Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Кога го прочитав ова буквално ми се насолзија очите, будали ненормални!
    Да бев тука на местото ќе ги претепав до смрт тие монструмчиња без око да ми трепне! Не можам никако да сфатам како може во деца што уште појма немаат од животот да се насобере толкава проклетштија, злоба и безобразлок.
    Психопати! :@
     
  2. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Денешнава младина е :x :x :x Имам внуче има само 3 год а пцуе како стар дедо! Па според мене така го научиле Родителите и секако бабите и дедовците тие најмногу ги разгалуваат!
     
  3. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    [/quote]
    каков здрав школски систем па училиштата се супер,сите се трудат да ги научат нешто децата,али за жал како иди времето дури на младинава муе понижење да се образоваат ''покул'' им станаа кецовите не за заинтересирани за ништо ќе завршаат еден факс со парите на на тато и тоа муе-образовани се.За културата и манирите да на прајме муабет па колку полоши случки има одколку таа со старицата па никаква грижа на совест немаат рамни со животните станува младината кај да е ќе почниме да еволуираме наназад пак човеколики мајмуни.Секоја чест на исклучоците има и паметни деца ама за жал во загрозен вид се на истребување,незнам во кој е вината ама со текот на годините се има помала вредност не само младината каква иронија.
     
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Абе ништо не и фали на денешнава младина. Има морални и неморални во сите групи на години во секое време. Да ја погледнеше некој со овие „стари очи„ мојата младина на времето ќе речеше леле до каде стигнавме и кај ќе одиме со вакви луѓе? И највоспитаната и најморалната млада личност проба во одреден период да види каде се границите на нешто морално, оти така се расте и созрева.
    Разликата е што сега има мобилни со камера, па има докази од тоа колку е огалена, или невоспитана денешнава младина, да имаше мобилни со камери додека јас бев младина... :x
    Ако сите бевме супер светци пред 20 години, немаше да има некои денес, на да речеме 40 години, што лежат казна за тежок криминал.
     
    На natasaltd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    You have a point ама сепак не дека бевме светци пред 20 години па и тоа не е и некое време но со текот на генерациите дозата на неморал се зголемува а нивото на култура се намалува тоа е факт.Еве направи разлика меѓу сега и пред 100 години во сите oбласти на уметност пример па потоа за младината.
     
  6. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Еве вака изгледаа осмооделенките на полуматура оваа година :worried:
     

    Прикачени фајлови:

  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    ^Епа што се толку лоши полуматуранткиве? |(
    Ако носеле штикли зашто носеле, ако не носеле зашто не носеле, ако не носеле зашто не носеле.Ако носеле панталони зашто панталони, ако носеле фустан зашто фустан.
    Најубаво е тренерки да си облечеш и коса да врзеш, те па веќем |(
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Никој не вика тренерка да облечеш, таман работа.
    Ама, јас не гледам разлика од тоа како се девојчињава облечени на 14 години, и како се облечени некои познанички мои кои имаат 20 години.
    Кој што сака нека каже, ама штикла од 12 цм не е за девојче од 14 години! Не е! Смешно изгледа. Точка.
     
    На GarpovaV, dancing.queen, Teresa94 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Јас на полуматура да облечев толкави штикли сигурно нога ќе скршев...
    Едвај и цицки имав... Јбг покасно се развив...
    Ама ја овие на сликава никогаш не би рекла дека имаат 14 години... Едноставно порано не било вака, тоа е муабетот!
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Јас имав толку строга класна во основно што ни наложи на сите девојчиња на полуматура да облечеме фармерки и скоро сите и се облековме по зададениот налог. Иако практично и не моравме да ја послушаме, сепак се работеше за нешто што денес мислам дека во глобала изумира кај младината - почит кон повозрасен.

    Некаде имам прочитано дека секоја генерација е остров за себе, меѓу новиве генерации и постарите јас гледам непремостливи разлики во целина, сепак има и исклучоци, како што всушност секогаш и ги имало.

    Знам дека во тие години доминира желбата што побргу да пораснеш, само денес веќе излетуваат нештата од контрола и дури топката се префрла од родители на професори, младите од овој тип без трошка вина или срам си тераат по свое.

    Не станува збор за кратење на правото на сантиметри од штиклите туку кратење на детството кое е уште во тек и секој кој трча пред времето изгледа неприродно има и назив за тоа во мојот крај - стармало.
     
