Јас искрено се плашам моите деца да не ги прават истите работи како горенаведениве.Сеуште се мали но уште од сега ги воспитувам правилно на онаа основна култура(добар ден,благодарам,пријатно)Фала му на Бога сега за сега ги прифаќаат моите сугестии и критики па се однесуваат културно.Јас кривицата ја гледам во родителите.Имам милион примери од мојата блиска околина,родителите не се замараат воопшто за децата.Еве ќе кажам еден пример,мојата снаа воопшто не се грижи за нив,пред да дојде од работа си оди да си се најаде во некој ресторан а кога ќе пристигне дома децава гладни и викаат мамо што има за ручек?а она онака им привикува што сакате јадете ете има риба конзерва у фрижидер.Искрено јас што ја слушам ми се иде да ја треснам од земја.Не се замара ни за родителски состаноци а после децата уште во 2 одд имаат двојки и тројки.Немаат ограничено време на пример слободно време,па време за пишување домашна,учење и сл само заради тоа што таа е презафатена од идење по кафиња од куќа на куќа и сите ја озборуваат.Децата нејзини воопшто не се воспитни немаат основна култура,им се потсмеваат на постарите,сум ги слушнала да кажуваат погрдни зборови а богами и безобразни.Како и да е само родителот е виновен за однесувањето на децата и за неговните постапки.
Епа, ајјде да прокоментирам. Повеќето знаете дека и јас спаѓам тука, всушност и уште многу ќе спаѓам во оваа група. Епа, вака. Значи, во еден претходен пост реков дека ги поздравувам познатите. Епа, друштвена сум. Да, постојат наставници кои само ќе те погледнат, а еднаш одам на школо и само на наставничката кажувам ’Добро утро!’ , а таа не само што не ми одговори, туку не ме ни погледна! Ама добро, јас си кажав моето, таа ако сака да слегне подолу од моето ниво, слободно. Но, тоа не значи дека сега не ја поздравувам. Епа, и јас сум имала случки кога сум била замислена и не сум слушнала некого. Од каде да знам јас што му се случува некому дома? Значи, дилемата со поздравувањето ми е решена: ги поздравувам сите што ги знам, без оглед на тоа дали некогаш и тие ми отпоздравиле. Алкохол сум пробала само за Бадник и понекогаш ако татко ми пие пиво ќе допрам малце до устата, т.е. ќе ближнам. Не пијам воопшто. Цигари - не сум пробала, а не ни лагам да пробам. Сум против цигарите. Дечковци, на мои години? Ма, прво ќе се фрлам во Вардар отколку да фаќам дечковци. Има време за такви работи. Штикли немам пробано ниеднаш, освен за по дома кога се шетав еднаш со на мајка ми штиклите - за да си исполнам меракот, но не знам дали некој не го правел тоа? Ниеднаш не сум излегла надвор со штикли, освен во дворот, за да осетам како тропат по цементот! Имаше 2 девојчиња кои беа во штикли на Нова Година, а јас ги пробав на едната и тоа само за една слика И толку беше! Не се шминкам за излегување, всушност и не излегувам многу често. Во летото-да, но ова време (посебно во зимата) кога е ладно, некои другарки шетат по еден ’кафич’ (не е баш кафич, ама сепак), но јас имам отидено неколку пати. Да, на родендени одиме во еден кафич (ама не таму кај што седат оние големите, туку има надограден дел и таму се слават родендени и тоа оние на мои години). Е, таму одам. Што е точно, точно е! Лани во летото бев пуштена до 10 ипол и ништо повеќе. И, многу бев задоволна. И сега верувам, пак ќе сум до толку. Па, лето е и сите се надвор, ептен гужва има, па воопшто не е страшно или нешто така. Има и многу на мои години што излегуваат до толку, па дури и до многу повеќе! Во ова време кога сум на роденден (најчесто почнуваат после седум или седум) сум пуштена до 9ипол најчесто. Па и 10 да ме фати, ништо страшно. Понекогаш брат ми ме зимал. Епа, зима, никој нема надвор, нема сама да се враќам. Не облекувам миничи, нема ни да облечам, освен ако одоздоле немам темни хеланки! Си носам фустанчиња и сукнички, но не кратки. Е, сега нема да облечам под колената, ама сепак за моите години сметам дека должината е добра. Епа, тоа беше.
Е ај и ја да прокоментирам во темава како дел од денешната младина.. Далеку од тоа дека јас сум цвеќе за мирисање.И јас знам понекогаш да опцујам (а уствари кој не пцуе?) но секако тоа е до одредена граница не секој ден употребувам пцофки и срамотни зборови.И јас знам да се нашминкам да ставам сијај моливче или креонче а не тони пудра, и јас сакам да носам штикли ама не носам пошо сметам дека сум мала за штикли сепак имам само 13 години до година може и тоа само за полуматура.За разлика од другите јас имам домашно воспитание колку толку. И смешно ми е кога ке прочитам постови од некој феминки дека коа биле на наша возраст не знаеле што се штикли ма дај молим те вие се направивте ангелчиња.Сигурно дека во вашето друштво имала некоја која се облекувала по чудно од вас или се шминкала па сите сте ја гледале чудно но во денешно време тоа не е чудно.Иначе да оставиме на страна шминка потпетица и култура.Незнам дали сте заприметиле дека деца на моја возраст па и помала пушат цигари и дуваат, тоа е стварно загрижувачки јас знам понекогаш да се нашминкам или да опцујам али никат не би тргнала по тој пат да се дрогирам да дувам или да пушам, иако пола од децата малку постари од мене колку мене и помали од мене го прават се тоа.Мислат дека ако пушат ќе бидат фраери и главни а не свакаат дека со тоа само се уништиваат себе и својата иднина.И се чудам зошто сите само критикувате.Не се сите исти има многу добри деца, воспитани. кои учат и се океј, зошто не го пофалите нив? Еве да ги спомнам дечковците/девојките што ги факаат на 13 години..Незнам стварно што има лошо тука и јас прв пат се смував на 13 години (иначе уште малку и ке пунам 14 ^^) и сеа тоа треба да значи дека јас сум невоспитана или нешто слично?..Иначе да имам девојчиња во друштво кои ставаат по 3 тони пудра кои и за во школо секој дневно се шминкаат што секој збор им е пцофка и што се крајно безобразни и не ги подржувам а утште помалку не земам пример од нив!
Тоа што сакав да кажам веке е кажано овде на темата. Моето мислење е дека денешниве млади немале детство.Што сакам да кажам со тоа? Уште од мали нозе имаат компјутери,гледаат нападни цртани филмови и што уште не.Вистинскиот живот е надвор.Кога бев на 5-6 години јас не знаев што е тоа монитор тастатура и маус,ама денот го поминував надвор играјки си брканица,жмурка,ластик и многу други игри за кои верувам дека денешниве деца не ги прават.Па луге бе и на 6 години прават фејсбуци,и месенџер адреси наместо да си играат надвор.На што личи тоа?кај им се родителите?Знаат ли тие воопшто што им гледаат на телевизија и на компјутер?Очигледно дека не.
Мислам дека се претера во величањето на она што било пред 10 години. Тоа било. Не ме сфаќајте погрешно, ама општеството си го врши своето. Социологијата како наука си има за доказ - поединецот се однесува како што се однесува групата на која припаѓа. Не се согласувам со носењето штикли од 11-12 години. Тоа ми е неприфатливо. Ама ако цело друштво ти излага во Колосеум, тој што „пробува да си го живее детството “ сам да шета? Тоа прво. После и јас не се согласувам со шминкање за школо, итн. Јас лично не ставвам ништо, ни за школо ни за нигде. Малце пудричка ако имам подочњаци уби боже, и за навечер ама само природно да биде. Нападни сенки, разобличување на она што сум, да не личам на себе не. Јас припаѓам на денешнава младина, иако многу ми смета што сите се ставаат на куп. Не е целата денешна младина како што ја опишавте. Фала богу си има и исклучоци. Јас сум си на средина. Си го живеам детството, читам книги и не живеам пред компјутер. Ама навечер еднаш- два пати во месец си се спремам, си излагам со штикли со се. Мерак ми е. И да ми се здосади после.. што ако? Се родив во златна среедина, си ги изживеав и цртаните и маалките дружби, сега почнувам со тинејџерски излегувања. Не се дрогирам, не пушам, не пијам. Само се забавувам. Не сте дел од овие кругови, сте проаснале во друга средина, неможете да тврдите дека самите ние сме криви, општеството никогаш не се враќа наназад, само оди нанапред. т.е средината во која растеме, неможе да стане одедаш онаа во која сте растеле вие. Фала
Горе не напоменав-за излегување, да, знам да си ставам малце креон, сјајче, па понекогаш и римел. Но, тоа значи ли дека немам домашно воспитание? Ајде, вие кажете. И, значи дека јас ако сум регистрирана на фемина, имам фејсбук профил немам убаво детство? Епа, тука грешите. Технологијата веќе стана дел од нашето детство, но не го заменува играњето надвор. Еве, пред саат време се вратив од надвор.
Јас не се согласувам со тоа дека денешната младина е невоспитана, необразована, некултурна, педерастична , глупава, дебилна.... и што ли уште не прочитав. Процесот на стареење (Ваш) и созревање (исто така Ваше) си го прави своето па гледате од една поинаква перспектива. Своевремено така зборуваше баба ми ( за тогашната младина), па мајка ми ( за подоцнежната младина) , па сега зарем треба и јас да го изиграм истото оро. Не! Јас имам друг став. Не сум заборавила што се правевме кога бевме младина и нема да се правам бабетина и да ги оцрнувам. Се сетив сега на темата - дали некогаш сте украле нешто....чудно, но сите одговорија со ДА ( и јас ). Ако сега некое дете каже ејј и јас украдов ...е тоа е денешна младина па веднаш ќе си добие и етикета дека дури и краде за да дојде до дрога. Не висевте Вие на нинтендо ( Супер Марио , се сеќавате?). Епа сега висат на ХБОХ , јбг нема нинтендо. Имавте симпатии, лексикони, споменари ..за дивно чудо имаат и они (денешниве)... не играат надвор??? - епа неиграат кога безбедноста им е нарушена од некои стари истрауматизирани ( од општеството) , пропаднати , испијанети и стари чичковци. Денешната младина е супер ....
Среќа што има кој да не просветли нас родителите и да не потсети дека имаме деца. Едно е да имаш став а друго да даваш заклучок.
Дел сум од денешнава младина, па поради тоа си земам право да искоментирам тука. Најпрво, морам да кажам дека за жал, за повеќето работи навистина имате право. Некултура на највисоко можно ниво, никаква самосвест и самочитување, а камоли почитување на постарите. Во овие моменти, единствено што е важно е да се најде некој начин да се истакнеш од другите, некој начин за да те забележат останатите. Токму во тие моменти се губи здравиот разум, се оди по патот на пороците и се прават ненормално големи грешки, кои што подоцна тешко се исправаат. Вистина е, луди години се, тинејџери сме, променливо расположение, работи љубопитноста и ред други работи, но каде е границата на сето тоа? Има општ натпревар за тоа кој ќе излезе на пофенси место во петок/сабота, кој се знае со повозрасни од него, кој е најубаво облечен и скоцкан за во школо, кој се нашминкал најнападно за излегување, кој ставил поголема штикла и облекол пократко фустанче. Мене искрено, сево ова ми е МНОГУ патетично и пред се` недолично за моите години. Сега ќе зборувам конкретно за себе. Имам 16 години. Да, понекогаш знам да се дотерам ептен, сакам да излезам налицкана и средена од глава до петици, важно ми е што ќе облечам (сепак да биде во контекст со моите години), но не и каде ќе одам. По дискотеки многу ретко можат да ме видат, повеќе сакам некои си опуштени варијанти, кафе во најблискиот кафич, или пак кога едноставно се немаат пари, знам да излезам и во маало петок/сабота, по тренерки и со мрсна коса, али баш за тоа ич уво не ми чуе. Впрочем, најубаво си поминувам кога сум во маало, не се замарам со тоа дали некоја лигла ме мерка од глава до петици, дали ми се размачкала шминката и дали на светлото во дискотеката/кафичот изгледам како вампир. Притоа, кога во понеделник ќе ме прашаат во школо кај сум била за викендот, не лажам, туку ја кажувам вистината, викендов си го поминав дремејќи во маало на бетонски, со одлично друштво и супер причи! Не ми е ни малку срам да го кажам ова, иако знам дека подоцна можеби ќе бидам гледана како изрод и дека ќе има не знам си какви муабети, боли ме брига. А, секогаш има некои паметни што коментираат и посебна категорија што нон-стоп дава лажни одговори.. Што се однесува до шминката и облекувањето. Имам напишано во една тема од што се состои мојата шминка, за во школо ретко кога ставам, но и кога го правам тоа не е воопшто претерано. Обично се шминкам кога сум прва смена, затоа што сакам да ги сокријам трагите создадени од „бурната ноќ“ над книга. Малку коректор, римел и креон и си шибам. Кога излегувам пак на фенси плејсес, исто така не преферирам ставање многу шминка, повторно не ставам пудра (едноставно немам ни потреба), сенка некоја скоро незабележлива колку да ми пушти некоја светка на капак, руж, креон и римел. Толку. Облека. Сакам деколтиња, но додека сето тоа изгледа умерено и прибрано. Никогаш не сум ги пуштила да ми скокаат нагоре-надолу, нити пак сум отворила деколте до пупак. Носам фустанчиња, ги имам доста. Над колено, но повторно со граница. Штикли исто носам. 8 цм се, сосема доволно, земајќи ја во предвид и мојата висина. Морам да признаам дека се чувствувам многу посамоуверено кога носам штикли, го обожавам истото чувство. Пороци. Не пијам, не пушам, а за дрогирање не сум ни помислила. Некогаш знам да се напијам две-три голтки вотка, винце или нешто слично, но никогаш не сум се довела себеси до тој степен да се влечкарам по улици, да не знам што зборувам и слични останати работи кои што произлегуваат од тоа пусто пиење. Повторно граница. Цигара имам пробано, но никакво задоволство не ми пружа, баш напротив, затоа - не, благодарам, добро е и вака. Но, сепак не велам дека никогаш нема да се начукам, или дека никогаш нема да пропушам. Култура. Да, сеуште ми текнува што значеше овој збор. Поздравувам комшии, имам воспоставено одличен однос со професорите, знам да кажам „Се извинувам, Ќе сакате ли да, Ако сте во можност..“, изрази кои што се поретко и поретко ги слушам од моите врсници. Дури и кога ги употребувам ми се смеат, но и за тоа ми е гајле. Секако, далеку од тоа дека сум светица, ама едноставно душава не ми е мирна кога свесно одминувам без да поздравам некој, кога се расправам и бунтувам за се`, па побогу, ако се однесувам на 16 години вака, тогаш што може да се очекува од мене на 20 и надаље? Во навика ќе ми прејде истото однесување, а тоа навистина не би го сакала. И последно што имам да го кажам на темава, иако би можела да зборувам до задутре, е тоа дека и покрај се`, си ја зачував чесноста и другарите секогаш знаат да ме издвојат како девојка која што навистина вреди, која што не може секој да ја заслужи. Горда сум на тоа, внимателно избирам со кого ќе бидам, секс на овие години - не, благодарам, сум имала една сериозна врска и еден мувач до сега. Тука планирам да застанам. Сакам да муабетам на најразлични теми, сакам да читам книги и својата љубопитност ја насочувам кон многу поинакви работи, сепак соодветни за моја возраст. Мило ми е поради сево ова и секогаш се наоѓа некој што го цени истово. Толку.
Луѓе мои, јас кога ја поставив темава мислев да се развие во друга насока но веројатно не сте ме сфатиле и на неколку пати пробував да и го дадам правецот што го замислив првично Кога ја поставив воопшто не мислев за пушење цигари, пијанчење и незнам што, туку за она што се однесуваат пре рано како возрасни, а се психички/духовно/ментално како сакате не развиени. Убав пример дадов за спотот од Кејти Пери оние што се пријавуваа, тогаш беа актуелни. Какви се не глупирања видовме. Поената ми беше на што се должи тоа однесување?
