Добро де, што е сега толкава расправија? Боже... кокошки... Тоа што го набројавте, тоа се се просечни мозоци кои не можат да размислат малку подлабоко, затруени со свои идеи и желби за совршен живот, желни за внимание. И не мора да значи, сите ако се во штикли и ти да бидеш? Зошто да се вклопиш по секоја цена?
Ганшајн, епа зошто сите ако се во фармерки и патики и ти да бидеш? М? И да, зошто велите 13 годишни имаат дечковци? Јас имам? - Не. Не сум ни имала, а ниту ќе имам во блиска иднина. Тоа се само некои (добро де, повеќето) кои не знаат колку години се уствари и си мислат дека ако имаат пари го имаат цел свет. Во ваше време немало некои такви кои сте ги оговарале дека секоја вечер имаат по еден дечко? (Добро де, тоа не е дечко) Па, сигурно дека имало, само што сега бројката е поголема. Ама, верувајте, има уште многу млади кои навистина не праваат такви глупости. Верувајте!
Да така е но во врска со пеметот тоа не значи за цела денешна младина.Во целина сигурно дека поглупите владеат но има многу паметни деца кои на постарите можат да им држат предавања.Сите сте се фатиле само за лошите работи кои ги прави денешната младина. Верувајте дека сите не се е*ат на 15,16 години Па и како постарите генерации не се е*бале уште мали сите тие биле светици.Луге секој со свој памет.Само сакам да кажам дека не се сите деца за потценување
Сакаш и по пижами ти оди, но биди своја! И се почнува од тоа: па сите .... И што дека сите го прават тоа што на мене не ми одговара? Морам да облечам штикли на кои не знам да одам бидејќи сите носат? Епа нема. И да има исклучоци. Можеби се ретки, но ги има.
Јас само ќе кажам дека младинава ни оди во погрешна насока! А за тоа ни се заслужни "модерните" западњаци кои ни го доведоа овој луд начин на живот! Толку.
Абе, јас и во штикли и без штикли ќе сум своја. Па да... Сите (дури и јас) се вадиме на „сите“ . Но, еве, признавам дека и јас самата сакам штикла или добра полна пета. Ама, не од оние 10ка. Некои нежни. Еве, и мајка ми во осмо ги имала првите полна пета - сандали. А тоа било пред добри 25 години.
според мене денешнава младина си оди таму каде што си оди а тоа и не би го нарекла баш крив правец. Би рекла дека нашите баби во нивно време оделе во погрешна насока.Зошто? Затоа што ги мажеле на 15 16 год.Немале право ни збор да кркнат.Мажите им правеле све што сакале.И да ги удреле они пак ќутеле зашто од дома ги учеле дека кога еднаш ќе се омажиш тоа ти е ,ќе си трпиш и ќутиш. Баба ми била бремена во деветти месец и никој не се смилувал на неа ниту пак таа се спротиставувала,туку ја носеле до последен ден на нива да работи.За образование да не зборувам Не знаеле ни 2 и 2 колку се. Не знаеле ништо освен тие стотина луѓе у село. Додека денес еее денес блазе си нас на младиве(и ја се ставам у нив) имаме се што сакаме.Не не мажат без да не прашаат,доколку мажите не малтретираат веднаш бараме помош и не трпиме,имаме образование,некои од нас го прошетаа пола свет. Знам ќе речете дека порано такво било општеството ,времињата.Да такви биле но се оди напред,технологијата,науката,културата,и нормално дека и начинот на живот на луѓето се менува. И да ви каж=ам воопшто не мнислам дека и фали нешто на денешнава младина.Си живееме бре убав живот.100 пати поарно отколку порано.100 поарно да ни дојде западот отколку да ни дојде истокот.Милион пати е подобро вака отколку да се живее примитивно.Доста ми е од балканштина и од турско.
Добро кажано Паулина. Денешната младина живее како знае и умее. Исто како и порано, нормално што ти пружа животот ќе го зграпчиш. Е сега нас, малку повеќе ни пружа од порано да, има и многу лоши работи нели, пороци, и пола и повеќе од нас не викаат не,зошто? Сигурно им е убаво, уживаат. Според мене, и денес има лоши патишта и во минатото имало, колку си денес лош и по кој пат одиш, не се разликува многу од тој лош пат порано, сепак, се на се, ние самите сме си одбрале нели? Е сега, исто факт е дека денес, младината е многу понапредна, е добро, значи медицината, економијата, светот, па дури и Македонија отиде напред, е ај младината па да остане позади, е не мое, се си оде заедно, и сите ние трпиме последници. Секој си живее за себе, ама сепак, денешнава младина знае да живее и живее, за разлика од младината порано.
Темава слабо отиде во неповрат, а? Премногу генерализирате. Носев штикли на полуматура и не ме прави тоа порасипана од тие девојчиња што носеа балетанки. Ако ми е мерак да носам штикли, ќе носам и ќе се чувствувам супер, без разлика дали сум носела само јас или сите, јас така сум сакала. Што ми можат другите? Инаку, тебе конкретно те цитирав затоа што ти се гледа од каде ти се овие сфаќања. Мене моите не ми пукаат по една воспитна за оценка и пак пониска оцена од 4 немам добиено и бев ученик на генерација. Треба тебе да ти фаќа кликерот, а не да правиш што ќе ти кажат мама и тато дека е правилно. Дете се воспитува со пријателство. Кој сака нека ми каже дека не е така, не е во право. Моите со мене се во многу другарски однос поставени уште од малечка и ете ме здрава, права. Леле, како ме воспитале лошо затоа што ниеднаш ме немаат мавнато?! Стварно еј. А ова со компјутеров што си се фатила, компјутер имам од раѓање. Буквално, првиот компјутер моите го купиле пред да се родам. Баш тоа многу ми има помогнато што од мала ракувам супер со компјутери. По стоти пат ќе кажам на темава: не е до родителите, до детето е. Ако детето не размислува доволно да реши дека нема да биде ку*ва, кецарош, манијак, дивјак, наркоман или не знам што, значи дека до него е проблемот. Тоа е работа на избор. Не можам да бирам дали ќе бидам убава или грда, ама дали ќе учам или ќе се е*ам на 15 години и тоа како можам.
^ Алелуја.Ако јас немам две чисти во главата,ако пијам,ако пушам цигари или се дрогирам не е заради родителите.Тие ми дават пари за пијачка сок/кафе а јас ги користам за друго. Имам видено случаеви кога девојчиња од дома сосема нормално се облекуваат само за да ги видат родителите како се облечени,но во чантата имаат сосема друга облека,одат кај другарка и се преслекуваат.Тука пак се криви родителите?
Смени си го никот. А кажете ми што е тоа што ги прави толку големи морони денешниве деца? Жив доказ колку се ретардирани имаме а тоа е Гламстик.мк, кое е исто доказ и колку се напредни. Дали тие нивни квази идолчиња ги тераат да се однесуваат така, пак ќе се навратам за примерот со Кејти Пери аудициите. Какви се не ретардирани морони видовме... Значи првенствено ја отворив темава за да зборуваме зошто се толку заостанати во мозокот децава, а се напредни по однесувањето, а богами и физичкиот изглед осим ако не ставаат чарапи во прслук. Затоа и ја ставив во Психологија, ако беше стриктно за штиклите ќе ја ставев во Мода, или евентуално насмевка. Значи, што е тоа што ги тера да се понашаат како ретардирани, жив пример кажав погоре, а и кога ја отворив темава.
ццц абре млади, млади, млади... Ќе се глупираш, ќе лапаш некој погрешен и ќе направиш едно 300 грешки и ќе ти дојде умот! Младината била лоша... Тое се младите, секогаш исти, со своите хормони. Него зависи од времињата инаку нема генерализиција. Мореее има ги и триесет годишини што личат на деца. Страшно е ако воопшто не ти дојде аклот. Ама така е секогаш, постарите се жалат на помладите генерации. И ние ќе се жалиме...
абе луѓе не можете да ми докажете дека не е до родителите туку до детето.Ниту едно дете не е оставено само на улица да се воспитува,тука се родителите кои го воспитуваат и кои го учат од мали нозе,да не стане алкохоличар,зависник од дрога ,да не фати лошо друштво итн.Реков и пак ќе повторам.Не и фали ништо на младинава...освен некои исклучоци со девијантно однесување кои ги имало и пред 30 год.На кој му е убаво да ја живее балканштината и турското нека го живее,на кој не му е убаво ќе си живее заедно со текот и развојот на општеството.За тоа дека ни се криви Сад и западот,според мене не се криви туку можам само да им речам фала оти полека го искоренуваат примитивното од нас.А за оние кои им се криви Сад и западот,ништо не можете да сторите ниту пак да ги спречите.Одиме во тој правец во кој што оди времето,развојот на општеството.Нормално деќа западњачкиот начин на живот се повеќе и допрва ќе навлегува кај нас...затоашто сме пред се мала земја.Големите сили го диктираат начинот на живеење на помалите општества и се повеќе навлегуваат во нив и тоа никако не може да се спречи.А и зошто да го спречуваме.
Прв и основен како и најважен фактор за развој на дете, млад човек е семејството. После училиштето и улицата т.е друштвото (другарите, пријателите, познаниците), општеството.
Офи, касно е веќе за смена... Патем, не можам да бидам своја со штикли на полуматура? Реков јас дека го свртевме муабетот.... Мислам, не сакав да правам провокации со мислењето, туку да го кажам тоа што го мислам. Мајка ми кога бев 1во одделение до некаде 4то (после се премести) - одеше на работа од 8 сабајле се враќаше вечерта во 11 кога имаше даноци, плт за правење и тоа за само 8 илјадарки. Имаше многу фирми (т.е. не беа нејзини де) и кај им беше крајот.... Јас само што тргнав на школо, учев букви, мама не можеше да ми покаже. Татко ми исто. Јас сама учев, пишував домашно. Мајка ми не знаше што јас учам, дали имам домашно. Мислеше на работата, плата да донесе дома. Но, не потклекнав. 6 години сум била, ама сепак. Ден денес - родителите не ме испрашуваат како, што имам за домашно или за учење. Само ми кажуваат „напиша?научи?“ . Не ми се закануваат со тоа „Или учи или од утре нема компјутер, нема интернет!“ . Не. Зар тоа е начин дете да се научи што е правилно, а што не? Јас сама учев. Брат ми некогаш ќе ми помогнеше, оти нели, он поголем, ама тоа беше се’ . И што мислите, јас не можев да си свиркам дома, да си играм, наместо да пишувам домашна? Една вечер мајка ми ја чекав да си дојде од работа до 11ч. вечерта, плачев, мама нема да си дојде... Со душа ја чекав, за конечно да ја гушнам и да спијам до неа и татко ми во спална. А ако претходно заспав, како по навика, секоја вечер станував, одев до спалната и и викав на мајка ми да ми направи место. Ти ако не си свесен, џабе ти е што другите ти зборуваат. Офи, рече дека јас т.е. моето мислење важи за расипана младина, ако сум ти оставила таков впечаток - мисли го тоа, тоа го реков јас. Нема да се преправам дека не го мислев тоа, дека си ме сфатила погрешно, дека сакав нешто друго да кажам со тоа... Да, тоа го кажав и искрено, мене лично не ми смета. Тоа бев јас. Впечатокот кој сум ти го оставила е таков каков што е. Тоа е. п.с. Можда малце забегав, ама сакав да потенцирам дека уствари не треба сета вина да се префрла на родителите. Нормално е дека и тие играат голема улога во тоа како детето ќе се однесува, но не е тоа се.
Се срамам да кажам дека имам 15 години со оглед на тоа дека знам каква е мојата генерација. Нема да прокоментирам нешто многу за мојата генерација бидејќи гледам сите сте запознаени со истата. Страшно нешто е тоа, навистина.. А што уште по страшно и жално е што родителите ги нема во оваа приказна. Им дале пари, им купиле лап-топ и најскап мобилен на тач и готово! Мислат цел свет им го подариле на децата и сега се среќни, па потоа друштвото во кое запаѓаат-секако иста класа деца како нив..
исто и јас се скарав т.е едноставно се оддалечив од нив без збор. можам да кажам само ФАЛА БОГУ hock: :evil: