Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Хм... А извини thelitle17 што ти значи ова непрофитабилно не капирам :^) :?:
     
    На Cherry03 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Испровоцирана да напишам нешто . Не испровоцитана дека сум и ја дел , туку понашањето .

    Прво , не осудувајте . Секој свој живот.
    Понатаму , родителите се виновни но и детето . Ја знам ако нешто направев , мајка ми ќе ми лепнеше една лева ( циганска ) или еднаш со очи ќе ме погледне и ќутам . Зашо дома ќе бегам од неа . Не ме тепала многу зашто од дете почитував . И до денес . Ако нешто барам а ми рече не , тогаш ја одам во соба малку ќе се налутам по пола саат се е ок. Знам дека се родители ми ислат најдобро , иако за некои одлуки знам и да се карам , но граница .

    Понатаму , имам братучеди многу мали ама кога он ќе рече сакам тоа , ако нема тоа не е он тепан , туку таткото . Не викам дека треба да ги истепаш но детето мора ад знае да цени . Да цени лебот , домот знам дека моите немаат и не ми давале , еве ако имаат зашто да не дадат? Не ме сакаат?

    АМА денес на 17 години додека јас седам дома , во 12 некој излегува . Кога јас ставив црвен кармин , татко ми ми рече , сега ставаш нареден пат розев . Ти си дете.
    Кога сакав да останам по 12 татко ми ми рече , кога ќе останеш прво ќе седнеш со мене да видам со кого одиш каде и до колку . Ме чека секогаш алку ако закаснам вика ја ти реков 12 не 1.
    Минич? Само кога сум со сестра ми во град .

    Во 2 година седев на нет , влегува татко ми ајде легни ако не нема да веќе компјутер.

    Некогаш сум седела со некои кои пиеле , пушеле , не само цираги туку марихуни , но јас не сум таква . Зашто ?? Некој седел и ми кажал дека не е добро . МОИТЕ.


    Во второ одд изедов шамар за математика. Несакав да учам и мајка ми ме истепа . Од тогаш немораше да ми вика седни учи . Сама учев и сега сум првенец.


    Кога ќе фатам дечко со памет . Сакаат да знам каде одам шо .... Никогаш не ми фалело , сум излегувала , сум се облекувала убаво , сум се зезала , со тато сум зборела за секс , совет , со мајка ми .....
    Значи да не беа моите , и ја може ќе бев дел од МЛАДИНАТА.

    Поздрав.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    monaSi не осудуваме ние толку колку таквите што осудуваат, ти знаеш денес овие маливе кој сеир им фаќаат на деца кои не се однесуваат како нив слободно ќе речам девијантно? Ќе ти кажам еден пример иако знам повеќе и од моите училишни денови. Јас имам братучед шесто одделение, дома три дена им плачеше да му купеле преса за коса,плачеше како не знам што да е работава, како основни потреби да не му имаат задоволено што не е случај, одбиваше на школо да оди се дури не добие преса, леле во која депресија беше паднато дете од 12 години за чиста глупост. Татко му му вели не си ти женско пегла да ти купувам, во право е човекот. После се испостави о дека детево почнале да го зафркаваат на школо соучениците затоа што косата не му била "средена" како нивната, зашто сјај на усни не ставал, зашто не носел марами на школо, детево освен ова не е никаков фрик, дружељубиво е и нема проблем со социјализација, барем немаше се дури ефтината мода не влезе на час. Па тие деца kako да се обидуваат да врбуваат на тој начин, банално звучи ама така е знаеш ли колку деца плашејќи се да не станат мета на потсмев тргнуваат по погрешни патишта? Не е зезање, пубертетот е најчувствителен период. Или пак тие либерални родители кои се фалат како тие биле отворени луѓе без предрасуди кои припаѓале на 21. век, а секој малку построг родител бил затуцан или пак во крајна линија психо? Да, јас и тоа го имам слушнато, затоа прво да се согледаат фактите па после да правиме муабет кој кого осудува и дали има причина за тоа
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    ЗБпрував за коментари гледав горе , не знаат дали дедето им проблеми дома , па оди по друг пат , дали е исфрустрирано , а родителите не седнуваат муабет , значи моите се во климакс со мене немаат правено муабет оддамна и треба ја сеа да се убијам , моите не зборат . НЕ јас седнувам и вика абе вие ќе ме прашате ја што правам? Имам дечко , не , учам , излегувам? И после се е ок .
    А дали знаеш колку збореле дека сум бубалица? Дека сум грда? Дека до 2 не сум имала дечко? И требаше да не учам и мн дечковци?
    А имаше родители на другарки кои не ги пуштаа никаде ни во продавница . Дома со родители зборат секс? Што е тоа секс? И после детето гледа дека другари одат со девојки , излегуваат . Зашто ? И почнува по вц се крие , пуши , легнува со првата/ првиот .

