Е на ова прашање ќе имаш разни одговори. Се мафтаме по дискотеки, низ маало, во парк или по кафичи на кафе-трач муабет
Очигледно е дека не можеме да најдеме заеднички јазик. Значи мене не ме иритира тоа што зборуваат дека сме расипана младина туку ме иритира тоа што мислат дека буквално сите сме такви.Ме иритира што постојано се осудува без да се запознае човек.Значи јас ако излезам со штикли,шминка и сукња јас сум пи*ка така?Значи мене ова нешто ме боли,ме боли тоа кога некој ме осудува а јас знам дека мене душата ми е чиста.А и моите родители ме подучиле уште како мала и јас сметам дека добро сум ја научила лекцијата.Кога се вракам од излегување моите не ме седнуваат пред нив за да им раскажам што сум правела.А тоа не го прават бидејки имаат поверение во мене и не сум им дала повод да се сомневаат.И фала богу мислам дека нема потреба веке да ми држат предавања бидејки сум доволно голема за да почнам сама да размислувам што е добро а што не. Саја изгледа твојот коментар се однесува до мене?
Денес многу си сакаме на фб да си седиме, на кафе да си одиме секој божји ден да си трачариме со другарки или другари, помалку да учиме .... тоа би било нормално за секој тинејџер па макар и некој поворзасен
Епа тоа велам јас дека не сме сите исти.Еве јас дење никогаш не одам на кафе бидејки стварно немам време.И со тоа што ке излезам од цела недела само 2 пати од дома не гледам каде толку грешам
За дискотекиве и ми е прашањето. Јас во осмо на пример излегував во Елемент и Колосеум, на јуниор журки, од 9 до 11 ипол. Па после сите разлаз, и спремаа за постарите. Сега одамна немам слушнато за јуниор журка да имало некаде. Или искачате после полноќ во диско на стандардните журки?
Во мојот град има само 2 кафичи и таму одат и стари и млади.Значи учениците и професорите на едно место излегуваат.Кафичите работат до 1-1:30 и јас за да одам таму мора да ставам штикли за да не ме вратат на вратата.Кога би имало јуниор журки се би било многу понормално ама нема затоа и ние се фурсираме
Саја, јас знам за сигурно дека во Скопје во Парадисо има јуниор журки, до 11 ипол траат, најмногу до 12. Во Вулкан има, во 69ка мислам и во Папаја. А за мене да си кажам, не излегувам по кафичи а уште помалку по дискотеки. Едноставно не сум таков тип да сакам многу дискотеки, не ја сакам многу гласната музика и големите турканици во нив, да немаш каде да поминеш и да не можеш да се разбереш кога зборуваш со некој. А и не сум по играњето баш, незнам дали е до тоа дека неможам да се опуштам или стварно не знам да играм. И да.. незнам што се запнаа сите за штиклите, пушењето и излегувањето до доцна. Не е дека ги оправдувам девојчињата од 12-13 години што излегуваат на 10ка штикла, ама ако еве 15,16 годишни девојчиња облечат штикла што е пример 5-6 цм, не гледам што е проблемот во тоа. Незнам зашто сите мислат демек ако носиме штикли сме размазени, си немаме поима од животот, пи*ки сме.. Бог да чува. А за пушењето, да штетна навика е, ама сите знаеме дека има мноогу полоши работи од тоа, се согласувате? За излегувањето до доцна, треба да си има граници зависи од возраста. Сега сигурно нема средношколка да излегува до 10 часот и после дома. Нормално дека ќе остане до 1-1 и 30. Ама некаде 7мо, 8мо одделение, најприкладно време би било на пример до 9 и нешто во град кога излегуваат, и ако има некоја јуниор журка до 11 ипол ама превозот да им биде обезбеден. А ако се во населба, до 11-11 ипол. Не ги оправдувам тие што претеруваат и излегуваат до ниедно време и се облекуваат недолично, многу ми е невкусно кога ќе видам некоја млада тинејџерка со минич под пич, длабоко деколте, изразена шминка и буквално се клати по улиците.. Додуше, не е лошо да се испие чашка-две алкохол, доволно малку да те потфати па да се развеселиш ама 10 чашки? Тоа е веќе претеризам.