    На Phyramide, MarchelineAmaru и julie77 им се допаѓа ова.
  11. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    И јас не сфаќам... Да имаа ум ќе ги наречев умоболни...


    x-man што е џабе? Јас да имам дете со сигурност нема да дозволам да биде вакво. Па не е само овој случај со старицава, што се нема помеѓу децава, не се само овие "шљамот". Недостаток на љубов и не би рекла баш. Не би рекла ни дека е влијание од улицата. Најдебилните врсти потекнуваат токму од имошни и попознати семејства, само што нивните идиотарии најчесто се бутаат под тепих. Тие не виделе строгост, затоа се такви... Јас само не сфаќам дали родителите навистина не гледаат или не сакаат да видат.Затоа и спомнав поправен, ваквите треба таму да ги сместуваат, за ова да профункционира треба да се погрижи државата...

    А тоа што читам дека отсекогаш имало неморални луѓе и дека и порано имало криминал... не е исто со ова... јас не би ги нарекла овие нус-појави кај младиве баш и неморал. Јас под неморал и под губење на вредностите ги подразбирам обидите да се стигне до пари и комфор и обидите да се задоволат личните потреби и желби по цена на газење преку се и секого, измами, па дури и криминал (што навистина е неприфатливо за едно здраво општество), ама темата е друга. Удирањето шлаканици на стари и изнемоштени лица по улица, имитирањето на геј порно-сцени кај второ-одделенци, групните силувања по училиштата и дискотеките (скраја да е), соблакање на пантолоните на професорот на училиште за да го исмееш и ред други работи не би ги поистоветила баш со она што претставува поим за искривени вредности или неморал. Ова кај децава е веќе девијантно и неартикулирано однесување што некако наликува на дебилизам или на мутации кон некоја нижа врста...Секако дека има и ОК деца, мислам со нормален начин на однесување, само што некако не можат да дојдат до израз од овие испуваниве, искрено да кажам, како млад човек малку и се плашам од иднината која треба да ја делам со вакви... :x :x :x
     
    На julie77, XMaN и tanja6 им се допаѓа ова.
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Јас целата вина им ја припишувам на родителите!
    Кои ги прават децата ради реда, а потоа ги оставаат на уличното воспитување!
    Не сакам да бројам примери, во претходните постови ги има многу.
    Најмногу ми пречи некултурата спрема постари која ја искажуваат во јавност. Без срам, без морал!

    Нели децата се огледало на родителите????? Родителите немаат воспитување, а не па децата!

    Мислам дека ние што сме за неколку години постари, сме многу поинакви, го фативме последниот воз на `понормалните`.

    Со денешнава младина се осеќам стара. Ќе седнам на кафе или во диско навечер, се` малолетници околу мене. Ние со 23,24,25 години веќе сме `стари`. Оваа нивна допуштеност само кај нас ја има!
     
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Koлку само си грешка.Кај се криви овде родителите?што дозволуваат своето дете да има се?Да има мирен живот?да го пуштаат да излегува нормално,а што ако не го пуштаат?Мислиш дека пак нема да направи некоја глупост додека е во школо? |( Додека мислаат дека се на училиште своите деца ти е кој знае што прават.Излезеш во друштво сите ке пијат и ајде и јас да пијам за да не испаднам заостаната,а родителот сигурно од дома не го учи:Сине ако пијат другите и ти да пиеш.И друг пример:Мислејки дека со секс ке го задржат својот дечко се плескаат уште на 15 години а утре кога го оплескат ке има оф леле мори мајко.Познавам родители и кои биле строги децата им биле растурени,а и родители кои биле добри со ист случај каде децата им тргнале по лош пат |( .Родителите кога и сакаат да ги советуваат своите деца тие бегаат со изговор знам ма мамо не ме замарај :?:
     
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Колку само не си во право !
    Родителот се труди да го одвлечка детето на прав пат!
    ако детето нема мозок и инка во глава да му ставиш нема да свати и ќе тера по свое, :!: било да е цел живот затворено било да е пуштено каде сака!
     
    На Whatsername, MarchelineAmaru и Pelikuna им се допаѓа ова.
  15. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Да се надоврзам на мислењето на Литл ,има тука голема вистина .
    Во тие години инаетот и желбата на детето за самостојност земаат се поголем замав ,такашто секој добронамерен родителски совет би можел да биде сфатен (од страна на детето) како омаловажување на личноста на нивното чедо ,што поттикнува жестока расправија во 90% од случаите со кои јас сум се сретнала.