    Значи до дететето е и родителот .
     
  5. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Па точно така де, само што тие деца што ги почнуваат тие нови моди и тие што се чаламат најмногу немаат асални родители, но за жал има многу деца кои не ја согледуваат реалноста, одат по умот од овие другиве и ете, така се зезна младинава, а конкретно за тој братучедот преса не доби, ама татко му го запиша на карате и сега колку што знам јас никој не го чепка, значи ете и те како родителите можат да влијаат позитивно
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.183

    Извини вака, али за првово болдирано, ти беше гајле што мислат за тебе некои шмизли без 2 грама мозок, т.е твоите соученички или што и да биле?

    А за второво болдирано, се сложувам, АЛИ, родителите го градат карактерот кај детето, и толку, основата ја даваат тие, зависи од детето и неговиот памет, дали ќе биде како што треба или не. Тебе ако ти забранувале нешто, можеби немало да ги послушаш, пак ќе си било по твое. Значи, многу зависи од родителите, но уште повеќе од детето.
     
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Хаотични генерации...

    Без култура ,без почит кон ништо живо и неживо ,стигнале средно и сеуште не знаат литературно да пишуваат ,а за читање и да не зборуваме!

    Секоја поинтелектуална реченица ги содржи зборовите ФејЗбук и интернет ,се што научиле - научиле оттаму .

    Немаат детство ,не знаат за игра ,играчки ,радост ...

    Од најмали нозе се изматеријализирани од бескрај ( секако ,учат од најдобрите - нивните родители кои место внимание им пружаат кешарац) ,па се ку*чат на автомобили ,мобилни (косата ми се крева кога ѓе видам дете од 1-во одд со мобилен бре! :swear: ) !

    Ако не секое ,секое второ дете на 15 годишна возраст ВЕЌЕ имало искуство со секс и дроги ,штш е уште потрагично !

    Буквално се размазани ,немаат појма од животот ,не знаат да скрстат една проста реченица ,масовно бегаат од часови ,врескаат на сите и на секого ,деца од 12 години се прибираат во 3 наутро дома ...


    Каде застранил светов?
    Зарем ние не бевме деца ,па никогаш не сме посакувале вакви безобзирни и слободно да речам бизарни работи?

    Па еве не ,пораснавме сите ,кој пофин ,кој помалку ,кој пообразован кој помалку ,генерално не научиле на почит !


    Велат ,иднината на младите останува ,ама ако им ја препуштиме иднината на ОВИЕ млади ,тогаш Апокалипсата секој миг ќе ни затропа на врата !

    Секоја чест на исклучоците ....Ако ги има ...
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Ми беше гајле зашто знаев дека они се без мозок не јас , дома имам бубалица поголема од мене 6 години , гледам колку е узпешна , па кој и да збори мене нема да ми е гајле , родителите седеле цели ноќи со мене збореле ;)


    Едит Деца кои мрчат ги иало и некогаш кога твоите и моите родители биле ученици , па мајка ми била , па сестра ми , па јас бубалица , грда , и др. , но кога тв оите ќе седат со тебе и ќе зборуваат за тоа ти нема да бидеш фрустрирано дете , туку ќе сфатиш затоа кажав и родителите и децата се криви .
     
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Јас сепак мислам дека е се до родителот. Како ке го воспита така ке се понаша. Како што можеле моите со зборови и со минимално ќотекче да ме воспитат дека некои рбаоти се погрешни така ке можат и денешниве родители. Но голема грешка е што родителите се бетер од деца, сите си имаат фејсбук и како недозреани играт фармвил и сите можни игри и гледат да седнат и да ја зберат фармата а не фино лепо да се посветат на децата. Ако децата се расипани тоа е 90 % вина на родителите. :)
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Кога детето започнува да се гради како личност, а тоа најчесто започнува од пубертетската возраст, за градењето на неговиот понатамошен карактер е виновен тој но и родителот, тука не оспорувам :)
    Јас според себе спаѓам во неморална девојка, најчесто според некои свои премногу слободоумни реални гледишта во животот кои незнам на што точно се должат, меѓутоа сум многу, навистина многу поразлична од сите останати.
    Детството го минав по вистински патеки, незаборавен видлив дел од моето минато од кое воопшто не се срамам. Но затоа пубертетот бурно...ептен бурно, си признавам :x
    Почнувајки од алкохолот, цигарите, неморалното однесување на улица. Бев вистински бунтовник 2-3 години. Среќна сум што сето тоа сега е поинаку и луѓето ме оценуваат како паметна девојка со широки размислувања.
    Околу коментарите за денешната младина.. - Да точно е дека се изгубиле некои морални вредности, на пример почитта кон оној кој те создал - родителот, оној кој сака да те научи или да прими мито (независно) т.е. - професорот..
    Или пак почитта кон повозрасен.
    Но вистинското прашање кој е всушност виновникот за овие лоши особини кај тинејџерот?
    - И заклучувам дека тоа најчесто може да биде родителот или во краен случај доколку тој не обрнува нимание, братот, сестрата или некој друг член од поширокото семејство, со кое детето е поблиско.
    Исто така кога веќе ќе се направи грешката, родителот е свесен, но наместо да му помогне на своето дете тој веднаш презема ригорозни мерки за да му докаже дека не треба така, и како резултат од таквите постапки, детето фаќа уште покрив пат.
    Јас не судам никому, ама баш никому. Сум била во секакви друштва и сум прошла сешто и не би опишувала за моите искуства, но од се што видов се до денес ме натера да донесам заклучок кој гласи дека ги НЕМА добрите друштва. Денес е опасно да имаш друштво бидејки секогаш во него ќе се најдат неколку паметњакови(ќи) кои ќе сторат се за да те оттргнат од добриот пат.
    Без разлика дали станува збор за друштвата од повисоката класа, или оние ,,пропалитети'' без родители и чувства, криминалци и сл.


    И сума сумарум - генерацијата ни е лоша! Нема дружење бе! Има моменти за паметење но нема слога, без тоа сме едно огромно ништо, сфатете :fubar: и колку и да се трудам да размислувам позитивно неможам. Тоа е од денешницава не се бега...
    А сега да не почнувам и тоа како кој и зошто ги наметнал овие погрешни сфаќања со дрогава, цигариве и сл. кај нас.

    Но сепак јас мислам дека голем дел од нас се паметни и дека сепак утре ќе го пронајдат вистинскиот пат, колку год да сме лошо испрезентирани кон општеството.
    И верувам дека секој од нас својата иднина не ја размислува во црно бел портал туку колоритен, и тоа не тера да бидеме подобри во некои работи, на пример учењето, уметноста, модата...

    Можеби едноставно сакаме да си поминеме убаво, да изградиме голем ѕид пред себе кој би го покренал нашиот уништен статус во општеството со цел луѓето да не мислат за фешн фуфи или нешто слично. И се со цел да не бидеме навредени, и да бидеме среќни што е некој љубоморен на нас.

    Знам дека е сето ова крајно погрешно но барем е реално, а со оглед дека живееме во вакво време, најтешко е кога ќе ги согледаме грешките и соочиме со последиците од стореното...
     
  11. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Кога гледам каква генерација сме ние и какви полоши генерации се наши следбеници, ме фаќаат ужасии и се плашам да имам деца. Кој знае до тогаш што ќе биде.

    Една компарација: Кога бев осмо одделение прв пат се издепилирав и средив веѓи за полуматурата. Носев балетанчиња и бели широки пантолони, шиени, на кои им беа долу извезани два розови цвета, со бело маиче од истиот материјал.
    Пудра? Шминка? За руменилото за образи и велам на мајка ми: Мамоо, што е ова?
    Штикли?! -Штикли носат жените. Фризура?-Нема шанси, и тоа е за тетки на свадба.

    Денес, одмоодделенките: депилацијата им е испраксирана од петто одделение, знаат веќе да се нашминкаат како топ модели, носат миничи до под газ, штикли од 15цм, пицнати за во град, леле мори мајко. Дечковци набилдани, тоа дека не смее да се бега од модата да имаш набилдан дечко, 7 години постар од тебе, кој ќе те развозава по град со луди коли. Невиноста ја губат на 14 години, ене ви докази на сајтови и форуми, а едни основни работи за секс не знаат. Сликани на фејсбук натртени, уау еј, која е типкава, да речат, животен сон им е по 200 лајкови на една слика да имаат.

    Навистина технологијава отиде многу напред, разбирам, кога бев јас осмолетка се радувавме ако воопшто пронајдевме поефтино интернет-кафуле, зашто дома ретко кој имаше интернет, а на Дајл ап беше скапо. Децава мали, 10 годишни ги гледаш дури и тие опседнати со фејсбук, не стануваат од компјутер. По улиците се помалку и помалку деца си играат. Ги жалам, им го жалам детството компјутерско.

    Ајде тоа. Деца-малолетници од доктори, инжињери, адвокати ги фаќаат со дрога, во алкохолизирана состојба, или каде што прават проблеми, па познатиот татичко е тука да си даде некоја мала сума од големиот кеш, или па да најде врски и да потфрли некое зборче за детето да не му го извалка угледот и да не се казни. Дома не знам што им прават на таквите, но штом си продолжуваат со таквото однесување, сигурно не добиле ќотек и казна да не излезат од дома еден месец. Ееее, а јас сум била казнувана по една недела затоа што сум задоцнила дома 15 минути.

    Мојот излез навечер-во осмо до 10, во прва до 11, во втора до 12 и пол или 1, трета до 2, а потоа без ограничување бидејќи полнолетна станав, но сепак во 5 часот не сум се прибрала, а и да седам до толку, се јавувам дома да кажам.
    Излезот на денешниве одмоодделенци-до 2. Во погорните години не ги ни прашуваат своите родители. Дома никој не ги чека. Се испијаниле? Нека си се снајдат сами, ќе им помине. Такво е за жал однесувањето на родителите, кои се еден голем удел на ваквото однесување на децата. Тие секако дека се грижат, но прават голема грешка со тоа што многу ги размазуваат. Или па немаат доволно време да им обрнат. А како што гледам и забележувам дека и малечките дечиња се повеќе ги разгалуваат, не сакам да помислам какви личности ќе станат од нив.

    И на моите родители им беше чудно моето излегување и задржување по полноќ во втора година средно, бидејќи тие тогаш излегувале до 11, или воопшто не излегувале. Но како што доаѓаат генерацииве и тие сфаќаат дека тоа моето било каде-каде понормално од ова жално време што е дојдено сега.

    Тоа е тоа.
     
    На black-angel, Cynthia и anneyy им се допаѓа ова.
  12. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    за се си во право и се согласувам децава како да сакаат пред време да станат возрасни
     
  13. Cumbova

    Cumbova Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    а највеќе ме нервира што Македонските деца пишуваат статуси на српски,наместо на Македонски.
    Фризури како Џастин Бибер.
    Посматрам едно 11 годишно девојче слуша Виз Калифа..
    сега е нова мода,тинејџерите сакаат да напраат нешто екстремно,ама добро е не ја земавме модата на исток ,легнување на шини додека поминува воз итн,
    т.е Денешната Младина ми одам многу на живци.
     
  14. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  15. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    ја мислам дека ништо не и фали на денешната младина....луѓето се такви какви што се со векови наназад...времињата се тие што се сменија....технологијата,науката се оди напред.....
    мене на пр компјутер ми купија кога бев трета год средно...не дека немаа пари и порано туку не беше компјутерот толку важен дел од нашето секојдневие...додека сега веќе стана неизбежен дел од секој живот.....
    додека ние игравме криенка на улица со лебот во рака намачкан со ајвар...овие деца сега седат на компјутер и имаат милиони интересни игри кои ги играат и додека играат се допишуваат со милиони пријатели од цел свет....ова е време како што ја го нарекувам ВРЕМЕ НА КОМПЈУТЕРСКИ СВЕТ...буквално се се одвива преку интернет......запознавања,купување облека,играње игри,посетување порно сајтови,додека порано ја морав да отидам кај некој кој снима цединња и да чекам со саати да ми направи цд за да слушам музика сега младиве за неполна минута си ја симнуваат од интернет.....И не се само компјутерите во прашање....
    Родителите немаат пари,заглавени до гуша со кредити и долгови ....децата ги гледаат сите тие маки и нормално полека полека кај нив се јавува чувство дека во животот само парите се важни....и затоа обрнуваат многу повеќе внимание на парите отколку на другите нешта
    Сума сумарум....луѓето не се менуваат сами....ги промени наглиот развој на технологијата,економијата,науката итн.
     
  16. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Завчера бев сведок како една старица изеде шамар од група малолетници на јавно место без некаква посебна причина (значи седела тука и ги нервирала, стара била и грда и требало дома да си седи според нив), а и го снимаа тоа со мобилен. Луѓето што бевме тука им рипнавме, имаше и повозрасни некои тука сакаа да ја одбранат овие се правеа на Тошо како таа да била лошата во приказната а тие биле добрите, образложение -претходно наведеното (била стара и грда и ги нервирала). А нив никој не смеел да ги чепне тука зашто кој ќе ги чепнел ќе одговарал со закон оти тие биле малолетници. Заклучок младинава ни е полна со дегенчиња, знам дека има и паметни деца, ама овие малоумниве црвчиња секој ден се множат. |( Имам пишувано на темава и пак ќе речам, јас да имам онакво дете, да видам онаква работа да прави, ќе го столчам, во поправен ќе го пикнам, ако не се среди преку весници го откажувам, има двете страници на средина да ги откупам и тоа во боја да бидат... Плус и на насловна да пишува. Колку само жал ми падна за старата, се гледаше дека многу понижено се почувствува...
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    ''Напредокот'' на денешната младина зависи правопропорционално од напредокот на технологијата, новите ''трендови'' и навики - кога ќе подразмислиме, и не е некоја а у филозофија, повеќе од очигледно е.
     
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Џабе, тоа се претежно деца од фамилии кои не им посветуваат доволно внимание и љубов, па улицата им го дава воспитувањето што не го добиваат од дома. Тука ништо не помага, освен здрава држава, високи плати па да можат родителите да им посветат повеќе време на децата.

    И нормално здрав школски систем.

    Верувам си налетала на некој шљам, просекот мислам не е толку за никаде.
     
  19. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    Децата се слика на родителите, (не се почитуваат постари ни во семејство ни во школо) и детето гледа и утре не цени ни родители ни наставници. Сите се потресени по децата по едно две и трка по престиж ( не за преживување) ако треба ќе се задолжуваат ама ваква гардероба таква шминка (видете ги само матурските) и после кој е крив
     
  20. Missy99

    Missy99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    чиста вистина ...

    и јас не сум кузнај колку по возрасна но нема да ги сфатам по малите .. имам 17 години и прв пат штикла носев 16 години ко напунив .. а овие пораните генераци не ти излегват да шетат низ град ако не носат штикла ии ако не се нашминкани .. стварно неубо изгледа ..

    незнат што е живот .. порано родителите ги молевме ''мамо бе ајде уште 5 минути надвор, те молам мамо ''
    а сега помалите мамо те молам да седам на компјутер до 11 сато ...
    внук ми 3 години има си работи на комп исто кога јас имав 13 години .. :x