Денешната младина...

Discussion in 'Психологија' started by Offspring, Sep 4, 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Joined:
    Oct 22, 2010
    Messages:
    3,740
    Likes Received:
    6,736
    Вуман ин ред, е де што е толку лошо што ја пуштаат дечурланава како што ти ја нарекуваш по дискотеките? Само немој сега одма да ме нападнеш, ако под оваа дечурлана мислиш на децата што се шесто и седмо одделение и што искачаат во Колосеум, Парадисо и слично со штикла 12ка, тогаш е оправдано. Ама што е лошо ако девојче од осмо одделение на пример излезе во Вулкан или ај Парадисо да речеме, со патичиња/сандалчиња, умерено дотерана, без тони шминка на неа? Си излегло девојчето да се забавува, да си се изнаигра, не мора да значи дека ќе пие алкохол и ќе прави глупости. А и тогаш проработуваат хормоните, на сите тогаш им се присакува да почнат да излегуваат по дискотеки/кафичи и слично. Не гледам што е лошо во тоа?

    Нема сите нејзини другари и другарки да излегуваат во Парадисо, а она да седне на фотелја со баба и, да седи дома и да гледа шпански сапуници. Секако, ако некогаш и се присака не мора секогаш да излегува со врсниците, секој си има потреба да биде сам или со своите најсакани. Ама, ете кога има желба и можност да излезе ама потоа некој од нејзините или родителите на нејзините другарки да ја земе со кола после журката, зашто да не излезе за време на викендот и да се забавува?

    А за средношколките, веќе друга приказна. Кај мене скоро сите од клас излегуваат во Парадисо, Ванила, 69ка и слично. Ме викнале и мене ама јас зашто не сум љубител на дискотеки сум одбила. И ете, ако некое девојче кога ќе го викнат не излезе, ќе испадне дека се двои од друштвото и после ќе ја отфрлат. И после што? Не зборувам дека мене ме отфрлиле, ама има и такви случки. Додека нејзините врсници си го живеат својот живот, си се журкаат, она дома ли да седи? А и на форумов, сум читала многу девојки како средношколскиот живот им бил најубав, исполнет со многу журки, пијанчења и лудувања и после некои од тие девојки доаѓаат тука и велат како тоа не е правилно, мали сме биле за пиење и незнам ти што. Па, ако не пиеме сега, кога? Не викам да се напиеме толку па да не знаеме како се викаме, ама голема работа ако малку потпивнеме. Сигурно нема да излеземе на четириесет години и да се однесуваме како средношколки, нели? ;)

    Ама па и не мора да значи дека мораат секој петок и сабота да излегуваат по дискотеки. Може некој викенд да се договорат да се прошетаат низ населба, да се соберат кај некоја другарка и да гледаат филм, да позборуваат.. :)
    Хм.. па тоа би било тоа, ако имам уште нешто да додадам ќе пишам пак. :)
     
    sweetyears, unlucky and pink4ever like this.
  2. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Joined:
    Feb 17, 2011
    Messages:
    263
    Likes Received:
    74
    веќе имам пишувано на оваа тема, но ’’испровоцирана’’ од денешната случка морам пак.
    Со другарка ми и нејзината мајка излеговме на кафе. На плоштад се сретнавме со една постара жена (од тие забулените, незнам како ги викате) која била познаничка на тетка Х. Жената под рака држеше убава девојка, а уште поубаво облечена. Имаше крем панталони, кафени чизми на многу висока штикла и убаво кафено палтенце. Косата и беше шатирана, пеглана и до половината долга. И забележав само на шминката. Имаше тетовирани веѓи, многу пудра која беше потемна од нејзиниот тен на кожа, темно розев кармин и лошо поставени вештачки трепки. ми се чинеше дека ке и се извадат очите со нив. Под панталоните се оцртуваше тангата. Кога би ја виделе би и дале за тело 10ка, облека 10ка, шминка 3ка. сепак, кога машко би ја видело сигурно би се свртело по неа. убава девојка.
    од кога заминавме од кај нив, другарка ми ми кажа дека девојката не е девојка, туку 13 годишно девојче!! останав зината! би и дала најмалку 20 години! кај личи 13 годишно девојче вака да изгледа аман! немам друг коментар за ова, само да ве потсетам беше излезена под рака со мајка и!
    јас мое дете не би дозволила да има таков стајлинг на 13 години. не се брза да се порасне. дете си само една во животот!
     
    sweet-star likes this.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Joined:
    Apr 15, 2011
    Messages:
    1,961
    Likes Received:
    2,022
    Дали е можно да зборуваме за истото девојче :o .
    Но не е важно,кај мене во комшии доага едно девојче кое има 12 години а се облекува толку нападно,шминка еден тон на неа а јас на нејзини години не знаев ни што е тоа.Исчупани веги и бла бла...И што е најлошо зборува за симпатии дечковци...Чекај бе...На што личи тоа,предвреме жена ке се прави а до вчера пелени носела и се уште на млеко мириса |( Најубавите шминки и гардероба,за косата да не зборувам.Трагично е ова што се случува.
     
  4. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2010
    Messages:
    2,004
    Likes Received:
    2,462
    Значи неможам да им се изначудам на моите другарки, а и општо тинејџерите во мојата околина. Уште на 13 години во диско. Алоо?! :fubar: Што ќе правиш цел живот? Ај тоа, ама дечковци, раскинувања, 300 глупости. Сфаќам јас да се заљубиш и да имаш симпатија, но ова, претерано е бре. :^)
    А, и да не заборавам за ова. Си разгледувам така јас слики по ФБ од Нова Година и викам ај да видам и кај девојчево (девојчето е 6то одд.). Кога што да видам, и она и другарките во штикли, миничи и шминка.
     
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Joined:
    May 12, 2010
    Messages:
    4,733
    Likes Received:
    5,154
    A јас искрено не знам што е тоа замарање да ги превземаш сликите од некој од фб, да им ги скратиш главите, и да ги ставиш на форум, кое баш и не е дозволено, не верувам дека девојките би сакале да се видат овде во темава. Ќе се почувствувате подобро ако уште некој рече дека е срамота да одат така? Јас разбирам да се искаже мислење, ама губење време во сечење нечии слики и ставање тука баш и не ми е нормално и секојдневно. И тоа не ве прави вас попаметни и подобри. Ако не друго, тие барем се излезени додека вие се замарате со нивните слики пред компјутер што ми е уште поочајно.
     
    GarpovaV and starbucks like this.
  6. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2010
    Messages:
    2,004
    Likes Received:
    2,462
    Добро, сакав да дадам пример. Знам дека сликите и не беа баш потребни, но ете... И за мене тоа воошто не е нормално, да се носат вака на 11 години.
     
    danichap likes this.
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,015
    Gender:
    Female
    За жал денешнава младина е заробена на FB, и си мислат дека не постои граница помеѓу девојче-тинејџерка и девојка.
    Сето ова што се случува е резултат од виртуелниот свет.Кога денешниве деца излегле да играат камај-камај, грабни стапче,граница,крадци-полицајци,ластик,да наоѓаат мали маченца и да ги ранат,да собираат детска пошта,салфетки,да си играат надвор со барбики,од косена трева и картони бункери да прават..... :| :?:
    Ја се сеќавам 7одд (12-13год.)уште си играв надвор со моите врснични (другарки)
    А денеска излакаат почнуваат муабетите од овој тип:
    -леле ми стави лајк
    -мене ми пиша на чат,ама ми падна нетот и толку
    -роденденот ќе го славам во Вулкан
    -кратенки од типот, wtf, nmw, mwa, bff....
    -песни Тони зен,слаткаристика,панчо...(на 13год), а ние си уживаме во (Чекај чекај тони...марионка...боби баш ми е гајле...ех тој тоше....никола никола)

    Епа после вакви контрасти, не ми ни чуди зошто денешниве 13-14 годишни девојки ако застанат до мене некој може ќе мисли дека ми е сестра од година две поголема/помала од мене
     
    TheaEsposito likes this.
  8. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    328
    Likes Received:
    153
    Не викам дека јас не спаѓам во младината, но можам да кажам дека има разлика кога бев јас 12 години и сега сестра ми кога е. Побогу децава незнаат за игра, за почит, за ништо. Сестра ми колку толку гледам да ја заштитам уште малку од овие глупости ама нема шанси од светов да ја отсечам.
     
  9. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Joined:
    Dec 13, 2009
    Messages:
    522
    Likes Received:
    571
    Одиш во диско, таму детска градинка xD
     
  10. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Staff Member

    Joined:
    Dec 14, 2009
    Messages:
    2,675
    Likes Received:
    4,644
    Gender:
    Female
    За жал е така,кога има несовесни родителни ,децата им се распашана команда
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,015
    Gender:
    Female
    Порано старите велеа 50% воспитување од дома, 50% од улица.
    Како минува времево се повеќе улицата има влиание (за жал)
    Секоја чест на совесните родители кој успеваат во воспитувањето на децата.
     
    sanjalica likes this.
  12. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Joined:
    Apr 27, 2011
    Messages:
    380
    Likes Received:
    178
    Gender:
    Female
    Навистина страшно време за младиве,си викам ако е сега вака па што ке биде по 10-20 год.Немаат детство денешниве па мене на 14 год единствена обврска ми беше школото на дечко не ни помислував а излегување ми беше во маало до 22 не знаев што е пиво што е вино а камо ли дискотека.Играв жмурка на улица :D а денес да видиш девојче на 14 год ке си речеш 25 има,со сила се прават возрасни.Ама не ги обвинувам толку децата сепак родителите се криви ги испуштаат од раце не е стварта само дај им пари и готово задоволни се баш во тие години треба многу да им се зборува да се советува..
     
  13. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Joined:
    Dec 13, 2009
    Messages:
    522
    Likes Received:
    571
    Јас сепак мислам дека кога ќе дојде ред за нашите деца, малку ќе се стабилизираат генерациите, затоа што ЗНАМ дека ќе го воспитам детето како што јас сум била воспитувана, знам дека ќе го научам на култура.
    Може нема да може да одолее на сите овие дигитални, компјутерски технологии уште од рана возраст, ама за се си има време. :)
     
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Joined:
    Oct 22, 2010
    Messages:
    3,740
    Likes Received:
    6,736
    http://www.youtube.com/watch?v=5GTO1xvBBGc


    Заприметете ги девојчињата од 2:15 што се па натака со гол стомак што играат на бина.. Инаку ептен ми е жал што дел од овие девојчиња е и мојата втора братучетка, иако не сме многу блиски ама жал ми е што се расипува вака. Да не навлегувам многу во детали, ама скоро секогаш во дискотека е со гол стомак а последен пат слушнав од моја другарка дека така им играла во скут на група албанци а едно време ни збореше како ги мразела, зашто сме се дружеле со нив итн итн.. :x
    А што е најлошо, мислам дека само што наполни 14 години, осмо одделение е. Незнам каде оди младинава, ама дефинитивно не сакам да бидам дел од истата!
     
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,801
    Добро е што ти и некои други млади сте свесни за денешната ситуација и како младината фатила удолница на расипување, па не сте такви, туку сте нормални и присебни.
    Навистина ми е мило кога на денешно време ќе запознаам нормален млад човек!!! :)
     
    maca99 and blueeparadise like this.
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,015
    Gender:
    Female
    Членка од 13години коментира за политика,лелее до каде стигнаа и со што се замараат.Ја на нејзини години ластик играв.
     
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,801
    Ако девојчето има разбирање и интерес, зошто да не??? За жал децата на млади години се среќаваат со проблемите во образованието и здравството, нормално е да забележат. :)
    Сепак подобро за политика, отколку за дрога да коментира. ;)
     
    sweet-star, maca99 and blueeparadise like this.
  18. antilla

    antilla Популарен член

    Joined:
    Sep 27, 2011
    Messages:
    264
    Likes Received:
    381
    А што има лошо во тоа да има познавање од политика, не ми е јасно :^)
    Секако дека е подобро за политика да коментира, барем да развие свест, него да остане табула раса која ќе меша газиња по дискотеки со голо пупаче.


    Он д сабџект, не е само младинава, и возрасниве се тргнати по петелот :wasntme:
    Затоа е до тука ситуацијава. Да ги воспитуваа возрасните децата како што треба немаше да биде вака. Прво кај возрасните се изреметени критериумите и вредностите, возрасните се тие што пропагираат кич, возрасните се тие што не поставуваат граници и не воведуваат дисциплина. Е сега, постојат и отсекогаш постоеле случаи кога децата претставуваат потполна спротивност на родителите, било тоа во позитивна или во негативна смисла, вистина е дека индивидуалната свест игра голема улога, но таквите поединци се поретки. Свеста кај повеќето луѓе е диктирана од околината. Овие примери што ги посочувате и во кои лежи проблемот, едноставно не знаат да расудуваат со своја глава. :) Помодари се, егзибиционисти, малограѓани кои заедно со налетот на демократизираниот 21 век, добија право слободно да си ги покажуваат во јавност претходно наведените карактеристики. А каква младина очекувате вие во свет кој полека полека, вулгарноста и кичот ги наметнува како поим за уметност? Да, бе :wasntme: се се смета за уметност денеска, дури и глупирањето :)
     
    maca99 and ljubam like this.
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2010
    Messages:
    1,619
    Likes Received:
    4,653
    На проблемот со денешната младина јас коренот го гледам во семејството, и не само проблемот со децава туку општо многу често доста луѓе се однесуваат така како што се однесуваат затоа што така дома ги воспитале.
    И единственото прашање по кое имам крајно конзервативен став е воспитувањето деца. Се знае детето во каква средина и во какви услови треба да расне и да се воспитува. Се знае кои се основни морални одговорности кои треба родителот да ги наметне, и понатака да тежнее детето да се доизградува во насока на истите.
    Ако јас како родител не и кажам на ќерка ми дека е невкусно и недолично да се шета полугола, нормално дека девојче на 13-14 години ќе гледа дали од ТВ дали од опкружување така и таа тоа ќе го прави. Многу се мали шансите особено во пубертетскиот период да може сама да расудува што е добро а што не.
    И ако јас не го научам своето дете да почитува постари, не можам да очекувам дека свеста ќе му проработи и само од себе ќе го направи тоа. Многу јасно.

    Не се криви децата, криви се родителите, кои глумејќи современи на воспитанието обрнуваат се поамлку внимание. Отворен однос да, секакви прашања да, ама и учење и насочување кон добрите вредности во животот. И дете не се воспитува на 15 години, се воспитува од моментот на раѓање, ако ти си му дозволувал на глава да ти се качува и инати со изговор „Нека, мало е, не разбира, има време ќе нааучи“, не очекувај на 15 години да те слуша и почитува.
    Денес е во мода да бидеш современ родител, само што таа мода е иста со онаа мода на голи стомаци, носи фатални негативни последици, првава по опшеството а втората по здравјето.
     
    maca99 likes this.
  20. Unica

    Unica Популарен член

    Joined:
    Oct 5, 2010
    Messages:
    536
    Likes Received:
    604
    Кај нас такво е темпото на живот и немањето на обврски јас мислам. Децата се на школо само попладне или наутро и потоа се банда без команда. Родителите им даваат пари , тие одат на кафиња мафиња па во дискотеки па почнуваат да пијат прекумерно за викендите, а за празници да не зборувам сите се удрени од гром.
    Да ги видите овие жалниве овде, ако не се на школо по цел ден, има школи во кои имаат повеке пракса отколку теорија што значи дека мораат и да работат. Кога работат како прво гледаат како се вади лебот, немаат време нити сили нити волја за пијанчење, а плус што малолетниците се надвор од локалите после полноќ .
    Кај нас им е понижувачко да одат да работат, или барем во мојот град тоа сум го приметила и затоа си чекаат од мама и тато плата, од баба и дедо пензија.
    Се нема ред на ништо во тоа е проблемот.