Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не лупам златна.Зошто братучетка ми која има разведени родители едниот на еден крај на светот другиот на друг крај не тргнала по лош пат?Зошто јас која сум оставена сама на себе додека моите се на печалба не тргнав по лош пат?Можев нели?
    Кога веке зборите дека не се интересираат за децата мојот горен пример е тоа што сакам да го кажам.
    Друго,веке спомнав претходно на темата.И да не се повторувам,родителите беа строги со девојчето и најмногу и посветуваа внимание а таа пак тргна по лош пат.А мајка и беше една од најмирните девојки,ми има мајка ми зборувано за тоа значи сепак нели ако се учи од родителите зошто и таа не била растурена? |( Сигурно не и вика оди керко плескај се и направи дете уште од 15 години.А ако не го пуштеш од дома мислиш си погодил?Не.Епа и мене до 8 одд ме пуштаа до 10 ипол ама јас не тргнав по лош пат.Не луге,ако знаеш да се спротиставиш на сите удари кои ти ги донесува животот ке успееш.
     
    На Monna.Monna, starbucks и Hiii им се допаѓа ова.
  2. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    родителите не се криви ,училиштето не е криво....епа кој тогаш е крив???сакаш да кажеш дека децата сами се раѓаат такви????Не драга моја во 60 посто од случаите родителите се криви....
    Зошто? Затоашто прават деца а не им е храбар г...т да ги гледаат...па уште бебиња од 1или 2 год ги праќаат у градинка додека тие се вадат со изговор дека работат или се шетаат наминцани цел ден по кафулиња со дргураки....И така бебето си расте у градинка,или кај баба му и дедо му и мајка му ќе го види денес само на 3 саати...и така секој ден....и после тоа се жалат децата биле вакви или онакви...епа не драги мои сакате деца???ок тогаш седете си дома,чувајте си го детето и што е најважно воспитувајте го оти у градинката сигурно нема да го воспитаат како што вие можете...по некој пат шлапнете му шамар ако треба кога не е умно,а не да делите памет тука дека дете не треба да се удира...треба и тоа понекогаш...мене дека ми лепкаа шамари ништо не ми фали. Немојте да му дозволувате да седи на компјутер ни пол саат,туку седнете со него и разговарајте како прави родители....немојте да му купувате најскапи телефони уште на 5 год туку праќајте ги на улица да си играат криенка со дечињата зашто тоа е вистинското детство. Очекувам да бидам нападната од некој родител кој може ќе се пронајде во текстов...но немојте да се залажувате и да велите дека родителите не се криви.Може не директно...но индиректно да
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Eпа кога веке се родителите до толку криви јас тогаш сум заостаната.Ке барам начин да го вратам времето и да бидам 15 години да затруднам со дечкото зошто ке се плашам да го загубам.Ама штета не можам.Срам да им е,оставиле женско само дома и едвај се снаога.Какви се тие родители?Абееее родителите рмбаат за нив да им обезбедаат гардероба,образование а на крај криви биле.Е ајде криви се штом е така не знам што друго да кажам.Ке ја молам мајка ми кога ке си дојде од печалба да излегува и со мене и друштвото да внимава да не направам некоја глупост.И што сакав да кажам.Стави се на место на родител:Ако ти побара детето компјутер ке му купиш?Ама искрено одговори.Да речеме нема.Како ке гледаш додека плачи и се моли да му купиш играчка или мобилен?Ке стоиш цврсто на одлуката?Супер,ти подавам рака.не му купеш ке се разочара ке фрла работи низ дома.Ке сака да излегува со другарчиња,нема да го пуштиш а тоа за да ти врати може да направи глупост во училиште со другарчиња.Ако го пуштиш да излезе и си добар родител со него и си близок не значи дека нема да направи лош чекор таму надвор.Имам другарка и мајка и колку и да беше блиска со нејзе таа тргна по лош пат.Бев сведок на нејзиното растење,развивање,првите дечковци и проблеми зопшто ми е како сестра.Мајка и се обидуваше да и дава совети а таа не и не.Си тераше по свое.Е тука родителот не е крив нели?Океј сега секој со свое мислење не значи дека јас или ти сме во право.
     
  4. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    eve ti najiskreno....да ми побара компјутер дете кое има 5 6 или 7 год ,нема да му купам и точка ма колку сака нека плачи и моли,јас добив компјутер на 17 год и не осетив никакво незадоволство зашто пред тоа го немав.Нека фрла бе нека плаче....тука е и најголемата грешка...не сакаш да му купиш нешто,тоа плаче очи ваде и ти од сожалување ке му купиш...нареден пат за нешто друго....тоа веќе знае дека ќе заплаче малку и мама ке му купи се што сака зашто така е истренирано и научено.
    И доста со тие лоши патишта на девојките....што е за вас лош пат....тоа што на 16 год имала секс со нејзиниот дечко:?????мислам дај ве молам....и тоа што пред брак ги сменила тројца четворица....????
    И мене не ме пуштаа да излегувам до 8 одд па не правев глупости во училиште....секојпат кога ќе донесев тројка татко ми ми маваше шамар....и така учев за да ја поправам,сега родителите знаеш што им велат на децата???дека сите оцени биле за децата и единиците и двојките хахахаа мислам така се воспитуваше дете????
     
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Eпа нема да му купеш ама еве други купуваат зошто да не се лажеме и родителите го користат за потреба.Е сега секс на 15 16 години и да ги менуваш партнерите постојано тоа е добро?Ајде бе,за кој како ама според мене не си јака ако имаш секс на толкава возраст зошто до вчера си носел пелени и уште на млеко мирисаат па ајде сега и они бебе ке прават |(
     
  6. Martinez

    Martinez Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    17
    Вака сеа. Не ја читав темава (47 страни човече :rofl: , тоа допрва ќе го направам, ќе читнам нешто) но кога го прочитав насловот се ми стана јасно. Овде има мудрување и надмудрување за важни и неважни работи. Јас ќе напишам мое гледиште на работите. Јас имам 18 години. Значи спаѓам во младината. Во денешната младина. Веднаш ќе прокоментирам за ова. Е каква е бе таа денешна младина? Какви сме ние? Вие што се фалите дека сте немале компјутер на толку мала возраст, тоа не е ваша корист, туку ваш недостаток. Да бидеме искрени, колку потешко и на подоцнежни години се образувавте компјутерски вие? А на колку денешната младина (ние)? А што пишува во огласот за работа? Што бараат? Работа на компјутер е во основното барање, така? Така. Друго. Ако детето правилно седи на компјутер и не претерува заради зрачењето (кое е и не толку големо колку што "паѓате во несвест" сите од поранешната младина) ама баш ништо нема да му биде од седење на пц и/или на нет. Друго. Јаки телефони - смартфони. Пак се водите по она - "ние сме немале и ништо не ни фалело". Сте немале дека немало измислено такви телефони, или воопшто телефони (за постарите) ;) Сега, повеќето од нас младината имаме. Еве јас имам смартфон (сум имала желба - ми ја исполниле моите, зошто да не?) и кога ќе имам деца кога ќе ми побараат смартфон или што и да биде тогаш, ќе им купам. Зошто да не им купам бе? Трето. Скапа облека, играчки за кои имаат желба, а вие тоа го нарекувате дрецкање од земја итн. Кажете ми зошто да не им го купам? Една причина. Секако, ако вистина се однесува неубаво во сред продавница, тоа е друга ситуација. (Децата се слика на родителите, тоа значи јас така сум го воспитала) нема да го добие тоа што го сака, но ако убаво ме замоли, па зошто да не му го купам а сум земала доволно пари по мене за тоа нешто?
    Училиште. Овде ќе го кажам мислењето со само една реченица. Има безобразни и невоспитани ученици, но има и безобразни и никакви професори. Толку. Не се секогаш децата криви.
    Значи, глупаво е да ја кривите младината затоа што вие сте немале нешто. Сте немале среќа едноставно, тоа нешто не било произведено тогаш. Така ќе биде и со нашите деца. Којзнае какви апарати ќе се измислат тогаш, што ние сега појма си немаме кои и какви ќе бидат тие апарати.
    Времето постојано оди напред и светот се менува. Неможете да не враќате назад, во вашето време.
     
    На akita и Grunge им се допаѓа ова.
  7. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Аха да на шупливиов систем сите да се прилагодуваме, денес децава си прават што ќе им пр*не, утре ќе му притекне некому пример педофилија да се легализира и јас и на тоа ќе се прилагодувам зашто системот така ми налага, ма каков сопствен став, какво мислење седете си сите затворете си ги устите затнете ги ушите, ќе се правиме дека ништо не гледаме и да му оставиме се на системот, па нека ни перат мозок, така ќе биде најдобро, а дечурланава на глава нека ни се качи :clap: Да живее денешната младина и нејзиниот револуционерен дух кој се стреми кон промени на подобро :x Е за ова треба да се плашиме, голем дел од нив се научени се на готово да имаат, што има сега јас да се мислам се е смислено, мама ќе ми сврши работа, тато ќе ми сврши работа, системот ќе ми сврши работа |(
     
