Во денешната младина спаѓам и јас. Значи девојчињата се тотално отидени у .... Моја соученичка на 12 год си фати сега дечко и се прави мн јака на школо иде цела нашлапана со моливче за очи направена како којзнае колку год има па да се шминка а едноставно не се гледа од земјата и не изгледа на 12 год. И јас имам 12 год но мислам дека подобро размислувам и од некои што се поголеми од мене . уште на 11 год тестови оценки единици па кај замина светов просто се чудам многу
Денешнава младина во која спаѓам и јас но се разликувам од неа е отидена во неповрат...деца од 13-14 години пушат,пијат и се мислат главни фраери или фраерки се ако се траќаат пијани низ чаршија (ако се уопште пијани има такви и кои се преправаат)...си мислат дека се понапред од другите ако почнале да пушат цигари...а за дечковци да не правиме муабет...дечиња од 5 одделение свретеле по 2-3,а некои дури и се плачат биле многу заљубени...ејј имате само 12 години имате време кога ќе бркате дечковци ...
јасно ми е дека новиве генерации се повеке од нас напредни. пример за тоа е внуками која ке полни 5 години догодина она знае да опцуе и знае да ти посочи што е тоа цицки , гз и слично. јас сум зачудена од тоа бидејки јас не сум праела така на 5 години сигурно.. до негде и медиумите и телевизијата се битни.. а до негде и семејството.. ако дома така и зборат нејзините она слуша и тоа го зборува бидејки според неа мајкаи татко и се нејзин авторитет и се што они зборат е правилно. познавам и деца мали коа знаат да уклучат компјутер , имаат фејсбук и слично.. средношколците се тапа исто.. ако не пушиш цигари ропак си , средновековен си и незнам шо... не сфакам до кај со тие фори им се чудам само....
Читајќи ги коментарите во темата на оние кои се моја возраст, сакам да си кажам нешто. Повеќето велите дека ви е срам што сте дел од оваа младина. Мене не ми е! Зошто да ми биде? Затоа што некој родител не може да одвои време да си го воспита малку неговото затапено дете? Затоа што некој се облекува провокативно, пуши, пие, има дечко/девојка и се враќа во 4 од град? Пих, уво ме заболе. Секоја акција си има реакција. Се што направиме си има последица. Нема јас да си имам проблеми кога ќе пораснам, туку таа/тој. Моите родители еден ден нема да одат со спуштена глава од срам затоа што на врата ме донела полиција без облека, со шише во рака и цигара во уста. Се гледа од далеку кој каков е. Некој слободно може да се однесува како му чуе, ама нема јас да бидам она која останам со затворена уста кога ќе ме прашаат прашање од општа култура. Значи, поентата ми е.. Си имам јас мои лични работи и проблеми кои треба да ги мозгам, и стварно немам време да чувствувам срам што сум дел од оваа младина. Си знам јас дали се издвојувам од истата или не. Другите нема потреба да се интересираат за тоа. Си имам родители кои ќе ми воспитаат ако појдам на погрешен пат, а не некој што едвај името ми го знае.
Денешнава младина никад нема да го има детството што ние сме го имале ии проживеале. Ке останат без детство живеајќи го сонот на девојки од 17години нагоре. Се запрепастив кога си ја видов комшивката(која е патем сега 8одд) во Irısh pub, со мини сукњиче, со еден тон пудра и со пиво враце.... Па уште и сакала сите околу неа д аја викаат шмизла а не по име... Мислам каааај одат овие деца ? Што ке видат од таа нивна младост ? Што ке прават на 20 години ? Ке се мажат? Пошто уште на 12 години почнале со дечковци до 20 ке им здосади и после? Ајмо мажење, враќање на времето на баба ми.
Иако имам 13 години и мене ова страшно ме нервира.Веќе нема деца со кои можам да се дружам.Речиси сите се однесуваат како да имаат 18 години.Случајно на кадевечер гледав слики и што да видам..13-12 годишни девојчиња во диско,со креон и маичка со деколте А за нивните трагикомични статуси на фејсбук немам коментар.Исто така,пред некој ден три (ex)другарки од мое одделение (7мо) се мувале со деца што ги знаеле само еден ден....
можи имам само 16год ама главата не ми е шуплива.деца помали од мене знат и искусиле многу поќе работи од мене.разбрав дека девојче 8мо одд шо е имала секс.и ајде сега сфати ги.младите денес брзаат за да пораснат исто како и некој мој врснички кога ние уште сме деца во душата.то детство шо го имав јас со игри и такво дружење тие неможат да го замислат а не да го изживеат.значи до 8мо одд сум играла игри в улица а тие онде ми се сликаат со газот напрчен или деколтето до папок. алал да му е на родителите шо дозволиле децата такви да му станат.навистина тажно....
Кога бев 8 само една девојка во цело школо имала секс и сите ја знаевме, не беше лоша ама сите ја збореа. Сеа пред некој ден зборев со другарка и ми вика кај братучетка ми во школо пола од девојчињата од 8 веќе пробале, ваков останав . Само не е тоа пување и правење шмизли, веќе еднаш напишав, повеќе фактори се во игра за побрзото созревање, капиталистичкиот начин на мислење за правење брза пара и фаќање јак тип или типка, правење фраер и фраерка, интернетот со кој порничите станаа достапни за секого и веќе не се срамиш во двд-тека да побараш филмче како и брзата храна полна со хормони од која јасно девојките многу побргу созреваат него порано. А и некако стана ИН да си јака пи**а на мали години и да вртиш што повеќе машки, може и стандардот си го прави своето. Машките се пак може и полоши не дека само девојките се пуваат. Не осудувам никого, кој како сака нека си живее но јасно е дека денес родителите се толку зафатени со домашниот буџет што и немаат веќе време да им посветат на децата и да ги воспитаат како ние постарите што сме имале. И нормално место да играат ластик, камај и жмурки сеа се игра на ФБ, се флерта и се праќаат срциња на непознати. Сепак има и многу фини деца така да јас сум генерално оптимист дека пополека ќе одат работите на подобро . Познавам доста 20 годишници со кои се дружам (и машки и женски) и топ се луѓето така да секаде има и фини и идиоти само треба да си одбереш слични на себе а за другите да не ти е гајле .
Значи нешто што најмногу ме револтира е тоа што денешните 12-13 годишни не си ја знаат мерката. Кога ја видов сликава од концертот ми се згади навистина, јас не викам дека не треба да излегуваат и да се дружат, ама нека го прават тоа на места соодветни за нивната возраст. Или па кога ќе видам некоја 12 годишна со 15цм штикла, незнам дали има нешто поодвратно од тоа. Се облекуваат како мајка ми што се облекува, на ништо не личат! Детството никогаш нема да им се врати, а возрасни ќе бидат цел живот. Интернетот исто така многу им влијае, не дека не треба да го користат за забава ама се претерува веќе. Не дека сите деца и млади се вакви, ама се повеќе и повеќе си наоѓам вакви примери во околината. Жално е.
Во денешната младина спаѓам и јас. Сепак, според мене, зависи од домашното воспитување. Како јас можам да бидам нормална, а некоја е веќе скината на 14 години, како можам јас да бидам нормална, а некоја е надувана секој втор ден? Како можам јас да бидам нормална, и да не одам со секој втор од градов? И секој викенд да си одам дома пијана? Како јас секој викенд не сум излезена со сукњиче до под газ, пола да ми се гледа газот? Градниците надвор? Како е можно? Дали се зависи од родителите?! Потоа децата биле виновни. Па не се. Имам јас една другарка, нејзините не се дома завртени од работа. Нема ни брат ни сестра. Како таа може да биде нормална, кога никој никогаш во животов не и дал некој совет, кога по цел ден е дома, сама? Нема со кого да направи муабет? Како таа би била нормална? Никако.. Сепак, би рекла дека мојата генерација колку, толку се трпи. Но, следните што идат се.. Според мене се е до домашното воспитување, и до тоа таа\тој да има малку акал во главата.
^ Еј да бе домашно воспитување, јас ако сакам по патот ќе се пресоблечам во минич додека моите мислат дека сум си во фармерчиња. И што се случувало неколку пати, не на мене, ама на моја бивша другарка. Според постот на малото ѓаволче јас сум била ненормална. Носев кратки суќнички, се опивав и се гледав со момци, ама пак си бев попаметна од мн. други што седеа дома пред малите екрани. Така си се чуствував, тоа ми се правеше и точка. Не сум одила преку граници, ама тука некаде бев Моите дома ништо не знаеа за тоа. Од кај ќе претпостават, цел ден си учев и си читав книги, а и така добричка сум по природа, па тие слепо ми верува. Потоа почнав да се смирувам, кога при неколку наврати почнав да ја губам нивната доверба. Кој што си праве, самиот за себе си праве. Јас сум си поминавала релативно убаво, си поминувам и сега релативно убаво и пак сум си паметна Мене друго ме загрижува кај денешната младина. Тоа е отупавеноста, тоа што ги мрзе да учат и лажните идеали!
Јас зборував за преминување граници. И јас си излегувам во минич, си пијам. Си правам што сакам. Но во границите на нормалното. Сепак, треба малку со осет Како што пишав, не одам со пола газ изваден надвор, и не се враќам секој викенд дома пијана, да не можам вратата да си ја најдам. За тоа беше мојот пост Фала Богу секој си прави што сака Сепак си зависи од домашното воспитување и до тоа колку имаш мозок. Како што веќе пишав, таа мојата другарка е значи тотално.. замината да речам. Не знае што прави. Оди со помали од неа, со поголеми од неа над 10 години...скината пред да наполни 14 години. И после речете не е се до неа и родителите. Па нејзините да знаеа што прави на 14 години, сега ќе си беше девојче на место. Нема кој да ја запре. А знам и уште 500 вакви примери
Јас па првин мислев во темава се зборува за компјутерите и слично, а ова друго било Денешната младина... пред се, многу генерализирање. Зарем нема секакви возрасни? Па ние не велиме - денешните старци туку некои од старциве Јас ќе се задржам на дел од младината. На оние со извртени вредности. Женски. Петок/сабота во град гледам миничи до под гз, деколтиња (пола ци*ки надвор), нашминкани целите, како 30 годишни жени! Вртат дечковци секој викенд со различен, на 15-16 години почнуваат со секс. Машки. Фраер е тој кој што смувал повеќе женски, уште незнаат гзот да си го избришат, а се со порно списание во раце, секој викенд со различна, на 15-16 години почнуваат со секс. Заедничко за сите е она најлошото. Пороците. Аман бе, до кога ќе се уништувате?! Пороците се многу лоша, штетна и опасна работа не само за тинејџерите, туку и за возрасните. Начинот на размислување. Да се немало никаква култура, лошите работи да се сметаат за кул и да се практикуваат, добрите работи да служат за подбив. Страшно.
Иако доста се полемизираше за темава и некои беа за или против, но моето мислење е тоа дека еден огромен процент од 90 % е до домашното воспитание, а преостанатите 10 % е до самата млада личност. Прво и основно е тоа што родителите се тие кои први го учат детето на се. На основните морални вредности во животот. Ако едно дете живее во семејство кое постојано е во кавги, расправии тоа придонесува до страв и дополнително безброј други нарушувања (вклучувајќи го и здравјето), односно тие работи полека се врежуваат некаде, каде еден ден е голема веројатноста да испливаат на површина. Понекогаш тоа не ни така, затоа што тоа дете ќе научи доста од стапките на своите родители, дека не треба да се кара, расправа... но не и секогаш така. Тука се работи всушност за оние 10%, односно размислувањето на самото дете. Денес нажалост (пак ќе речам според мое мислење и вкупната реалност), најголемиот процент на родителите се вработени (поситуирани семејства во поголемите градови), тие денес не му се мислат многу. Заради таа нивна „работа’’ децата од 5 месеци се во градинка, мајката се враќа во 17 часот попладне, таткото исто, а може и подоцна. Што е со тоа дете? Дали тоа почувствувало вистинска мајчина, родителска љубов, дали тоа дете учи правилно во животот? Од самиот старт не. Првото нешто што детето го учи е љубовта, а каде е таа во случајот! Нека не биде и од 5 месеци во градинка, нека биде од 1 годинка или повеќе, но тоа дете сепак е во најголемиот период на развој за целиот живот. Дали тие тетки во градинка ќе го научат подобро од својата мајка, може ќе биде културно и пообразовано, но повеќе ќе наликува на една машина (простете на изразот) кој друг ја програмирал како што сака. И кога ќе порасне, пак истата песна. Родителите ќе му фрлат некоја пара и заминуваат на работа. Тоа прави што си сака. Научено на слободен живот, луксуз, ќе го прави и невозможното. Исто денес се живее во таа доба на напредната технологија. Се се гледа, се се може. Ништо повеќе не е невозможно. Ни учат, ни ништо. Ги мрзи малку да го вклучат мозокот да пресметаат 25+25 колку се, туку на дигитронче . Да ми простите, но за плачење е тоа што наредниве што идат, ќе заборават и како се викаат. Ќе треба имињата на лист да им ги пишуваме и да си ги носат со нив заедно. Да не ги набројувам пак и пороците, зашто 100% од 100% веќе ги прават и се веќе споменати. Најгоелм бунтовник сум за сексот. Алоооо, на 13 години и помалечки, каде сме со младиве?! И на крајот најтрагично е што се прашуваат зашто кога прв пат имале односи, немале крв? Па, како ќе имаат кога сеуште не добиле, а се присетиле дека треба да имаат секс . Сеуште незнаат и како да си стават влошка, а прашуваат за контрацептивни пилули, се опиваат секој викенд, провокациски се облекуваат... Џабе е се и секој што се обидува да му помогне и укаже на грешките. Ако сами не се свестат никој не може насилно со инка да им стави во главата. Втор случај, ако тоа дете од малечко живее во семејство каде владее љубов, мир, спокој, автоматски и неговата душа го прима тоа и длабоко во својата потсвест врежува нешто добро за цел живот. Иако е притаено и останува покриено, но подоцна во текот на неговиот живот тоа се манифестира во секојдневието. Ќе дојде во тешки ситуации, но ќе размисли и прв пример ќе им биде примерот на неговите родители. Дека биле сложни, верни еден на друг, дека со љубов се се може, дека со добрина се, во буквална смисла се постигнува. И најаважно е што ќе го цени она што го има. Дека тоа мачно, со напор и голем труд се постигнува, тешко се одржува, а кога ќе го стекне тоа нема никогаш да го погази. А тоа се моралните вредности, љубовта, довербата, верноста, пријателството... И морам да потенцирам, секоја чест на исклучоците. Зашто ги има и секогаш ќе ги има, од различни семејства и секој различно воспитан, кој од своите, кој сам го научил се тоа. Мило ми е што и денес во ова време, посебно на овој форум читам доста мислења на млади личности кои се за пофалба и не наликуваат на овие горе споменати примери.
Ццццц сега читам што оставало едно девојче на фб кое има само 13 години...сега ќе би копирам дел : Tаа ги има неговите лајкови, јас го имам НЕГОВОТО СРЦЕ !! Finite fino zaebuvaat Нема да плачам за тебе. - Маскарата ми е скапа! I will fight for you ... you're the one who deserves it !! ♥ Zashto me u obraz ljubish nechu da mi budesh drug promashi bar milimetar i poljubac che biti duuug...xDD Ако не ме сакаш,не ми давај надеж за да те сакам..! </3 Kolku sum glupa ne mi se verue !!!!-.- Што имаа таа, а јас не??? -Аха да, таа е курва!! Baram dechko za ozbilno ! xD Мочла,стасала да бара дечко за озбилно Не ги копирав и другите статуси ме мрзеше да вртам надоле ама па тие па да ги прочитатее ...загрефче Еве до каде е стасана денешнава младина ! Многу деца од 12-13 години оставаат вакви статуси на фб па има и статуси сакам да умраамм..не ми се живеее и сега тие што прочитале ќе западнат у депресија дека она сакала да умре
Аууу немам коментар за денешната младина, и јас не сум којзнае колку стара ама сепак, си имам свој карактер, респект спрема другите... И можам слободно да кажам дека тоа со денешните деца е вина на нивните родители, бидејки немале доволно време да ги воспитат , да им кажатшто е добро а што лошо, што треба а што не треба да се прави. Децата се казнуваат кога грешат тоа е најдобрата казна за нив кога ке им забраниш да излегуваат, од дома, барем така имам читано, а и мајками така ме воспитала, се чудам јас какви се нема да видам низ град, уште у гаки моча, со извинение , бега од часови, имала еден куп дечковци, пие , пуши, на школо оди како некој модел излезен од Фешн тв, а она уствари незнае и шо е тоа -_- ... И можам да кжам дека сега се многу по прости, со тоа што ке викаат по улица, ке префрлаат мислаат дека се некои и нешто, без да им текне дека тоа е нешто ниско. Еве јас лично за мене кажувам дека почнав да излегувам редовно секој викенд у 3-та година средно, и тоа понекопгаш и ми здосадуваше и си седев дома, а дечко си фатив у 4та средно, и што јас сум проста 1?!?! Ааа не не себеси се сметамн за паметна, бидејки на денешницава многу е тешко да најдеш нормален тинејџер, а иако јас не сум веке тинејџерка, во тие години па и сега знаев да почитувам постари луѓе, ги слушав моите дома, не доцнев, секогаш кога ке ми кажеа дојди дома во толку и толки јас доаѓав порнано за идниот пат да ме пуштат до покасно, а ако тоа никогаш не се случи ... Поентата ми беше дека сега младината мисли дека се што е лошо е добро, и се испуштени од дома, ама што да правиш, се плашам за еден ден кога ке имам јас деца како ке биде :/
Вака прво да си кажам за мене пошто сум тинејџерка( нервира ме овој збор незнам зашо) Прво и прво сите вие ги укривувате родителите или тинејџерите дека правеле глупости а уште се мочаат у гаките. Прво сетите се како сте размислувале вие на тие години. Можда не како денешната младина пошто тогаш немало развиена технологија, интернет, мобилни...Јас за мене ке ви кажам дека кога бев 12-13-14 години размислуваф многу многу по друго јаче за разлика од сега. Имав фб објавував такви статуси како сега што објавуваат децата Да слободно можам да кажам дека сум размислувала како дете а сум мислила дека размислувам како возрасна личност. Имав дечковци, излегував, се облекував како јас што сакам. Од дома излегував облечена скромно а потоа кај другарка се пресоблекував. Не само јас, сите правеа така. А во тие години секој од секој гледа нели? Ми беше супер си поминував супер иако не беше убаво тоа што го правам но можам да кажам дека ми беше интересно тогаш. Сега сум 16 год и сето тоа ми изгледа многу смешно и си викам леле како сум можела тоа да го направам глупача сум била али не се каам пошто тогаш ми е било интересно. За облеката само сакам да кажам дека се облекувам според тоа што е во мода во сезоната. Пример ако е на мода да се носе кратки куси панталони што сум јас па да несмеам да облечам оти машките ке гледале во мене пфф не ме интересира сега што мислат другите си се облекувам како сакам. Среќна сум што имам еден дечко веке година време и што тој ми укажа дека се што сум правела е било лошо за мене само. Сега иако уште сум во тие години али можам да кажам дека сум сосема друга личност. На прво место ми е учењето а се останато на второ место. Така што младината нека се забавува али до пристојни граници нека не им е забрането да уживаат али нека имаат памет во глава.
Секој ден, се повеќе ми е тешко да се вклопам во овој свет на млади луѓе кои не мислат со своите умови, кои се умислени, кои сметаат дека парите на мама и тато ќе им бидат во џеб засекогаш. Да ја правдам мојата младина?! Немам веќе со што. Немам аргументи, немам примери. Тешко ми е да прифатам дека живеам во овој тинејџерски свет. Снобови, клошари, татини мази, мамини синови.... Ми го активираат нагонот на повраќање. Дознав дека сите мои другарки пушат цигари. Сите другари, другарки, значи сите врсници. Се пијанат секој вечер, се прават дрва, а нивото на интелигенција им е под 0. И сега, незнаете колку ми е тешко да бидам меѓу сите овие пороци. Одбивам секој ден, окреќам глава , но до кога вака?! Значи во што е проблемот?! Во нас самите? Во родителите?! Се плашам за мојата иднина. Што ќе биде со овие деца?! Што ќе станат во животот??? А јас? Ќе паднам ли под нивното влијание? Се молам на Бога да не го дозволи тоа. Но освен Неговата помош, мојот ум треба да ми биде свесен. А ќе успеем ли тоа да го пренесам на следните генерации? Значи овие денови, само овие прашања ми се мотаат во главата. Ама верувам! Верувам во себе, во своето ЈАС. Верувам дека за себе сум си единствена и дека никогаш нема да одам по она: Сите прават - тогаш и јас. А на нив, Господ нека им е напомош. А ги жалам. Бидејќи созреваат со помош на Цукерберг, на ноќните клубови итн., а не со помош на златните зборови на родителите.