Јас мислам дека на овие ваквите па ич не ни им е гајле ние тука шо пишиме. Абе мора да има и вакви, и секако се дел од денешната младина.
Денешнава младина ни е катастрофа, ама па мора и по некоја ваква да има во секоја генерација, се сеќаваам јас кога бев во средно тогаш хит беа порничи од средниве училишта, таму блоу џаб, секс сцени и сл. Сама што ли мислат јас навистина не ги сфаќам, на 13 години веќе има ваков скандал проживеано па до 18 ништо чудно и хоум мејд порно да излезе од неа и некој ХУ момак. Но земено децава како сега размислуваат, што прават, каков однос имаат со родителите и обратно релација родител-дете, се запрепасувам. Тито сега во гроб би се превртел ако кажам дека оваа „Данашна омладина је наша иднина“ , ако ваква иднина не чека богами ќе треба да ситснеме заби за да се спасиме.
Што би се рекло да ти е страв деца да имаш. Ако е женско да не е некое вакво, ако е машко да не е педерче.
И да ти кажам се подзамислувам понекогаш, ги гледам како тргнале, којзнае ние кога ќе раѓаме што ќе се случува, ај ние некако спасивме газовите по некој ваков “паметњакович“ има во нашата генерација, ама овие се почести се. Јас како што сум прилуда на моите деца има дома воен режим да им поставам-во 9 во кревет , ама барем ќе имаат карактер и достоинство а не ко овие да бидат исфиркувани и плукани од секој.
Што е најинтересно „дечко и“ нема 13 години, туку веќе има завршено средно училиште, а колку точно години има не знам. Лично не го знам, ама можете да најдете линк од неговиот профил доле во коментарите. Греота за девојчево како прво што искоментирала: и тоа е за деца, а ко второ што дозволила тој Тони да ја слика гола и да ја стави сликава на демотивација. Плус и за нејзините родители срамота што вака „добро“ ја воспитале.
Не знам како ќе гледаме деца...став и трепет. Само Бог да ги чува, ум, разум, а пред среќа да им даде. Што да очекуваме, кога отвори you tube и као да се одржиш во чекор слушаш нови песни, хитови со наслови да се наежиш од типот Lay it on me читај стај го на мене Dip it low, pick it up ti slow брцни го малку, бавно тргни го Push it real good турни јако Moje gacice е де гачиците кај него останале...сигурно не била дома му да пери па ги изумила I wanna love you од Акон уствари сакм да те е... Rude boy текстот е повеќе од очигледно гнасен Hard вертикална положба на Стојан или Дорчо како сакате Dali si za seks појасно од ова амин Menadzer девојки давајте се колку можете и каде можете само за успех Kes kes слободно експлоатирајте го своето тело, зар да коментирам повеќе? Misica бидете итри и се само за да е по ваше И што да учат децава? Па ваква револуција немало ни во 60тите кога сексот и дрогата и слободоумието цветале...ова е бетер. Што да праиме, што да чиниме? Само едно можам да констатирам, дека се ова смрди толку мн што сме се навикнале да го дишиме и не го забележуваме. 1. Да учиме и да ги научиме оние што ги сакаме да се почитуваат самите себе. Своето тело и самите нив како целина,оти црно им се пишува. РЕСПЕКТ кон себе си и здрава морална свест. Пропагираат правилата биле направени за да се прекршат. Како не. Ајде сите да му ја удриме да си праиме што сакаме, каде сакаме и како сакаме. Е па нема бе братко. Треба да им стаиме на ум дека се што праиме си има последици, и се се враќа како еден ѕид понатака од кој кога ќе се удриме ќе се свестиме, а некои пак никогаш ум не им иде и по толку џумки. Почитувај се себе си, сакај се себе си, и ќе добиеш почит за возврат. Сакај ги сите, не мисли лошо. Сите некогаш згрешиле, ама да станиш да си ја истресиш прашината и продолжи понатака со ука, само така ќе се надоградиме во подобри индивидуи ем за себе ем и за оние околу нас. Батали шо праи мнозинството. НЕ биди изглобализиран. Ако се дават сите и ја да скокнам? Не фала, мил ми е животот. Треба се да се види, ама тоа не значи дека се и треба да се проба. Гледај скенирај ова ок е или не. Ако е научу го надогради се, ако не е бегај и фаќај ука.
И јас сабајле ја видов демотивацијата и се згрозив бе. 13 години бе алоо, 13 години а има односи! Јас еве веќе за еден месец 14, па не ни сум се мувала ни дечко сум фаќала.Па и се сликала, гола. Срамота е ова, стварно. Се чудам што ќе речат родителите ако го видат ова. Па и сега вакви работи ако прави, тогаш што ќе биде на 18?
Kоја е втората демотивација? Не можам да ја најдам... Еден ден,кога ќе имаат свое семејство,освен ако не завршат у некоја порно продукција или шоидае, ќе сфатат каква грешка било. Ова ќе остане како рез у нивните животи,али сеа се премногу малоумни да го сфатат тоа.. Ќе ја покажуваат ,еееј ене ја онаа шо као мала се сликала гола,бла бла...или не дај Боже, ама баш не дај Боже,да имаат повисока функција,е тоа ќе биде блам на векот...
баш денес се возев во автобус со баба ми Hикој не и стана- сосема очекувано! Cтарци стоеа, децава си седеа ... Oд тука јас тргам со домашната, или подобро кажано личната култура Tесно е гужва е, им дадоа гратис денови- Aма тоа е, против тоа не можеме, нели? Oстај тоа што тотално се некултурни да станат на постар човек кој може баба/дедо да им биде, уште се дрзнуваат секакви глупости гласно да зборат за нив па добро бре, вие немате ли баби и дедовци? утре нема и вие да бидете стари? Hема да сакате некој да ви отстапи место, мало поштовање да ви укаже како на постар? и немојте со форите па средношколец сум, па цел ден на нозе, тие се дома зашто и јас сум била средношколка, па ко пушка сум станувала на стари баби и дедовци! Hепријатно ми е, јас да седам, стара баба или дедо над главата да ми стои, и тоа едвај стои Tреба да се засрамам, ако такво нешто си дозволам! Mислам, тоа е најмалото, општа култура, заедно со добар ден, добро утро, добра вечер Kако помала и на непознати луѓе по пат сум им викала добар ден Tоа е нешто што баба ми ме научи Mногу ситни работи, што на некој постар може да му донесат насмевка
Јас неможам да ја видам демотивацијата,ама според описите,да имаме смајли што се крсти,ова би било момент да го искористам.
Знаеш ли дека со нарушување на приватноста на детето потполно ќе го разочараш, навредиш, понижиш. Сигурно несакаш тоа тебе да ти чепка по ташната и да те шпионира? Јас имам 18 години па сеуште скоро се и кажувам на мајка ми, со неа имаме изградено пријателски однос и тоа никогаш нема да се смени. А како? Дефинитивно не со шпионирање. Јас од кога знам за себе имам компјутер, а со интернетот почнав на мала возраст па нит сум се сликала гола на фејсбук во пубертетот, нит се имам глупирано на интернет/гледање и читање тоа што не треба. Сама си поставував ограничувања, а и за тоа што ме интересираше најпрво барав/барам одговори кај моите родители, а потоа на интернет и од пријателите. Иначе историја на пребарување се брише многу лесно и едноставно, ако одиме со таа тактика. Шпионирање никако, само разговор!
Денешната младина .... оф леле толку многу има да се каже но за жал повеќето во негативен контекст.Дезориентација,недостатог на почит,недостаток на интерес кон на што навистина им е потребно пред се образованието,преголемиот интерес и љубопиност за она што за нив и нивните години не треба да биде тема на осознавање и усте толку многу работи.Е сега прашањето е зошто така?Лично мое мислење е дека огромен дел од младите добиваат целосно погрешно домашно воспитување.Веќе се е заборавено сите морални вредности,сите правила.Тие не заат за почит кон родители,почит кон професори,почит кон надворешниот свет.Каде е тука проблемот?ДОМА.Во домашното воспитубање.Како моето дете ќе го почитува својот наставник,професор,другар,другарка,човекот од улица и слично кога јас и неговиот татко не сме го научиле што е тоа почит,и дека пред се треба да ги почитува своите радители.Во присуство на децата за се се зборува,што не беше така во времето кога јас бев дете.Овие деца,оваа младина е сега информирана за секој проблем кој го имаат родителите нивни било да е брачен,материјален или било каков.Постојат родители кој буквално го купуваат вниманието и љубовта на децата.Поради немање време,поради неспремност,поради нескање од жаргонски кажано замарање тие на децата им дозволуваат се што е можно да имаат,мислам на материјални работи.И како ова дете ќе знае да ги вреднува нештата,како ќе знае за емоции пред се за нежност,како ќе научи покрај такво воспитување да ги почитува родителите и луѓето околу себе.Имаат 14-15 години млади,мали,неразвиени,ДЕЦА драги мои вашите нашите деца .... а ги гледеме низ баровите,кафичите ноќе облечени така невкусно,зборувам овдека за девојките кои повеќе соблечени отколку облечени се пијанчат,доаѓаат дома во никое време и што е најужасно ако јас се прашувам имаат односи.Девојче од 14-15 години драги родители пред нашите очи излегува во кратко суќниче,со длабоко деколте,непристојно облечена а се враќа во ниедно време.Уште е дете а има сексуални односи.Па нормално дека ќе има кога се облекува така,кога се облекува во облека за возрасни,нормално дека ќе размислува за тоа и наместо да се посвети на градењето на нејзината личност преку нејзиното образование таа ќе лута низ сето ова.И овдека е вината во драгите родители секако.Да не зборувам за нивниот однос во училиште,нивниот однос кон професорите,нивната слобода која од дома си ја носат и во училиштето.Уште толку многу можам да пишувам за ова и да изнесувам факти но доволно е и ова. Мојот совет кон сите родители,бидете повнимателни и посветете се на вашите деца зошто нив се што им треба е вашето внимание и вашата љубов.Само тоа ќе ги направи вистински личности.Само така ќе можеме да ја подобриме нашата средина,со квалитетна и паметна младина која вие родителите ке ја створите. Поздрав до сите родители
Единствената разлика меѓу денешената и онаа младина, што била порано, е технологијата! Денес сите сме со мобилен, интернет и компјутер дома, се занимаваме со фејсбук, крадеме домашни од википедија... Денешната младина ништо не измислила! Се што постои денес, постело и порано. А секакви луѓе секогаш имало
Да, само морам да те поправам кај болдираното. Википедија е слободна е-енциклопедија без авторски права на напишаното, така што тоа не е кражба, тоа е снаџи се па живи!
Се што сме кажале, било далеку пред нас кажано, но се вреднува ако и само ако ние самите сме дошле до тоа сознание.
Веке имам оставено коментари на оваа тема но мора да се доискажам бидејки некои мислење стварно ме иритираат. Јас цврсто стојам на мојот став дека родителите се виновни за однесувањето и постапките на своето дете. Е сега сите родители не се исти па така и децата.Детето се воспитува уште на мала воздраст а не од како ке почне да чекори по погрешни патеки ти да му трубиш за култура... и незнам ти што. Значи конкретно за мене ке зборувам.Сега моите родители да ме седнат и да ми зборуваат како треба да се однесувам и што треба да правам а што не ке ми мине од едното уво низ другото и сигурно ке гледам во таван.Ама моите родители додека бев мала ништо не криеја од мене и сите лоши примери ми ги кажуваа и ми дадоа до знаење што треба да правам а што не.Порано беа многу строги и секогаш ми зборуваа за се.Никогаш не велеа мала е не се зборува пред мало дете за сешто.Значи имам 16 години а излегувам до 1-2 часот.И многу ке речат вакви биле децата, такви биле, ова е ку*ва,невоспитана се излегува ли до толку часот и што ти не. Почнав со излегување уште пред 14 години(зборувам за во кафичи).Но излегував до 11 часот.Свирката почнуваше во 10 за 11 а јас имав време да слушнам 1 песна и да си одам дома.Потоа почнав до 11:30 пa до 12 и секоја година добивам по пола или 1 час повеке дозвола за излегување.Сето тоа јас го заслужив бидејки моите родители до сега немат се застрамено од мене.Ниту еднаш не сум се вратила дома покасно од дозволентот, значи до минутка сум точна.Од дома сега излегувам со штикли и шминка, точно дека изгледам постаро и одам во кафич каде има многу постари од мене но и цела моја генерација е тамо.Е сега што правам јас таму до толку часот?Буквално ништо само играм и се забавувам.Повеке од 1 чаша алкохол досега не сум испила во една вечер.Дома никогш не сум се вратила пијана,за пушење не ни помислувам..дечко немам.И сега не ми е јасно каде го гледате лошото што јас излегувам нашминкана и на штикли?Цела недела мене ми минува во учење значи станувам учам,одам на училиште учам, се врама дома седнувам на компјуер и одам на спиење.Вака 5 дена по ред.На училиште сите ми се 5 и не можам да замислам во графата да имам некоја четворка(освен математика).Епа кога ке дојде петок и сабота зошто да не излезам и да не видам свет? Многу велат има деца што не излегуваат во кафич,диско туку така се шетале (ова и моите едно време ми го велеа).Епа сте се запрашале ли некогаш таквите дали се толку примерни како што изгледаат?Излегуваат од дома во патики,фармерки и блуза а одат во некоја темнина со некое машко и нели погодувате што прави тоа примерно девојче што личи на нормална девојка од 15,16 години.И потоа нејзините родители ке речат моето дете не се шминка и не става штикли, таа не е "расипана" како останатите.Епа ајде сега кажете што е подобро? Факт е дека некои многу површински гледат.Па дури некој што воопшто не ме познава ке ми рече ретко срекавала никакво корисно мислење на форумов од мене.Што во директно значање тоа оди ти се едно расипано детиште кое мисли само на излегување и се муабети по форумските игри.Епа јас ако цел ден само учам кога ке се вратам дома немам сила повторно да пишувам состави.Господ не ме надарил за пишување и не умеам од било што јас да напишам прекрасен состав.Кога знам дека не ме бива не ни пишувам туку само ги читам оние форумџики што стварно ги бива.Друго не се чуствувам доволно голема на некоја да и држам часови за секс,лубовни проблеми,политика кога немам никакво искуство.Затоа ве молам не судете веднаш за нешто што не знаете и не донесувајте пребрзи заклучоци. Е сега чекам коментари за тоа каде гледате дека јас сум разлигушена девојка? Извинете ако малку дрско звучев али подобро не знаев како да се искажам.
Морам да идам сега со контра-аргумент на болдираното од причина што сметам дека тука не си во право, ама воопшто. Јас имам 15 години-да, имам дечко-да,пушам-да, често знам да излезам во фармерки, патики и дуксерче или јакна-зависи од времето. Седиме на клупа со лименки кока-кола и сончоглед или некогаш само кафенце. И уште голем број мои другарки и другари седат така низ маало. Понекогаш повеќе парови седиме во стариот дел од парк. И што правиме? На клупа се „општиме“ групно? Не. СЕДИМЕ и дискутираме на голем број теми, се заебаваме и тако даље. А исто така тврдиш дека тие деца што идат на штикли и кило шминка(пошто нели сакале да одморат од напорната недела) седат само и пијат една чашка алкохол. Можеби да, ете конкретен пример ти а и знам други деца, НО, тие деца туфнати такви цели што „ги осудуваат затоашто носат штикли и минич до пич“ знаат истото да го прават. Или у веце напикани на шоља или позади некоја грмушка. Така да немој да коментираш дека тие што си седат у маало или у парк се ебат, дупат и што ти ја знам а тие што понекогаш сакаат да се опнат на штикли се ангелчиња на мама и тато(не е наменето ова за тебе туку за горе наведените примери) Се извинувам за несоодветниве зборови но цитираното горе ме извади од кожа, ама буквално ми се крена секое влакненце затоашто многу често слушам вакви коментари од деца што излегуваат по кремскиве кафичи на штикла и фустанче.
Не, не јас не реков дека сите што не одат во кафичи се ебат и дека сите тие што одат во кремските кафичи пијат смамо една чаша алкохол и ништо друго не прават.Јас за да не зборувам за сите општо се зедов себе како пример и реков дека тоа е така кај мене.А ме иритира тоа што некои тврдат дека само денешнава младина е расипана и зборуваат дека сите сме такви.А тоа јас што го спомнав за оние кои излегуваат од дома со патики....не беше наменето за сите.Го спомнав бидејки често слушам од некои родители дека тие деца са паметни а ние што одиме по кафичи сме секакви ...Епа се извинувам ако некого навредив мада немав никаква намера (затоа и зборував за себе за тоа што јас што слушам и гледам) ама ова е мое мислење
Велиш дека те иритира тоа што зборат сите дека нашава т.е денешнава младина е расипана ама морам и јас да те разочарам дека тоа е вистина со оглед на она што го прават сега а имаат уште цел живот пред себе. Најчесто се збори во име на поголем процент од попупацијата, свака им част на тие што се издвојуваат од групата на „расипана младина“ До некаде зависи и од родителите ама пак џабе ако родителите држат монолог саат ипол кога на децата од едно уво им влегува од друго излегува и потоа повторно „учат“ од деца кои се лош пример и си го фатиле лошиот пат под нозе.
А мене ме интересира каде уствари искачате? Има уште јуниор журки ко порано (до 11 ипол)? Ептен не сум во тек.