  8. Martinez

    Martinez Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    17
    Инаку се согласувам со вас за несоодветното облекување и пороците. Облекувањето какво и да е ај не е штетно, само глупаво изгледа ама пороците бре? Зошто се уништуваат самите себе, зошто? :|
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Мартинез, бидејќи видов дека си западнала во некакви си генерализации, да ти објаснам некои заблуди.
    Прво, околу компјутерите. Јас имам 32 год. и кога бев на училиште се работеше во DOS ОС, потоа излегуваа сите верзии на Windows-от да не ги набројувам редоследно, значи јас сум работела и имам познавање на 2 ОС. Со години сум купувала списанија и на нет сум следела новитети од IT сум ги знаела тековните перформанси на конфигурации кои се нудат на пазарот-капацитет на RAM мемории и оние на хард дискот, графички картички од најнови генерации, монитори итн, на факултет имав чиста 10 по информатика, па искрено не се пронаоѓам ни најмалку во делот дека со потешкотии сум се образувала компјутерски или не можам да се носам со некој припадник на твојата генерација. Околу делот дека припаѓаме во несвест поради зрачењето би ти рекла дека ни баба ми во тоа не верува.
    Ние имаме по 10 год. работно искуство на компјутер дали вие можете во моментов да го потврдите истото? Плус јас научив и да работам на ел.машина за пишување.
    Види времетраењето на употреба и користење на одреден апарат не е во корелација секогаш со способностите за знаењето на истиот, колку било кој од нас има стекнато знаење зависи од личниот ангажман, осудувањето на способностите на луѓето за учење по генерациски критериум никогаш нема да ти користи бидејќи и тие што тебе те образуваат не се твоја генерација - првенствено.
    Истото би ти го рекла и во однос на мобилните, ние сме ги поминале сите генерации на мобилни телефони и нивното познавање нема врска секогаш со возраст секогаш имало и има луѓе кои знаат да користат повеќе и помалку опции од истите од различни генерации.
    Не ми е целта да се докажувам со тебе ни да влегувам во конфликт, само ти го направи баш она што јас сметам дека е основен недостаток на :!: поголемиот дел од денешната младина - нереспект и плукање по постарите.
     
    На Lastbreath, SilverGirl и Avril.09 им се допаѓа ова.
  10. Martinez

    Martinez Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    17
    Епа тогаш супер, но верувај ти се двоиш. Многу постари за оперативен систем велат виндоус, па сум била сведок на вакви зборови:

    "Тежок ми е новиов виндоус за работа, линукс се вика или така нешто"

    Друго. Ниту плукам по постарите, ниту пак не ве почитувам. Само ме нервира кога вие всушност генерализирате и плукате по нас, не нарекувате секакви, а намерно или не заборавате дека ВРЕМЕТО ОДИ НАПРЕД. Неможе да се однесуваме исто како вие кога сте биле на наша возраст. Не е возможно тоа.
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Јас не само што не рачунам дека сите припадници на една генерација не се еднакви туку убедена сум во тоа, затоа не верувам во кинески хороскоп тој е на тој принцип изработен :D . Поентата ми е цело време секоја генерација си има секакви претставници, многу разбирливо.
    Не верувам дека било која од нас бара или очекува да бидете како нас, знаеме дека тоа е невозможно јас на темава имам сугерирано дека она што мене лично не ми се допаѓа е неприродниот и несоодветен обид да созреат предвреме на :!: некои од твојата генерација тргнувам од тоа дека утре како родител тоа би ми било проблем прескокнување на детството и оп-ќе изведуваме дека сме адолесценти, едноставно не оди тоа така. Не мора да одиме подалеку и на форумов има доста претставници од твоја генерација кои воодушевуваат со ставовите и созреаноста кои ги поседуваат :) .
     
  12. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Паулина ти ова сериозно зборуваш дека ако имаш дете од 7,8 години или пак до 17 години нема да му купиш комјутер :D Сите ке имаат а твоето дете ке се репка од ѕид зошто нема и ти ке бидеш горда дека твоето дете ке биде нормално :?: Тоа е двоење од генерацијата.Го вракаш детето 20 години назад.Детето треба да има компјутер како и сите негови врсници но да го користи во умерени граници.Дајте ве молам ваквите строги мерки на родителите понекогаш удираат во главата на децата и носат поголеми последици.Прочитај го примерот што го спомнав во мојот претходен пост како претераната строгос влијае врз децата :) Не негирам дека денешната младина е лоша во која спагам и јас но децата учат од постарите кои не се толку паметни.Немам намера никого да навредам само ја кажувам реалноста како што и јас не се навредувам од многубројните коментари во кои не се пронаогам баш(не се сите деца исти)...
     