    Сепак ,не негирам дека постојат родители кои не можат да најдат правилен начин на анализирање на љубовта кон детето ,па неа и сите мигови изгувени ( поради подобро платена работа и слично) ги преточуваат во материјални добра ,наместо во здраво воспитание и топла прегратка.
     
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не лупај без потреба.
    На детето треба да му се даде онолку колку што му е потребно уште во мали години.
    А, во сечиј развиток, мислам дека би се согласила дека најважно е друштвото.
    И тоа што детето не ги слуша кога сакаат да му зборуваат е од погрешниот пристап.
    Ако имаш авторитет и истовремено другарски однос со детето,само тоа ќе сака да разговара со него.
    Детето учи од родителите, а како учи и дали ќе научи зависи од нив, не од мене и тебе.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Не за џабе постои нешто т.н. `домашно воспитување`.
    Најнов пример. - ми дојдоа на гости родители со 5 годишно девојче. Девојчето ги изотвори сите фиоки, 10 пати фрижидерот, се` префаќаше, од на маса се` земаше касни и фрли го на под, фустанчето го креваше до горе, повремено не` клоцаше итн.
    Таткото си пиеше, јадеше си уживаше.
    Мајката само два пати со тегнење во гласот рече: абее седи, немоој тамуу....Со цигарчето во уста.
    И какво ќе е ова дете кога ќе излези само на улица?????
    Воспитано?? И кој ќе е виновникот?

    Од друга страна, големо влијание на младината имаат образовните институции, кои се се`, само НЕ образовни! По школите е дива лига. Ништо чудно, кога секој може да биде професор.
    И др. институции, немањето парица, целокупниот менталитет..., ајде да не ширам надолго...
     
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Она што денес го доживеав во автобус е неретка и нетолку несекојдневна појава ... за жал |(

    Еден малолетник со поголема група буквално влегоа и се пуштаа на многу некултурен начин. Беа албанци се однесуваа многу неморално. Со еден збор мене и моите другарки не извадија од памет како и девојките кои претходно стоеа на задната врата. Дофрлуваа, зборуваа сешто, не меркаа и ни дуваа со цигари во фаца :fubar: Не не...не е на арно со оглед на тоа во какво време живееме... :shake:

    Што е најтрагично, баш поради овој случај (не не пуштаа да излеземе) приморани некако се обидовме да излеземе 3 станици понапред а господата си продолжија со лудата вожња |( Жално...арно срцев удар не добив :x

    Несакате да знаете тие моменти додека копукот ја држеше раката на железото до мене какви се мисли не ми минуваа низ главата...
     
  19. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Во право си нe викам не, но за жал не се сите родители толку паметни и добри.Секој родител не се однесува пријателски со детето и не знае на вистински начин да го научи што е добро а што лошо.За многу родители воспитна мерка е котек и дерење(хистеричење)Кога детето ке направи грешка најчестот родителите му даваат една воспитна и мислат дека тоа е решението.Ретко кој родител во таков момент се замислува и го седнува детето и го сослушува па потоа му дава совет.Не сокогаш се криви децата :)
    Ке ви кажам еден интересен пример.Од мојот град имаше едно дете што од дома му дозволуваа да излегува до пред да се смрачи.Тоа ти е 7 часот летно време.Значи пред да биде темно тој требаше дома да биде.До толку строго беше третиран од своите родители што детето полуде и стана најголемиот наркоман.И што ке кажете сега на ова.Детет е криво нели?Сите мои врсници излегуваат до 2,3 часот дури и повеке а моите родители треба да ме пуштаат до 11 часот за да бидам јас нормално дете од 15,16 години.До колку сите до толку и јас.Моите родители имаат доверба во мене и затоа ми дозволуваа...Не значи дека ако излегувам до касно јас сум расипено детиште.Да знаете не се сите такви :)
    Ова е мое мислење па сега ако сакате критикувајте ме :)
     
  20. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Многу сте досадни со овие стереотипи и генерализации.
    Се вие знаете како треба да се одгледуваат деца, ту бре, како се најдовте толку паметни сите на форумов?


    Сватете еднаш дека таков е системот и треба да прилагодите на него и крај.