1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Денешната младина бог да ја брани... не сите се разбира...Голотија,секс,дрога, никотин,проституција и она што се а не би требало на 13,15,18 .Можеби ова лошо ќе ви изгледа но имам прилика да бидам тука и на многу места блиску до нив...Пак ќе кажам подобра е во споредба со младината во светот.
    Колку зависи од децата толку зависи и од родителите кои не знаат каде им се нивните деца во касните сати во ноќите и утрата.Неможеш само да му дадеш кеш во рака и да незнаеш каде ќе заврши твоето дете...Разговор, комуникација,совети до децата и тоа како се потребни.
    Јас имам два сина, кои ми велат дека сум прекрасна мајка... но пред се јас сум нивни судија... до сега немаат забрани од моја страна но гледам дека се развиваат во трезвени личности.
    Не сакам да им го скратувам тоа што не сум сакала и на мене да ми е скратено на нивни години, но со нив пред се јас сум нивна другарка, и покрај тоа што се машки знаам да поразговарам на многу теми, во кои е и темата секс.Онака отворено без да се чуствуваат лошо пред мене...Зашто да го бараат одговорот на нивните прашања на друго место кога јас постојам тука за нив.Би упатила апел до мајките кои се срамат да поразговараат со своите синови и ќерки..Понекогаш и нив им е тешко во овие лоши времиња и тие патат и некогаш не знаат кому да се обратат , затоа што многу често дома наидуваат на неразбирање, зтворен круг.Лесно е да му се раздереш на своето дете, да го истуриш својот бес врз него, но тешко е да го сватиш... затоа што младината сега живее во еден брз ритам понесен од лажниот сјај... и ако сега правилно не се упати како во животот таа може да заврши катастрофално.

    Се надевам нема погрешно да ме разберате затоа што патот кој јас сум го исчекорила вие сега го чекорите... па во иднина и вие ќе судите на идната генерација :)
     
    На vesevska и Ragazzina им се допаѓа ова.
  2. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Еве и еден коментар од девојка која спаѓа во старосната граница за која станува збор,значи имам 15 години.
    Кај нас градот е мал па се се знае се кој што прави,со кој се смувал и тоа во една вечер со колку,кој каде оди и што прави.Пушачите чија старосна граница е на 11 години,не се ни замараат да се кријат.Си пушат на сред бел ден и многу им е гајле :worried:
    90% од мојот град пуши така да,тоа одамна престана да биде табу за тоа кој пуши а кој не.Пуштена сум до 1 часот по полноќ и тоа преку сила :D иако според тоа кој до колку е пуштен треба да сум минимум до 2.
    Кај нас девојчињата се поделени во неколку групи и тоа:орос*ии,оние што немаат друугарки(лузерките),и оние пристојните(малку се 5-6%).И во секој град е така!Се тепаат за машки,пијат,пушат,имаат односи на 13-14 години..едноставно хаос и никој не се обидува да внесе ред.Ги обвинувам родителите!Најрастурените се оние кој им е се допуштено или оние кој се по цел ден дома и ништо не им е дозволено.Секој родител треба да има отворен однос со детето и да проба да допре до него,отворено да зборува со него не само за тоа што треба и не смее да го прави,туку и за она што САКА детето да го прави.Секако има и исклучоци,деца кои потекнуваат од добри семејства но сепак се.....
    А и да прокоментирам за овие педерчињата.Мене лично коа ќе видам машко да се претерува на тој начин,да се шмизла...ми се ПОВРАЌА!Некој си тренд е тоа што никако да замине.Или се идиоти или педерчиња :lol: нема нормално момче.Ама коа ќе видам па машко со излакирани нокти...тоа е врв на се!И најстрашно е тоа што оваа мода се шири,машките всушност и мислат дека вака повеќе ни се свиѓаат :rofl:
    Тоа е страшно....
     
  3. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Jас морам да додадам нешто.Сите викаме дека родителите се виновни за ваквата денешна младина.Кога би се запрашала јас ДА виновни се,но од друга страна има деца кои знаат перфектно да лажат.
    Еве пример за мојата бивша најдобра другарка.Нејзината мајка смета дека таа е светица.Немала ни дечко фатено,ни се имала мувано,ни пијано,пушено итн.Буквално светица.Девојчево е толку умешно во своето лажење и си оставила прекрасна слика кај своите родители.
    Таа пие,пуши,од лани почна да зема марихуана..дечко нема фатено-но има безброј мувачи.
    Единствен плус и е што на школо поминува одлична и така никој не би се посомневал во неа.
    Дури и построго ја држеа дома и ако некој професор се пожала од неа нејзе и следуваше чотек!
    И сега не можам да сватам што и се случи на другаркава,премногу е изменета.
    Можеби е до друштвото или до односот со нејзините родители? :?:
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Многу напредни генерации. Барем така изгледа.
    Запознаени со работи што треба , а и не треба да ги знаат. Кога живееш во вакво време, опкружувањето ти врши притисок да бидеш во тек со се.
    Јас не можам да ги кривам родителите!
    Кичот, шунтот, перверзиите, изместените слики и вредности потекнуваат од тоа што го гледаат младите во филмовите и емисиите на тв. Од тоа што го читаат во статиите на интернет. Од приказните што си прераскажуваат во друштво и од самиот состав на друштвото. Штом почна општеството да се менува, вредностите се изместија, не се знае што е во ред, а што е над границата.
    Кој и да е родител, влијанието му е ограничено. Дома си е дома, ама околината е таа што треба да те прифати или да те суди. Младите само сакаат да бидат прифатени и не бираат начин на кој тоа ќе го направат.

    Како дел од денешнава младина, она на што се гордеам е фактот што не пушам и не сум посегнала по дрога. Друштвото си го сакам повеќе од се, и го чувам внимателно, зошто свесна сум што има надвор од него. Ми вршеле притисок, не сум потпаѓала. А комникацијата што ја имам со мајка ми, не се споредува со онаа со другарките, и за ништо на светот не би ја менувала.
     
  5. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    8.233
    Пол:
    Женски
    Денешната младина е тотално поразлична од минатите генерации од типот на мајка ми и татко ми.Денес нема другарство,нема слога,нема разбирање.Сите гледаат да те искористат па да те фрлат.Да те изоговараат и да си ја нахранат душичката со туѓа мака.На урнатините на среќата да си изградат споменик на нивната победа.Излегла 14 годишна девојка со штикли од 10 см. во 2 часот по полноќ,нашминкана.Просто неверојатно.Не велам дека јас сум многу голема,напротив,баш спаѓам во оваа таканаречена денешна младина.Имам некои лоши особини,не велам не...Ама ете,не претерувам како некои други.И после ќе речат светот останал на младината.А каде е младината кажете ми?
    Сите пушат,пијат,па и се дрогираат.Застанале група седмоодделенки во дискотека кај што и лична карта бараат па се пијанчат и пушат.Мислат дека тоа било ин.Не сфаќаат дека се смешни.На школо излегле,цигари ќе пушеле,минува класната и сите бегаат и не знаат каде да се скријат? Неиживеани луѓе се тоа.Ретко да видам некој паметен,од типот на некои девојки кои се овде на форумот.Кај нас градот е мал,се' се знае.Седмоодделенки менуваат дечковци како чорапи,имаат секс,идат на одмор со дечковци.Порано тоа не доаѓало ни на памет.
    Забегано е се,само тоа можам да го кажам и му благодарам на бога што имам родители кои се паметни и ме воспитале како да се однесувам културно и да бидам тоа што сум денес.

    Морав да едитирам: На што личи,моја другарка,дури помала од мене некој месец ова лето беше пуштена со дечко и на одмор заедно.Дечко и е 4 години поголем од неа.Дали според вас е крива таа или нејзините родители кои цел град ги коментира како можеле да ја пуштат во хотел со дечко и?
     
    На mileystar, GarpovaV, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Па вака, ниедна врска не е стабилна. Многу немаат добар однос со родителите, односите со другарките-катастрофа, ретко да се има вистинска другарка. Се бара дечко, не поради желбата да се љуби, ами да не се остане сам. Рано се започнува со секс, излегувања и сите брзаат да пораснат. Многу немаат никаква цел во животот освен што да облечат вечер или како да го смуваат онај. Муабети, катастрофа, само оговарања и слично. Се нема никаква почист спрема постарите, се помалку е важно образованието. Еден ден сите ќе созрееме.
     
  7. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40


    Да,навистина некои толку умешно знаат да лажат што дури се соживуваат со нивнатата лага.Но гледам погоре во постот си спомнала дека од дома се строги родителите.Значи имам само 15 години но ова со сигурност го знам:Колку повеќе ти забрануваат некои одредени работи,колку повеќе табуизираат дома некои теми,толку повеќе тие работи изгледаат попримамливо и по ,,Ин,,.
    Јас имам пробано цигари,се имам испијането и тоа повеќе пати.Едно ставно тоа ни е во возраста.Ама денеска е такво општеството и околината,се појавуваат нови трендови како на пр.трендот со пушењето или пиењето и секако дека ќе пробам,но нема да станам зависна.Доволно сум инвентивна да си ја направам шемата и без тоа ;) А за дечковците...тоа немам зборови,значи многу се глупави.И ко ќе раскинат цмиздрат...ја згубив љубовта на мојот живот....таа кучка ми го зема..незнам уште што.Многу смешно изгледаат и верувајте се тема на потсмев.
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Добра тема! Денешната младина, од кај да се почне? Во секој случај е многу поразлична од постарите генерации и искрено некогаш се запрепастувам од тоа што го гледам и слушам, и се прашувам од каде ли произлегува сето тоа?! Кој ги воспитувал...несомнено родителите се виновни но и самото време е такво. Родителите во трка за пари, децата оставени на општеството, интернетот, медиумите, а тие знаеме што нудат, поточно што се не нудат :( нема табу, нема вредности, децава од што им е добро не знаат што попрво.
    Дури па и жал ми паѓа за децава некогаш што не можат да осетат нешто од тоа наше детство.
    Ок, на 14, 15 па и 16 години, искачав, ама ако не се вратев до 11, мав ми беше работата. Немаше мобилни, морав да сум точна. Веѓиве ми беа свртени на сите светски страни да можеа сите светски радио станици ќе ги фаќаа, шминка за мене беше маскарата максимум, минич?! Шо беше тоа? Штикли? Молам? Се со тек на време некако течеше кај мене и не само кај мене туку и другарките. Постепено се развивавме, постепено растевме,се интересиравме за многу работи, дискутиравме, и во тоа време дибек беше тој кој не ја познаваше Бјорк да речеме или немаше прочитано квалитетна книга барем еднаш месечно - надвор од тоа што нели моравме да читавме за во школо. А сега?! Се е обратно, се наопаку, се е премногу брзо....и не знам што повеќе да додадам. Ќе се повторам, ама ако се вакви денешните деца (секоја чест за исклучоците, знам дека ги има) какви ли ќе бидат моите деца?! :?:
     
  9. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    За денешната младина не треба многу да се зборува,доволен е само еден поглед и се е јасно како ден!
    На што личи девојчиња од по 15 години да шетаат навечер до 3 часот?! Ама да,ние сме пи*ки во градот,имаме што сакаме и кого сакаме.Кога гледам девојчиња на оваа возраст нашминкани,издотерани,па башка и со штикли,а ако на секое ја виткаат ногата, ми се повраќа :puke:
    Цел на излегувањето-да запознаат што повеќе машки,кои половината се на списокот за мување.
    Да се испијанат и да прават драми,гордо да стојат со цигарчето во рака и да се потрудат тоа да биде видено.Ма дај ве молам!
    Училиштето,книгата па тоа се апстрактни именки за нив!
    Тие што читаат и учат се бубалици,тотални кретени!
    Интересно им е да кажуваат со кој се смувале,со кој отишле и подалеку од тоа,колку неоправдани имале,единици,кој колку може повеќе да испие......
     
    На verolinka и mysterious им се допаѓа ова.
  10. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    ДРЖАВА СО ВАКВА МЛАДИНА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЈАТА ИДНИНА!!!! :!:
    ....најверојатно поради тоа што ќе нема иднина....
    ок, малку шега, ептен сте се сите загрижиле и осудувате. :lol: :lol:
    Некако се чуствувам повикан да се ставам во одбрана на денешната младина. Не велам дека тоа што го прават е исправно, велам дека нема кој да им каже дека не е!
    Прочитајте го постот на Џули 77 на првата страна, тоа е работата. :!:
    Патем речено, нели истото го викаа и за нашата генерација?Убаво се сеќавам кога професорите во средно не прекоруваа, како сме биле безобразни, неодговорни, расипани, размазени и се така... Пред некое време се сретнав со мојата професорка од средно по македонски - ми се жалеше дека ние сме биле „златни деца“ во споредба со овие сега...
    Знаеш, таман помислиш „ок, сега младиве се стварно крш“, доаѓа нова генерација и таа „фино“ те изненадува дека може да биде уште повеќе „крш“.
    За крај, Никола Којо од „Ние не сме ангели“ :lol: :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=hHTxUcwnMq4
     
    На Anthem и julie77 им се допаѓа ова.
  11. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Оние кои што ја критикуваат денешната младина, забораваат кој ја одгледал...(рекол некој и многу ми се допаѓа) ;)
     
    На vaivoquese и Winter.Girl им се допаѓа ова.
  12. sanchii

    sanchii Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Денешната младина е катастрофа. Деца од 4 одд. имаат Фејсбук профили, слики со напрчени усти, 3 кила шминка и штикли... И јас имам 14 години па само еднаш или два пати сум излегла на штикли, и тоа дури сега, пред неколку недели. Ми се гади кога ќе видам некои мои врснички кои на школо доаѓаат со пудра, црно моливче и на секој одмор трчаат до веце затоа што им се размачкала маскарата |( Излегувања до зори, пијанчење, дрога, цигари, ,,мување,, со колку можат повеќе - скоро сите девојчиња ги прават овие работи. Не е работата до родителите, и мене ми е се дозволено, излегувања, компјутер, интернет, шминка, па пак не сум како нив... За излегувања користам само маскара и сјај, а ќе поминам низ трговски и гледам девојчиња една година поголеми од мене на 12-ка штикли, миничи, деколте до папок, фризура, шминка, ко божем на свадба ќе одат, и тоа на сред бел ден :puke: Што е најтрагично, тие, а и моите другарки ми се смеат мене затоа што не се шминкам, не носам миничи и штикли и не се фурам на Цеца и Сека Алексиќ. Се дружам со пристојни машки и што се однесува до нив никој ни пие ни пуши. Има многу други кои само ги познавам и сме на едно ,,здраво,, што се вика, и секоја вечер се прават летви и не ги вадат цигарите од уста... АЛО, ИМАТЕ 14-15 ПА АЈДЕ И 16 ГОДИНИ, цел живот е пред вас, имате време и за алкохол и за цигари.. Јас, на пример, имам излез до 12, скроз одлична сум секоја година, не бегам од часови, за на школо во панталони или фармерки и маица обична - НИКАКО ОТВОРЕНА, и прилично пристојно се однесувам.. Кога ќе погледнам што се случува со мојата, а и поголемите и помалите генерации, ми доаѓа да се убијам...
     
    На vesevska му/ѝ се допаѓа ова.
  13. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    За денешнава катастрофална младина се криви нивните родители кои не ги воспитале соодветно. Јас кога имав 14 години имав излаз до 11 итоа пред зграда со другарчињата, а денес 14 годишни излегуваат во кафичи и дискотеки со минич до зубе. Јас на нивни години мислев каква тетратка ќе си купам за споменар да направам, а тие мислат кој следен да го смуваат. Лошо.
     
    На vaivoquese, vesevska, Anggie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Не знаеш што ке видиш во средно.. Кога бев 2ра година типци од 4та во училишнит двор мотаа џоинт :swear: изгледаше многу глупо и многу малоумно :) Па брате имаш викенди колку што сакаш оди некаде каде штоо никој нема да те види а не да пушиш трава пред 100 души ... Сега сум 3та година ама и многу поразлична од другите.. Не дека сум некој нарцис, пушам цигари и преку викенд може само едно пиво да се напиам онака со сила едноставно :) Со тоа што сакав да кажам дека сум поразлична од другите мислев на тоа што не сакам шминка, мини сукнички, раголено деколте... секогаш гледам да бидам средена да изгледам на нормална девојка... Одбегнувам дискотеки повеке сакам урбан да си терам и затоа се лутат и другарките ... не е ни многу важно... имам пријатели кои пафкаат секојдневно по 2-3 џоинта, сум била со нив на одмор па не сум чепнала такво срање... Зависи како ке се поставиш и најмногу влијае домашното воспитување. На што личе мајка и керка да си пишуваат вакви коментари
    [​IMG]



    ?
     
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    8.233
    Пол:
    Женски
    Мене една работа не ми е јасна :^) Зошто кога ќе се спомне денешната младина одма сите се фаќате како слеп за стап за девојчиња кои се шминкале за на школо? И што кога се шминкале?И јас сум втора средно па ставам и пудра и креон и маскара и руж...И со штикли излегувам преку викенд!
    И што сега? Дали тоа ме прави некоја несовесна млада особа која не е воспитана и не личи на ништо?
    Го молам некој што го осудува шминкањето да ми одговори?! :^)
     
  16. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Па Багуфче некако е невкусно да одиш во школо цела наружана.Мислам не одиш во кафич,туку во школо.За излегување тоа ми е сосем ок.И за штиклите исто.И тие ми се ок за излегување,ама не за во школо.Можеби ќе ви биде смешно,ама да,една ненормална си дојде во школо по штикли.Бог да чува,како да не постојат петок,сабота па ги опнала за в училница да цупка со нив цел ден. |(
     
  17. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    8.233
    Пол:
    Женски

    Да винтер,за штиклите потполно се согласувам.Исто така не велам да одиш целата наружана,со туш и сенка и којзнае каква шминка.Ете јас повеќе си се бендисувам кога имам мааалку руж,имам буцкасти образи и затоа си ги корегирам со малку руж и убаво ми стои.Исто и креон,без креон не можам никаде да одам и тоа ми е навика.Не гледам ништо лошо во ставање малку креон или маскара за школо.Не е лошо да се изгледа убаво.
     
  18. Lil-bitch

    Lil-bitch Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2010
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    22
    еве јас имам 15 години и свесна сум за се што се случува околу мене. не ја фрлајте вината на родителите и децата се криви. значи да тргниме од мојот клас, 3ца бевме непушачи, а тие нормалните ги викаа СЕЉАЦИ, мене ме викаа БУБАЛИЦА бидејќи бев редовна, учев и бев пристојна. ги гледав и им се смеев како си идат тапа пијани и кружат во 8-мици по патот (и јас на некоја забава ќе се напиев мешано алкохл со сок само за да се речи дека сум се напила, но не да не знам кај сум), додека мислат дека се кул. а девојките се натпреваруваат која ке излези со појке фраери, на кои што ќе ги искористат и ќе ги фрлат (само ќе си добијат прехари од типот: онаа к*рвицата). значи од една страна родителите се криви бидејќи рретко некој да седни и да разговара за се и ИСКРЕНО со своето дете (јас на пр. на мама и кѓувам се, со кој сум, како сум, дечко и ме советува, повеќе ја имам за другарка него за родител) и да се посоветува за својте проблеми, ќе го ограничи и во прво излегување детето ке земи цигара, алкохол или не дај боѓе дрога. а од друга страна децата ќе глумат светици пред своите родиетли што родителите ќе створат таква идеална слика за нив па нема да веруваат ако детето им добие отровање од алкохол или западне во некаква депресија....

    а за шминкањето нашкола не не осудувајте бидејќи и јас редовно се шминкам но не нападно, малу пудра креон и сјај, нема ништо лошо ако некој сака да си корегира некој дел од лицето (освен да реди црвен кармин). за штиклите во училиште и јас ги осудувам, незнам како родителите не се заинтересираат како одат децата :(
     
  19. christina

    christina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Vo minatoto bilo poinaku,a sega e poinaku ;) Mnogu e vazno i domasnoto vospituvanje.Jas vo skolo odev najcesto vo farmerki i trenerki,a stavav malku maskara i labelo :D
     
  20. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    За ова потполно се согласувам. Дечишта од 4-5 одделение премногу си допуштаат, без или со знаење на нивните родители. Лани, во осмо одделение, доаѓаат три-четири девојчиња од петто, со чизми тесни, до над колена, со мала штикла и тропкаат низ цело школо, сред зима облекле мини здолништа и тесни маици (не дека има што да покажат, ама ајде) се прават силни и се силат на поголеми. Кога ќе им ја врзам една ќе видат убаво. А за фејсбукот не сакам да коментирам, тоа стана секојдневие на луѓе од 7-77 години..
    Во мувањето не гледам ништо лошо. :?: Тоа што некои немаат мерка за доста, не значи дека се невоспитани и дека се некултурни. Ако навистина си се допаѓаат не гледам ништо лошо во тоа. Само не го оправдувам мувањето во пијана состојба, тоа изгледа ептен незрело, а потоа настануваат и проблеми.

    А сега да кажам малку за мене, прва година сум, моите се строги родители, но сепак знаат да ми попуштат. Прв пат на штикли се качив за полуматура и да не бев јас единствената. Можеби за некого е рано, но за мене не е. Моите секогаш знаат каде сум, до кога сум и со кого сум, никогаш не останале неинформирани. Не пијам, не пушам, не се дрогирам, иако имам пробано алкохол и имам пробано цигари, но за се има прв пат. Кога излегувам најчесто патики, но ако одам на некоја забава тогаш носам штикли и не гледам ништо лошо во тоа. Мајка ми одсекогаш ми велела „ Ако сакаш да пробаш цигари и алкохол ќе пробаш пред мене, а не кога јас или татко ти не сме со тебе“. А за на училиште одам пристојно, како што впрочем и треба да се оди. Фармерки, маичка, џемпер или дуксер (по потреба), патики и пудра, креон и сјај. Толку. :)
     
    На vesevska му/ѝ се допаѓа ова.