Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Ма, велам јас не е се’ до децата.
    Голема улога во нивните стајлинзи, однесување имаат родителите.
    Значи, родител е личност способна за да ги изгледа и воспита своите потомци односно деца. Но, за жал, се повеќе родители ги запоставуваат децата со нивните „бизнис проблеми“ . |( Барем моите ми го обрнуваат вниманието што му е потребно на едно дете за да не се чувствува како родителите да го запоставуват. А, ако родителите се враќат дома од кафаните во никое време, не можат детето да си го видат од “премногу работа“ , тоа е друга ствар. И така децата почнуваат на лево, на десно.

    Ма, јас да облечам минич и 56548 кила римел, пудра, нема да ме пуштат да мрднам од дома, а камоли да шетам низ град. Уствари, јас никогаш не би го ни направила тоа зашто сум свесна за моите години.
    А тоа значи дека мама и тато добро ме воспитале т.е. ме воспитуваат.

    И само едно нешто не ми е јасно, ако се зборува за некоја девојка од 16 години (тоа би му дошло 2ра средно) дека има дечко, сите се бунат, она била таква, онаква...
    Не зборувам дека јас ќе имам на тие години, или пак ќе немам, туку кажувам дека ако 16годишна девојка има дечко се етикетира како лесна, а притоа не земајќи го фактот дека некои уште 3та или 4та средно остануваат бремени. Колку многу ги има кои не ни довршиле основно, а децата им се одвај 15 години помали од нив. Да, разбирам дека тоа било поодамна, нормално дека имало други околности и услови, можеби и самото општество наложувало така, ама не треба толку остро да се гледа на младите. Има многу деца кои на 13,14 години не шетаат во миничи, не стават сто кила пудра итн. ...
     
    На funkygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    ... мисли дека си проста ако користиш кондом или орална контрацепција. За нив контрацепција се апчињата за ден потоа и абортусот. И да не заборавам дремат на форуми 2 минути после незаштитениот однос за да прашаат дали се бремени и дали може тест да направат. :puke:
     
  3. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Денешната младина.. :x
    Туку да ви кажам јас каква другарка иам ќе паднете на газ :D плтка во мозокот,ЗЕЛЕНА :fubar:
    Греота !!
     
  4. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    ете баш таква е младината....немој да се навредиш ама нели ти е другарка?????? :^) не смееш така да зборуваш за неа
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Не може да се нарече другарка,ама ај па познаничка не ми е се дружиме,од немај каде верувај само да имам избор.. :D ама ајде и двете сме си од корист и она мене и јас неа и тераме,пријател неможам да ја наречам затоа што на зборов му придавам многу значење што и специјал и вегера и жу-жу да ги изеде нема да е дорасната за да биде пријател!
     
    На sanjickar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Денешните генерации се разликуваат најмногу во надворешните работи - стил на муизика, облекување и сл. но во суштина во многу работи и се слични со старите и прастарите. Во сите времиња сем зборело дека младината не е тоа што беа старите како млади, еден археолог раскажуваше дека и во времето на египетската цивилизација постоел јас помеѓи генерациите. Денешните генерации се фејсбук генерации, им прретходеа компјутерските генерации, на тие видео плејер генерациите, на тие ТВ генерациите, а на тие радио и кино генерациите. Днешната младина располага со најмногу технолошки достигнувања па може и најмногу глупости да прави и за истите преку интернет да се дознае низ цел свет, старите генерации тоа го немале па се дознавало најмногу до соседното село но не мислам дека тоа ги прави подобри или полоши.
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Јас спаѓам во неа, и не сум задоволна и би сакала да живеам во времето на мајка ми. Во таа здрава околина без интернет и порочни работи. Децата растат пребрзо, не знам по чија вина. Не би се обвинила самата, би ја обвинила околината.

    Не знаев каде да прашам, па вас тука, на темава: една познаничка пуши цигари. Значи девојчето има 12 години и се крие со другарките позади едно разрушено место и пуши цигари. Таа е толку слаба, чиниш да ја дувнеш ке падне. И кажав дека е лошо и дека може да си направи компликации, па таа изгледа уште нема менструација добиено. :fubar: Но таа ми рече дека тоа го прави онака, повод: славење дека губеле школо, и дека не е зависна. А може ли да стане? Што може да и се случи? Јас лично знам дека никогаш не би пробала цигара :puke: , прво заради моето здравје, второ за мојата целовкупна појава, како и физичкиот изглед. Нема аргумент што мене ќе ми докаже дека цигарите се добри. Таа кажа дека ова е чиста зафркнација, но се плашам дали друштвото влијаело на нејзината одлука? :^) Може ли некој да ми каже кои се последиците, што би можело да и се случи? Не сме блиски и баш би сакала да не ми е гајле, но се грижам за неа, а освен тоа се плашам дека таа би можела да влијае и на мојата прва цигара..
     
  8. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Младината, ха?
    [​IMG]
    :rofl:

    |( Mене многу ми е напорно кога ќе слушнам некој од едвај 20 години да зборува какви биле детиштата од 13-14 години. Ма знам те пушко пиштољ кад си била. Ти најде да кажуваш :D Единствено поубаво детство имале во 90-те а иначе у 21 век сите се збрлавеа. И не е до векот пак до човекот е :) Комплексаши добија пристап до компјутери, технологија и други нешта што нивните родители никогаш ги немале па сега мислат госпо за брада го фатиле.
    Исклучоци имало и ќе има. Не сме сите исти, тоа нека биде јасно на постарите и се надевам дека е.
    Не на постарите како таа погоре. :)
     
  9. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Имам 24 години, и до ден денес мама ме полудува на телефон, со прашањата каде си, како си и слично!
    Се е до воспитувањето! Јас сум јадела ќотек секој ден и ФАЛА МАМО И ТАТО ШТО МЕ ТЕПАВТЕ...најискрено сум многу благодарна зошто секој ден гледам мои врсници и врснички, што не знаат по пат да одат, и како да застанале во времето со своето однесување, начин на размислување!
    Уште па кога ги гледам младиве ух... :x :puke: :headbang:
    Дефинитивно Фејсбук генерација, разбирам јас интернет користам и се, но се со мера, а ги гледам внукиве мои се 24/7 на фејсбук ( додека го имав), статуси од типот јадам, мочкам, какам! Слики напрчени со муцките пред огледало....и остало! А внуките ми се 13 год и 10.... :x
    Децата не се одени надвор да поиграат со топка......ех тоа време ми недостига, не се прибирав дома, играв цел ден, со топката, правев торти од кал, се отепував по дрвјата се качував, паѓав...крадев сливи и што ли уште не....
    Неодамна ја отворив инт страница Гламстик, ме интересираше што има таму.....ох, косата ми се крена :fubar: .......12, 13, 14 годишни веќе стапени во односи....прашуваат дали се бремени! :fubar:
    Дефинитвно нешто не е во ред, а тоа се родителите на таквите деца!
     
  10. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Извини вака ама дефинитивно не треба да им кажеш фала на твоите што си јадела ќотек секој ден и остајте ги младите не се тие виновни што се менува целиот систем на живеење и комуникација. И баба ми вака зборуваше за мене, и баба и за неа и прабаба ми за баба ми... леле до каде ке одат ови млади, леле вака леле онака. До каде, до крајот и пак од почеток. Ај ако не да се вратиме у пештери нема интернет и нема односи на 13. Леле што сте ми чудни :clap:
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Јас не кажав дека се тие виновни, поентата на мојот пост беше дека воспитувањето, т.е родителите се одговорни за таквото однесување!
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Да, така е ама поентата на мојв пост беше дека и времињата е менуваат, не можеш да обвинуваш некого зошто не игра ластик, туку седи на фб, кога сите врсници му се на фб. Порано или покасно и на тоа ке им помине меракот, деца ко деца.
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Да секако и ти си во право, не велам не! Гледајќи ги другите и тоа се однесува така! Времињата се менуваат..........да се надеваме дека нема нешто полошо да не снајде!.... :tmi:
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Тоа што се случува со денешната младина навистина е страшно!!!Доволно е еден викенд да се искочи во дискотека и да се чуди човек што се нема да види.Мислам дека сите сакаат некако прерано да пораснат и се трудат да бидат нешто што воопшто не им личи на годините.Не сакам никого да навредам,ама навистина не доликува на девојче од 14 год. да е качено на штикла од 12 цм. и повеќе телото да и е откриено одколку покриено.Но,не е само тоа проблемот.Факт е дека денешниве деца немаат детство какво што имавме ние.Јас лично многу ретко гледам дечиња што играат граница,брканица,плочка,ластик и сл. но затоа во било кое време да поминеш покрај некое интернет кафе ќе видиш минимум 10 деца.Неспорно е дека за тоа голема вина имаат и самите родители кои треба да ги постават границите до каде може да оди нивното дете,но големо влијание има и друштвото.Стварно е мизерно кога ќе видам деца од 12 години како секој викенд шетаат пијани и воопшто не се ни срамат и тоа.Но,останува само да се надеваме дека ситуацијата ќе се подробри,иако изгледи за нешто такво сеуште не приметувам :)
     
  15. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Страшно немам зборови. Не е се до тоа дека "Ако твоите другари ти се на фб и не си играат надвор" Не значи дека и ти мора да седиш на фб и да не излегуваш надвор да си играш игри како нормално дете, на крај кога сите деца Ќе бидат расипани немора и ти да бидеш само бидејќи твоите другари седат на фб. да не зборувам за излегувањето. 12 - годишни девојчиња ги пополнуваат местата во кафичите и клубовите со мини сукњи, фустанчиња и високи потпетици додека повозрасните нема каде да излегуваат. да влезеш во еден таков кафич гллетката е неверојатна едноставно ми се гади и незнам дали е до родителите или не но вака како што тргнала младината не оди кон добро.
     
  16. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Ти си видела во скоро време деца да си играат игри во маало како нормални деца? Јас искрено одаааамна не сум видела, значи нормално не мислам на деца до 7-8 години, туку на 12-13 години. Јас на толку години сум играла игри во маало, а сеа да излезат девојчиња на 13 години да играат ластик, хмм малку потешко...не можам да замислам...барем во големите градови...
     
  17. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Ни јас не сум видела. За тоа и ти зборувам. порано децата не до 12 туку и до 15години си играле игри в маало,но сега веке не. За жал тоа не е само во поголемите градови туку насекаде. :tmi:
     
  18. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Имам 14 години. За неполн месец ќе наполнам 15. И да кажам искрено срам ми е што живеам во вакво време, што имам вакви врсници. Наместо да излезат надвор за да прошетаат, наместо да одат во дискотека да се забавуваат, тие одат за да бидат видени, за да се опијанчат и потоа да се праат фраери/ки. Во целиов мој живот не сум пробала алкохол, најпрво затоа што не ми се допаѓа, а потоа затоа што кога ќе видам некоја од моите другарки како оди пијана на штикли од 14 цм и паѓа на секој втор чекор ми оди да и лупнам еден шамар и да ја докрајчам. Па со кој мозок?! :fubar: Женско си алооо! Не ти личи. Остај што си женско туку имаш 15 години, страв ми е да помислам каква ќе бидеш на 20!
    А да не зборуваме па дека скоро секоја втора девојка пати од комплекс да биде "славна". Мислат дека книгата можам да ја заменат со цигарчето, образованието и интелигенцијата со парите на тато.. Е тоа нече мочи.
    Искрено речено страв ми е до каде ќе оди младинава. Каде и е границата. И какви ќе бидат времињата кога јас ќе имам деца.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Пред Божиќ од хуманитарната организација носевме новогодишни пакетчиња во неколку блиски села. Верувајте за прв пат видов дете од 13 години. Дете!
    Толку чиста душа, толку невиност имаше во неговите очи! Не можам искрено да доискажам со зборови. Очите му светкаа од радост, внимателно го одбираше секој збор и срамежливо го кажуваше. Погледот спуштен надолу и скоро да не погледне во очи - почитување.
    Тоа најискрено никогаш нема да можам да го заборавам. Тој беше и е, еден од малкуте малолетници на ова време со своите 13 години.
    Нажалост, не верувам и дека тоа нешто повторно ќе го видам.
     
    На FortuneTeller.xD, Fearless, Peppermint и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. The-LioNess

    The-LioNess Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    И јас имам скоро 15 години. И навистина многу ми е срам. Скоро сите мои врсници/врснички се замислуваат како да се некој од 25 години. Девојчињава секој ден со нов дечко. И којзнае што прават. Јас право да кажам, воопшто не сум како нив. Сосема сум различна. Најмногу што ме интересира сега е да си учам. Книгата в раце и ништо друго. Жалосно навистина што дојде вакво време.