Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    ^ Ах, и кај тебе ли Пинк имало такви? Кај нас имаме една наставничка по биологија, јас и викам добро утро наставничке, оваа кога ми ги овргали очињата, ме истрела со поглед жената и ништо не ми рече. :rofl:


    А инаку незнам кој спомна пред некоја страна дека сме биле светици нешто, сите сме лажеле демек не сме ги правеле тие работи?! Па девојче, ако ти ги правиш, не мора да значи дека сите ги прават и мора да ги прават. Јас себе си ни под разно не се сметам за светица, ама ни па за некоја распуштеница. Сум направила неколку глупости (на прсти се бројат тие посериозните :!:) ама сепак за тоа е овој период. Ако не правам сега, кога ќе правам? Сигурно нема да ги зафркавам дечките што ми се свиѓаат или нешто слично, сега тука да не набројувам :$ на 17, 18 години па и понатаму.
    За штикли никогаш не сум облекла а и не ни планирам да облечам во скоро време, зашто не се ни замислувам во нив јас, оуу не. Веднаш ќе си ги скршам нозете, ко што незнам да идам, уште штикла ми фали. :D Мразам деколтиња, иако имам бујни гради :$ :D ама нее сакам бре, ем грди ми се, ем не сум навикната да носам и незнам, не би носела. Не сум имала дечко до сега, само муватори.. На овие години не би сакала нешто посериозно со никој, зашто не сакам дури сега да си ја потрошам младоста напразно, сега ќе си уживам додека можам. :) Имам време и за врски и за дечковци. Цигара имам пробано да, ама никогаш не сум била активен пушач и во скоро време не ни планирам. А моментално не пушам.


    Тоа што се обидувам да го кажам е, дека се е добро - само во одредени граници. :!:
     
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Така ги викам тие постарите што се влечат мртви пијани низ град со размачкана шминка. Не дека сите 25 годишни се крави, аман. :D

    Не праам муабет за сексуални односи, драми и сечење вени, и други работи ги категоризирам ко глупости. Фала богу дека има време за се`, ама да се правиме тука дека сме живееле во стаклено ѕвоно не. Се` што сакав да кажам е дека такви работи се понормални во тој период (не дека се нормални, не ме сфаќај погрешно), отколку подоцна кога според секоја логика треба да бидеме созреани и одговорни личности.
     
  3. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Леле ја колку се нервирамм...ми вика друкарка сакаш да одиме во диско??-Молам??13 години алооо!!Што ке праиме цел живот??И уште ме прашува дали ке носам штикли :^)
    Пред 20 години на таа возраст си играле на улица со топка!!
    Ова е нечуено!! :tmi:
    И ме нервирааат кај мене во школо 8мо одд. пудри сенки тушови незнам што :o Јас само некогаш ретко кога ке ставам римел и сјајче и тоа не у школо!! :!:
     
    На TheaEsposito, white.kitten, angel92 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Staredad

    Staredad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    25
    Денешнава младина е ...
    Е каква е де... :D

    Во расчекор.
    Меѓу ниската социјална свест (на ниво на ботови), желбите наметнати од Холивуд,Пинк и Планет ТВ, неможноста таквата капиталистичка лоботомија да се оствари на инстант начин, виртуелниот свет кој нуди можност за креирање алтер ега па се до родителите кои се најодговорни за ситуацијата добиваме резултат на млади кои не се бунат за тоа што работат за 100-200 евра месечно а шансите за заработување свој дом и креирање нормален живот каде интернет и мобилен не се луксуз а одмор еднаш или недај боже два пати годишно не се смета за екстраваганција ... се изгубени во длабоко вкоренетиот вакуум меѓу чекорењето...кон никаде...

    Промени?
    Потребни се.
    Дали се можни.
    Да.
    Но не и веројатни.
    Како што е можно и да ти падне 7-ка на лото но не е баш многу веројатно.

    А расчекорот ако е премногу голем...како што машката популација може да потврди...штетно е за тестисите...како некаков симбол за храброст...
     
    На i.am.me му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Пинкче од секогаш имало такви дегени, кај мене на уличка имаше еден дедо ни на живо се смее ни на мртво плаче, еднаш-двапати гледам дека не ме регистрира и толку, нема веќе за него поздравувања затоа што едноставно таков си беше човекот..а за наставниците не замерувај...тоа е посебна приказна-еден проф.во средно викаше-сабајле се карав со жена ми, ај ќе предавам зашто ако ве испрашувам на сите кецови ќе ви ставам...мислиш него до нашиот поздрав му дошло..кој знае кај е со паметот :D
     
  6. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Почувствував потреба пак да пишувам на темата. Овој пат реално.

    Ќе започнам од дрското однесување, особено на девојчињата на моја возраст. Неможам да сватам, како некој може да си ги зема здраво за готово советите и казните на своите родители. Неможам да сватам, како некој се однесува као да е богиња на часовите и се расправа со наставници, а потоа бара висока оценка. Наставникот и' бил крив. Што се однесува до мене, сите наставници ме знаат каква сум, учам, се трудам, се извинувам за грешките. Но вистина е дека понекогаш самата не се поднесувам и си дозволувам се и сешто и дома и во школо. Викам, донесувам брзи заклучоци. Ама знаете што е разликата?
    На крај знам да го кажам зборот ИЗВИНИ, знам да кажам ФАЛА и знам културно да поздравам повозрасен.
    Во друштво излегувам со другарки кои немаат никаков срам и им имам кажувано за ова, ама мислите ме сослушаа? Сериозно ме сватија? Не.

    Штикли и недолично облекување. Дома имам два пара штикли мои. Едните се 5 цм, другите 10. Си ги обожавам. Женско сум, и не само јас туку сите тинејџерки се во фаза да станат девојки и почнуваат да си го откриваат својот стил, почнуваат да ги сакаат штиклите исто колку и вие, повозрасните.
    Но денес, кога една соученичка и моја другарка ми кажа дека сакала 15ка штикли да си купи :o И велам: Имаш 14 год. Земи си некој пониски што ќе си ги износиш, за некоја година нека те болат нозе, не сега. Таа ми одговара: Па што, имам јас и повисоки. |( Па велам that`s my point!
    Ама ајде нејзино нека си е. До некаде ја сваќам. Што не сваќам е мини суќната, месо боја хулахопките и гордо покаженото деколте. Отворено им имам кажано на другарки дека тоа треба да го отфрлат сосема и да си облечат нешто за свои години, ама пак! Никој не те шиша. Џабе.

    Дечковци. Имам врска од неколку месеци со дете 2 год. постаро од мене. Го знаат моите, неговите се знаат со моите( биле пријатели порано, па и сега). Прв пат бевме другари сега сме си заедно и сите не' прашуваат како успеваме во тоа.
    Ова го кажав и сигурно си мислите: 14 години, а озбилна врска :o Ама не спомнав, дека ова воопшто не влијаело на моето однесување! Воопшто! Си се гледам со друагрки, тој ми помага во учење, јас нему што можам.. Поентата ми е, зар е поубаво до сега да се имам измувано со 20 различни, 18-годишни?
    Имам примери од моето друштво, излегува со него 2-3 недели, па потоа со другар му. Епа и на ова сум горда што успеав да се извлечам од таквото однесување.

    Алхохол и цигари. Ми доаѓа да заплачам кога видам колку девојчиња се упропастија со ова. Дури една и' вети на мајка и' дека повеќе нема капка алхохол да стави во уста и ене ја пак во ќошовите повраќа. :x Мене мерак ми е со една сечена да наздравам, но да претерам никако. Дури понекогаш моите дома малку бунар ќе ми сипат :lol: Ама тоа е друго, па други се спомнатите ќошови.
    Цигари=НИКОГАШ! Спортист во душа сум и тоа и ќе останам. А до ден денес се карам со девојчиња од прва година кога им ставам хахахахах коментари на ФБ на линковите за цигари. ( Цигари повеќе од Спорт на пр.)

    Со ова сакав да ви кажам дека колку и да не едуцирате, тинејџери остануваат тинејџери. Има исклучоци, со сигурност се ставам во тие. Лек? Воспитување! На време имајте добро воспоставена врска Мајка-Ќерка или Постара сестра-Помлада сестра и комуницирајте со нив. Не ни' ја давајте целосната слобода!

    Толку од мене. :hai:
     
    На sweetyears, spellbound, pink4ever и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Avril.09, исто како јас да сум го пишувала ова. Се согласувам со тебе комплетно.
    Да напоменам, и јас имам подолга врска со дете со кое совршено добро комуницираме и сме пред се најдобри другари. Некому можеби не му се допаѓа тоа, но мене ми е супер.
    Да не се повторувам, имам и претходно коментирано на темава, но се потсетив дека немам кажано за ова претходно.
    Инаку, ако смеам да прашам, Аврил, осмо си? :wasntme:
     
  8. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Да, колешке. We are in the same boat I guess. :)
     
    На stojanovskata и Whatsername им се допаѓа ова.
  9. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Веќе имам коментирано на темава, но еве сега да си кажам од почеток бидејќи некои работи се имаат променето.

    Штикли- имам кажано дека сум ги облекла за прв пат на полуматура, а претходната недела си се подновив со нови. Да, сакам штикли, ми се допаѓаат и никој не може да ме разубеди дека не е убаво да носам штикли на оваа возраст. Можеби во вашето време не се носеле штикли, но ете сега такво е времето кога и ние почнуваме да ги носиме. Сакам кога одам на некоја тинејџерска забава да облечам штикли иако тоа не се случува секогаш и не гледам ништо лошо во тоа. И се согласувам со Аврил дека почнуваме да го откриваме својот стил, што е нормално. Тука се и оние кои не поднесуваат штикли, односно не им се допаѓа тој стил на облекување и тука започнуваат караниците. Многу пати сум слушнала како демек тие што носат штикли на 15 години сакаат да се докажат колку биле јаки, демек они се ку*ви, не знам ти што таму.

    Алкохол, цигари и дрога - во претходниот пост напишав дека не пијам и не пушам, но ете нешто се има променето. Прво за пиењето да си кажам, сакам кога одам на забава да не се напијам една сечена или обична вотка, а притоа од една таква ништо нема да ми стане, не сум тип на девојче кое се налива со алкохол, ниту пак ќе дозволам наскоро тоа да ми се случи бидејќи мене лично ми е непријатно. Воедно непријатно ми е да ме гледаат пијана, како одвај се движам и не сум свесна што зборувам, непријатно ми е и јас да гледам такви девојчиња, а и девојки, бидејќи едноставно тоа не ни доликува на нас. За машките не сакам да коментирам, бидејќи тие се приказна за себе. А понекогаш дома со мајка ми си пиеме по чаша пиво, верувале или не само за да види како се однесувам кога сум под дејство на мало количество алкохол. За цигарите е друга приказна, имам пробано прв пат на летниот распуст седмо спрема осмо, чисто од радозналост и не ми се допаѓаше, воопшто. Но после некое време ми текна ајде уште еднаш да пробам и тоа и се случи, но овој пат ми се допаѓаше. Не сум редовен пушач, ниту пак планирам наскоро да станам, но ми се случува еднаш неделно да запалам цигара во друштво. И не, не го правам тоа за да се докажам колку сум најјака или не знам ти таму што, туку поради тоа што јас сакам тоа да го направам и ми причинува задоволство. Наидов на многу негодувања од страна на некои другарки, но ниту јас им се мешам на нив во тоа што они сакаат да го прават и не сакам ниту они да ми се мешаат. Ако се трујам, се трујам себе си, не нив, и сум свесна за последиците од цигарите. За дрогата не сакам да коментирам, бидејќи не познавам ниту еден што (освен ако некој не лажел) се дрогира, дури и да пуши марихуана иако сигурно го направил тоа (од оние постарите што ги познавам).

    За дечковците имам другарки кои имале дечковци и биле во врска околу 2-3 месеци, ништо сериозно, иако јас не сум имала дечко ниту пак сакам да имам. А во клас имам две девојчиња кои потенцирам имаат 15 години имаат дечковци од по 21 или 27 години. :!: Околу тоа какво е однесувањето на одредени тинејџери можам да кажам дека е катастрофално (со исклучоци се разбира), не само тинејџерите, туку и возрасни личности немаат основна култура. Имам едно девојче и едно машко во клас кои секогаш се караат со професорите, водат инает, а на крајот плачат да им се поправи оценка и се извинуваат, но сето тоа е за џабе. Не велам дека јас сум светица, во основно и јас и водев инает на едната наставничка бидејќи воопшто не се поднесувавме меѓусебно, но тоа било само еднаш и никогаш повеќе бидејќи само јас си ги знам последиците од тој инает. Ги поздравувам сите повозрасни и сите комшии, професори, сите родители на мои пријатели и познаници, но што кога тие мене не ми возвраќаат на поздравот? После тоа ќе плукате по младината дека била ваква или онаква. И мислам дека не сите ја кажуваат вистината на форумот, односно се прават нешто што не се, свесно или несвесно, а со ова не сакам никого да потенцирам ниту да повредам, само го кажувам моето мислење и мојот впечаток.

    Едит: Во врска со облекувањето - секогаш се трудам да се облечам пристојно и онака како што треба. Повеќето мои другарки знаат дека јас воопшто не сакам разголени маички и дека премногу ми смета „се“ да ми се гледа, односно деколтето кое воедно и го немам. :lol: Дури и најблаго отворените маички за мене се премногу и секогаш се жалам дека се ми се гледа, а уствари никој ништо не може да ми види. Сите знаат дека не сакам да носам сукњи, бидејќи едноставно моментално јас не се гледам во нив, иако сакам да носам фустанчиња и не од оние што ти го откриваат пола задник, туку од нормалните фустанчиња за девојки и тинејџерки.
     
  10. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    Добро, бидејќи спаѓам во денешната младина и со широко отворени очи следам што се случува околу мене, решив да прокоментирам на темава. Точно, денес не е ништо чудно да забележиш по некое пијано 14 годишно девојче како се клати на 20ка штикли и и ѕиркаат гаќите од миничот кој го носи, а патем и употребува најразлични пцовки и вулгаризми кога некој од случајните минувачи ќе ја погледне загрижено. Впрочем, нема да ја препознаете ниту нејзе ниту нејзините години кои се покриени со 3 слоја јака шминка. Девојчево има излез до 12, 1, 2 (!) ... И сега следи прашањето, па добро има ли таа родители кои ќе го контролираат нејзиното однесување и ќе и постават граници? Да, родители има, но тие имаат ПОГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ :!: од тоа да се занимаваат со нејзе. Најчесто и самите тие ги пуштаат своите деца како девојчево до подоцна, само дома да не им пречат. И тоа се нарекува родител? Уште кога ќе им дадат по 500ка, 1000ка за едно излегување, па добро сигурно е дека ќе се најде некој "паметен" кој ќе ја запознае и со алкохол и со други штетни супстанци. И така еден викенд, втор, трет... Се до немајкаде. Па следуваат слики во пијанство на фб, па лајкови, па коментари.. Па кога овие девојки ќе бидат искористени од Х личности кои ги запознале во некој ноќен клуб или уште пострашно, рандом типчиња од фб, е тогаш е леле мајко, што да се прави. Се прашувам каде е крајот? Кога младите ќе сфатат дека не е секогаш полесниот пат и подобар, но и постарите треба да се тука за да ни го посочат патот и кога ќе скршнеме од него да ни помогнат. За жал, горенаведените примери се далеку побројни и време е да се согледа разликата помеѓу доброто и лошото, зошто станува збор за самите нив. Значи, воспитувањето и родителската грижа според мене е клучна за психичкиот развој на еден тинејџер и негово правилно насочување на погледите кон животот. Но ова почнува од помали нозе. Како ќе се соочиме со ваквиот проблем не знам, кога 7 годишни дечиња наместо надвор да играат криенка и мал милион слични игри тие се пред компјутери на некоја од социјалните мрежи и имаат барем 1 телефон со сите тракатанци, камери и не знам што. Искрено ми е многу жал за нив, бидејќи нема да го доживеат она што значи безгрижно детство и невиност, додека да се освестат ќе бидат заробени во еден никаков свет во кој избрзале да пораснат. Изгледа е тоа уште една негативна страна на денешниот брз ритам на живеење.

    Инаку наоѓам на потешкотии бидејќи не сакам да се вклопам во една ваква средина, многу често сум исмејувана од околината поради моите ставови, но сепак се држам до она што е мое мислење и секако не го оправдувам ваквиот начин на однесување бидејќи воопшто не ми се допаѓа.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    ^^Тоа ми беше поентата. Исклучоци се оние кои прават грешки, ама потоа се свесни за тоа и се извинуваат или пак доволно е да ги гризе совеста.
    Е сега, не прочитав пост, кој ми изгледаше нереален или лажен, знам само дека сега зборував во име на сите исклучоци. Или може да се каже, надежта на оваа младина. :)
     
  12. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Имам 13 години. Не пијам. Не пушам. Немам имано дечко до сега. Не се имам мувано. Не се шминкам (за никаде, ни за на школо, ни за излегвење). Не носам штикли (сакам да носам ама мала сум :| ). Јас веќе скоро никого не познавам ваков. Единствена утеха ми е сестра ми, има 16 години, ама не пуши и нема дечко. Се осеќам чудно. Ко некое фрикче да сум. :lol:
     
  13. scream94

    scream94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    прво да се извинам ако во погрешна тема пишувам но ми треба помош. нова сум на форумов и се надевам дека ќе има некој што ке може да ми помогне. Имам 17 години ,трета година во гимназија сум. имам сериозен проблем. во последно време сум како изгубена, премногу се нервирам, станувам хистерична плачам за ситница, се осеќам буквално како најгрдото нешто на светов. Нз како да се снајдам во школо, имам дечко веке 2 години и се плашам дека и него ќе го изгубам. постојано му звонам по телефон имам замислено дека ако не ми крени тогаш е со друга , дека не ме сака и тоа на него му смета што постојано го давам и плачам за се. Карактерот ми се сруши мислам дека го изгубив целосно, и дома постојано се расправам за се. ве молам помогнетеми да станам повторно на нозе зошто ова не сум јас. сакам да сум нормална. се надевам дека и некој постручен ке се обиде да ми помогне. ви благодарам однапред.
     
  14. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Не е нормално тоа што ти се случува , меѓутоа ни се случува на сите..што значи , у реду е.
    Тие се годините и пубертетот си дрма, си го прави своето. Седни , размисли дали тие испади се потребни , укажи си на себе дека нема потреба така да реагираш..потоа разговарај со дечко ти , кажи му дека во последно време си расеана..дека ти требааат долги разговори кои ќе те смират, ќе те релаксираат. Истото направи го и со домашнати , на пример со мајка ти. Кажи и дека во последно време си напната за се и сешто , сигурно ќе разговарате и ќе те смири.
    Мислам дека немаш многу сериозен проблем , само ти требаат советувања и разговори.
    Излегувај почесто на прошетки , пешачење ,вежбај нешто ..така ќе ја исфрлаш негативната енергија.
    Преокупирај се со работи што ги сакаш , така што ќе немаш време ни да помислиш на нервози. Најди си мотивирачка песна , мотивирачка желба..едноставно е :)
    Секое добро .
     
    На scream94 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  15. baby-doll

    baby-doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    13
    Drug pat citiraj mi ja recenicata do kraj pa posle komentiraj ja vazi i za da ne se macis da go baras krajot eve go jas vejke go najdov:
    Vo osnovno dodeka site mi se smeea deka vo 11 trebase da bidam doma se custvuvav kako izrod, ama deneska sum im blagodarna na mojte roditeli za taa granica zatoa sto za moeto poranesno drustvo koe mi se smeese slusnav mnogu ne ubavi raboti.
    ;)
    [mod-kirilica:353tioeu][/mod-kirilica:353tioeu]
     
  16. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    абе се на свое време.ама ете тоа ти е младина мислат таман имаат малку „градички„ „гзнце„и готово пораснаа :D ееее се што лета не се јаде ама тоа го сфаќаме многу покасно, т.е.кога созреваме ;)
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Младината забегува, но не сите. Има примерни деца, но во мал број.
    Она кое можам да го коментирам, со не знам колку големо право е начинот на облекување и излегувањето. Јас во осмо имав излез до 12, овие до 4. Во шесто до 10 најкасно, и тоа пред зграда да сум, евентуално во најблиските делови од населбата, сегашниве до после 00:00.
    Колосеум е преполн, ама преполн со осмо одделение. Прво кој ги пушта така да се облечат, немаат ли родители? Второ, кој им дава толкав излез?
    Во седмо и осмо, меѓу мене и моите врсници Левел, Вулкан, Процец, Кабрио беа the shit. :D
    Јас на тие години одев во дискотека. Работеа од 9 до 12, да, но за нас беа дискотеки. Носев минич, онакви детски миничи, со балетанки, кои иако е во ред да се носат според мене, јас претерував. Не ги симнував од мене. Уште и велам на мајка ми, најголема грешка и е што ме пуштала толку да се занесувам и правам фаца низ Скопје. Но од туак пак дојде до ситуација, кога сите ми свртеа грб и сфатив што е да си сам. Ми беше тоа лекција, и после огромни маки изградив цврст карактер, се подобрив и изградив сосем нов живот. Без старите луѓе. Да не одам офтопик..

