или се на некој, сите се претежно со одличен успех, сите се примерни девојки. Незнам, јас сигурно не би помислила дека девојчето од клас кое има 3 единици за полугодие, и се понаша баш како „денешнава младина“ би се зачленила на форумов, и би пишувала. Се знае што прави таа, се допишува на фејбук, и се слика пред огледало со напрчена муцка. Сигурно не би седнала тука да дава мислења за.. И ова незначи дека осудувам, или нешто, ама ај погледни и ти од таа гледна точка и размисли. Сигурно ти не се опиваш секоја недела по 2-3 пати. И погледни на годините.
     
    На GarpovaV, Avril.09 и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    LaLy добра си ??
    Аман ма еј, што ти се случува?
    Фемина утопија на не знам што, чесниве лажат...еј!! Смири се малку и не навредувај!
    Ако си распуштена не значи дека сите други кои велат дека не се такви, лажат!
    Никој нема потреба да лаже, ова е анонимен форум, нема потреба од лаги. Тука сме за совет, мислење, не за лажење!
    Јас нема да го осудам твојот коментар, тоа е твоја работа! Ме револтира твоето однесување, ги навреди сите форумџики ни криви ни должни! Ископлексирани вакви такви!
    А според наведеното, не си некој пример девојче туку си и бетер од оние за кои пишував во моето претходно мислење!
    И која си ти со своите 16години да кажуваш на луѓе постари од тебе, со завршен факултет "Get a life people"? Стави го малку прстот на нашминканото чело пред да напишеш мислење и види дали треба и мозокот да го шминкаш!
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Се мислев каде да коментирам, дали тука или во темата-ЈСП, сепак тука ќе пишам повеќе одговара...
    Пред некој месец, влегувам во автобус со ќерка ми (има 4 год.) и видов празно место (од оние две по две што се), имаше едно празно столче, а на другото имаше една девојка седната. И јас и викам на малата-седни мама, а девојката ми вика - извини зафатено е, и прво си помислив чува место за мајка и или некоја др. постара особа, и и викам-извини, стани мамичка. Во тој момент се приближува девојка на нејзини години за да седне (по изглед на возраст двете беа околу 20-тите, двете добро изгледаа, средени тип-топ, не беа болни, па да си речам ајде не можат да стојат, не им е добро)...
    Ретко избувнувам, и во принцип не се расправам со непознати ама се извадив од такт :@ ...едно што беше ладно и се смрзнавме чекајќи автобус (не можев да одам со такси, релацијата беше прилично далеку од мојот дом, а сите знаеме колкава е разликата меѓу такси и автобускиот превоз), друго што морав да ја земам малата со мене, немаше кој да ми ја чува, и си викам е сега си го јадела, и и реков-добро како не ти е срам, на мало дете му викаш да стане, за да седне другарка ти, каде ти е културата...место да рипнеш и да ни отстапиш место, ти уште викаш зафатено е...? И таа строго ме погледна |( и вика-добро ма што се дереш, еве ќе станам, а воопшто не го повишив тонот иако бев бесна... :x ,смајли што се крси.
    На ова само ќе додадам-блазе си на таа мајка што ја родила, а Вие сами донесете заклучок каков е дел од нашата младина :worried:, секоја чест на исклучоци :bow:
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Џабе што се дотерани тип-топ со такво однесување....само тоа би го прокоментирала во врска со горенаведеното мислење.
    Младинава, аххх има многу да се каже.
    Најпрво ќе кажам дека не ги генерализирам сите во ист кош, како и секогаш постојат исклучоци кои заслужуваат браво :)
    Јас како една млада девојка, прва ги отпоздравувам комшиите и сите што ги познавам..........овие децава, ништо! Како да не се пресретнува со никој. Уште чекаат јас прва да ги поздравам. Култура на ниво!
    Мој впечаток е дека децата од 16-17 години се споредуваат и настојуваат да бидат како 25-26 годишни и тоа со сите марифети. Штикли, фустанчиња, шминка, сепариња и флаши во диско. Мислам дека избрзуваат, растат пребрзо. Јас сум била тинејџерка, сум била бунтовна сум била амбициозна, сум имала сопствено јас - но никогаш не сум била арогантна, дрска и безобразна без причина :x
    Коли и тоа не коли-колишта имаат уште во трета година средно, глумат главни фраери, пушат Парламент, а кутрите ништо од тоа не заработиле. Но, за тоа не се криви децата.....родителите кои им го дозволуваат тоа. Тие деца се навикнале на готово и не ценат ништо во животот.
    Девојчињата со искривени муцки на сите слики, облекувањето не го коментирам, оправдувам се и мини и разголени маички (но со вкус и во граници на нормала).
    Но искрено тоа не е добро за нив самите, понатаму во животот тешко ќе се снаоѓаат :^)
     
    На Mistery, lolyta777 и Wild.Child им се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    :lol: :lol: :) Мене ми е смешно, што децава(3-4одд.) кај нас на уличка ми викаат здраво :lol:
    Јас на постарите комшии им викав-Добро утро, добар ден, добра вечер, некогаш ќе прашав-како сте...а мене ми викаат-здраво, џанам другарки сме си и кафе си пиеме секој ден :lol: ама не им замерувам, смешни ми се, дечиња, кои за жал пребрзо растат и го пропуштаат детството, ама тоа е веќе др. тема, да не бидам офф топик :)
     
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    ^Да.. И јас ги поздравувам.. (Е, знам сега, ќе почнете „Ццц, нема што, ги поздравуваш“) Но, да.. ги поздравувам оние што ги знам.. Добар ден, Добро утро.. Нема на комшиката (стара баба) да и кажам „Здравоо!“ :lol: Или нема на некое девојче на мои години на кажам „Добар ден!“ (ќе си кажам здраво) :D :D
    Е сега зошто јас сум ги поздравувала сите што ги знам?? :^)
    Епа, тука е и одговорот - затоа што ги знам! ;)
    Еднаш разбрав преку една другарка дека другата другарка рекла дека со тоа мое поздравување сум била Културно досадна! :o Е како неа ли? Ни на жив се смее, ни на мртов плаче.
    За вас не знам, ама мене лично ми е срам како да поминам преку комшиката (неа да ја земеме за пример), а да не ја поздравам кога стално се гледаме лице во лице кога одиме некаде.. (Ама не ја поздравувам секоаш кога ќе ја видам, еднаш до двапати во денот, а на другите сретнувања само се насмевнувам).
    Тоа си го реков јас лично за мене.. Сакате верувајте, сакајте не! ;)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Денешнава младина ? ! Се е отидено по ѓаволите !!! :x :x :x
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.199
    Допаѓања:
    56.761
    Пол:
    Женски
  15. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Јас почнав да се шминкам на 14 години. Носев кратки фустанчиња, градите ми пораснаа во седмо одделение, можев и деколте да носам без да ставам пудинг во градникот. Пробав цигара во втора средно, си ја офарбав косата плава. Веќе на 16 години излегував до доцна, пиев, се карав дома.

    Па тинејџер бев, ако тогаш не се глупираат младите, не знам кога. Не викам дека ги оправдувам сегашниве генерации, многу понекултурни се и немаат почит кон постарите. И покрај глупостите што ги правев, секогаш бев учтива со постарите, и ден денес станувам во автобус, знам да поздравам комшија наместо да поминам како дифтар.

    Поентата ми е, мене ми е многу поприфатливо да видам 16 годишно девојче да се глупира, отколку 25 годишна крава да ги прави истите тие работи. Битно е да се проживее, секој на свој начин, ама со усул.
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Главниот проблем на помладиве генерации е што незнаат каде како треба да се однесуваат.
    У реду е тоа искачање, глупости правење, шминкање, миничи, дотерување ама не во школо побогу :^)
     
  17. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    и пак да бидам помлада повторно ќе бев тоа што бев...ова е жива катастрофа......
     
  18. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    saya,не ми е јасно малце,зошто 25 годишната ја нарекуваш крава? :^) каква ти е споредбата и врз која основа на 25 годишна девојка со крава? :^) 16 годишната е девојче,а 25 год.крава??
    и извини ако за тебе е нормално на 16 години да излегуваш пиеш правиш глупости се караш и слично па мене баш и не ми е.не велам дека не треба да излегуваат девојчињата на 16,секако дека треба да искачаат и слично,мегутоа има време за се.и јас излегував на 16,мегутоа се дружев,се забавував,не пиев и не мењав дечковци,не праев глупости,па фала богу стигнав пак да проживеам во животот. :D
    има време да се проживее се,не мора слепо да се брза за што поскоро да се"порасне"да се пробаат пороците,да се почне со сексуален живот итн.зошто не е сеисто на која возраст ке ги доживееш некои работи.годините со себе си носат мудрост и зрелост.на помали години сме неформирани како личности и повеке склони кон драма,депресии,подложни на туги влијанија и слично.еве еден пример- едно девојче има сексуален однос за прв пат во животот и кратко после тоа дечкото ја откачува,дали е сеисто да се случува тоа на 14 годишно девојче или на 19 годишна девојка,секако дека не нели..секако дека и на 19 год.девојка ке и е криво и тешко,ама сигурно нема као 14 годишната да го свати тоа толку трагично нели да мисли дека е крај на светот итн...што покасно се соочиш со суровоста на светот толку подобро.што подолго да бидеш дете е поубаво.тоа е мое мислење.а вие како сакате.ако сакате уште на 10 години почнете да пиете мењате дечковци правете глупости и слично.ваше право ваш живот.секој сам си ги сноси последиците на своите дејствиа. :hai:
     
  19. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Kолку години има девојчево? :o :o па и без градник,леле колку нелично :puke: :puke: :x немам коментар :o :tmi:
     
  20. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013

    Дали знаеш дека има и возрасни луѓе, а и наставници кои не ти возвраќаат на поздраво и покрај тебе и минат покрај тебе како да не те познаваат?
    Епа вторпат доброутро јас не викам на такви. :!:
    Зашто стварно се осеќам ко сама на себе да си зборам. :| :talk:
    Затоа не сме ние само за критикување, туку и повозрасните. :D