    На Martinez му/ѝ се допаѓа ова.
  13. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    кажи ми ти мене што ќе му е компјутер на дете од 7 или 8 год кои сеуште убаво не си ја знае македонската азбука?????кажи ми за што му е??? за игриии???ти кажав каде децата треба да си играат...на улиица со другарчињата ,криенка или не знам таму стотоци игри за деца.Не реков никаде дека до 17 год нема да му купам...реков дека ја до 17 год немав компјутер.И да, тоа не е претерана строгост ...Само сакам детето да си има нормално детство како што имав јас
     
  14. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Штом сакаш да ти кажам еве ќе ти кажам.Еве јас имам брат токму на оваа возраст и секој ден се карам со него за компјутерот.Тој сака да игра затоа што сите негови другари имаат компјутер и играат ГТА.Значи сите зборуваат за какви коли возеле а тој треба да слуша и да ги гледа како теле паднато од марс :?: Светот оди напред а ние одиме по светот.Како сите така и ние.Детето треба да има компјутер но родителот да му стави мерка на пример кога ке се врати од училиште нека игра пола час, потоа уште пола и крај.
    Не сме ние крив што ги измислиле компјутерите и сите возрасни имаат дома компјутер, епа фала боги и децата ќе го користат :)
     
  15. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    Ти иимај си компјутер ама нема што да му дозволуваш на дете пд 7 години со саати да седи на него и да денгуби...така мила, дете не се воспитува.
    И друга работа....што ви е бе што сексот цело време го сфаќате само за правење деца?! И како ќе ја спречиш ти твојата ќерка да нема секс на 16 год???? А и мислам што е тука страшно па тоа толку да ме обзема и да не ми дава мир....?! Друга работа е ако го консумира сексот како пијалокот,тоа е веќе претерано и сигурно ќе ме заплаши....ќе ме заплаши и ако сменува партнери на секој еден месец....Но нема потреба од претерување...па да ја не ја пустам од дома да излезе ако сменила двајца тројца...мислам смешки....а и каде ви се тука синовите????зошто цело време спомнувате девојки.....???
    нема ли да ве заплаши ако знаете дека вашиот син сменил 10 партнерки до 18 год.??? Некако цело време премногу внимание насочувате кон сексуалниот живот на децата...а никој не ги спомнува најстрашните работи како пороците.....алкохолот.дрогата.
     
  16. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    епа тоа е и проблемот...сите нека рипнат во Вардар па нека рипне и моето зашто другарчињата така правеле.....тоа зависи од родител до родител....јас на моето реков нема да му дозволувам да седи на компјутер се додека сеуште го учи мајчиниот јазик.Другите како сакаат,како им одговара
     
  17. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Епа ова изгледа дека сите рипнале да купат компјутер сте рипнале и вие.Нели секој родител го купува компјутерот за свои потреби.А компјутерот кога вие ке го имате дома не знам дали вашето дете нема да го чепка.Сите ке зборуваат какви игри играле на компјутер а тој ке кажува како ја бришел прашината од компјутерот.Секој со свое мислење јас ова го кажав како мое мислење.Само уште еднаш ќе кажам дека децата не се рагаат невоспитани,"расипани" и т.н. нив некој ги прави вакви :)
     
  18. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    па да си ми жива и здрава јас тоа дека децата не се раѓаат расипани го кажав уште на првото мое мислење во темава.Нив такви некој ги прави директно или индиректно.А со ова последново ти го потврди тоа што јас сакав да го кажам
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    :D Нема да му купуваш компјутер, ха? И ќе си се омажиш фино лепо, ќе си имаш стан или куќа опремени со сите неопходни условно речено благодети на 21 век , и кога ќе ти се роди дете, што ќе правиш? Ќе го фрлиш компјутерот и ти ќе седиш без компјутер се дури детето не наполни ај нек не се 17 ами 7-8 години во 21 век кога компјутерот е потреба? :rofl: А на други теми па се кажуваш либерална а овде со компјутериве бетер од Сталин, страв од новото ... :^) И баш ме интересира зошто не би го оставила детето да работи на компјутер толку мало? :^) Не дека јас сум за ама ме интересира од што се се плашиш ти толку кога е во прашање компјутерот? Пошто вака либерална се кажуваш и антиморалистка, нели за тебе моралот бил глуп ама изгледа не си антиморалистка чим се грижиш за вредностите на децава :^)
     
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    ЛЕЛЕ страшна работа! Да му се одмили на човек да се вклучи во некоја тема!
    Жестоки дебати до бескрај. па нормално кога се ЗАПНУВА за нешто!

    Што се фативте сите што ќе правела со детето, дека немала компјутер да му купува и не знам ли што !! Аман! СЕ` дебата околу еден компјутер! Па Паулина го спомна само како обичен пример, не се врза таа за тој компјутер како тој да е најбитен. :^)

    И, ај здосади тоа дека оние кои немаат појма од компјутери биле заостанати. Навистина се` е компјутеризирано, ама компјутерите колку се добри, толку и не` затупуваат!!!

    Извинете за оффтопикот.