Летово излегував од 8 до 10 ипол негде. Понекогаш бев до 11, понекогаш и 11 часот минеше, ама 11 ипол - не. Каде излегував? На плоштад и во парк. Во кафич? Паа, имам седнато неколку пати, ама се бројат на прстите на едната рака. Притоа, си порачував леден чај или обичен сок, а не нескафе или коктели. Некои од моите другарки од класот секоја вечер беа седнати во кафич. Па, нивен избор. Само, се прашувам, до 30тина години кај ќе излегуваат? Нема да им здосади се во овие кафичи? Јас како личност која мрази едноличност, не би издржала 15/20 години да одам се’ на исто место, како ритуал да ми е одењето во кафич. После излегувањето си седев со другарка ми во маало (она е 1 година помала од мене, ама заедно излегуваме и заедно се враќаме, така да и за одење и враќање имам друштво, не сум сама). Имаме седено до 1 ипо, 2,3, 3 ипол. Ама, моите знаеја дека сум на скалите пред вратата. Имам седено со поголемо друштво исто во маалото до сабајле 5/6 . (ама тоа само во лето) Но, пред вратата сум, си зборувавме, се шалевме и тоа.
Мислам дека досега не сум коментирала на темава,ама редовно ја следам и цела ја имам прочитано. Ама еве едно мое кратко мислење како дел од денешната младина. Имам 15 години и сум првенец на генерација,редовен учесник на сите можни натпревари,посетител на курс по англиски долго време,од скоро започнав на тренирам кошарка и дрн дрн. Сега ќе речете оваа се направи светица,се изнафали? Но не е така.Ги кажав позитивните особини но секако дека поседувам и негативни и дека не сум ангел.И покрај горенаведеното,имам доволно време за забава,заебанции,уживање.Всушност,не знам кога ќе уживам во животот ако не сега? Тоа што сум амбициозна и одговорна кон обврските не значи дека не сакам да живеам како нормален тинејџер.Но има разлика од тинејџер до тинејџер.Јас сум свесна и стојам зад се она што сум го направила.Излегувам на вечер,секој викенд а на лето пак скоро секој ден.Се враќам околу 12 дома.Седиме со друштвото во парк,шетаме по Широк Сокак,седнуваме во пицерии а понекогаш и во кафичи.Не пушам,ама имам пробано цигара во 7мо чисто од љубопитност ,и моите знаат за тоа,немам причина да кријам.Од алкохол имам пробано само вино и пиво,на први Мај и Нова Година .Се имам смувано со едно дете уште во седмо,a пак од август годинава почнавме да одиме.Не гледам лошо во тоа,зашто не правам нешто срамно и недолично.A овде на форумов голем дел од членките ја осудуваат младината зошто нели сите носеле штикли,се шминкале како теткици на полуматура и за излегување,се мувале од сега и уште што не,а кога ќе отворам во темата "Вашиот прв бакнеж" гледам голем дел од членките го имале во 11-15 година,во темата "На која возраст почнавте да користите шминка" и "Koга се запознавте со штиклите" најголем дел од одговорите се 12-16 години.Ама тоа е,навистина имаше право Дузи со вчерашниот пост во СДК,сите се прават светци и ги напаѓаат другите. Јас знам дека постојат тинејџери што стварно недолично се однесуваат и не можам да ги оправдам без разлика што барам причина за тоа нивно однесување.Но,не може сите да се ставаат во ист кош.Генерализирате.Исто како што некои велат:мажите се вакви,жените такви,сега и тинејџерите вакви,такви биле.Се зависи од домашното воспитување но и од самата свест и интелигенција на поединецот.Јас сметам дека за моето однесување се одговорни моите родители со тоа што уште од мала ме научија што е добро а што не,а не со тоа што ќе ме контролираат што правам.Во овој период мозокот ни работи толку зафркнато,што можиме да сокриеме се што правиме и да изиграваме невињаци Познавам и многу такви,па затоа не е со до родителите туку и до самата зрелост на човекот. Многу долг ми излезе постот,но имав потреба искрено да искажам мое мислење,зашто навистина не можеме да зборуваме за сите генерално,а и не можеме да претпоставуваме кој или што предизвикува лошо однесување кај младината бидејќи има различни фактори,не е се во интернетот и домашното воспитување Тенкју фор ди атеншн
Неодамна ја видов фотографијата со голото девојче на демотивација (верувам повеќето знаете која), ги прочитав и коментарите на сите и го видов и профилот на девојчето.... Прво бев згрозена, изненадена и запрепастена, потоа разочарана и на крај се исплашив. До каде стигнавме....се` повеќе и повеќе млади, недоволно созреани, пораснати и информирани девојчиња се впуштаат во секс. односи....уште не им пораснале сите делови кои го красат женското тело, а тие веќе шират нозе.... Ајде... девојчето направило што направило, ама за осуда е и тој што ја сликал, тој што е од другата страна на објективот....за осуда се` и сите кои коментирале и не преземале ништо, ама баш ништо, само се потсмевале и ја нарекуваа со погрдни имиња....прочитав ку*во, ку*вештијо, о**спијо и не знам што ли уште не...браво за богатиот речник.... да не почнам да ги цитирам и сексоповикувачите постови.... Од нејзиниот профил, прелетав и на др. профили на девојчиња, сите сликани со разголени бутки, гради, напучени усни, кој од која минич до пич....девојчињава се осмооделенки Не ми е јасно кај им се бре родителиве на децава, како бе не виделе и уште не гледаат што им прават ќерките, какви слики ставаат, како не ги виделе и коментарите....толку ли се родителиве незаинтересирани за сопствените деца....или пак децава немаат никаков морал, никаква контрола, никаква почит ниту кон себе, ниту кон останатите.... Друго, ме разочараа и коментарите на истата демотивација....денешнава младина станува се` посебична и посебична, нема ни трошка солидарност и сочувствителност....никој не рече греота девојчево, никој не се ни потруди да покаже дека барем малку му е жал што се посрамотила себе си, никој не ни праша да не има некоја мака детево (да со 13 год. дете е ), никој не праша дали воопшто е изманипулирана и на ваков подмолен начин искористена, колку и да е таа крива, криви се` и сите споменати.....се запрепастив. И трето се исплашив....се плашам, ми се врти едно прашање-ако сега, во денешно време ако е модерно децата да почнуваат со секс. односи на 13 год., што ли ќе биде за 10 год. кога мојата ќерка ќе има 15 год..... И за крај само едно-почитувајте си го сопственото тело, почитувајте се себе си, не дозволувајте да бидете жртви на модерното време. Секоја чест на исклучоците кои знам дека постојат. Толку од мене. Благодарам за вниманието.
Мене едно нешто не ми е јасно.. Како???!!! Ги пуштаат дечурланиве по дискотеки? Зарем нема некаков закон? Или ај бе што има врска син на овој бил, или керка на оваа е.. Страшно Многу ми е мило што моите знаеле како да ме израснат. Се сум имала во животов за ништо не се жалам.. Додека сите мои другарки искачаа од 8мо оделение и идеа во град па се шетаа па седнуваа на кафе мене прво искачање ми беше во втора година средно.. И тоа за бела ноќ ајде демек повод.. Арно што искочив јас требаше да се вратам дома до 12.. Ми се јавуваа во 11 ипол ајде таман имаш време да се качиш во такси и да стигнеш на време. Кај сум смеела јас да каснам 1 минута не сум смеела а не па да побарам уште малце да поседам!! Вратата ми ја заклучувале ... Послем тоа имав дозвола еднаш неделно да искочам ама не и петок и сабота .. еден од овие денови! ми давале пари се! можеби највише од сите сум имала ама затоа многу строго ме држеле.. И следната година демек мислиш ајде сега 3та сум ке ме пуштат повише ма какво. Ми викале уште си малолетна и додека живееш во оваа куќа ке не слушаш.. Така додека сите мои другарки идеа во Колосеум и имаа дури врски за на врата па за сепаре и додека се пијанчеа јас не одев. Одев само во кафич.. Еднаш отидов со нив во колосеум и тоа не знам како го изведов и преплашена бев да не ме види некој. А во колосеум?!!! Помали од мене сигурно едно 3 години.. Сум шетана ништо не ми било забрането сум облакала и јас штикли и сум облакала миничи.. ама кога дошло моето време!! Исто не знам кај кого прочитав мислење дека ако ваква е денешнава младина којзнае керка ми во какво време ке живее.. И јас истото го мислам ама сепак се е до родителите. Колку ке им се допушти и како ке бидат израснати..
Еднаш пишав , ама морам пак. Излегување за мене кога бев во тинејерските години пеше соооон. Покрај кеј денски најкасно до 9 и 30 дома, па во подоцнежните средношколски години до 11 и 45. Малку подоцна да не речам 4 година до 1 час мах. До душа не сум била личност што умира да виси по дискотеки еве ме и ден денешен исто. Се знае, излези некој час два три мах и дома. Порадо дома или кај некои пријатели да се собериме зезање, муабети, коктелчиња, некој излет со скара, надвор од државата прошетка, можеби чат пат на кафе и тоа е тоа. Миничи? Ха, не сум можела јас да носам? Да си ги покажав долгиве нозе и зора на тоа штикла 14ка и плус? На прстиве од една рака можам да ги набројам кога сум облекла. Можеби само јас мислам така, ама класика си е класика луѓе. Сукња до над колена малку или маалкуцка пократка, ама да ми виси гузица и да се секирам како ѓе седнам...аааа неее. Или некои што носат и панталони задникот да им излага. А за основната култура немам коментари. Секоја чест на исклучоците.
^^ Воопшто не си ми ја сфатила поентата на мојот пост . Ти си една од ретките како што се претстави Совршено дете арно ама ваквите се раритети . Не значи дека секој има однос со мајката како и ти , ниту пак дека секое дете е исто тоа веќе го напоменав . Ти имаш 18 така да не спаѓаш во сегашнава пореметена младина можам слободно да кажам . Ако осетам дека нешто не е во ред се разбира дека ќе испитам ситуација и не барам начин за да стигнам до одговорот . Нема веројатно да чекам сама да ми каже , гледам дека нешто не е како што треба , ама не јас сум ок родител и му ја почитувам приватноста ајд бе . Што се однесува до првата реченица дека со шпионирање ќе го повредам и понижам ... ? Зарем тоа мене нема да ме повреди и понижи кога ќе ја ренда кој стигне ? Кога е стане простититутка , наркоманка и секој на неа да се изживува .. Е не тогаш ќе ме понижи не само пред народот туку и пред себе . Така да ако НЕ ДАЈ БОЖЕ некогаш се најдам во ваква ситуација ќе ги употребам сите можни начини за да го прекинам тоа .
Токму така Венди, родителите се највиновни.... И јас имав и се` уште имам пријателски однос со мајка ми, и јас скоро се`и` кажував, а сега после 10-тина години дознавам т.е. низ разговор ми кажа и дека сум била шпиунирана. И знаеш каква беше мојата реакција-слатко си се изнасмеав...и реков браво бе, мамо, не сум те фатила. Како ме шпиунирала и зошто...си имала свои техники-зборувам на тел. ме прислушкувала, јас на училиште, таа ми ја проверувала собата, шкафчето, плакарот, а некогаш и ранецот итн., а зошто-затоа што се грижела за мене. И тоа сега да го сфатам како нарушување на приватноста или како грижа и заинтересираност на родителот. Да го споменам и татко ми...кога се запишав на факс. ми го побара распоредот да го запишел на компј. и отприлика да знае кога треба да се вратам дома...Мојата реакција беше бесна...зарем на 18. год. ќе ме контролираш, имам ли јас право на приватен живот. Само ми одговори- не те прашав дали се бричи владика, дај го распоредот и пријатно, еден ден кога ќе имаш деца тогаш ќе те прашам....лупнав врата и се лутев, се чпртев дури и муабет не сакав да му правам, ама сега сфаќам што значи да си родител и дека детето колку толку треба да се контролира....не да му бидеш демнач и му дишиш зад врат, туку да бидеш во текот на настаните и случувањата, да знаеш кај ти е детето, со кого, што и како прави. Сум била контролирана, сум поднесувала извештај каде и со кого ќе одам, моите знаеле дека имам дечко, сум имала ограничен излез кога треба да се приберам, сум била казнувана....ама ако, така треба, тоа е работата на родителот. Ќе и` ја почитувам приватноста и ќе ми дојде со стомакот до заби, необразована, боса, уште не знае мрсулите да си ги избрише, а ќе думка дете или пак не дај Боже уште во тинејџерски години да ја носам на чистење. Скраја да е...пу, пу, пу... Се согласувам и дека разговор е потребен, треба да се разговара со детето, да му се даде насока, да се поучи, искреност пред се`, ама децата лажат, манипулираат за да скријат нешто, затоа родителот подобро да биде вештер, отколку да ја почитува приватноста и светот да му се смее на неговото најмило. Децата те прават кралица, но и магарица Подобро да се спречи, отколку да се лечи.
Ги исчитав скоро сите мислења, со нешто се сложувам, со нешто и не.. Значи, и јас спаѓам во денешната младина. За културата, да некултурна е младината, ама не само она, сите луѓе се некултурни, без срам. Почнавте за излегување до доцна, штикљоци и пороци, фејсбук статуси... Сведок сум и го гледам и јас секој ден тоа. Некои се однесуваат како 18+. Се облекуваат како оние бугарските, се сликаат исто ко нив, а статусите на Фејсбук, од песните што ги даваат на ДМ Сат и Пинк. Технологија е понапредна и мислам дека неможе и нетреба да се споредува она како некој го минал детството, а како сега ние. Да се спореди вашето со она на вашите родители, ќе има разлика, нашето со вашето, пак разлика, голема и тоа. Јас се обидувам да се однесувам како нормално дете (тинејџер), дел на денешната младина која е пропадната инвестиција. Како што кажа друга форумџика, не се срамам што има вакви, и што се мои врсници. Нека си мислат тие како ќе им е натаму. Ако немаш доволно во себе, џабе е другото. Всушност, се нервирам оти кога ќе се спомне ,,Денешната младина‘‘, синоним за неа се оние кои се понесуваат како 18+. Повеќе пишував од агол на посматрач, ама тоа е моето мислење..
Младинава е таква каква што е затоа што нема ЗАКОН или и да го има никој не го применува. Ете сликава на демотивација од детето сликана гола ја имаше преку 2 недели, мислам во нормална држава каде има закон ќе беше веднаш тргната и сајтот затворен ради детска порнографија. 19 годишниот дечко на детето да беше во Австралија ќе беше веднаш затворен, осуден како сексуален предатор, педофил затоа што секој секс со дете испод 16 години е силување(statutory rape)дали е со дозвола или без исто е.А ако се додаде дека и ја сликал гола тоа е плус дистрибуција на детска порнографија и дечкото би бил стар дедо кога би видел пак бел ден, од тоа поголем демотиватор здравје, ама на жалост во МК нема закон. Исто читам тука на форумов постови од 13-14 годишни деца каде се фалаат дека се дрво пијани итн а јас само се чудам кој побогу ги служи децава со алкохол, и пак доаѓам до истото дека нема закон. Тука за да служаат алкохол по локали плаќаат дозволи кои чинаат од 300.000-500.000 долари зависи од локација, а ако најдаат малолетник внатре ја губат дозволата и ќе треба да платат огромна казна, е сега на кој му се исплати да си игра со толкава сума на пари за да служи малолетник со алкохол. Супермаркетите пак плаќаат милионски суми за дозвола за продавање алкохол, и таму никој не му се исплати да продава на малолетници, no id no alcohol. Според мене не се само родителите криви, туку и државата со не применување на законите е исто крива.
"Е деца деца во наше време не беше така". Верувам сите се сеќавате на оваа добро позната реченица со која сме израснале и која нејчесто сме ја слушале од мама, тато, баба, дедо... Знаете што е најтрагично? Што оваа реченица ни ја кажувале лица со децении и децении разлика во години, а јас денес со мои 20 години денес можам да им ја кажам на мочли и мрсолковци од 7/8 одделение. Па тоа се 5/6 години разлкика еееееееееееееј Ова е многу дискутабилна тема со огромна листа на примери за погрешно или правилно и за деца кои живеат без детство како и причинители за ваквите појави. Се цитирам зашто наместо во оваа коментарот е во друга тема
Денешната младина брза да порасне. Јас веќе ја изгубив способноста да разликувам 15 годишна од 20 годишна девојка, сериозна сум. Денешната младина поминува низ некоја неприродна фаза од животот, премногу извештачена и исполнета со работи кои не се својствени за таа возраст. Постои премногу допуштање од страна на родителите, речиси никаква контрола, и од таа причина со прст покажувам кон нив како виновници за ова што се случува. Јас не знам дали се толку наивни, или имаат премногу доверба во своите деца, ама секојдневно сум сведок на секакви манипулации кон родителите. И еве најдов еден текст што го напишав лани, и намерно го објавив на фејсбук надевајќи се дека ќе допре до нечија зелена глава. Ме испровоцираа фотографиите што беа објавени на полуматурантките, па решив да си се исповедам
И јас спаѓам во `денешната младина`, но има разлика од девојка до девојка, не се сите исти. Според мене, како ќе те научат родителите, така ќе правиш. Мене родителите не ме држат строго, 3 година сум и излегувам до 2.30, 3.00 некогаш и 3.30. Преку неделата излегувам секој ден до 10.30 или 11.00 зависи. Родителите се понашаат убаво со мене и знаат СЕ за мене, ретко кога ѓи имам излажано. Е сега според мене, до колку родителите ги држат строго своите деца, тие нема да им кажуваат се, и ќе прават се што не е во нивна корист. Еве ќе ви дадам еден пример со една моја поранешна другарка. Нејзините родители ја држат стого, ја тепат и ред други работи.. И таа сега е најголемата к**ва во градот. Оди со женети мажи и со секој втор во градот..Точно дека денешната младина е многу по напредна, но како што се движат работите, помалите генерации ќе се уште понапредни.
И јас не само што спаѓав во денешнава младина, туку можете и да кажете дека сум уште дете. Исто е! Но по се што прочитав, морав да кажам нешто. Треба да знаете дека не се сите исти. Тој или таа што пишал статус на фб дека е ѓон пијан, 98% од времето нема везе. Нема пробано ни голтка! Инаку имам сторго НЕЕ за алкохолот. Моите родители, сметам дека добро ме имаат воспитано. Не сум скратена од ништо што моите врсници го искусуваат. Можам да седнам да гледам филм со тато и да се напиеме пиво или вино. Но ми имаат објаснето што значи алкохолот и си ставив строга цел, да се пијанчам, но пред се затоа што ми е патетично. Наместо една петка, од една чашка со која се фалат губат од нивното IQ (ако воопшто го имаат). Значи, извинете ако сум нејасна (бидејќи обично сум таква) или ако бегам од темата, но еве го моето мислење: Јас мислам дека родителите не се виновни. Сепак, кој родител ќего остави своето дете ненасочено, неупатено?! Ако јас сакам да изигравам пијана, издрогирана или поворасна јас ќе го направам тоа, па нека се утепаат дома од зборување! Има начин за се во денешно време. Тие деца, што се однесуваат така, според мене, имаат психички проблем.