Денешната младина е се' што ние не бевме - изматеријализирани, искварени, изроботизирани, технолошки зависни, физички нездрави (со искривени 'рбети), психолоши пореметени (со погрешни вредности за животот), сексуални искусни уште на 13-14 год., не се играат надвор како ние во нашето детство и ред други работи што не ги набројав. Кратко кажано, денешнава младина нема класично детство! Детство ли е да си цел ден на Фејсбук и таму да си ставаш “like“ со другарчињата, да си праќате срциња да си пиете виртуелни кафиња и ред други заебанции наместо надвор да се изиграте, да се изрипате, и да имате модрици по колениците од паѓање во трчење. Исто и со секс прерано почнуваат, па ја на 13-14 год. почнав да мастурбирам и да ејакулирам, а не да сексам. Добро, ајде да се надеваме дека во секое лошо има и некое добро. Ова што го кажав посебно важи за генерациите родени над '95-та година, а какви ли ќе бидат генерациите родени во 21-от век т.е. од 2000 нагоре само Господ знае. Нека ни е на помош на сите!
Таа технолошка зависност, порано е била нешто друго. Постарите секогаш велеле за новите генерации дека за заникаде и дека не било така во нивно време. Кое време е исто? Ниту едно. Секое време си носи свои предности и недостатоци. Ако порано постоеле интелектуалци во доменот на филозофијата, сега постојат интелектуалци во доменот на информтиката. Но не е тоа муабетот. За онаа сексуално искусност на 12- 13 години, не можам ништо да кажам. Тоа секој како си се чуствува. Ако е затоа во дамнешни времиња луѓето стапувале во брак на 15 години. Тоа поарно да не е? Па поарно љубов ќе водам отколку војна Луѓето немале технологија, едно писмо преку гулап што се вели, го чекале со денови. Што ако важноста на информацијата била голема? Колку и да ја мразам технологијата, факт е дека таа ни го олеснува животот. Е сега ќе кажете и дека ни го отежнува. Е тоа зависи од персоната. На крај краишта секој созрева, на овој или онај начин. Оти првпат се опив во прва година и оти првиот дечко ми беше во шесто одделение, да не ми фале нешто? Нема врска тоа дечки.
Јас познавам едно девојче што ми е блиска другарка 17 години е.. Несака да има дечко љубовта не и е важна воопшто. Ниту пак има доверба во некој а една нејзина поранешна пријателка ја оговара со цел град а до вчера ја сметаше за сестра. За неа само најважно од се се парите, цел живот само за тоа зборува дека ништо не и е поважно од парите. Ако имаш пари имаш се и се можеш. А исто така и таа расте во вакво семејство како што е опишано погоре. Сепак не е се до родителите.
Се мислев каде да го ставам ова,па помислив оваа тема е најадекватна... Трите девојчиња се по 12 години,значи 2 години по мали од мене. И после некој нека рече не ми е срам од врсниците... Пу! Не ми е ни смешно.Жално е. А не е до родителите,мајка и' и татко и'се престроги. На нив влијае само Фејсбук,феминистичките мега-оросписки групи од типот "Ја сам кучкица,нисам дама,нисам за једну ноќ..." и Американските филмови...
Добро сеа во децата на мали години општеството им наметнува слика на совршено човечко суштество И поради тоа постојано мораат да прават глупости за да го постигнат успехот и бидат фалени во очите на другите , некои ке видат дека подоцна тоа не вреди .. а некој до крај ке си терат работата ... како на пример во случајот со џокси фацебукот , каде очигледно е дека девојчињата сакаат да привлечат лајкови и мислења на машките и женските као "Uff ovaa bila cool , bla bla bla bla bla .... "
Искрено мене ова посмешно ќе ми биде ако го напише некоја возрасна и зрела личност. А тоа феминистичките мега-оросписки групи и мене ме нервират.
Де бе, што се чудиш, па и ние на тие години си пишувавме вакви ''Статуси" само што тоа го правевме во нашите споменари Сигурно ти не мислеше што да правиш утре за ручек .. А денешната младина живее така како што и се наметнува да живее, тие мислат дека тоа е нормално..и баш не ги окривувам , којзнае што ги чека нашите деца, јас повеќе сум загрижена за тоа. Тогаш , ова сега што се случува ќе ни биде нормално... и ќе бараме да се врати..жално..
И јас спаѓам во денешната младина, повеќе со годините помалку со мозокот Да, домашното воспитување ВЛИЈАЕ врз однесувањето на секое дете, но ако некој сака да направи нешто ќе го направи па колку и да му се труби над глава.. забранетото е секогаш најслатко.. се зависи од карактерот на човекот..
Се сеќавам кога бевме 7 одделение со другарка ми и решивме да пробаме цигари хх. Мајка ми со години ми имаше зборувано како се штетни но јас ајдее радознала па да пробам хх. Ама после мајка ми кога дозна, баш ме зачуди нејзиниот коментар: Другпат кога сакате да пробате цигари кажете ми ќе ви дадам една за проба а не од секој да зимате којзнае какви се. x)
Јас мислам темава е утка, во погрешна категорија е ставена. Не служи за ништо друго освен кажување на своето детство и колку вие/ние, јас на крај краева сте-сме биле примерни, наместо да се разглаба од психолошка гледна точка. Онтопик: Пиши пропало.
Знам дека сте во некои работи доста во право, дека не секогаш ја има најголемата улога родителот за воспитувањето на детето. Но мора да признаеме дека вистински огромен процент е токму до нив. Потполно ми е јасно и тоа дека денес и колку да бидеш добар кон своето дете тоа еден ден ќе направи безброј неубави работи, ама сепак пак свое учество зема родителот. Вака, ако малку подлабоко и психолошки ја проанализираме ситуацијата ќе видеме дека е така. Веќе напоменав два типови на семејства и нивниот начин на воспитување. Во првиот случај тоа беа семејства кога во прашање е работата и кариерата на родителите, а она што го вложиле и жртвувале за да го постигнат тоа е точно нивното потомство, нивните дечиња. И што добија тие на крај освен кариерата, ништо, зашто најважното целта на животот буквално ја промашија. Додека другите беа семејства каде малку поинаку се живее и пристапува кон секојдневието. На многу поразличен начин отколку кај првите. Погоре имаше наведен пример каде девојката живее во такво семејство и буквално ништо не и важно освен парите и другите земни богатства кон кои се стреми нејзината душа. Потенцирам, мојот акцент на работите пак го ставам на родителите. Зошто? Затоа што денес се живее во време кое е доста слободно и буквално одредени деца се толку галени и мазнети, што не може да се опише. Физички ние можеби го гледаме семејството какво е, гледајќи по нивните секојдневни реакции, но како и им е дома? А дома им е сосем друга приказна. Иако мајката е можеби постојано дома и можеби е добра и предобра, таа нејзина безмерна добрина, би рекла добрина без правилно расудување, автоматски ја носи во обратна насока. Мајката е таа која од љубов за чедото да учи или... прави се. - Ти мамичко само учи, мама ќе ти донесе и да јадеш, и да се облечеш и дури ќе ти ги облече чорапите и ќе ти ги врзи врвките на чевлите . Мислам дека овде најмногу грешат родителите. Не сакам да ме разберете погрешно, зашто знам дека тоа е и обврска на родителот и ако тоа не го прави тој, кој друг ќе го прави. Поентата ми беше дека родителот на тој начин на детето му внесува навики за целиот негов живот, самиот да не работи, да не се труди и грижи за ништо, со еден збор да биде мрзелив. Ова искрено не го кажувам туку така. Го кажувам од безброј блиски искуства кои секојдневно ги гледам. Родителите се тие кои иако имаат можеби малечка градина или нива посадена со нешто, не ги разбудуваат децата, само да се одмореле, поспиеле ! Наместо да да ги разбудат и да работат, тие не ги мачат. Ама па затоа тие ќе се мачат понатаму, со нив во животот. Исто блиска личност која работи во градинка ми кажуваше не еден туку безброј примери за тие малечки деца. Направило 5 години, незнае да ја држи лажицата и да јаде само, па уште им викало на воспитувачките дека нема да јаде додека тие не му дадат, ќе плачат и дури ќе му кажат на родителите дома дека не им давале да јадат. Која иронија. Размислува што да им каже дома, манипулира, а не знае да јаде. Истото се случувало и со многу деца што не знаеле да си ги облечат обувките. И сега кој е виновен, ако не родителот кој така го воспитал тоа дете. Можеби ќе си речете тоа не е ништо, тое е сеуште дете, не размислува што е добро што не, ама видете ја другата страна. Тоа дете е галено, мазено, му е ставено се под нос, само да одбира што сака, а кога тоа го прави сега на тие години, замислете што ќе се случува понатаму кога ќе порасне. Тоа дете ќе биде личност која воопшто нема да сака да работи или ќе работи нешто што е лесно и воопшто да не се заморува, ќе сака лесно заработени пари, ако се може и сами да му идат дома, без да мрдне од место... Ете тоа е суровата вистина. Зашто тоа дете од старт е задоено со лесен живот кој придонесува до буквално ладење на љубовта, омаловажување и навредување, за да ја постигне целта. А каде се тука пожртвуваноста, соочувството кон туѓата болка, помагањето... И пак излегува истото, родителите. Пак ќе напоменам да не ме разберат погрешно одредени личности, но денес во прашање е само едно максимално две деца. Токму тука е завидливоста, зошто едното да го има тоа, а другото тоа, зошто на едното да му се обрнува повеќе внимание, а на другото не, тука оладува љубовта. Замислете го животот малку поодамна. Во семејството биле над 5 деца, ретко кој останувал со 3, 2, а уште помалку едно дете (зборувам за помалите градови и околните населени места). Работеле, береле, жнееле, вршеле... Се раѓа детето и мајката со неа во браздата на нива, нека спие таму. Нема време таа да остане дома и да го чува. Ама тоа дете е друго дете. Прво дише друг воздух, второ знае дека за да се има нешто потребен е труд и работа за да се постигне тоа, трето поинаку размислува и ги согледува работите. Гледа како неговите родители се мачат за него да му овозможат се, а со тоа понатаму тие ја поттикнуваат неговата љубов, неговото сожалување, за и тој еден ден придонесе за нив, тие слики вечно остануваат во него. Се жртвува за нив, за целото негово семејство и браќа и сестри. И од него нема да ја чуеш денешната позната реченица на денешните деца: Мамо, зошто само мене ми викаш, речи и на сестра ми/брат ми! Ова го немало. Ги немало сите болести, зарази, грипови, вируси, алергии... Посебно денес кој нема алергија од нешто или не заболел од некој грипозен вирус (минимално 2-3 пати годишно). А тоа е затоа што денешните деца немаат видено ни трева ни цвет ни имаат видено земја како изгледа, а знаат само за убаво средени улици. Тоа дете нема имунитет да се спротистави со тоа зеленило, затоа што не е излезено од дома и ја вдишува само прашината што на крај и од неа е алергично. Знам дека тоа е условите во кои живееме и не можеме да му го пружиме тоа на детето, ама имаме безброј паркови и зеленило, каде можеме да ги носеме преку ден. Додека седи дома нека трча, нека паѓа, нека плаче и нека го боли нешто, за да се челичи. Пример ќе ја наведам моја внукичка од што не знае што е тоа, кога еднаш бевме на манастир, само што и застана една боцкичка на хулахопките, таа започна вистински хистерично да плаче и вика, што луѓето си помислија дека нешто ја касна. До толку сме дојдени сите денес. Заклучокот од се ова што го наведов досега е дека сепак родителот ги има главните конци на воспитување на детето. Ако тој не посади во неговата душа добродетели, љубов, пожртвуваност, работни особини... тоа дете ќе биде сакато за цел живот. И додека му даваш чаша вода на своето дете и му ја носиш, речи му само да стане, додека ти заповеда да му испржиш или свариш јајца за да јаде, научи го тоа само да направи, мислам дека тука е клучот на таа врата која многу ретко кој успева да ја отвори. Иако да не ме разберете погрешно, голем е процентот на деца кои понатаму со тек на животот и од влијанието на друштвото тие особини ги знаемаруваат и ги сметаат за непотребни. Тоа со одминувањето на времето, порано или подоцна ќе го разберат. Животот ќе му даде такви препреки што самиот (веќе возрасна личност) ќе разбере дека поуките и она што го научиле родителите е вистинско богатство.
Еве ја дами и господа денешната младина. Спојлер http://www.demotivacija.mk/toni-me-soblece-34997.html Жално е какви се последици може оваа слика да повлече, ама се ми се чини дека девојчево само си го барало, судејќи по коментарите под своите слики. Патем, во коментарите на демотивација пишува дека има 13 години. Сметам дека тоа што ја постирам на темава не е некој прекршок, зашто секако после ова славна ќе стане.
Јас, да видам дека ќерка ми вака се сликала, земам сачмарка и се думам кого прв да убијам,дали себе,дали неа...
Зошто е гола?!??!?! И зошто под сликите и пишува: ~sex on тxe beach... ~од главе до пете,первезно сам дете.! ^^ Е сега прашањето е КОЈ Е КРИВ? Девојчево, друштвото или родителите нејзини?
Старфиш, читај ги коментарите под демотивацијата. Девојчево знаело за сликава и рекла - не и било гајле се додека она не се осеќала како курва. Мацо, јас да сум на мајка и местото прво неа ќе ја упукам па сама себе. Барем ќе спречам такво суштество да се размножува. 13 години луѓе еј, 13... Со кал си играв на улица во тие години
Таа шо е глупа,не значи дека тој што го направил ова не може да сноси одговорност и не значи дека ја експонира неа,а него го оправдува,со се кучакстата другарка што коментирала и го делела профилот под демотивацијата. Оваа мање-више бар се дава,а онаа подлана доле што ја рекламира...не е ништо поарна,туку е бетер. Анета (така се вика нели),паднала наивно,паднала ниско,хормони,недефинираност,ма што ти ја знам,не и го знам животот,ама за онаа доле можам да дадам дефиниција. Свашта значи. Ова практично влага у детска порнографија.Има само 13 години! А тој што го направил ова...жално и бедно.
во право си лилит, ама еве читам, пишала е ако де и тоа е за деца а дечко и е нај крив во случајов тешко нејзе, цел живот со прст ќе ја покажуваат сеа
Па тоа,тоа.Вакви девојчиња нема само денес.Од секогаш ги имало и ќе ги има. Мене повеќе ме грози злобноќата на денешната младина.
Eпа да, што очекуваш од некој 13 годишен дечко т.е дете! вакви глупости ќе прави! да се надеваме дека и порно не направиле... пошто кај латас после кој ќе слуша Aма овие ептен напредни уште и нејзините до вчерашни другарки сеир пукаат п.с уште една демотивација и направиле
Мое мислење е дека сликава не е наместена дека се е добро смислено и лошо реализирано тиња идеја тиња продукт . И апсолутнo Ги Обвинувам родителите !!! Да ова е НЕнормално време , време на фејсбук , на интернет на пореметена младина но зарем Родителите спијат не гледаат што се дешава ? Ма немој бре . Не може детето барем оние од 13-14 и надоле дома да се светици по однесување пошо пубертето удира со брзина на светлината и однесувањто им се менува . Излегува навечер ? Епа нема да излегува ако веќе излезе кажувам време пристојно ако не го испочитува правилото ќе биде под соодветна казна ! Втора работа облеката . Не може буквално сите од овие кај другарки да се облекуваат , ја пуштам до 12 не до 3-4 по полноќ . Компијутер со моја лозинка , имаш историја на пребарување не дека треба сега да изиграваш ФБИ агент ама во овие ризични години ќе си внимаваш повеќе . Штом се дрзнуваат да постираат вакви слики на Фејсбук тогаш повеќе од сигурно е дека мува не ги лази што би рекле родителите доколку сликите некако стигнат до нив . Што не е неверојатно . Со јасно поставени гранци и правилно воспитување се може се . Па боље вештерка нека ме мисли одколку да ја пуштам од раце да ме брука . Строгост не Тортура да се разбереме . Прво Респект треба да добиеш кај детето за да би тргнала работава ... Крај краева знам многу воспитани деца и знам дека ќе има , ова е полесна околност за забегување ама не е никако оправдување од страна на родителите . И порано кога немало ни ТВ имало вакви случаи се е до детето . Знаете како велат ... Стравот лозјето го чува