    На мои години исто така не сме ништо поарни. Ги преполнивме дискотекиве и места кај што не ни е место. Сестра ми нема кај да излезе и да види добра журка а да не види некоја моја соученичка.
    Повеќето се облакаме како што не ни доликува на годините и се однесуваме исто така, а сепак сме се уште деца.
    Јас не се двојам од ваквите примери. Имам излез до 3, но не секој ден. Прво и основно мислам дека моите нема ни да ми дозволат секој ден тогаш да се враќам, втора работа не сум јас многу по бурен ноќен живот. :D Носам штикли, се средувам повеќе од сестра ми, шминка, фустан, фризура...Старолика сум и заедно со целосното средување пред излегување, мене човек под 20 години нема да ми даде, гарантирам!

    Има исклучоци, но во многу мал број. Поделеност на групи и што уште не.

    Дел од младината не знае ни што е зборот книга, а тек па да тркне до библиотека и да прочита нешто. Александар Сариевски е автор на современа поезија, сте чуле за тоа? Не знаев дали да почнам да се клештам на сред час или да заплачам.
    Затоа, одреден број млади читаат, истражуваат, пишуваат и се трудат да си го збогатат речникот па доаѓа до одредена рамнотежа.

    Потоа, однесување. Брука невидена, знаеш пеерче. -.-
    Сексот не е веќе табу тема, најнормална ствар е ти во прва веќе да си имала секс и као уште горд си на тоа. Јас бев како ненормална што после година дена врска се уште не сум имала секс, и дечко ми не смеел да ми го допре газот ни со рака додека ме бакнува.
    Нема ценење на самите себе, а уште помалку на тие околу нас.

    Ова е сликата која јас ја имам добиено од тоа што сум видела, слушнала, приметила...
    Како што реков има исклучоци, да не ми се фрлите.
     
    На LilBaby, pink4ever, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Денешната млада младина

    Ќе ви раскажам една случка на која бев сведок пред пет минути.
    Излегов на тераса да ги спростирам алиштата и незнам што ми текна да погледнам надолу.
    Во тој момент еден таксист вртеше во сокаков, нормално имаше дадено жмигавец,а и не беше брз воопшто.
    Од нигде никаде се појави едно детиште на Априлиа мотор, ненормално забрзан и удри во таксистот со моторот од страна и му се скрши едното светло.
    Таксистот кој беше малку постар веднаш излезе од колата, му го крена моторот на детиштево кое најмногу му давам 16 години, и го праша културно дали се е во ред и дали е повреден.
    Детиштево почна да му се дери "Ти бе нормален си? Глуп си? Викај сега полиција копиле едно смрдено. КОј ќе ми го поправи сега светлово будало една?" Си седна на моторот и во возење го опцу сочно таксистот,а тој јадниот го собираше скршеното стакло и го фрли во кантата.

    Не велам дека сите се такви невоспитани.
    Не.
    Ама,после ваков настан детето може да биде и најпаметно и знае муабет да ти направи,ама нема да сакам да го видам уште еднаш, а камо ли да сврзам муабет со него.
    Да бев јас на местото на таксистот, после толкави навреди на клоци ќе го кренев и право кај мајка му и татко му.

    Втора работа после настанов ми е глумењето фраерчина.
    Зошто на децата им купуваат мотори?
    Знаат колку е ризично, подобро нека оди со такси, автобус или точак. За мотори не се ни дозреани.

    Епа млада младино
    уоu suck
    and your parents too
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Ашлинг, пошто спомна веспи и малолетници, кај нас тешко полицијата е, родителиве мислат дека секогаш „децата наши не се виновни“ |( Пцујат врнат, поднесуваат жалби дека некој од полицајците го зел на око малиот негов, па се караат на сред улица, циркузи, а ова малиов е 40 кила сосе кревет, едвај го држи моторот, а вози брзински најнов модел :P демек, со 120 |(
    И не се криви родителите? Е на глава нека му се покакаат, кога не знаат што значи „НЕ“ и „кога ќе пораснеш“!
    Оправдание ли е „јас сум немал, нека има тоа, нека вози“? И кога ќе скрши глава некаде ќе важи истото?
    Ќе си берите ум мамички и татенца...
    Па и што бараме повеќе кога и ова возрасниве пошандрцаа :fubar:
     
  20. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    не сакам ни да помислам какви генерации доаѓаат
    се плашам моите дечиња какви ли ке бидат :sweat: