Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Јас не викам компјутерите дека биле добри или лоши или дека не затупувале или не ама гледам кај неа двојни вредности, на едни теми е против моралот и бил патетичен а овде демек се грижи за вредностите на децава, неа ја прашувам тоа. Ако е оф топик нек се избриши само ме интересира нејзино мислење, ОК?
     
  2. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    баш така не реков ја дека нема да купам компјутер....реков ќе имам компјутер ама нема да му дозволам да седи на дете кое има 7 или 8 год на него.Кажи ми ти прити каква потреба е компјутерот за дете од 7 год????
    А ти ме следиш мене по другите теми??? Баш ми е жал што толку погрешно го сфаќаѕе моралот и го мешате каде што не треба.Да глупав ми е зборот морал....и уште поглупо и попатетично каде вие се го употребувате.И што мешаш баби и жаби....каква врска има моето мислење за сексот и ова овде за начинот на кој јас ќе ги одгледувам децата????Очигледно веќе не знаеш како да реплицираш па ќе се фаќаш за моите мислења од некои други теми таму.Но да не бегаме од темата. Жал ми е ако во моите постови се пронајдоа некои родители и деца...ама штом толку ме нападнавте значи сте се пронашле.И нема потреба цело време мене да ме цитирате и да скокате на моите мислења.Бујрум давајте му на вашето дете од 7 год да си денгуби на компјутерот,и да заборави на своето детство и бидете смели кога некој има спротивно мислење од вашето.
     
  3. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Не секирај се не те пратам, случајно ти го видов мислењето моралот бил глуп |(, а сега пак ние сме го мешале кај шо не треба за после пак да стане глуп. Само те прашав нешто ама тебе не ти одговара да ми дадеш одговор или па не знаеш. Ме интересираше чисто да знам што им се мота во глава на "либералните" како тебе, ама ништо. Иначе јас овде не сум се препознала си имам јас компјутер од прва година средно кога бев,значи пред 5 години интернет добив пред два месеци, пазам што гледам и што правам, дете немам за да го воспитувам. И знам што е морал, а двоен морал и двојни вредности не сакам да знам што се и не ме интересира а и еве јас ќе си кажам за разлика од некој, да имам дете и јас не го оставам пред компјутер заради разбирливи причини: порнографија и дебилите што ги има на фејсбук и други социјални мрежи за кои мислам дека можат да му ја затупат главата на дете. Ќе го пуштам да се бави со спорт а не да си ја расипува психата.
     
  4. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Ау во темата стварно стана напнато.Мора ли се да води кон кавка?Па нормално си зборуваме и си ги кажуваме своите ставови.Не мора веднаш да се врегате.
    Инаку гледам малку поназад се зборувало за полуматура.Дека девојки од 14-15 години не ги личи со штикли и фустан,сукња...Епа драги мои се родило некое паметно девојче што имало мерак да стави штикли за полуматура.Нејзинит родитли од времето кога сите биле паметни и дозволиле.Така виделе нејзините другарки и тие сакале да купат штикли и родителите што ќе прават мора да му ја исполнат желбата на детето.Е така сега сите за полуматура носат штикли 12.Ако родителите на децата не им дозволуваат кажете ми како тие сами ке си купат штикли и фустан до под газ и ке одат на полуматура?Јас на полуматура бев со штикли 12 и фустан до колена.Моите родители ми дозволиа затоа што немаше ниту едно девојче (најискрено ниту едно) што не носеше фустан и штикли.Што требаше јас да одам со фармерки и балетанки за да личам на дете од 15 години.Епа драги мои кога ке погледнете подлабоко зад сето ова повторно стојат родителите :)

    Немојте да го сватите ова како провокација но блазе им на родителите што се родиле во времето кога сите биле паметни.А причината поради која сега сите деца се ненормални е радиацијата :)
     
  5. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Денешната младина брзо живее. Не се мисли за последиците. А кога ќе ги удрат јако, се бутаат во бедови.
    Денешната младина е површна. И мислат дека живеат во Америка. За жал.
    Навистина е жално да мислам какви можат да станат моите деца во иднина, но ќе биде се под контрола кога ќе имаат Хитлер родител :devil:
     
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Чисто од љубопитност; на полуматура треба да изгледаш ко да имаш 25 години? Или триевче?

    Инстант генерации сте, производ на безумното следење на амерички „детски“ ѕвезди (што по некоја случајност парадираат како женишта/хипстер педероњи зошто некој им кажал дека таму лежи зајакот). Колку и да не сака човек да генерализира, темава на тоа се сведува. И во мојата генерација имаше такви, ама сигурно едно петпати помалку од сега. Порано се даваше шанса на животот вон интернет и компјутери. И порано се знаеше правописот. Ама сега изгледа радиациата умешала прсти.

    Како и да е, барем повеќе ги ценам оние исклучоци кои не им го префрлаат нивното (не)глупирање на родителите и доволно им се развил мозокот да знаат како да си го живеат времето и без штикле дванаевче.

    И таман кога ќе си помислам дека престрого ги осудувам младите генерации, се појавува нешто вакво и сфаќам дека оправдано ми е мислењето:

    [​IMG]

    Загреота.
     
    На MacenceEna, Kitten, MissSpark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Ако паметот се гледаше во центиметрите на штиклата, срдечно би и‘ препорачала на младинава да не се дрогира толку.
     
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ај сега кажи ми јас што ти пишав првиот пат кога те цитирав.

    1. Родителот не е обврзан на детето да му одбира со кој да се дружи, но може да му каже кое друштво е поприкладно, со каква околина да се дружи.
    Ипак најголемите глупости и пресврти се прават во средно, кога голем дел од друштвата се формираат од меѓусебна корист, дали за дрога, за кадевечер викенд или за чилање.
    2. Најмногу и посветуваа внимание!
    Ете ја грешката.
    Дете треба да го контролираш, без да знае дека го контролираш.
    Мене никогаш ништо не ми било забрането од страна на моите. Казнета исто така не сум била. Ниту ме прегледувале на секое што сум правела и како сум правела. Единствено што ги интересирало и сеуште ги интересира е кога излегувам,каде излегувам и со кого.
    Тоа е сосема доволна информација.
    А, ти си доаѓаш петок вечер дома, малку поднапиен, те чекаат и те тормозат со триста прашања, те прашуваат дали си пиела итн.
    Едноставно детето не ја чувстува слободата и штом не ја чувстуваш ќе бараш се поглем излез од тој кафез.


    Ти читав реченица по реченица и ти објаснував.
    Но,кога стигнав до
    сфатив дека за џабе сум го напишала сето ова погоре што ќе го прочиташ и џабе сум ти објаснувала.

    Уште да те прашам,кое е твоето мислење за денешната младина? Што сакаше да кажеш со муабетот? Од кого зависи нивното однесување?

    И ја користам оваа прилика да си го прославам моето 700то мислење на овој форум.
    Нека е наздравје.
     
  9. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Денешната младина мислат само на дечковци и секс!!!!! Пред некое време седнам до 2 девојчиња што имам 10 год и слушнав дека зборуват за дечковци! Едната на другата и вели епа сношти му раскинав и сега многу ми е тешкооо :tmi: :tmi:
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Кога би го знаеле значењето на зборот ПОЧИТ и ПОНИЗНОСТ денешниве мали, млади и малку повозрасни и нивните родители да го знаат вистинското значење на зборот ВОСПИТУВАЊЕ сите би живееле по нормално и по морално.
     
    На Extraordinary.girl и Ashling им се допаѓа ова.
  11. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Саја најверојатно не си ме сватила што сакам да кажам.Значи не велам дека е нормално девојче од 15 години треба да изгледа како од 25.Значи факт е дека денешната младина е таква.Но сакам да кажам дека сето тоа е дозволено од родителите! Значи родителите им ги дозволуваат ваквите работи.Со тоа сакам да кажам дека не се само децата криви за се, зад сето тоа стојат постарите :)
     
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Koлку примитивни сфаќања... |(
    Хм...како и да е не мислам дека младината оди во пропаст колку и да не ми се допаѓаат кренатите шмизли со розови штикли и мобилен од најнов модел (тука неможам да дејствувам) :|
    Постојат деца кои се ок, имаат отворени размислувања и не се однесуваат недолично и примитивно.
    Освен тоа прочитав дека некој пишал за пиењето...
    Зошто да не се напијам бе? :| Во ред сфаќам, не до степен да се опијанам но оти да не земам една чашка две? Која е разликата?
    Ве жалам ако вакви сте кон вашите деца навистина. Никогаш нема да најдете заеднички интереси, тие ќе сакаат а вие ќе осудувате и се така одново и одново. :x
    Недај боже утре да ви признае дека има поинаква сексуална ориентација...па несакам ниту да помислам што ќе му се случи (ќе лета од тераса) :D не, шала на страна...Не ви замерувам, сакате од своите деца да направите луѓе и се е тоа ок, но не и на овој начин. Многуте забрани понекогаш децата ги носат по криви патишта, навистина криви од кои неможат да се опраат.
     
  13. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Сосема се согласувам со тебе Пеликуна...
    Мене цел живот ме имаа под контрола, татко ми на секои 15 минути ме бараше на телефон и мислеше дека ако нон стоп ме контролира јас нема да направам нешто... И не направив. Но не поради неговото контролирање туку поради што јас бев и сум свесна за своите постапки и добро знам што сакам...
    И јас до 2-ра средно имав излезез до 11:30 најкасно па пак ќе речам не тргнав по лоши патишта...

    И да, имав другарки кои шетаа по цели ноќи бидејќи нивните родители или беа во странство или работеа трета смена па сега на нив сите покажуваат со прст бидејќи повеќе од пола град ги легнал...

    Но за да постигнеш треба да си личност со цврст карактер и јака страна на своето ЈАС ;)
     
    На Pelikuna и Hiii им се допаѓа ова.
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022

    Ајдееееееееее тотално ме збуни :^)
    Ако јас сметам дека тоа друштво е добро со мене ке се дружам,зошто да ми кажува мене родителот со кој да се дружам кога не поминувал време со моите пријатели па да знае какви се.Самото дете си ги одбира своите пријатели а не родителот.Па што ако жената за таа која ја спомнав во моите примери и укажуваше на грешките а девојчето сепак си продолжи по свое?Разбери дека родителот не може да биде постојано со своето дете 24/7 во Неделата :fubar: Си имаат и тие свои потреби.И да и јас спомнав.Најголем дел од глупостите се праваат во средно.Може да му текне да искрши прозорец а сепак родителот мисли дека е мирно дете кое го пуштило да научи нешто и ги троши заработените пари пак за него.
    Сега промрчи за контролирањето.Епа ако не му посветува внимание ни малку пак се лоши родителите. |(
    И како да не те прашуваат родителите кога мислат само најдобро со оглед на тоа какви опасности постојат денес.Во ред е да се напиеш ама не до толку што доага до степен друштвото да те носи до дома.И децата треба да знаат дека понекогаш претеруваат.Што имаат овде вината родителите?Гледаш да му овозможиш се а на крај се криви..Зошто ма јас не тргнав по лош пат со оглед на тоа што го спомнав дека сега сум сама?Можејки да го искористам отсуството на моите и да излезам и да безделничам до наутро јас сепак си седам дома.И тоа не заради тоа што моите родители ме советувале туку заради тоа што сум свесна за опасностите,А децата,денешната младина која и покрај напреднатата технологија читајки за секс и забременување и полови болести пак се сексаат на толку млади години.Слободно нека го прават ама утре да нема оф леле мори мајко.ЗОшто одкога знам јас за себе немам никаде ама баш никаде слушнато родителот да го советува оди сексај се,оди пиј или пуши.Зошто кога родителот се мачи на 40 степени да заработи за леб и да и овозможи се на своето дете тие вракаат со лошо.

    Моето мислење за младинава?Веке го кажав,немам намера да се повторувам пак.А ти ао не сакаш да "објаснуваш"нема потреба.Cheer :hai:

    Не се труди да објаснуваш.Нема потреба.

    Aлелуја некој да се согласи :)
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ќе бидам кратка СВЕ Е ИЗДУВАНО култура нула понашање нула
    одам денес на предавање по реторика луѓето стануваат се претставуваат овие од 18години т.е.тинејџерите се смеат се кезат буквално за ништо све му е смешно а до толку се прости што да ги станеш 2 реченици незнаат да поврзат никаква почит спрема професорите останав :o на предавање навистина незнам каде учеле и што ги научиле ...
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не мрчам, не туку ја тупи без потреба кога збор со збор не сврзуваш.
    Како може едни деца да се добри, други лоши, кога сите се раѓаат еднакви?

    Можеби во некоја друга тема го имам дадено примеров, но еве повторно ќе го дадам.
    Имаш двајца идентични, еднојајчани близнаци.
    Од икс причина едниот го имаат однесено да рате во Бруклин со растурено семејство во секоја смисла на зборот, по гета и такви работи, а другиот да расте во Лондон, во угледно семејство.
    Дали повторно ќе се исти, иако се исти?
    Не.
    Зошто?
    Затоа што едниот е воспитан на угледен начин, другиот е воспитан на улица.

    Да си пријател со детето и истовремено родител е тешка работа, но треба на детето да му дадеш до знаење дека ти си единствениот кој не му мисли лошо.
    Еве ќе ти ја цитирам стрина ми,која патем е многу блиска со нејзината ќерка. *цитатов важи за просечно семејство
    "Единствениот човек кој може да ти биде најдобар пријател е мајката. Таа никогаш не ти мисли лошо, ќе имаш безброј другарки, можеби ќе ти се добри, но секогаш има мала завист меѓу вас, додека мајка ти е таа што ти го посакува сето добро на светот"


    И што пак ми го тупиш со тоа дека јас ако споменав контрола,автоматски значи дека 24/7 да биде со детето.
    Мислам од каде ми го ископа тоа мислење?
    Пошо ако не примети и јас истото го тврдам.

    И да.
    Се' е широк поим. На дете треба да му овозможиш пристоен живот,а не што наумило да му купиш.
    Така само парите ќе ги поврзува, никаква љубов.
    Ако мене ми даваат по 100 денари за излегување, а на Живка и даваат 1000 значи дека мајка ми моја ме сака помалку отколку мајката на Живка?
    Нема смисла и сама знаеш.

    И да, сарказам нареден пат кога употребуваш прво прочитај го уште еднаш мислењето да знаеш за што ти објаснува некој и како ти објаснува, бидејќи ако не приметуваш за работите во кои се согласуваме, ти ме правиш како да имам спротивно мислење, а јас всушност ти зборувам за работите за кои не се согласуваме и нема да се согласуваме од горнонаведените причини.
     
  17. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Целосно се согласувам со тебе, и дежурно го тврдам истото. Само мене поентата ми е - и јас кога бев тинејџер ги имаше истиве работи. Ама генералниот коефициент на интелигенција беше повисок бе, не мораше мајка ми да ми каже дека не мора со сила да пораснам. Сама си знаев, уживав во тоа да бидам дете, не се опседнував со квази - идоли и го живеев животот онака како што ми доликуваше на годините.

    Пак ќе речам, тоа со родителите е само уште еден изговор за оглупавувањето на новите генерации. На крај краева ако толку сакате побрзо да пораснете, треба да се чукнете малку по глава и да размислите во која насока ви се движи животот. Не се вадете на родители, имате свој памет.
     
  18. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Ја свртивме темата на полуматура...Добро, нека.
    Значи, не лагам да одам во патики, ниту во балетанки. Рамно - побогу, кој носи? Па, кога имам прилика зошто да не се истопорам на штикли или полна пета? Сега, нормално, нема на некои штикли 15ка, 12ка високи, некои поприкладни, поедноставни.
    Ајде, пукајте, критукувајте ме... Тоа е. Јас ќе носам. Ако кршам нозе - јас ќе кршам.
    И што ако облечам штикли на полуматура? Седмооделенки за обично излегување низ центар облекуват 12ка, а полуматурантките не треба, така? :?:
     
  19. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    И да, ако велите дека сите од вашата генерација биле во фармерки, блуза и сандалки, зошто вие не сте биле во фустан и штикли? Епа, тоа ќе ви дојде исто како сите се во штикли, фустани, а јас во фармерки и блуза.
     
  20. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Абе не дека сум и јас многу стара, ама ајде ке си дозволам да прокоментирам. :)
    Денеснава младина ме разоцарува ептен . И овие од мојава генерација не се бас цвекинца за мирисанје ама помаливе се ептен ``напредни`` , ако тргнам настрана тоа со се облекуваат како 25 годисни девојки и со имаат секс усте на 13 год , некако ми се ептен празни во тоа главцињата.
    Знаат само за еден ФБ , целиот зивот таму им се одвива , девојки од 15, 16 год ми прават муабет како мојата 3 годисна внука. :^) Ми поставуваат прасања од типот :Ееее зосто ти имас 2 обици на едно уво ??? WTF ??? :devil:
    Тоа е тоа ... Отидовме да дојдиме :rofl: