bogami sekoja cest za roditelite koj sovesno gi ucat nivnite si deca ama vie deca ne se deca celo vreme pred kom i gledaat sekakvi raboti ja na nivni godini celik igrav prasaj gi za celik ne znaat kakva igra e tova i kak se igra samo kotek e izlezen od rajod pa da vidis kak ke slusaat a ne sega tato sakam ova sakam ona i pa ne pogodeno samo strogo koga ke go poglednes da znae sto mu govoris kotek po gazot so stapce od loza da frska i drukpat ke znae za sto im govorite pozz [mod-kirilica:3hrtjnxw][/mod-kirilica:3hrtjnxw]
Една колешка на мама вика нешто како едно време ние го јадевме ќотекот од родителите, пораснавме и родивме деца, сега пак тие не не слушаат, „ќотек“ и од нив Ама моја мама нема причина да се жали, јас и сестра ми сме најдобрите ќерки евр Родителите не се толку моќни во денешно време да спречат некој пубертетлија нешто да направи зашто тој има една гооолема подршка. Сите почнаа да излегуваат, само мама и тато мене не ме пуштаат. Дали знаете вие која фрустрација ќе се роди кај него? После ќе му ги одврзете рацете и како куче кога ќе се залета... И постојат милион други примери за ослободувањето на стегите од родителите и нивните последици. И џабе родителите ќе му расправаат за некои си морални вредности кога неговите другари од маало презентираат друго и не го дружат малото циганче зашто тоа е толку поцрно... А и не секогаш родителите можат да бидат добар пример за децата, ако татко му е некој агресивец кој само пие и пцуе и сите од комшилкот го слушаат неговиот глас, голема веројатноста и дека синчето ќе стане такво. Оти сега како за инает па, тато е пример, така прават мажите... Според мене е најдобро да бидеш другар со детето, а и на некој начин да го оставиш да живее независно, да се осамостои како мал за да може самиот да разбере што е најдобро во животот за него. И не дека ќе остане нечепнат, не дека нема некогаш да се врати пијан и не дека нема да смрде на цигара... ама спартанска дисциплина, не чине! Пушти го да оде на некој курс, пушти го да прошета со некое другарче, нека оде со братучедите на сладолет, почни да го интересираш за спорт, музика, уметност, тргни го малку од мониторот, однеси го на прошетка на чист воздух во некое село... Нека живее уште мало, колку повеќе луѓе запознава и колку повеќе шета толку побрзо ќе му работи текнувалото и ќе може да се гриже за самиот себе.
Морам на темава да пишам само една случка што ми кажуваше мајка ми пред некој ден. И кажувал нејзин пријател,човек во години, дека пред некој викенд кај него пред зграда т.е. под балкон имало друштво деца максимум 15 години претежно девојчиња и пиеле,биле ептен гласни. И бидејќи било доцна човеков излегол на балкон да ги замоли да бидат потивки. Им рекол што им рекол,кога едно од девојчињата му се свртело и му рекло: Чиче, ти изгледа одамна не си д*пел чим си олку нервозен, ајде сакаш малце?! И ја дигнала сукњата и му се свртела со задникот....... , без коментар.. Е сега,кој е крив за ова,родителите или улицата,што е битно? Ако јас имам три чисти и да не ми кажала мајка ми од дома дека не чини да дигам сукња на постари и да ги провоцирам на секс, ќе знам сама дека е грешно. Ова е само пример,ништо повеќе..
Денешнава младина кога ги слушам во автобус ми се гади. Две другарки си муабетат: еднава се фали колкумина смувала, а другава на колку корпи удрила. Значи првава си се гордее што имала 100тина со кои се смувала А другава божем леле леле колку сум атрактивна ....п.с. девојките нека имаа максимум 14-15 години
Еве и јас одлучив да ви се придружам во дискусијата. Јас имам 14 години, не сум бог знае колку искусна ама знам да ги намирисам таканаречените "шмизли" и "популарни момци" од километар. Јас ја имам среќата да си бидам во одделение со неколку такви типови на деца. Значи има некои работи кои толку ме нервираат, не само во одделението туку и надвор. 1.Пискачки -Ахх кога ке почнат да пискаат, и тоа без никаква потреба! 2.Различни видови на дигнати деца -Кооолку само ли ги има на светов! Значи толку се прават важни ко да се кралеви и кралици! И кога ке почнат да ги користат оние тинејџерски фрази (сите сме запознати со нив), ми оди да се убијам 3.Стил на облекување и шминка -Јас лично многу ја сакам модата. Но со малку разум! Ни на крај памет не би ме виделе во мини сукња, тесни маици -абе мислиш немаш место да дишеш, штикли од по 10 цм. и.т.н. НИКАД! Ама тоа сум само јас... ако ги забележите маленките што се шетаат по улица, со се што јас напоменав претходно... А за шминката... Господе те молам помогни им! 3 тона шминка, креони, пудри, маскари, кармини, моливчиња . Јас имам само ставено маскара неколку пати и мојот секојдневен единствен продукт за убавина, сјај за усни! Тоа е тоа! Девојчињава што се родени 96,97,98 дури и за на улица, за до продавница, се шминкаат како да одат на Мис на Светот, како да не го знаат поимот природна убавина 4.Фејсбук и денешната младина -Еве, пред некое време беше Нова Година, и јас можев убаво да си разгледам кој каков бил за нивната прослава. Јас си славев дома, со моите, ама следниот ден... Абе сите на штикли се опнале, во кратки мали фустанчиња мислиш маици се. Неможев да поверувам.. уствари не.. можев да поверувам, баш тоа и го очекував всушност. Понатаму, сите тие статуси во кои објаснуваш што правиш, кај ке одиш, кај си бил, како си поминал и.т.н. Потоа тука се и сите слики во кои позираш во провокативни пози (ахх колку ли ги има) или на сите им покажуваш колку те надарил господ own: 5.Пушење! -Навистина ме нервира младината кога уште во седмо-осмо одделение ке почнат да пушат и да се однесуваат како "возрасни", божем знаат што е најдобро за нив Ако е за возрасни работата, тогаш слушај ги вистинските возрасни : мајка ти и татко ти. Они знаат што е најдобро за тебе. Извинете на фразава ама уште га*от не знаат да си го бришат, цигари ке пушат Разочарана сум со нашата генерација... Се разбира има и др. проблеми како јазикот кој го употребуваме и се разбира однесувањето, непочитта кон возрасните и.т.н.
Во целост,денешната младина-sucks ! Има исклучоци,секако ! Има девојки и момци за големи пофлаби Но,некако,ми смета тоа дека сите го прифакаат она нормалното.Никој не сака да се издвојува.Јас се обидувам да одам напред,имам амбиции,мислам дека ќе истраам,но сфакам дека тоа кај поголемиот дел е прифатено лошо.Бидејќи сум чудна. Ќе зборам за тинејџерите.Повторувам-не се сите исти,има и онакви што се навистина за Поголемиот дел имаат иста цел.Да одат на кафе секој ден за да бидат видени,да имаат дечко и секако фејсбук профилот да биде ист ко на оние "популарните" .Нема желба за просперирање,нема амбиции,кај поголемиот дел. Целиот живот е веќе на фејсбук. И многу често гледам дека сите сакаат да бидат како некој друг.Особено како оние поголемите и "популарните" цури и дечки. Ако случајно тие имаат објавено tumbrl-Мораат и овие. Ако тие имаат webcam photos- Мораат и овие. Ако тие слушаат таква музика-Мораат и овие за да бидат ин.Јасно ! Всушност не ми сметаат ниту webcam photos,ниту tumbrls,ниту музиката која ја објавуваат. Ми смета тоа што се поретко има некој што ќе се издвои и нема да оди по стапките на оние кои се сметаат за ИН,најдобри,најјаки,со најдобри слики итн итн.. Денес фаца си ,кај повеќето тинејџери,ако се напиеш водка и ако цела недела пишуваш статуси на фејс и објавуваш групи,како тоа без алкохол нема журка. Ако не пиеш,си мал. Ми смета и преправањето у смисла као:"Не јас не го/ја слушам Аца Лукас,Цеца ма никако-јас слушам рок,хип-хоп .. А коа ќе ја пуштат Бајпас или некоја си друга,ја пеат на глас и се журкаат" И како нешто најтрагично-сликите на фејсбук.Прашање на денот е како да се слика.Со муцката или устата напред. Со голи нозе,миничи и 20ка на 13 години.Ама важно е дека ќе има 200 лајка.Коментари од стилот "Јака пи*ка" , "Срце палеш","Колку си секси " се нешто секојдневно. И нешто што те прави онака-убавица. Ова се работите кои ме нервираат.Работи кои се случуваат секојдневно.Нешто што ме исфрустрира. И одамна сакав да посветам пост,на младинава што ја среќавам и што е околу мене.
Да, денешната малдина. Доволна е сликава, а и коментарите предходно, нема што повеќе да зборам. И не дека сум постара и јас спаѓам во младинава, ама дефинитивно не и од НИВ (млади, деца, кои лошо го почнуваат животот мислејќи дека прават подобро да изгледаат во очите на другите).
Имаат децава родители???? Ама навистина прашувам, имаат ли децава родители??? И ако имаат каде се??? Ги гледаат децата на што личат?? Како се однесуваат??? Како се облекуваат пред да излезат од дома??? Дома чуваат деца или домашни животни??? Спојлер Се извинувам на речникот, ама од тоа што го видов денеска, само тоа се прашав...
Денешната младина катастрофа....кога ќе се сетам дека јас на 13 години до 10 сатот смеев да бидам излезена...а сега од 13 години повеќе од мене седат шо имам 19 години..начинот на однесувње уште по катастрофа..начинот на облеквање тоа нема ни да го коментирам
Спојлер Ова не е младина, ова се дечиња од по 4-5 годинки...некој требало да оди и да ги исплеска по газот, а не да ги слика и да ги поставува на нет....ова е срамота, не за дечињата кои појма немаат што прават (можеле виделе некој како се бакнува и од радозналост почнале да си играат како големите), туку за педофилот кој стоел, ги гледал, ги фотографирал и уште ги објавил. Е тој е за бесење Срамота и за оние кои не внимавале и се однесувале недолично пред нив. Малите дечиња се како сунѓер, гледаат, учат а понекогаш и имитираат, моја претпоставка е дека токму тоа се случило...затоа треба многу да се внимава во каква средина расте едно детенце и каков пример му се покажува.
Мислам ендаш коментирав, ама место на ме фаќа и морам пак. Што ќе беше ова луѓе? Уште мама од цицање не ги одбила а дотичните веќе летнале на друга планета. Штиклици, кратки здолништа а до кога доцна во ноќта се надвор, на тоа не сакам ни да помислам, оти ме фаќа страв како јас деца ќе гледам? Се само за некои си небитни ствари пари ли што ли им требало, а дали мама и тато имаат на тоа помислено е? Знам дека детство и малдост треба да се изживеат дека подоцна поинаков е животот со поголема тежина и одговорност, ама има разлика од нормала до претерување. И кога ги гледам со трепки залепени, леќи, уметњаци за коса, па кај да знам што ли не. И со сила грди се прават на место да си ја слават младоста. Траги-комедија
Во соседна Србија нешто слично само од поголеми размери, 12 годишно дете политички и книжевно активно: http://www.youtube.com/watch?v=bueO5j_1T4g http://www.youtube.com/watch?v=WCBtjO_fT2Q
Спојлер Сега размислуваш вака.. понатака сите размислувања ќе ти се променат. Ќе видиш. И сигурно си слушнала за поговорката ‘Никогаш не вели никогаш‘. Бидејки кога ќе согледаш околу тебе дека сите излегуваат петок навечер у некој клуб со штиклици и деколтиња, сигурно ти нема да се затвориш дома. Криво ќе ти биде и тебе да не отидеш, и да негираш, тоа е реалноста. Кога ги гледаш сите околу тебе какви се, се адаптираш на околината. Не е секад толку лошо. Ова со пушењето што го напомена. Абе да не ве интересира за туѓи животи. Што има тебе тоа да те нервира дали некој пуши или не. Тој што пуши си ги труе своите бели дробови, не твоите. Не мора да знаечи дека ако некој е пушач, тогаш е најнизок левел у општеството. Ма дааај.. И ко трето немој да си сигурна дека родителите -секогаш- се во право. Некогаш и ние треба да донесеме самите одлуки, макар и да згрешиме, се учиме од грешките. Треба да се покаже став пред нив, а не секад да се клима со главата и да се согласуваш/м. И вие тука наведувате најлоши примери на денешната младина, ги согледувате негативните страни и ги вадите тие ‘посебните‘ од толпата, секогаш има и друга страна .. и не се удирам у груди дека јас спаѓам у тиа што се најпримерни, најучени, најпристони и тако даље се‘ у суперлатив.
Е, па и ова со детево е претерано. Јас лично мислам дека на децата не им е место во политиката (што за жал кај нас децата повеќе знаат за политика од повозрасните ), ама мислам дека треба колку-толку да имаат појма од некои основни знаења (Пр. што е демократија, кој е Претседател, кој може да гласа...итн...). А, девојчето најгоре не кажа ништо лошо и погрешно, само го изрази незадоволството од образованието и здравството, за кое сите сме свесни во каква пропаст се наоѓаат. Тоа веќе не е политика, туку наше жално секојдневие.
http://www.youtube.com/watch?v=WrQ-nnt9x28&feature=channel_video_title Видете го вториот пар кој игра на песнава! Посебно девојчето... Не ми се верува дека ја пуштиле вака од дома! Што ако игра, се поти, тоа го може и во по покривачка облека
не можам да сфатам што толку им фали на денешниве млади? Јас што ги гледам децава од маало на пример, не се нешто којзнае колку поразлични од нас. Денешниве млади се љубопитни, можат да ти прават муабет ко некој возрасен човек, информирани се за се и сешто. Не можеш сеа да критикуваш некого зашто не игра ластик у маало и да викаш ЦЦЦ, кога како прво и основно нема место од паркираните коли. Времињата се менуваат, па така и луѓето. Најискрено мене ми се допаѓаат денешниве млади, а такви со деколтиња и сукници во осмо одд искрено имало и во мое време, па еве сега која факултет заврши, која се омажи со семејство, мислам и тие луѓе станаа Мислам дека сеа проблемот е во тоа што повеќе се промовираат на интернет, па ни боде очи. Секој млад човек се бара себеси, па не ретко и прават грешки и глупости, но работата е кој кога ќе порасне... Денешнава младина ми е сасвим ок.
за разлика од порано до сега се е сменето сите гледаат кој попрв да стави слика на фб и статус некој си љубовен сите само ставаат слики на кои се разголени само за лајкови и тоа
Вака мое искрено мислење е дека да денешната младина во која и јас спаѓам е отидена тоа е факт ама не можете да го споредите ова таканаречено детство со детство во 1995 разлика има огромна и не можете одма да им судите на тие што молат за лајкови на фб и се шетаат по миничи и штикли на 12-13 години едно ситуацијата тоа што тие деца/тинејџери или не добиваат доволно љубов и внимание дома па го бараат со таков начин на привлекување внимание а и може да има само една таква и да наведе и други по неа ама мора и да ѓи сфатите еве како пример ќе се издвојам сама себе: немав некое детство имавме проблеми дома и бев форсирана да се однесувам многу позрело од тоа што треба 7 годишно девојче да се однесува а и џабе беше моите колку пробуваа да ме заштитат од се касно беше детството ми пропадна тогаш сигурна сум би ме сожалувале ама кога наполнив 13 години како требав да се однесувам? На тие 13 години по сви изгледи јас требав да се однесувам на 17 години а тогаш сигурно би суделе јас на мои години си ги имам сите петки си имам доволно другарки и сум си најнормална ама сите мои другарки пушат пијат имаат по 15 дечковци искачаат секоја вечер по дискотеки ама не значи дека и јас морам да го правам истото иако во моја ситуација би требало ова се да е наопаку ама не е не можете цела генерација да ја осудите ние немаме таква среќа да растеме и созреваме во 90 тите тоа е што е и не е фер од ваша страна само да кажете катастрофа вакви онакви не се сите такви по слободен избор и фала му на бога ја прочитав убаво темата има и некои што не ја осудуваат генерацијава туку пробуваат да ја разберат!!
На фејзбук видов едно девојче шо го знам (и е 5 одделение деветтолетка) и на секоја слика има нешто во смисла на "Душо ..... можеш да ме гледаш коа ќе посакаш ... но да ме iiмаш ... треба малце да посонуваш! " "Дечко,не ме заведувај - ИМАШ ДЕВОЈКА" и на шо личи тоа? Добро,колку години има она? 9 или 29? Па некои од седмо-осмо одделение кога ќе се напицат со 1 кило пудра,па 3 тубички сјај,па моливи за очи па римели па кармини па свашта.И кога ќе се облечат ко селска невеста е тогаш највише ме нервира. Или па со нивното понашање околу секс и такви работи.Па добро бе,те слушаат тебе дома што зборуваш и какви фрази и реченици користиш? На шо личи да се обрнуваш на постари и да не знаеш да се обраќаш како шо треба? Што се случи со децата кои играа надвор до 13-14 години,играа со песок,камења.Играа брканица,криенка,Крадци и Полицајци и др.Што се случи со децата кои не сакаа дома да си одат се до полноќ заради игрите и дружењето со врсниците? Се повеќе се задлабочуваат во интернетот и повеќето глупости на него. Како минуваат генерациите се полоши и полоши доѓаат.Како што беше спомнато во претходните коментари јас се плашам какви деца ли ќе имам јас.
Убаво кажа не ти се верува дека ја пуштле вака од дома.Тогаш кој е крив родителот или детето?Девојчето сама ли си купила таква облека, сами ли плаќа за хип-хоп часеви.Бидеји хип-хоп да вежбаш во мојот град чини 1000 ден на месец, за гардероба да не зборувам колку пари фрлаат...што значи може да замислам таму колку плаќаат.И сега кој е виновен детето нели? Сите овие деца (денешната младина) се потомство на постарите.Тие ѓи воспитуваат на овој начин Кога родителот не ја стегнува ного јасно дека ќе се прави фраерка на тие години. Инаку вечерва кога излегов и поминуваме со другарките низ центарот и гледаме девојче со минич и тенки хулахопки (месо боја) а ние наоблечени од глава до пета и пак се тресеме.И што е најтрагично часот беше 22:30 и онаа што го слушнавме беше :- ајде да одиме до горе и треба да си одиме Значи едвај до 10-11 изегуваат а облечени какоо...И мене така да ме видат моите да излезам од дома, абе вратата ќе ми ја заклучат на вракање, дома нема да ме примат и што сум многу поголема барем од нив.Другарките велат мене ќе ме обесат на првата бандера, другата мене нема шанси да ме пуштат да мрднам од дома... И пак ќе речам родителот е повеќе крив одошто децата посебно во вакви ситуации.