Епа, Офи, мене и штиклите, цигарите, ми изгледаат баш на тоа што го кажа ти. Демек ’Види ме, со штикли сум’ , а има само 12-13години-значи сака да се направи поголема. Или цигарата во рака ’Види јас што можам’ а уште е во основно 7мо-8мо одделение. Па, тоа ти е значи они преку физичка работа сакат да се прават големи, а не размислуваат на подледиците. Горда сум што не сум некоја си таква распуштеница, како некои. Да, можам слоободно да си потврдам дека во никој случај не сум таква! Грешка сум, или ?
Иако не ме праша ќе ти одговорам... Во право си! Повеќето од младите се плашат да не не бидат прифатени од друштвото и прават работи кои ги прават останатите. Имам брачеда која има 13 год и вели дека не е прифатена од друштвото затоа што не носи штикли и не излегува до 1 сатот на вечер.Па мене во 8 одд не ме ни пуштаа да излезам,ако излезев тоа беше еднаш месечно и дома во 11 сатот бев ... Ај како било тоа со излегувањето.... Друга раб се цигарите и тие се за да се прифатени од другите... Ако не пушиш не си кул како нив. Како седумнаесет годишна сум среќна што не спаѓам во ваквата младина.Не дека се правам светица,сум пробала цигара 2-3 пати од љубопитност да видам што како... САКАМ АЛКОХОЛ и те како ... Но се си има свои граници.За жал со оние што се "дружам" се многу поинакви од мене.Ми се смеат затоа што некогаш и не сакам да излезам на вечер и си останувам дома со некоја добра книга и кафенце....Мислат дека сум заостаната,дека моите не ме пуштаат и ред други работи.Не е така.Јас само се чувам од денешниве зла... Мислам дека се ова што го прави денешната младина е само да покажат дека пораснале пред време и за да бидат прифатени од другите
Па делумно и во право е Пеликуна.Ова можеби не е твојот случај но голем број на родители им дозволуваат на децата да гледаат секакви серии и филмови. Типичен пример оваа серија Долина на волците, ја пратат деца од 4-5 години па нагоре, пишува над 16 години мислам. Незнам дали си погледнала какви гадости има во серијата, па после децата насилни,пцујат и сето тоа впиваат и после разбојници стануваат..
Да ви кажувам јас од вчерашниот роденден.Прво, незнам кој ѓавол ме натера да одам,арно реков дома да седам, ама ме предомислија ко божем малце деца имало, да не му се упропасти роденденот на детето. И добро идеме, и гледам стварно малце деца, се додека не дојдовме кај него дома. Таму - има што да видиш! Се собрале едно 10тина +/- и тоа се машки.Женски - само 3.И добро седнавме се по ред.И почнаа овие двеве да шепкаат, да се смеат нешто бла, бла, машкине на пц, јас ко 13то прасе буквално.Е после.Овој славеникот почна да ја фаќа еднава, оваа ко божем немој ова, она а намерно така седи за да може да ја фати! И после и го земаа телефонот и фатија да и читаат пораки!Со кој памет бе ејј! И добро ќе оди го зема оваа и уште толку за газот. И ајде зема конечно тие па земаа да се борат, да се буткаат па отвараа во плакар кај детево, со чорапи земаа да се маваат, мајка му влегува вика смирете се има луѓе доле спијат, овие не бе абер си немаат. После доаѓа на еден брат му.И мало дете, 7-8 год повеќе немаше и седна и овие цело време го нервираат нешто, и детево замавна смоки истури.И дојде мајка му да собере и детево мало ај, ама брат му толкав вол само стои и се смее, а женава сирота собира. И на крај ајде торта.И јадевме што јадевме и овие двеве у вц ќе идат (по 124 пат) и овие мушкиве немаат што да прават па земаа да им гасат светло, да им тропаат по врата, абе дајте отворете им више. .И добро дојдоа и сега настана ама стварно ХАОС, абе фатија машкине да ги фаќаат, овие ги удираат, оние се буткаат, а јас само седам на едно столче и посматрам.И отидоа од собата накај ходникот и дури една вазна потпукнаа. И јас видов не видов станав и си отидов.После тие којзнае што правеле.
Епа вака... јас имам 14 години.. и ќе ви пренесам дел од мојов живот.. значит ко сите нормални на моја возраст скоро секој викенд сум излезена.. знам да облечам и минич и високи штикли( мислам нив ги обожавам) али се случува кога ми е преку глава и ќе договорам со друштвото вечер ќе одиме на јадење.. имам граници.. не одам нити се мувам со секој што ќе ми излезе прилика.. можеби бидејки сум многу пребирлива.. имам 2 бивши и искрено горда сум што се толку малце и не се фолирам пред никого се мував со онај со овај за да е љубоморен.. на училиште сум 1 година ми се сите 5 освен две 4.. е сега да не се прам светица.. знам кога ќе излезам ( еднуш на 100 год) да испијам повеќе одколку што треба, имам и пробано цигари.. од многу глупа причина да сум фраерка.. али кога го споредувам мојот живот мислам дека е нормален тинејџерски и не е надвор од никој граници.. секако згрозена сум од оние дебили од машки кои исмеваат други, се креваат и таквите мн ме нервираат иако ние женските најчесто се занесуваме по нив.. и да. ГИ ПРЕЗИРАМ ДЕВОЈЧИЊА со 15 години да ги има 50мина бивши, или од 7 одд да легне со некој мислам ги кажувам примери блиски од мојата околина.. и јас не ги сакам таквите, ги одбегавам и едноставно тие се испод ниво да се замараш со нив.. пропаднати инвестиции.. тоаа ти е...
Да не ме сватиш погрешно, немам ништо против твојот пост, само ме насмеа ова горенапишаното-бидејќи во мое време кога јас имав 14 год. да имаш двајца бивши позади тебе на тие години те сметаа за потенцијална к...ва, а сега денешната младина мисли дека тие двајца се малку... ...чисто за споредба го кажав ова...поздрав
хахаха тоа е времињата се менуваат ние старееме,а денешнава младина ни замерува за постовите Многу се напредни во однос на се.После мојот пост,се набројале неколку девојчиња како тие биле фини,културни,не носеле штикли и слично.Тоа е нивни живот,како сакаат нека се однесуваат,крај краева си имаат родители и нека си ги контролираат,а јас ќе мислам на моите кога ќе дојде време.Сакам да кажам дека се ретки оние кои навистина наликуваат на своите години,а другите брзаат да пораснат,со тоа се се изместува од колосек,нема веќе некоја граница за ништо.Жалосно во секој поглед. Еве само ќе приложам уште еден разговор на три 7-8 одделенки.Искачам пред некој ден надвор во двор,доцна можеби скоро полноќ,за да проверам дали ми е заклучен автомобилот.Пред врата како што напоменав 3 девојчиња,од кои едното правеше муабет на мобилен и вика не бе педер чекај сега ние ќе дојдеме кај тебе до дома ќе те земеме па идеме заедно сите!!! Мислам кој муабет,во 12 часот навечер.Прво што помислив е до колку часот имаат дозволен излез??? Додека тоа девојче разговараше на мобилен,другите две задлабочени во темата не ме ни приметија па еднава и раскажува на другата к*рва една на роденденот ми го презема дечкото(кој воедно учел во исто одд) ќе и ја искубам косата,ќе видиш утре како ќе ја наместам кај наставникот по физичко,ќе му кажам дека го сака. Искрено не ми се веруваше што се слушнав во рок од 2 мин.Децава заборавиле на детството.Брзаат да го искуст животот.УФФФФ што се сега не би дала да се вратам во детството. Ќе кажам само толку,па нека повели денешнава младина на културен демант
Па јас не ни носам штикли,ниту пијам алкохол,ниту пушам и во никој случај не ни мислам да го правам тоа за да бидам прифатена во некое друштво. Има некои кои навистина прерано растат некогаш тоа и не е нивна вина можат да бидат заоставени од родителите, да се во некаква депресија и сето тоа ги тера на некои лоши работи. Гледам некои од осмо одделение пушат јас цигара в рака немам фатено, тоа ми е стварно жално да ги гледам како си го уништуваат животот толку рано. Но оние кои од 12-13 години се шминкаат со штикли се облекуваат миничиња да седнат гаштите им се гледаат толку распуштени седат до 3 навечер по дискотеки се муваат што уште не! Толку ми се жални и очајни јас не знам!